А што ќе ни менува на пример име Независна Република Македонија ? Та нели на времето народот сакаше независност ? Името на државата секако не е на продажба , ама ако треба да се смени нека биде погоре наведеново . Мислам дека сите ќе се задоволни така
Или Вардарска Република МакедонијА? Ништо не менува , но една неписмена гарда тоа го свака исто како кратењето на сонцето од 16 краци во 8 краци , толку трагично што испага како од сонце излегло месечина . И ова ке биде исто така тагирано како голема промена и вмро во иднина ке вели ни го променија името од Република .Македонија во Вардарска Република Македонија а разликата е ....ништо , но сакам да кажам лесно се манипулира со една ниско образовна раја .
Од каде знаеш кое ниво на образование го имаат оние кои мислат поразлично од тебе? Коментаров е малку навредлив.
Според официјална статистика сообраќајно најнебезбедна земја во светот е Намибија со 45 жртви на 100.000 жители ГОДИШНО. Само минатата НЕДЕЛА во Битола имаше 6 сообраќајни жртви. И тоа во 6 различни незгоди што е уште попоразително. А градот има едвај 50.000 жители. Ова е тежок пораз за градот, граѓаните и државата оти е последица на еден континиуран институционален хаос што направи хаос и во главите на луѓето. Прво, ова е огромен срам за граѓаните, бидејќи поради својот инаетчиски и непочитувачки менталитет ја уништија сета сообраќајна култура во градот. Веќе никој не дава жмигавец, не почитува семафор и сообраќајни правила, паркира по банкини и сред улица, не пропушта пешаци на пешачки премин, не прилагодува брзина според услови на патот, поминува преку улица каде ќе му се фати... Второ, ова е огромен пораз за претходната локална власт. Остави пустош зад себе. 90% од семафорите се распаѓаат или се постојано надвор од функција, патиштата се хорор кој го нема во ниту едно урбанизирано место можеби и во светот, хоризонталната сигнализација се брише на вториот дожд, новите патишта се неплански, небезбедни и комплетно аматерски изградени, секое делче од улица е дадено како паркинг место и наместо широки улици имаме небезбедни тесни грла за приватен профит. Трето, ова е огромен срам за полицијата. Веќе 10 години никој не е казнет за погрешно паркирање. Пајак во центарот на градот не е виден со години. Сообраќајна полиција освен во викенд каде скриена чека да налета некој поднапиен за да го казни, како да не постои. На повик за прекршок речиси никогаш не реагира или реагира толку доцна што повикот станува бесмислен. По регионални патишта се движат комбајни, трактори, запрежни коли, претрчуваат крави и овци, се влечкаат технички неисправни возила со еден фар или без штоп светла, обиколницата е надвор од функција повеќе години, па сите тешки товарни возила минуваат низ центарот на градот и прават дополнителен хаос... Кога сево ова ќе се собере, резултатот е јасен. Битола ја читаме само во црна хроника. Во градот владее хаос од невидени размери. Прашањето со сообраќајниот хаос е на ист ранг по приоритет како и тоа за загадениот воздух. Но, ако загадениот воздух е комплексно прашање што не се решава преку ноќ, сообраќајниот хаос е нешто што може да се реши брзо. За жал се уште никој ништо радикално не презема дури животот на луѓето е постојано загрозен.
Јас имам неколку дипломи и сертификати и уште учам, а немам исто мислење со тебе на темава. Не знам по што забележа и дека сум неписмена. Некоја печатна или граматичка грешка имам или што?
Јас прв пат сега ве забележувам дека постоите на форумов , не сум ве приметила до сега ... Па не би можела да имам мислење за некој што не го познавам .
Тогаш не е лошо да се воздржиш од коментари со навредлива содржина. Не треба да ми персираш, само треба малку да размислиш дека форумов е за размена на исти, слични и различни мислења. А и ако си ја посетела темата правопис може и ќе си ме забележела. Се извинувам што излегов од темата.
