Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Со две раце и две стапала би потпишала за таква иницијатива. :)

    Не знам дали ја слушнавте дебатата во Собрание за законот....

    Пратеник од ВМРО: не би сакал да видам како ова собрание се претвара во собрание на слушалки, каде седниците ќе бидат водени на Албански.

    Пратеник од ДУИ: па затоа е колега овој закон, за кога јас зборувам, ти да ме разбереш, исто како што јас те разбирам тебе, кога ми зборуваш.
     
    На Lianna Anna, Jas! и Rama им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Работата е што одамна е све по гаволите !!!

    Испадна криминалната власт ја заменавме со неспособна влада!!!
    Ние гласавме за да не извлечат од пропастов што го направи грујо , а не уште толку да не турнат во бездна!
     
    На Rebecca_R, Lianna Anna, MikiTass и 5 други им се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    К
    Како и да се вртиш газот одназат ти е така да во секој случај ние народот сме еб..а странка
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Стварно не верувам дека некој ке остане да живее овде!
     
    На shz, zuto и ADOKI им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Македонија ќе биде исто како Бугарија, држава на старци...на жалост.
     
    На elimkd, Lianna Anna, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Луѓево пари немаат леб да јадат, млеко да купат.. зејтин, струја да платат. Крпат крај со крај со една безмислена и безмилосна плата и секојдневно се чудат како да преживеат.
    Буквално да, да преживеат.
    Им е страв струјата да не им ја исклучат, им е страв огрев да не немаат.
    На сите страни низ фб кружат пораки за помош за мали и невини дечиња што уште асално не прозбореле и не виделе ништо од светот а се пред смртна постела.
    Не знам од овие две работи што е полошо?!
    А ти дојде да зборуваш дека луѓето биле површни и се продавале за пари, односно ја продавале Македонија!!!
    Дали имаш памет? Дали имаш осет што зборуваш?
    Дали се слушаш?
    Јас ако немам за леб и ако се чудам како да преживеам или дали ќе преживеам мислиш дека ќе ме интресира Ммакедонија како ќе се викала? Или знамето какво ќе било или химната?
    Сериозно?
    И Грција нека се вика, само да имам леб да јадам, да живеам човечки, нормално!!
    Е, од вакви како тебе ич не не бива.
    И од политичариве и од вас!
    Каде ќе ви одат душите не знам!
    Секојдневно солзи ми паѓаат по фб што гледам и читам а ти се замараш за химната, знамето и аередромот при вакви проблеми.
    Секоја ти чест!

    Секојдневно се повеќе и повеќе сваќам дека сите изгубиле осет, чуство, човечност..
    Не сме веќе луѓе! Не.
     
    На malerozna, Rebecca_R, Emy867 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Во времето на сдс имаше 250 000 стечајци. Колку луѓе останаа без работа поради нив, колку луѓе немаа што да јадат. Точно знам како ни беше на нашата фамилија, кога немавме што да јадеме.
    Мене ме интересира како се вика земјата во која живеам, ме интересира која е мојата историја, моето потекло, моето знаме, јазик, химна, територија.
    Мојата земја е МАКЕДОНИЈА и нема право ниеден политичар да го смени името. Тоа име е спомната во Библијата. Во секоја земја има глад и болест, кажи ми која земја се осмели да си го смени името или јазикот? Ниедна никој не паѓа толку ниско.
    Парите се една мочана хартија за која ситните души се спремни се да направат само да ги имаат.
    Кажи ми дур плачеш на фб колку луѓе гледаш дека се сликале дека јадат во ресторан, биле на одмор во странство, секој ден чекирање дека се негде на кафе, славење на нг во друга држава.

    Историјата ја продадоа за 20 милиони евра. Па толку ли вреди нашата историја? Доби ли ти пари од тоа што ја продадоа историјата? Ќе добиеш ли пари кога земјата ќе добие друго име? Ќе влезеш ли во ЕУ? Мед и млеко ли ќе ти тече? НЕЕЕЕЕЕ.

    Дали имаш доживеано егзодус? Како што доживеаа македонците во Егејска Македонија:? Зошто плукаш врз нив и велиш Македонија да се вика Грција?
    Дали во тебе има грам човечност па ќе сфатиш дека некој го дал животот за ти да идеш по кафиња и да плукаш како државата не чини. Државата чини, ама не чинат продадените души.

    Ајде сега почни да збориш дека не те интересира минатото, не те интересира знаме, јазик и територија и дека те интересираат само пари за да јадеш.
    ВМРО беа 11 години на власт не продадоа ништо, а сигурно си имала што да јадеш.

