Знаеш што од моето место и пошироко сите се во ЕУ.Р ГЕРМАНИЈА,ИТАЛИЈА, СЛОВЕНИЈА,ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА и т.н. Па не станаа Ништо друго освен Македонци еве секој ден идат со визи кои ги добиваат преку амбасада и идат на работа ама не менуваат национална определба.
Работна виза на овој век нема бикогаш да добиеш за странство. Доволно сум низ еу за да се разбирам од овие работи и да можам компетентно да одговарам. Точно дека има луѓе што отишле без бг пасош ама не од што не сакале туку од што не можеле да извадат, ама тоа беше порано. Сега кој и да прашаш сите ти бараат еу пасош, има еу граѓани еден куп што чекаат пред тебе за равота у странство а газдата сигурно ќе го земе него поправо отколку тебе па да се бави да ти плаќа таму и документи да ти прави. Верувај дека е така. Ако збориме за инат тогаш тоа е друго!
Ова важи за дефицитарен кадар за кој странецот знае добро да плати и да помине преку тоа што е со мкд.пасош,ама знае и добро да ги извади од купениот работник. За други работни места каде доминантно се бара само работна сила никој не те ни погледнува ако немаш пасош од еу.
А од Македонија еден куп квалитетни кадри што ги нема од секаде по Европа и пошироко со дозвола за работа, па тебе со црвен тепих и рози ќе те пречекаат оти само ти машински, електро или медицина имаш завршено.
Што се фати за мене? Јас напишав како е за мене никаде ништо не спомнував. Или ти се најде засегната некако? Навистина не те разбирам.
Некако на два пати ти па ти. Ок ај нека е за нас не за мене лично. Затоа и ме зачуди зошто на ти ми се обраќаш кога јас никаде не споменав ништо лично за мене. Ај нека остане на тоа дека за сите нас си пишала па кој се препознал нека си се доразјаснува со тебе.
7.Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. @RainBow
Јас имам потекло од Егејска Македонија. Мојот дедо и баба се протерани од таму. Речиси сите членови беа партизани. Мојот прадедо е мачен од грците (бидејќи ги помагал партизаните) мојот дедо не сакал да учи грчки. Бил тепан од наставниците (со коприви биле мавани по јазикот сите кои не збореле грчки, со прачки по рацете ги тепале, ги терале со саати на колена да клечат врз пченки-се додека пченките не влегле во нивното месо-на тој начин малтретирале децата, за возрасните не сакаш да знааеш како ги мачеле) Мојот прадедо со дедо ми и целата фамилија тргнал бос, гладен и жеден, сместувани биле на различни места. Немале што да јадат па проселе. На крајот дошле тука. Сега дедо ми има свој дом. Одтогаш нема стапнато во Грција. Пред некое време му покажувам слики од неговото село, не можеше да го препознае. Ми вели Каранџи ти си грешка јас тука немам живеано. Како ќе го препознае кога е избркан од таму пред повеќе од половина век? Му викам сакаш ли некогаш да одиш таму, ми вели не јас не се продавам. И сега ти мене ќе ми велиш ако треба и Грција ќе се викаме???? Во времето на сдс моите останаа без работа. Никој од фамилијата не работеше (јас бев основно, но убаво се сеќавам кога немав што да облечам, да јадам, за одмор не ни помислував) Преживеавме, помина многу време и ете ситуацијата ни се подобри. Не ми смета што овој месец нема да ни стигнат парите (речиси сите пари ги дадовме на болен човек) не ми смета што не одам на одмор, не ми смета што не одам по ресторани. Имаме финансиски средства, но мене не ме прават среќна. Среќна ме прави кога ќе помогнам на некој. Денес ги имаш парите, утре ги немаш и обратно. Јас сакам да живеам во Македонија, во која нема да се промени името, знамето, химната, историја и територијата. Сакам моето дете во иднина да се гордее со мене што не сум ги продала интересите на државата, да се гордее што сум се борела да живее во држава за која многу луѓе го имаат дадено животот. Јас никогаш нема да си одам од Македонија, тука останува и во добро и во лошо. Ти штом имаш бугарски пасош и не живееш тука немаш право да велиш парите се поважни од името. Не можеш од друга држава ти да одлучуваш за иднината на Македонија. Ова ја прави разликата помеѓу македонче и МАКЕДОНЕЦ / КА (јас сум ова второто)
