Најлуди сме ние ко народ по се изгледа Треба да им се дигнеме , и додека не си дадат оставка ама комплетно сите до еден , нема мрдање од пред влада нека бидне власта на народот Јас пак , некако и не очекувам премногу . Ниту едните ниту другите се залагаат за народот ако реално зборуваме , ама пак си велам ајде нека имаат шанса и овие да ги видиме , можеби навистина ќе направат нешто , да излеземе од дново
Слушнав дека е укинат проектот 30/35 за студирање. Ако некој случајно најде некоја информација нека сподели.
И јас разбрав од сигурни. Ама сакав да видам дали е објавено официјално и што е образложението. Знам и дека нема предавања за вонредни студенти воопшто.
Како тргнале работиве ќе испадне на крај дека и овие нема да бидат нешто поарни од Гвујо. Ајде, Заев има од мене уште пола година, ако не направи ништо до тогаш (а под тоа подразбирам сериозни промени а не промени како што е на пример законот за пушење) тогаш нема ништо да направи во наредните три години. И оваа Влада ми го остава тој впечаток искрено, како да не се замара со вистинските проблеми на граѓаните. Претходната трошеше на глупости и переше пари...
Поретардирано нешто од дебатата за името на аеродромот немало уште од времето на ВМРО. Оти се друго е решено, остана уште ова суштинско прашање. Баш баратаме со приоритети
Киро Глигоров за мене и не е лош предлог. Сепак да му се оддаде почит. Го ценат и во соседството, велат голем човек беше во тие матни времиња што овозможи Македонија да се одвои без војна.
Да голем државник, штета што ретко кој го почитува денес тоа што беше направено. Не ми смета да се преименува аеродромот и според мене тоа треба да се направи што поскоро без да се прават фами.
Мењаме тема. МВР синоќа имало акција, затворени 13 угостителски објекти. Приведени 4 малолетници, од кои двајца за користење на наркотични средства. Од 272 алкотестирани возачи, 102 имале алкохол над дозволеното (37.5% од возачите). Затворени објекти: 1. Гостилница Мал Алтан – 15 дена 2. Кабаре Миднајт – ДПТУ Парламенто – 15 дена 3. Кафе бар Версаче – 15 дена 4. Кафе бар Јари Дупка – 30 дена 5. Кафе бар Конект – Тим Трејд Дооел – 30 дена 6. Кафе бар Ла Лара – 30 дена 7. Кафе бар Снеки бар – 30 дена 8. Ноќен бар Вокс – 30 дена 9. Ноќен клуб Аристократ – 15 дена 10. Ноќен клуб Капан Ан – 30 дена 11. Ноќен клуб Ле Клуб Из Дооел – 15 дена 12. Пивница Темов Доо – 30 дена 13. Ресторан Гиго – 30 дена
Уствари има Џејсонке. Изјавава дека пратениците биле дефокусирани, па не гласале за подобрување на човековите права. http://fokus.mk/pratenitsite-bile-d...podobruvane-na-chovekovite-prava-veli-tuntev/ Мене ова ми е најбрука досега за овие месеци што се на власт. 
Јас кога велам некогаш дека е најубаво да си се распаднеме ние како држава... со ова темпо не за 30 години туку за 130 години ќе го достигнеме европскиот стандард и просек. И менталитет, што е најважно.
Ќе се зголемувале платите на пратениците. Ете таман, уште еден проблем во државава ќе се реши!!! И тие се луѓе, не бива да трпат за леб, нели
Браво. Конечно нешто асално и корисно да направат. Се почести вакви рации и да видиш како ќе се сменат некои работи. Чекам само да дојде денот кога ќе влезат во Тренд, Дежа Ву и сличните, кај што имаат вработено 30 души на смена од кои 5 се пријавени, башка за фискалните и пушењето. Следен пат повеќе да одат низ дискотекиве наши, да ги легитимираат теткиците од 15 години, па после прописно со доаѓање на родител и така натака. Само така ќе им дојде памет.
Летото ги имаа и Тренд во аеродорм и Дежа во затворено, Тренд беа залепиле ливче на кое пишуваше "Колективен одмор", пробаа да скријат
Абе се ова фино, само дали и ние што сме од дивиот запад некогаш ќе дочекаме некоја рација? Дали ние ќе дочекаме закон да профункционира конечно и овде. Дали некогаш ќе добиеме влада со муда да спроведе закон и во тие градови каде апсолутно ништо не се почитува. За Скопје, внатрешноста и истокот лесно е да се фалиме што сме напраиле.
"Полицијата правела рации, приведувала пијани возачи и затворала ресторани кои работеле незаконски..." После 10 годишно беззаконие и селективна правда оваа вест ја перцепирам како сечење на лента за доаѓањето на живот во Македонија.
Не би сакал ни да помислам дека рацијата кога се дешавала во Скопје не е однапред режирана. Ако е се според закон и тоа е оправдано и не знам дали е вршена неселективна рација бидејќи ако е така тогаш ова ми личи само заплашување на сите неистомисленици со ЖИВОТОВ
Сум за рации и тоа пред се да се тресат Тетово, Гостивар, каде фискална каса е непознат поим. Во мојот град има дел каде во радиум од 1 км ниту еден шиптарски дуќан не дава сметка. Ги тресат еднаш во 15 години со полиција и од утре иста песна. Се мислам деновиве да пријавам во Ујп едни што немаат ни каса. Имате искуство со пријавување?
Трупциве во владава се толку неспособни, безидејни и „дефокусирани“, па не знаат која бљувотина попрво да ни ја сервираат. Ама важно удрија јак фокус на покачување на пратенички плати и патни трошоци. Силванева - Бонева може вода да им носи, овие си го имаат Колумбо за репер! За „неразјаснетиве“ убиства (Бојку и младиот фудбалер) има три верзии: Прво: убиствава ги решава инспекторот Клузо; Второ: МВР ги штити убијците; Трето: нема трето. Покачувањето на акцизата за дизелот „нема да ги погодело сиромашните, туку само тие со подлабок џеб што не излегувале од кола“! Ајде де? Можеби, ако тој посиромашкиот не користи ни кола ни јавен превоз, ни јаде, ни пие и живее во пештера. Одвај чекам да видам откако ќе го сменат името на аеродромот какво захвалница ќе добиеме од Грција и ЕУ, бидејќи искуството ни покажува дека имаме работа со мошне благодарни собитија. А во меѓувреме, да си се дефокусираме и да бравосуваме на акциите на МВР по кафиќиве, сега дечиштава нема да локаат и да се дрогираат, овие ќе ги турат на ред.
Синоќа гледав Код за Диво насеље. Какви шокантни информации изнесоа. Нели претходно се кажуваше дека терористите неколку дена биле во Куманово и пиеле кафе по кафичи, а сега испадна дека еден ден претходно од Отља биле префрлени во Куманово, па плус и со возило на брза помош. Од каде тие информации кога не кажуваат извор. Во Македонија сешто ќе чуеш и земам со резерва. Огромна вина имаат службите и полицијата. И како тоа специјалци од 27 години кои не учествувале во акции ги пуштаат во таква опасна акција?Ах бре Македонче си го продаде Диво насеље за ситна пара и сега таму крвта ќе ти ја пијат. Да не продаваа немаше сето тоа да се случи. Дошле кај што имаат логистика терористите, не отишле во Пехчево не пример.