    И немој мене да ми зборуваш за човечност. Јас на секој бездомник давам пари (се враќам дома со празен новчаник) донирам облека, давам пари за болни, но тоа не ми дава право да го продадам името на мојата држава за која се бореле претците.

    Дали ти имаш памет па сакаш да продаваш се што граделе моите претци? Од такви како тебе не не бива.
     
    Последна измена: 17 ноември 2017
    На corto.maltese, orevokrsacka, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    102.476
    Пол:
    Женски
    Жалам @vitamina овој пат не се сложувам со тебе.
    Знам колку е тешко да се живее без пари,без работа,со страв за плаќање на сметки ама за тоа не ми е криво името на државата.Криви се луѓето зашто нема квалитетен кадар да се справи со ситуацијава.Криви сме сите ние зашто или си го спремаме куферот и бегаме или ја веднеме главата и молчиме.Јас сум од овие вторите.Се нервирам што е така,што не можам ништо да направам ,сменам,единка сум...
    Ама во ниеден момент не сум се покајала што сум Македонка и што живеам во оваа држава и што имам македонски пасош.
     
    На galapce, corto.maltese, Jas! и 11 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Мене не ме интересираат ниту вмро ниту сдсм. Мене ме интересира што ќе направат за државата. Односно да дадат повеќе на народот за да има со што да живее нормален живот.
    Дали се овие или оние мање битно, битно е да се луѓе. Ама не се.
    Ме интересира дечињата да оздрават, да им дадат финансии и да им помогнат.
    Тоа е се што ме интересира.

    Оти од патриотизам не се живее и не се преживува месец а јас тоа најдобро го знам.

    Јас се "продадов" како што љубите да кажувате вие, имам Бугарски пасош, над 10 години сум излезена од државата и ми е супер.
    Ама ич не ми е супер кога гледам што се случува таму каде што сум родена и на мојот народ.
    И да, ако треба и Гркина ќе се пишам не само Бугарка ама сакам да сум жива и здрава и да имам нормален живот.
    Патриотизмот кај мене не пали, а знаеш ли зошто ? Зошто како мала крвави ги имам пролеано од државава?!
    Оти ни еден единствен денар немам земано од државава и ниту еден единствен денар ме нема прехрането.

    Ама тоа сум јас!
    И впрочем таквите како мене и куп други луѓе што мизеруваат за леб нема да ги интересира ни име ни химна да знаеш се додека нема пари за основни потреби.
    И не треба да ги осудувате и да зборувате како биле продадени ефтини души, оти не дај боже нели, тркалото може утре да се сврти, па да човек си ги голтне сите лошотилуци што ги рекол.

    Бидете си вие вмро.. бидете си и сдсм, никој не ве брани.
    Ама не плукајте, не вреѓајте по народот што мака мачел или мачи во моментот, туку бидете реални.
    Бидете реални дека ниту Бранко направил нешто повеќе, ниту Груевски а нит па Заев ќе направи како што ми се чини.
    Се уназадуваме од нив, од парите што ги крадат незаситините души а не од друго!

    Треба да сватете дека човекот не љуби да изиграва патриот пред празна маса, празен желудник итн..

    Може еден ден во некој паранормален универзум ако некој седне на фотељата и не биде алчен за пара туку за оправување на нарот тогаш може ќе не биде.
     
    На malerozna, Rebecca_R, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Луне.. се додека немам што да јадам, се мислам како да платам струја и вода и желудникот ме гребе нема да мислам како ќе се вика Македонија.
    Оти ќе имам преоритет.
    И ти си во право, не е криво името што немаме леб ами оние на фотељите, но може некогаш ќе дочекаме чесен човек што ќе мисли на народот и ќе не подоправи како држава колку толку барем за нормален живот!
     
    На malerozna и Gosh им се допаѓа ова.
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Што јадеш ти шо си воолку умна браво за тебе.Ако сите овака размзислуваат или размислувале како тебе, Македонија одамна ќе беше заборавена.
    ЗАРЕМ не се срамиш да кажуваш такви зборови се заради проклети пари.Според мене секој кој вака размислува тогаш тој е сончоглед...!
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    102.476
    Пол:
    Женски
    Е за ова да си ми жива...:* @vitamina
    Се дури се делиме,плукаме,не почитуваме никого а најмногу себе,нема да не биде.
    До тогаш некој ќе преживува овде ,некој ќе оди што велат Србите, " trbuhom za kruhom" ,секој со својата судбина,избор,начин на живот како сакате кажете.
    Ама името,јазик,религија не менувајте.
     