Заборави дека во земјава има патриоти? Со 200 евра би гледале 4 члено семејство, битно (лажната) историја да ја чуваат и името да било Македонија. Ама се поретки се со вакви размислувања. Повеќето се свесни дека треба чекор да се направи за да тргне малку во држвата...Прв чекор е промена на името....Нема автоматски да влеземе во ЕУ, ама правиме ЧЕКОР кон таму, ќе мрднеме од мртва точка. Нека има референдум и тогаш на дело ќе се види мислењето на народот. Кога можеа режимот да го симнат, тогаш можат и ова да го решат. Нормално сите (барем Македонците) би сакале да остане имево на земјава ако нема проблеми, ама заради тоа име да земам 200 евра плата, а политичарите 200000 евра...не не нее
Нашите иселеници во Канада,гледам доста активно се организираат за некои си протести,поддршка што и да е,за Македонија. Ама не сме биле сложни како народ и никогаш нема да бидеме,одма ги узурпираат паметниковциве наши граѓани,со разно разни навреди по социјални мрежи. Крај краева,непобитен факт е дека точно е оти тие иселеници со години само доаѓале во Македонија да трошат пари на одмори,ама тоа не ги прави помалку Македонци,оти и во нив има луѓе кои си го сакаат родното огниште,додека има и такви кои тука живеат,а ти велат и име и презиме и химна и се ќе сменам,не ми е гајле. Е па браво,бе Од патриотизам не се живее,да,поточно од ова амин,ама немојте бе луѓе толку лесно да сакате да си продадете сопствено минато,историја,држава и се она што сочинува една државност.... И јас сакам повисоки плати,да има живот за сите,сакам здравство современо,сакам се...ама не по секоја цена. Не ми е јасно како така магично ќе се реши се со смена на името? Ко божем да полетаме веднаш во Европа и ќе станеме богаташи И дај барем еднаш да се сплотиме како народ,раскарани сме меѓусебно а една рака народ сме. Видете ги и земете ги за пример албанците,ширум светот се борат за три држави,сплотени си даваат поддршка
Имам баба во грција гробот не и се знае зошто беше преобратен во грчки, сега веќе веројатно и други го користат. Имам баба гркиња која тука спасила цело село Македонци од грчки војници. Татко ми покоен, остана стечаец во време на сдсм, кога се затвори фабриката која на времето цела Европа ја снабдувала со огноотпорни материјали. Вреди ли јас денес да мразам? И кого тоа? Ние не сме убивале? Ние сме биле светци? Кон кого да истурам гнев кога тоа време поминало? Ниту некогаш ќе се врати. Ниту тој сдсм е ист со денешниов, ниту она идно вмро ќе биде исто со ова денеска. Сакам да бидам третирана ко човек а не ко стока. Сакам плата, да можам да живеам, а не да преживувам. Сакам џус што и за кај нас ќе биде потребен висок стандард, а не овде да го праќаат оној од најгнилото овошје. Сакам кола од салон А класа, не да праќаат тука некоја си шкљ класа со дефекти иако е од салон, да не одат нашиве пак во Германија по коли. Сакам храна која ќе биде проверена, незагадена почва и чист воздух. И сакам 5 слоен гз папир како во Европа, а не нашиве шмиргли овде. Ако за да имам нормален живот и бидам ценета и третирана достоинствено како човек, треба да се смени едно ебано име, со две раце и две нозе потпишувам. Идентитет не се менува. Ниту некој ќе може тоа да го смени. Ниту тоа е тема на менување. Гледајте напред. Да ни биде добро. Минатото никој до сега не успеал да го смени. Не се живее во минато. Да ја напраиме иднината вредна. Ни недостига зрелост и мудрост.
