Не го барам јас Солун назад. Грција бараше промена на Устав. Во нашата преамбула, по барање на Грција, стои дека ние немаме територијални претензии кон други држави. И тоа е во ред, не е страшно. Сакав да кажам. Зошто Грција го направи тоа? Затоа што многу добро ја знае нашата нели „украдена„ историја. Зошто иначе страв? Лебот нема да ни го даде промената на име, знаме и се што е македонско. Можеби, не знам. Ама ќе бараат едно, па друго, па трето, па петто... Ете, видовме со знамето, уставот и референцата што добивме. Ништо. И така бива тоа во уценета држава со уценети политичари.
Интересно е како се развила овде дискусијата (повторно, со суптилни навреди). За да се препознае некој од оние “глупавите“, “другиот табор“, со други зборови личности кои овде се пригушени секој пат кога ќе се обидат да дадат лично мислење. За правила на дебатирање, друг пат ќе беседам (ако воопшто имам време за тоа). Ај сеа да разграничиме две работи: 1. Името на аеродормот. Не можам да сфатам зошто на Грците упорно им смета називот „Александар Велики“. Значи, Велики е, не Македонски, Грчки или Егејски. Пак прашувам, зошто им смета? Да објаснувам дека Ацика бил со словенско потекло, бел тен и плави очи (карактеристики во никој случај блиски до Грците) и за тоа ме мрзи. Би требало да знаете, колку и да им се прават отстапки на Грците, нема да има прогрес. Доволно кажува историјата наназад. Фак ит, колку брзо Македончето заборавило дека вршеа геноцид врз Македонците од Егејот, ги протераа од своите домови и се заташкаа. Ама пријатели ни се, така? Грците не признаваат Македонско малцинство, проблемот е идентитетски. Не е само името на државата кое им смета. Не признаваат нација и јазик, тврдат дека сме србо-бугари. Иако, јас се уклапам во таа категорија, не можам да тврдам дека за сите важи тоа. Или сепак сте? Не знам, збунета сум сеа. Даље. 2. Ќе го промениме името на аеродомот и се ќе тргне напред. Џизс. Не сум експерт за политика и економија, знам една работа. Влегувањето во ЕУ, ќе ја уништи и онака слабата економија. Кога, хипотетички зборувано влези во ЕУ, Македонија автоматски ќе почне да увезува производи од европска унија, кои ќе бидат далеку поефтини од оние што ги нудат македонските производители. Зборувам за прехрамбена индустрија (млеко, млечни производи, масло, месо итн), сите овие фабрики би биле збришани поради конкурентите, еве пример Германија. Истото се случува во Хрватска, по милионити пат ја спомнувам. Откако влегоа (тотално неподготвени), целата индустрија им страда. Да не зборувам за приватизација, како земаат високи плати ама не им стигаат заради високиот стандард. Највисок процент на иселеност имаат во рамките на Балканот. Прочитајте бе луѓенца малку, информирајте се. Знам како е да се мрази Македонија од ред причини. Логичко размислување е потребно, не соништа на мали деца, неостварливи. За крај, го менуваме името, стануваме Репубика Скопје. Се отвораат прашања од типот: Кој е народот кој живее во Р. Скопје? Скопјани? На кој јазик зборуваат? Скопски? Имаат историја? Не, украдена е од Срби, Грци и Бугари. Хибрид се од овие три нации. Сакате ова да го учат вашите деца. Вака сме репрезентирани надвор од границите, за тој што не знае. Од главата си патиме.
Од досегашните редици преговори, они не сакаат воопшто да се користи назив Македонија. Ме мрзи да барам по стари статии, ама мислам дека единствено прифатливо решение за нив (грчка позиција и опозиција) е Р. Скопје. Доколку се користи термин Вардарска, автоматски се отвораат старите горливи прашања. Пиринска и Егејска и малцинството Македонци, непризнати таму.
Нека стои ова, како потсетување во каква центрифуга се става национален идентитет. Лиана, те молам држи лекции по историја на форумов. Све се заборавило од основно и средно.
ЕУ и треба на Македонија, пред се ради контрола на криминалот и крадењето на политичарите. А историјата, името и слично, не преоѓаат веќе. Кому му е битно? Вие, слободно пишувајте си на форумот историја, мислеш некому гајле му е. И вам не ви е. Битни ви се привилегиите кои ги снема со падот на Вмро. Извинете, ама ни малку не ви верувам во напишаното. Многу видов и знам. Политиката, а и врботувањата за жал ја направија ваквата ситуација. Така да, освен личен интерес, за друго не ми продавајте патриотски приказни.
@Justicija Не се познати по попуштање. @JuLleE Романија е у ЕУ, Бугарија е ЕУ, Унгарија е у ЕУ. Цветаат со криминал и корупција. ЕУ ќе ги спречела политичарите да не крадат, какви небулози. Битно името, историјата? Имам јас други “легитимни“ предци на кои се гордеам, овдека сум се разочарала у колективна свест од така поодамна. Кратка меморија, добро познато. Другарите од ЕУ, ги признаа фалсификуваните избори во 2013. Братучедите почнаа да им сметаат затоа што собраа многу кеш и почнаа да флертуваат со Русите. Не е од љубов кон плебсот. Абе едниии привилегии, работа во странство, студентски протести, све тоа од љубов кон Грујос. Смешно е вака, знаеш. Партиски интереси на анонимен форум, ти има логика напишаново? Туку ај, не ми реплицирај, очекувам сеа да се распостилаш со навреди, како и секој претходен пат. Чуму јас коментирам овде?! На формов треба да има само 2-3 членови кои нон-стоп ќе вртат исто мислење. Многумина тоа би ги направило среќни и задоволни.
