Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1511187603937.jpg
    Пријателска Русија секогаш со нас, некои се обидуват да ја прикажат како непријател.
    Вреди да се прочита...
     
    На carangigia, Rama, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Јас пак потчув за уште едно укинување: Од јануари 2018 нема да има бесплатен јавен превоз за студентите.
    Повторно не можам да тврдам оти овие мерки никаде официјално не се објавени. Ако некој најде некоја информација нека сподели.
     
    На carangigia, ADOKI и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1511213402070.jpg Пред да се потшише договор со пријателска Блгарија треба да се прочита воен документ од страна на Блгарското Министерство за војна воина
     
    На MikiTass и Јаневски им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Што е работата што Васко Ефтов прави нови емисии со стари емисии??:?:. Секна изворчето од грујо а :wasntme:
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    2018 е за месец дена. Уште ли ќе потслушнувате? :D
     
    На Baby-bubu и Justicija им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Се што потслушнав (затоа што никаде никој не објавува) излезе точно. Имаш право, еве го јануари. Да видиме дали е точно и ова.
     
    На ADOKI и carangigia им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Што тоа не било никаде објавено?
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Укинување на проектот 30/35, како и укинување на предавањата за вонредни студенти. Имам пишано погоре.
     
    На ADOKI и carangigia им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    За проектот 30/35 беше пишано. Не си прочитала очигледно. Зошто според тебе укинувањето на овој проект е неоправдано или е лоша одлука?
    Кои предавања за вонредни студенти се укинати?
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Сите. Јас сум вонреден студент и немаме предавања воопшто.
    Дај линк за проектот ако имаш.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Прашај си во факултетот зошто немате предавања. Има факултети кои имаат предавања за вонредни студенти и факултети што немаат. Дефинитивно не зависи од владата. Што студираш?

    Ме мрзи да барам за проектот 30/35, ама еве, јас со месеци знам дека е укинат, можеби едноставно не пуштиле конкурс, исто како на пример мајка ми што се уби од чекање за конкурсот за лотаријата за субвенции за сончеви колектори, па прво демек ја одложија за на крај да ја тргнат. Не се сеќавам некаде да објавија ни за тоа :?:
    Очигледно, за такви конкурси кои се измислени и паднати од небо или има конкурс или нема, нема некоја голема филозофија.
    Од друга страна, бесплатниот превоз ти е сосема друга работа.
    И уште нешто, ако си решен да студираш над 30/35 години и не можеш да си дозволиш 400 евра партиципација годишно, подобро не ни студирај. Има млади и надежни студенти чии родители делат по минимум 10000 секој месец.
    Друго, проектот 30/35 беше за професии со дефицитарен кадар, економисти и правници дефицитарен кадар се?
    Да не се лажеме, овој проект беше смислен за образовање на јавната администрација, за полесно да им се зголемат бодовите за плата, да студираат било што, само да завршат нешто.
     
    На galapce, Gosh, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Не е до факултетот. Досега имавме предавања за вонредни, сега од овој семестар ги укинаа.
    Вроро, мое право е јас дали и колку ќе студирам. Мене не ме фати проектот (и јас сум млада и надежна) и плаќам 400 евра годишно (втор факултет ми е), а добро би ми дошло да плаќав 200 евра помалку со оглед на тоа дека сум невработена и со две деца. Ама сакав да студирам и се запишав. Мое право. За што и да бил проектот, на многу семејства им олеснуваше.

    Муабетот не беше зошто сум за или против укинување на законот, туку дека никаде не видов дека е објавен дека се укинува. Истото важи и за ова со јавниот превоз. Ќе почекаме да видиме дали е вистина и дали воопшто ќе се објави доколку е.

    П.С: пак замолувам за линк, ако некој најде нека сподели.
     
    Последна измена: 21 ноември 2017
    На Ana Marija 1, ADOKI и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    @zuto како што реков, барај во факултетот зошто ги укинале. Факултетот си одлучува за предавањата.
    Како што реков, и мајка ми чекаше субвенции за сончеви колектори, па ги укинаа без да објават никаде.
    Бесплатниот јавен за студентите е нешто сосема друго. Не е конкурс, па едноставно да не го објават.
    Еве го јануари, живи били па видјели. Ќе ти го барам изворот на информации ако студентите на први не се возат бесплатно.
     
