http://makfax.com.mk/daily-news/утре-пратениците-ќе-гласат-по-предлог/ Дигнат на ниво на официјален, па чекајте малце другарии...има побргу од Бучковски да паднат.
Конечно да кажеш едно мислење со кое се согласувам и да знаеш дека сдс се однесува баш како што е кажано погоре
викаш да учам ама сега ќе мора албански утре ќе се гласа за двојазичност па така не ќе ти треба македонски И да знаеш само тебе те вратив од игнорираните
Абе и на локални ќе паднеа. Не се пали народот на јазици и национслност веќе. Башка добар дел од членството на Вмро премина во Сдсм. Како ќе губат на избори не знам.
За Бакрачески и јас прочитав објаснение на директорката дека само тој оддел нема раководител, а Бакрачески морало да биде раководител па затоа е таму. Вика директорката можел да работи во сите оддели, не бил ограничен, на овој само бил раководител.
Е арно ама зошто имаше потреба ова да го спроведува, нели спинови на ВМРО беа, па се расфрлаше со реклами, пресови немало ништо да менува, режимот завршил а сега пробува под тепих да го истурка, освен ако не падне на Уставен мада што ако му е во агенда ќе го истурка на овој или на оној начин.
Јазикот е уште пред избори. Се знае дека ќе се донесе. Да видеме дали ќе помине на Уставен. На мене повеќе ете во очи ми бодат други работи отколку јазикот. На пример акцизата, здравството. Да се едитирам и патните трошоци. Они најмногу.
Мене ми бодат очи патните трошоци на пратениците. Во меѓувреме, наставниците патуваат на свој трошок веќе неколку години. @Lilit, Борче градоначалникот на Гази Баба слабо стартуваше, во право си дека не го бива. Уште глуми кинеска краљица, се слика ваму таму, и што е најбитно, ги задржа истите раководители на сектори во општината, оние најголемите вмровски послушници. Јас се надевав ќе ги среди директорите по училиштата, оние со двојно книговодство и злоупотреба на финансии, да не правам муабет за мобингот кој го вршеа врз наставниците, да одат по митинзи и да носат списоци со 20 сигурни гласачи.
Државата ни ја продадоа, нас не' продадоа, па ова со патните трошоци е занемарливо. Среќен ден на двојазичноста! На ред е името, на здравје нека ни е! Патните трошоци биле побитни од јазикот! Вистина? Нели немаше казни за јазикот, од каде сега излезе тој инспекторат за јазик? Едно мало потсетување: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215186311037684&set=p.10215186311037684&type=3&theater
Никој не ја продаде државава и никој нема да ја продаде , бидејки таа е наша!!! Ве молам не ги користете тие глупи фори на грујо демек ако не бил тој на власт државава ке била продадена(да не знае човек дали да плаче или да се смее) Би го сликала мојот пасош (пред 5 години го извадов) и ке видете дека е двојазичен ! А кој беше пред 5 години на власт? Лажниот патриот грујо! Затоа немојте со тие стари и излитени фори од грујо , више не палат. Мене ми смета сиромаштијата и непреземањето ништо околу тоа!
Исто и мојата иднина и иднината на моите деца , внуци.... Не сакам да живеат во ваква корумпирана и сиромашна држава и притоа никој да не одговара.
Глеате сите муабети водат во иста слепа улица, а трета опција нема да се појави никогаш. А сте размислувале дека на овие територии не бидува претставничка демократија? Од економски системи, капитализам ете по втор пат не го бидува, еднаш со монархија сега под парламентарна демократија исти qratz, самоуправниот социјализам не го сварила популацијата, феудализмот е застарен (освен во Кратово), робовладетелство уште позастарено (освен по некои конфекции)...и ништо, дајте друго дете Ако не да пробаме со теократија, шо знам, може ќе бидне нешто... @EvAngelos шо мислиш за таа опција, нешто ко Анабаптистите, барем наталитет ќе се зајакне ако ништо друго...
И иднината е јазикот и името или празниот буџет и кредитите за плаќање? Децата? Абе усвет ќе фатат од овде. Името да не го чуват и партал државата. Молете се да направат нешто за економијата и здравството. Деца умираат секој ден. Секој ден хуманитарни акции. Ова не е нормално. А вие ми се запнавте за закон за јазици. Ма нека им ги скратат сите патни трошици и нека ги дадат на болните деца. Тоа ми е најбитно.
За мочани 190 денари (од РТД) сдсовци прифатија да продадат се. Бедни Нели не постои Тиранска платформа? Нели нема да има двојазичност демек тоа биле спинови од ВМРО? Нели ќе го продавале блиндираниот мерцедес? Што чекаат? Што не го спасат животот на малата Валерија? Каде е сега гаранцијата на Иванов? Нели нема да се загрозуваат интересите на државата? Како бре не ви е срам за пари да продадете се? Не бил битен јазикот, не било битно името, не била битна химната, не била битна историјата, па што за вас е битно само парите ли???? Кога беа ВМРО на власт како имавте пари, а не беше сменето ниту името, ниту јазикот, ниту знамето? Досадни се приказните немаме пари немаме што да јадеме. Ма немој затоа сите кафичи преполни од народ, секој планира НГ во странство да ја слави, на одмори надвор од државата идете, секој ден ставате слики на инстаграм кај сте јаделе и што сте јадела. Па после доаѓате на форумот да пишувате јадни мислења дека немате пари. Такви глупости не поминуваат. Што ќе постигнете кога ќе продадете име, територија, знаме и јазик? Само кавијар ќе јадете и шампањско ќе пиете? ХАХАХАХА Да не очекувате влез во ЕУ? ХАХАХХАХАХА. Откако ја продадоа историјата на Бугарите, воведоа двојазичност следно на дневен ред е промена на АЈРОдромот, тргање на спомениците (нели мора да се улизуваат) промена на името, ослободување на затвореници и како шлаг на тортата изградба на станови 250 000 мигранти. Само ме интересира дали некаде во светот постои земја како Македонија спремна се да продаде? Одговорот е НЕ. П.С сите оние кои ќе ме цитираат или означуваат нема ме поштедат од приказните дека немаат пари и дека тоа им е на прво место, дека не постојат патриоти и дека народот го интересира што ќе јаде, а дека не му е гајле како се викала државата, дали се вовело двојазичност и сл. поштедете ме од тие глупости
За мене државата е домот. Кој сака да живее под кирија? Кој сака друг да му ги диктира правилата во сопствениот дом? За иднината на своите деца јас прво сакам да им обезбедам сигурен и безбеден дом, па понатаму се друго. Ова со сиромаштијава и мене ми е глупаво иако тек сега има да се осети вистинска сиромаштија. Ама парите не ми се пред се во животов. Џабе пари ако ги немаш основните човекови права во сопствената земја/дом. Можеби поради ова ќе ми биде избришан постот, ама според мене газење на сопственото јас за пари е чиста проституција.
Кога па за сите македонски граѓани важеле истите права? Никогаш! Се знае, во време на вмро, повластени се нивните поддржувачи, во време на сдсм обратно! Заради тоа што политичката определба има водечка улога во државава за било што, секогаш една група граѓани се обесправени и во ќош! И ако ти мислиш дека парите се џабе, не секој мисли така, посебно не оној кој ги нема за основни потреби! Со парите во џеб, јас сум си граѓанин од прв ред за себе, било каде! Со празен џеб, до врата не се излегува.
Нa сите ситни души штo зa пaри се спремни дa прoдaдaт се. (име, јaзик, химнa,знaме, теритoријa) Вие си знaете