Не дај боже вие тврдокорните да останете со 10 000 и да прехрнувате 2, 3 деца и жена или полошо без ич, да мислите како овој месец ќе си ги платите основните трошоци за живот и да не можете да си дозволете ништо, тогаш дојдете па ќе праиме муабет за името, за бугарските пасоши, за стрнаство, за знамето.. за химната и за аередромот. Може ли? Ама не дај боже навистина од срце го велам, посакувам да сте добро како што сега сте, ама ако не дај боже се најдете во ваква ситуација контактирајте ме да зборуваме. Вака сит на гладниот не верува, секоја планина своја тежина. Човек додека не искуси дно не може да знае какво е дното. Не велам дека со влегување на еу рози ќе цветаат, не велам дека нит со името рози ќе цветаат тоа е друга дискусија и не ми е тоа муабетот. Ама не осудувајте. Не знаете некој друг што крие в срцето, што е поминал во животот и со што се соочил и кој од каде носи став. Затоа имајте си свој став бидете си и тведокорни и патриоти вие си ја знаете својата тежина ама не ги осудувајте другите што не се како вас. Дај боже да дојде еден ден човек на фотеља, ама човек во срцето. Друго не ме интересира. Ме интересираат само луѓето што немаат,, некој за леб некој и без леб, ме интересираат болните дечиња и платата на народот за достоинствен живот. Другото не ме интересира.
Ја се извињавам, ама морам да прашам, може сум испуштила некој инсерт: Дали тоа некој дојде во Македонија со предлог - договор ако се согласиме да го смениме името на сите да ни тутнат по еден милион евра во џеб? Ако е така, продолжете со лицитации, ама ако не, тогаш се прашувам ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ СЕ СЛУЧУВА СО ВАС? Сериозно ли мислите дека ова е услов за богат, достоинствен, среќен живот? Единственото нешто што ќе го добиеме со промена на име (а после тоа и се она што произлегува од него) ќе биде загарантирано место во историските читанки „Народот кој се откажа од себеси зошто така му рекле (за ку..во здравје)“?! Ќе пишуваат докторати, есеи и научни трудови за да можат да го разјаснат овој парадокс. И на крај ќе заклучат „Не биле арни со умот“, „ги фатило колективно трајно лудило“ и сл. А меѓу соседите ќе бидеме предмет на потсмев, спрдачење, сожалување, презир... А трагедијата ќе биде поголема што и тогаш ќе бидеме исто волку „богати“ колку и денес, само тогаш ќе бидеме БЕЗИМЕНИ, сиромави мизерници. Ќе не проколнуваат и предци и поколенија, аир нема да видиме од ништо, бидете сигурни! А на најголемион мизерник Зозе, кажете му дека најпрофитни лицитации има во „Кристи“. Пред некој ден продадоа слика од Да Винчи за 450.000.000 долари. Нека го опне таму нашето име на продажба, да видиме колку чиниме: помалку или повеќе од една уметничка слика!
А сега не сме предмет на потсмев а? Во Грција да ти е шубе да речеш дека си од Македонија. Во Бугарија ти велат аха браќа истата хора сте вие со нас само в 2држави. Србите те потценуваат дека сме биле нивна Јужна бановина само Тито не направил народ и ни дал држава. Е во Албанија ништо нема да се разбереш ама ко ќе ти го завеат двоглавиот орел исто ко во дел од Западна Македонија да си. Ајде да не бегаме од реалноста. Инаку и мене не ми е мило што е вака како што е,ама за тоа требаше да се мисли во 1991год. и да се гледа и развива политика во долгорочни цели(за 10-15год. во иднината) а не кој дојде во власт купи-продај наполни џебот,продади народните интереси како државата од мајка им да е. Ама пак се сведува на тоа попрост народ силна држава-т.е. политичари кои се бават со бизниси купи-продај.
Ти или стварно си слеп или не можеш да ги процениш работите. Ти збориш само од инает , а длабоко во себе знаеш дека воопшто не си во право ,