Патриотизмот е одамна изумрен бре луѓе . Од мој аспект , а верувам и на повеќето свесни луѓе , денес се е од интерес . И политичари и граѓани . Се надевам дека новава влада ќе не однесе на подобро , ама и не очекувам премногу . Сепак има многу дупки во државава за пополнување , а тоа не е можно се така преку ноќ . Како беше онаа српската " ко преживи , причат ќе " .
Тоа што не се испука ни еден куршум нема никаква врска со менувањето на името. Ние немавме касарни, не пак војна ќе водиме. За да дискутираме на тема промена на името прво не знаеме во какви услови е сменето името, што е многу важно за понатамошни дискусии. Не е сеедно дали лесно подлегнал под притисоците или пак направил пресметка каде добивката би била поголема од загубата за народот и државата општо. Лесно е од страна да судиме.
Способната министерка која беше толку фалена дека ќе го среди образованието се покажа дека ама баш нема никаква врска во образованието,па сега ќе одела ви министерство за правда демек во таа област имала повеќе познавања а со тоа автоматски покажува дека она воопшто не била способна за Министер за образование за жал. А сега ќе ни тупнат некој си Абдулаќим кој абер аи нема од образование!
Ич не ми е гајле како ќе се вика аеродромот. Гајле ми е пример за косовската влада која во знак на доброседска политика, а повлијаена од изјави на нашава влада и медиуми, ќе ги искешира семејствата на оштетените - неправедно осудени убијци во Диво насеље. И така. Ајде да бара нарачателите да се откријат ...да разберам, ама ти за невин да викаш дека е некој кој го наоѓаш со см'кнати гаќи и он ти вика, абе, само главичката влезе, плус, нејќев ја, ме натераа .....
И јас не можам да сфатам што ѝ пречеше упорно на претходната влада името Петровец - македонско, христијанско, никому не му беше спорно, немаше потреба да се преведува (за разлика од Велики - Грејт - Мегалос - И мадх и тн.).
Поентата ми беше дека нема ништо лошо да се вика Киро Глигоров ... Зборував само за големината на тој човек ..... Исто не ми сметало да се вика и Борис Трајковски , или Тоше Проески . Иако мислам најсодветно би било да се вика аеродромот "Збогум засекогаш македонијо "!
Добри идеи навистина , аеродромот би можел да се вика и Борис Трајковски , но сепак мислам дека Киро Глигоров ќе е подобро , сепак он е првиот претседател на Македонија од својата независност и треба да му се оддаде некаква почит . Ете , не мора баш аеродромот да се вика по него , може на пример некој друг објект да биде именуван така што е од важност ( мислам на културни центри , спортски сали , улици , училишта итн ) А не дека е најбитно името сега , ама ете ако владата вели дека за подобрување на односите со Грција е од важност , тогаш нека го преименуваат уште веднаш . Највеќе што ми сметало во политиките на предходната влада е влошување на односите со речиси сите соседни земји .. побогу , зошто им требаше такво нешто .. наместо како мала држава да гледаме да бидеме во добри односи со соседите , они само ги разгоруваа жаровите . Секако , тие односи не треба да се градени по цена на се , но не верувам дека не можеа да најдат компромисни решенија за повеќето " проблеми " .
Добро им е на пример и Талат Џафери да го преименуваат аеродромот,ионака тој е херој на денешницата. Ама коса ми се ежи кога читам коментари од Македонциве дека после Стојан Андов,Талат бил најкомичен претседател на собрание некогаш,замисли бе. Само разликата е што мене лично не ме смеат фразите од типот на седите море љуѓе еј,изговорени од уста на еден терорист.Ич не е смешно.За жалење сме. Љољ Мала шега Искрено не ми менува ништо дали ќе се смени името или не,туку па и не мораше да се почни одма од ситните работи,ко божем се да средија до името дојдовме
Не знам кој рекол дека Талат е херој и комичен , но не , аеродромот не треба да се вика Талат Џафери , НО Киро Глигоров беше прв претседател на Република Македонија од нејзината независност , и не е фер да нема еден објект именуван во негова чест ! Кога може да има куп училишта именувани по бугарски херои , зошто да нема едно училиште именувано по првиот претседател на Република Македонија ?
Има доста коментари за комичноста и постројките на Талат,и на форумов и општо по социјални мрежи. Инаку,ќе нагласам пак не ми менува ништо,ете нека биде и Киро Глигоров. Само,погоре бев малку саркастична,што не значи дека во добар дел од постот не ја кажав вистината Има поважни работи од туркање споменици и преименувања на објекти. А пак овие од ВМРО,пред некој ден ги читав некаде со изјави дека кога ќе се врателе на власт пак ќе ги врателе спомениците просто да се чуди човек кој е полудиот во случајов...и обично,страда невиниот народ од пустата желба за меѓусебна надмоќ и развласт. Моментално постојат,далеку поприоритетни работи кои чекаат да видат светлина на денот од новава влада,ама не,тие упорно запнале да вртат во круг и да тапкаат во место.