СЈО наводно отворило предистражни постапки и за тековни функционери од прислушкуваните разговори. Ќе видиме дали ќе падне и тука некое обвинение. Искрено се надевам, макар да некако не ми се верува, барем не сега за сега.
Не знам како ќе се изведе тоа, особено затоа што мислам дека СЈО е политизирано. А всушност, што па кај нас не е?!
Затоа и реков дека не ми се верува дека ќе паднат обвиненија. Ама еве, човек сум, си давам за право да бидам малку лековерна во ситуацијава и да се надевам дека можеби ќе се најде некој нормален во државава.
Мене ми е совршено сеедно дали ќе се викаме Северна, Вардарска или Независна Македонија, ама не ми е сеедно дали ќе се викам Македонка или Северномакедонка. Оти има разлика...
Сфаќаш дека никогаш не постоело такво нешто како ова на картава, дека е измислица? Инаку се` зависи од перцепција и од тоа какви искуства имал поединец низ животот и реалноста. Нажалост, за поголемиот дел од популацијата која вирее во ентитетот РМ - истиот не е позитивна појава во нивните животи. Во 2017 година од новата ера сеуште се убедуваме за основни работи, дека не е добро да се краде, да се биде корумпиран, да се зема мито, дека треба да се извршуваат договорени обврски... Носителите на власта и распределувачите на арачот во тој ентитет - сметаат дека во ликови како Јохан и Ивона треба да се вложат милиони евра. Дека свинското гомно Јанко треба да биде финансиран со јавни пари. Дека убијци од учака кои се изживувале на цивили не само што се амнестирани и не одговарале за најтешко кривично дело кое постои - туку се и финансиски згрижени како награда за тоа. Од друга страна пример, буџетот за помош на лицата со ретки болести е намален од 700К на 200К годишно. Бидејќи сите дваесетина илјади лица со такви маки земени заедно не заслужуваат ниту една петтина од парите кои се доделени на Ивона или Јохан. Дека пратеник за патни трошоци треба да биде награден со 3000 евра месечно. Или на пластични врби да се потрошат 250.000 евра. Ова е само 0,0001% од сите глупости, страшни алокации на ресурси и outright тиранија. Така што на најголем дел од популацијата би требало да им е сеедна крајната судбина на РМ, вклучително и именувањето. Не гледам причина зошто на рандом тип или типка од реален сектор би им било нешто битно, ако мислите дека има нешто, добро би било да се знае што е тоа. Дали тоа одвратно општество ќе носи едно или друго име е свеједно. А оние кои имаат корист од тој ентитет би требало да се ангажираат на тоа поле, да направат нешто ако мислат дека треба да е вака или онака.
Кoгa ќе имa кoнкретен предлoг ќе имa референдум? Зaдoлжителнo или зa дa влaдaтa пoкaже интерес зa мислењетo нa нaрoдoт? Oд преескa рaзмислувaм. Кoлку и дa сaкaм дa oдиме нaпред и кoлку и дa знaм декa прoменa нa иметo е влез вo ЕУ , не би имaлa хрaбрoст дa зaпкружaм ДА. Мислaм декa кукaвички би чекaлa резултaти oд референдумoт.
Моја прогноза е дека референдум ке има во 2018. Бидејки до крајот на 2018 треба да се затвори спорот со името а 2019 е изборна година и во Македонија , и во Грција и во Еу .
Вистина е и те каква вистина сакале ние или не. Да имаше права во Државава немаше да дојде до тоа што го напиша тиневина е ИвонаЛатас и крив За тоа треба да се бориме све што е наше да се врати од земја до пари. Да нема крадење Дај едно евро за Зоки сега,еден одговор едно евро. Палма како ќе купам за во двор
И јас не би сакала да се смени , но ако ЕПТЕН МОРА тогаш Независна Република Македонија не би звучело така " трагично " . По мене , подобро Независна отколку Вардарска . Претседател имаме ? Мене ми личи на гардиста слика има тон нема
Го бараше некој Тетово? Еве акција и таму https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1224749234291865&id=137663793000420
А што ќе кажете на ова? МПЦ побара Бугарската црква да и биде мајка. http://fokus.mk/mpts-pobara-bugarskata-tsrkva-da-i-bide-majka/
10 години дворот на ОУ "Гоце Делчев" - Битола беше претворен во паркинг. И конечно на некого му текна да ја спушти рампата во дворот и да ги спаси децата од возилата на сопствените родители. Пред 2 недели Ротари клубот заврши нешто што е работа на државата, односно постави нови кошеви во дворот на училиштето. Конечно паркингот, јавниот тоалет и наркоманското дувло почна да наликува на училишен двор и секој свесен и совесен човек го поздрави тој чекор. Утрово дворот осамна со скршени кошеви. Возрасен човек намерно ги искршил. Апел до хуманитарните организации, општината и државата. Пред да решите било што да изградите, донирате или поставите во Битола, прво сетете се дека во градот, помеѓу сите нас, живее една тешка багра која без тронка совест со децении уништува јавен простор и на сопствените деца, а не пак да се грижи за јавни добра. И поставете видео надзор, ангажирајте чувар или обезбедете полициски патроли (ова последново и мене ми звучи смешно ) Многу помалку ќе не чини сите нас ако објектите се обезбедени и живеат, отколку ако се изградат и уште утре некој скот ги искрши од злоба, примитивизам, хулиганство и ги продаде како старо железо.
Кој гледаше Код вечерва на Телма јаки информации имаше за криминалот,посебно после доаѓањто на власт на Сдс и пуштањето криминалци од затвор. Еден пример е со убиството на Мартин Јанушев од страна на Филип.С мислам дека така се викал замислете истиот ден бил пуштен од затвор и истиот тој ден извршува убиство. Драги мои украдени се 51 пиштол од продавница, да ве прашам кој ги има украдено и за што? Ете дојде Живот за Сите до еден
МПЦ сака да ја препознае бугарската православна црква како мајка црква. И како ќе биде сега „вечнаја памјат“? „Всичкоја памјат“ или?
Ова што го прави МПЦ е дел од политичкото смислено сценарио, под палка на за нас некои непознати ликови.Јасна е целта, притисокот е голем.Ме изеде туѓ срам,со кого го делам живот овде..."Македонци" без совест.