    На Jas!, Nausicaa, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Пред 20 години проблемот беше транзицијата што кога тогаш мораше да се направи , но да бидам искрена можеше таа да се одвива постепено не агресивно , но сега ги имаме извршителите и тоа приватни извршители т.н. лихвари , кој што грујо им даде овластувања да го дерат народот до коска и да немаат што да јадат ... Приватни извршители има само во криминалниот балкан , додека во другите држави има судски извршители сместени во судот и си земаат државна плата .... Штом има приватни извршители нека има и приватни судови !
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Адоки, еве нека не се менува името, ниту ништо нека не се допира, нека дојде на власт и вмро.. и сдсм нека дојде ..било кој. Ама, да има човечност во себе, да мисли на луѓето, да помага онаму каде што е потребно да помогне, да покаче плата, да создаде колку толку подостоинствен живот за сите до еден, да има душа, осеќај да има за оние на кои навистина им е потребно, да згрижи, да подаде рака..
    Тоа ми е целава поента на муабетот од погоре.
     
    На galapce, malerozna, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Тоа да али дека треба да бидам грк или бугар за ебени смрдени пари никогаш нит дедо ми, нит прадедоми, нит пра пра дедото на пра дедоми не направиле такви нешта во време кога никој дома не смеел да зборува македонски и кога бугарските и грчките полицајци шетеале по сокаците и под прозорците на куќите шпионирале дали во некоја куќа се зборува на мајчин јазик.
    Е тоа не го правам нема такви пари!
    Нит таткоми, нит дедоми, не биле богаташи така да и јас ќе си живеам со она што го печалам со пот...
     
    На Rama и zuto им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Кога ке немаш никаква егзистенција и ниту парче леб , ке трчаш како и сите останати по бугарски пасош и ке кажеш јас сум блгарин и ке заминеш по белиот свет . Најлесно е да цицаш од државна цицка и да сееш патриотизам .... Но не е така . Стави се во кожата на другите па види како е
     
    На malerozna, Emy867, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    А што ако немаш можност да спечалиш ни со пот?
    Ако едноставно утре снемаш работа или најдеш за 6000 во конфекција или 10 000 максимум како келнер?
    А треба да храниш и одржуваш у живот фамилија, деца и жена?
    Или ти со од оние вмро до смрт!
    Ако си од тие разбирам ама за тебе а за другите околу тебе како деца што зависат од тебе нема да можам никако да разберам.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Прво не цицам на државна цицка туку така како што ти мислиш.
    Друго јас заслужено сум инвестирал во мојата иднина да завршам високо образование и соодветно да се вработам.
    Трето ако немаше што ќе работев што и да било од копач, мотика, лопата, секира или ќе земев и јас ќе идев по туѓина ама како МАКЕДОНЕЦ! А не како Б'лгарин или Грк тоа никако.
    И уште нешто да ти кажам сигурно не си била во полоша состојба од мене за да вака кажуваш.Мојата мака јас ја знам твојата ти.
     
    На carangigia, Rama и zuto им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    А ако нема да можеш да најдеш работа низ еу како македонец??
    Оти тоа се случува кај 90 посто од печалбарите?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се мешам во политика ама ете ги читам последниве коментари и ете за почит е што си напишал. Ама извини што ќе прашам што тоа до сега со пот си спечалил во нашава државичка? Инаку сончоглед според мене не е @vitamina туку тие што под итна постапка вадат политичка книшка од другава партија за да земаат леб без да покопа со мотика. Она претпоставувам искрено пишала од што мака решила да зема бг.пасош. Сигурно со мерак и со полна душа не го правела тоа туку со гладен желудник. Инаку и мене многу ме боли името,националноста,јазикот итн. бидејќи тие се обележје на секој народ каков и да бил. Ама ние во сржта сме кодоши и продадени души, сите народни херои убаво биле поткажани од наш за добра пара така да тоа е нашата жалосна историја која си се повторува и си се повторува. Политичарите од било која партија само чекаат да се догребат до фотељата за да склучат поголема зделка за да ги полнат џебоите со народни пари. Досега се се продаде телекомот, евн-струјата следно водоводот и името и се останато по него. Да сме живи здрави се сме преживеале која како знаел и умеел па и ова ќе помине. Ама да се навредуваме меѓусебе навистина не чини.
     
    Последна измена: 17 ноември 2017
    На TRANSPORTER086, Rama, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.