Бране испиша историја!! Оваа држава ја направија држава само Киро Глигоров и Бранко Црвенковски ! Македонија влезе во ОН , прва од Сфрј државите , 11 години грујо не направи ниту еден исчекор за државава , само изгради ѕидови и переше мозок за лични интереси !
Нешто не е во ред. Нашиве се теркаа коа требаше лисици да им стават, се гледа од видеата, еден вика пази, друг вика лисци дај ми, така да се сомневам дека имаме добри специјални единици. Лесно е да трчат и пукаш на празен полигон. Ниту војска, ниту полиција имаме како што треба.
Тогаш проблемот е друг, не се проблем годините на припадниците на ЕБР. Неорганизираност велиш, јас го гледам тоа како недоволно комуникација и непочитување на авторитет. Се знае во време на бунт кој е главен, не може сите со "усијани глави" да командуваат. Наредби дава главниот, останатите следат.
Нешто ми ги нема оптимистички настроените сдсовци..или сега со покачена цена на бензинот не им се шета по загадениов воздух за кој нема ни р од некое решение за борба против загаденоста
Му го зеле на Стевче Јакимовски прочистувачот на воздух и сега дома им е како на Алпите . Затоа ги нема
Не гледам што е спорно во изјавата ниту пак каква врска има видеово со новиот предлог за аеродромот?! Додуша Киро требал да речи: „и немаме никаква врска со александровата воено-злосторничка цивилизација!„ - така би било попрецизно. Сосема е небитно дали заслужува или не, ако се земе земајќи во предвид дека семејството на Глигоров замоли да не се именуваат објекти според неговото име. Тоа би требало да се почитува! Како што веќе и претходно кажав: Мислам дека треба да се врати првичното име на меѓународниот аеродром: Петровец - ништо не му недостасува на тоа убаво македонско име.
Видовме дека добри наредби давал, кој и да е главен. За 36 часа пукање ни убија 8 полицајци, еден од последиците годинава починал, кажа Гоце Делчев од синдикатот на Код. Значи вкупно 9 жртви, а 40 ранија. Некои ќе останат инвалиди. Кој и да давал наредби, не е способен и треба да си лежи, да имавме правна држава секако.
Инаку сум против тоа што ја укинуваат титулата Национален уметник. Сепак, луѓето кои ја промовираат Македонија треба да бидат наградени. До тие ли пари дојдоа?
За мене Милчо Манчевски и Никола Маџиров навистина се заслужни за промовирање на Македонија во светот. Камо среќа да имавме повеќе такви луѓе.
Избега од темата, те цитирав за да ти укажам дека личност која е припадник на единиците кои претходно си споменав знае, или би требало да знае, каква всушност е таа професија и што носи. Безобразно е да кажеме дека дечко од 27 години не е фер да оди во прв ред, а маж од 37 години е сосема океј. Ќе се воздржам од понатамошни коментари на темата Диво Насеље.
Бакрачески, бившиот градоначалник на Охрид, претходно директор на Кардиолошкиот завод во Охрид, сега симнат на функција на ниво на медицинска сестра !!! Навистина срам на безобразлукот на Сдс, кои очигледно јадат живи луѓе !!! Го познавам докторот лично, и е навистина еден голем доктор, има спасено многу животи, лично на луѓе кои и јас ги познавам, на еден речиси од смрт го врати, а сега оваа насилна влада прави вака терор на докажани доктори ? И после не ќе бегале во странство !!!!???? Се она што Сдс плукаше сега го лижи. Навистина расипана и злобна партија. Колку треба да си слеп за да не гледаш дека Сдс води само кон пропаст. Каде е грижата за пациентите ? Ваков доктор е жално да не си ја врши работата за која е стручен и речиси незаменлив во областа во Охрид. На крајот пациентите се тие кои ќе губат !
И таа истата директорка што го спуштила Бакрачески на ниво на медицинска сестра си го унапредила сопругот во раководител на болничкиот сектор, втора највисока функција во болницата, одма под нејзе. Си ја направила болницата фамилијарен бизнис. Да лета одма таа од болницата, ни на ниво на медицинска сестра да не ја спуштаа
"Зошто ви пречи кардиологот Бакрачески, другари? Што мислите дека постигнувате со ваквото однесување? За кратко време, можеби човекот можете да го повредите и да го понижите, но неговата стручност, неговите знаења и неговата репутација на добар кардиолог, нема да успеете да му ги земете. Што добива новата власт, што добиваме ние, граѓаните, ако Охрид изгуби еден добар кардиолог, ако Бакрачески реши да се спакува и да си замине да работи некаде на друго место? Или „гревот“ на Бакрачески е во тоа што не е „сончоглед“, што не сака да стане „наш“, што сака да се посвети на својата работа и што тоа може да го стори каде што ќе посака, бидејќи луѓе со неговиот занает секаде се бараат и добро се плаќаат. Дали шиканирањето на таквите луѓе ќе го направи нашиот живот подобар?" - извадок од текстот на новинарот Б.Героски „Чуму овој реваншизам против Бакрачески, другари?„
За Бакрачевски кога прочитав и јас се изнервирав, ама читајќи прочотав и дека е пазарен да го продаде Вмро во замена за директорска позиција. И сега ја турка приказната во весници дека е распределен на ниво на сестра, а требало да место хотлери, а нив ги местел кардиолог. Ми се згади. А ми се згади и од директорот и раководителот. И не ме чуди. Ми се гади и од кадровски решенија кај мене во општина. Бркање врски за да си обезбедеш егзистенција. Бљак. До овде го доведовме општеството оти ние ова го правеме. Мал дел се оние кои се бунат за ваквите вработувања, и од нив повеќето се "извисени". Останатите верувајте се борат за да лапнат позиција. Работава е усвет да фатеш. Еве сега читам "Бакрачевски не е дерградиран на ниво на медицинска сестра туку е раководител на оделот за аритмии во Заводот за превенција".