Супер ова со јазиков. Знам дека е иронично, јас поборник за македонското да речам вака, ама ете, сега како што е во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Дебар...Нека биде во цела Македонија. Јас кога сум шетала пример во Тетово, не се осеќам дека сум во Македонија. Ми се плаче за градот и за нашите браќа Македонци кои живеат таму. Јака им душа. Е, сега, нека видат и другите Македонци како е да читаш секаде околу себе табли на албански, па дури, прво напишано на албански со огромни букви, а потоа со мини букви на македонски. Нека видат како е да си граѓанин од втор ред во своја држава. И после нека кажат, супер е Заев, живот донесе !!!
Леле, ич нејќам да релативизирам ама често пати проблемот е во предрасудите и етноцентричноста. Сум спомнала многу пати, живеам во Гази Баба, цел живот во мешана средина, не само двојазична туку и еднојазична со само албански во некои делови. Никогаш сум немала проблеми. Со задоволство пазарувам во албански дуќан затоа што знаат да тргуваат, секогаш им се поефтини цените и покажуваат дека си ги ценат редовните муштерии со давање додатни попусти и ситни подароци. Кај Албанците зборот е збор. Не промовирам ништо, само би ве замолила ради личен мир да ги гледате луѓето како луѓе, без предрасуди на национална основа. Поддржувам прилагодување на државата спрема потребите на нејзините жители, а најстрого сум против менување на име, знаме и било што друго поради барање на некој од страна (Грција, ЕУ, сеедно).
И мене исто ми се плаче и кожа ми се ежи кога ќе помислам на сите Македонци кои живеат во Западна Македонија, иако на нас на северот за една деценија може ќе ни биде исто. Засега се држиме, не се даваме, ама можно е наталитетот и продавањето да си го направат своето.
Срамота луѓе срамота, толку време да се нема министер за здравство!!!!!!! Овие ли ќе го оправиле здравството
Правам муабет за држава, државен мајчин јазик, а не за пазарење компири. Многупати сум рекла албанците - трговци умеат и да се пофер од нашите трговци. И башка лично имам пријатели албанци. Ама не е тоа темата.
И покрај тоа што законов за двојазичност очигледно не го сметате за актуелен политички настан јас би сакала да ви го честитам. Со здравје да си го употребувате во било која форма.
Да, ама сега ќе важи на цела територија, и во општини кај што нема ни еден албанец, на пример, што е тотална лудост. И седниците на Собранието ќе можат да ги водат на албански, а Талат го наместија... И така...
Остај ти Центар, земи цела источна и југоисточна Македонија, ни еден Албанец нема, што ќе им е албански? Нели ќе се надополнеше законот само за општините кај што има албанци?
Уште ли ве трујат со такви работи бе луѓе? Уште ли им верувате? Толку ли лековерно верувате и на едните и на другите? Немам зборови
Новиот го имаш, што важи . Таму има и за оној новиот инспекторат, кој ќе го контролира спроведувањето на истиов.
Што викате за зголемвањето на бројот на заменици секретари на генералниот секретар на собранието од досегашни три на пет зарем тое не е дополнителен товар на буџетот
Ехееее толку им беа советници само на грујо и на хорхе . Плус оние што си седат дома а земат плата , тоа што го кажувАш е нула во споредба со прошлата влада . Јас би предлагала да се укине министерството за труд и социјала , заедно со агенцијата за вработување на РМ , бидејки немаат никаква функција овие институции и тука се цицачите на буџетот (почнувајки од диме спасов и неговите швалерки па се до неспособната мила царовска со цицачите од шарената револуција) !