Како лесно се расфрлувате со навреди за неписмени. а треба да знаете дека кога дискутирате за нешто треба да ја познавате проблематиката за која дискутирате! Дали вие некогаш сте слушнале кои се барањата на Грција и дека таа воопшто не прифаќа име што ќе го содржи терминот Македонија? Да, да сигурно ќе прифатат име Вардарска Македонија и со тоа пред целиот свет ќе признаат дека ја присвоиле Егејска Македонија. Ама сите што мислат поинаку се ниско образована раја, а наводно сите сме борци за демократија, слобода на говор и право на сопствено мислење. И не, не сум необразована, магистер сум, при крај со докторски студии, ама имам право на свое мислење поразлично од твоето и не ги нарекувам прости и необразовани тие што мислат поинаку.
Ваше мислење ваше право. Јас си го кажувам само своето мислење , нели демократија Нема потреба да ме убедувате во спротивното , јас и никогаш не би верувала во тоа. За разлика какви зборови се користат и низ прсти се прогледува , јас сум цвеке за мирисање
Никој не те убедува, туку ти посочуваме дека ги навредуваш тие што мислат поинаку. И не се однесува само на тебе. Темава е полна навреди и омаловажувања.
Тебе ако не ти менува, мене ми менува верувам и на многу други. Јас не сакам ниту би сакала името да се смени. Никогаш!
Заради неуспешните преговори за името веќе сме дојдени до друг проблем и одлука/избор ќе мораме да го направиме. Или името ќе го смениме со надеж за влез во ЕУ или ќе станеме бугари сите. Во ова време невреме животот е гола егзистенција и луѓето не бираат начин како да обезбедат подобри услови за живот. За бугарски происход веќе е доволно извод од дедо роден пред 1920 год. за време на Санстефанска Бугарија. Тоа всушност за нив е доказ дека сме бугари. Затоа изборот ми е бидам жител на Вардарска Македонија и да се кажувам како македонка. Пред само неколку години и јас имав поинакво размислување.
^ Мало потсетување кој го потпиша договорот за соработка со Бугарија? А вака Бугарите отсекогаш размислуваат за нас имам напишано во претходен коментар тоа не е нешто ново.
Античка Македонија ако одиме по историјата. И да вратат тоа што земале па да влеземе во ЕУ. Со нова т.с старата карта на Македонија... Ние сме сега срцето на Македонија а другите органи ни се поделени на други како донација. Имајте убава вечер
http://plusinfo.mk/vest/134289/nonk...studii-vo-monte-karlo-so-besplatna-stipendija Јас сум тотално шокирана Како е можно со промена на владата која некој лижел задник на грујо сега да биде жесток негов критичар и да го нарекува и него и тие околу него "касапски кучиња" Па до вчера во огин влегуваше за грујо бе нонковичу , и кога се објавија разговорите (бомбите) ти беше во "бастионот" на грујо .... Просто човек да не може да поверува какви се персони постојат
Не знам што се чудиш. Нонкович е во право. Груевски се пазари во замена за слобода. Груевски не шитна уште во Пржино. Овие другиве, само ќе го финишираат веќе почнатото. Него, мене ме интересира, каде ни е Претседателот?! Постои ли човеков воопшто?!
Што го бараш хорхе .... Да не го врегам , да не го нарекувам како што заслужува .... Женаму слушам друг швалер си фатила , а син му не може ли да го покара да не треси глупости , поглуп преседател не постои на светов и нема што да бараме од него , туку еве уште една година и ке се спасиме од него.... За грујо .... Поентата е што сите молчеа додека грујо ги плакаше , сега не плака , нова влада има и сите се свртеа против .... Бомбите беа објавени 2015 година , што не беа тогаш против него ? Сите слушаа дека прави криминал , кај беа тогаш ?
Можеби мислеа со тоа што ќе прават срчки меѓу народ ќе постигнат нешто. Ама, што и да правеле е џабе. Се е договор од сам старт. И парламентарните и локалните и се. Оти политичариве ни се уценети. Уцената ни е и државата. Сила Бога не моли. Сега Влада нека насочува средства таму каде што треба маестрално и театрално да ја прикажуваат. Па ќе видиме после дали ќе има бомби и за нив. Или ќе поминат полесно, зад завесите.