    На Baby-bubu и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Мислам дека си ви право и потполно се согласувам со тебе.
    Се што може да се скрати се крати.Колку само пари се скратија за образование со ребалансот за на буџетот и оттука треба да ти е јасно зашто се скратени предавањата за вондредни студенти ;(
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Мене ми е јасно зошто се скратени. И еден професор јасно си кажа, не скри.
    Предавањата за вонредни се петок попладне и сабота сабајле. Ако професорот не е платен за тоа, не ти иде. Друга работа е што и за време на консултации ретко се наоѓаат професорите. Мислам, еве јас лично ја осетив разликата.
     
    На mira.mira, ADOKI и carangigia им се допаѓа ова.
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Ќе го укинат бесплатен превоз за средношколците, а зошто сдсоците да ги користат бенефитите од таканаречениот „режим“ ?
    Се бореа за демократско општество и за секојдневни дебати. Не можам тв да пуштам од толку дебати за измени на законот за пушење, укинување на бесплатен превоз, мерки против загадување на воздухот, продавање на историјата на Бугарија, промена на името на АЈРОдромот, рушење на споменици, покачување на акцизата....
    Само дебати гледаме :rofl: бараа промени ќе ги добијат :rofl: само 500 еврича плата никако да добијат
     
    На Јаневски, Asistentkа, YoungandBeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Ова што ке го постирам е фб статус од мој фб пријател , го пишувала исто како да ми е во мозокот и во мојата срушена последна надеж дека ке биде подобро во оваа држава ....
    Во прилог статусот од мојот фб френд : -
    Во времето на Шарената револуција она што ја покрена масата народ на секојдневни протести, во најголем број чесни, разумни, свесни и општествено одговорни граѓани, и делумно "математичари" од интерес, пред се' беше гладот за нормален живот.

    Живот кој ќе има поголема причина да се бара и бори смислата на живеење, раѓање потомство и стареење во својата татковина од причина да се замине.

    Не покрена вистината чуена во бомбите.

    Далеку од тоа дека не бевме свесни, но бевме немоќни за промени пред заробените институции.
    Посебно правосудниот систем, во целост заробен од мафијата.

    Се случија протестите, се случи граѓанска свест која ВЕРУВАШЕ и сеуште сака да ВЕРУВА дека криминалот , корупцијатат ќе бидат казнети.

    Свесни сме дека преку ноќ е невозможно да се стабилизира 26 години лоповлук усовршен во последните 11 години.
    Свесни сме дека дуи беше НУЖНО ЗЛО за формирање влада.

    Ама
    Политичари , бидете и вие свесни дека ова е мало парче земја и дека го трошиме последното парче надеж .

    Ако не може да го решите криминалот сега барем не го инсталирајте на позиции да ни шета пред носот и да ни ја крои сиромаштијата.

    Ние немаме компромис со злото.

    Редно е да ни кажете дека или криминалот ќе остане како партиска привилегија а правдата партиска компезација или конечно сите ќе бидат еднакви пред пред законите и Уставот на Македонија.

    Нашо е дали и што ќе прифатиме и дозволиме или ќе се спакуваме и ќе си одиме.

    Јас гласав за она што сакам да го ЖИВЕАМ.

    СЛОБОДА во граѓанско општество , достоинствен живот, правда и загарантирани човекови права.
     
    На Jas!, CrazyGirl15 и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  18. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.656
    Допаѓања:
    13.352
    Пол:
    Женски
    Кај мене на факултет си доаѓаат на предавање или аудиториски/лабараториски вежби секогаш кога имаат слободен простор и се во можност. За тоа што ти укинале @zuto прашај си во деканат само тие можат да ти кажат која е причината за укинувањето. Крај краева буни се, имаш право да си следиш предавања (освен ако не си на медицина/ветерина).

    Не верувам во гачкиве за укинување на слободниот јавен превоз поради тоа што иде зима и се што е пропратно со неа од тип на загадување, гужви и остало.. Исто така дел од мерките за почист воздух беа и почестото користењето на јавниот градски превоз, така да ми нема никаква логика да се укинат.

    И да ја укинат, студентите први ќе скокнат. ;) Пројде времето на ќутењето.
     
    На Asistentkа, referentka, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.120
    Пол:
    Женски
    Слободниот јавен превоз и не треба да биде укинат . Не само поради студентите и учениците , туку и поради енормното загадување на воздухот . Јас како средношколка го имам користено слободниот превоз од градот до руралните населби и има доста поголема предност , за разлика од приватните превозници со кои патував за на училиште . Точно имало и гужви и некултурни луѓе , ама пак подобро ќе стојам на нозе во автобус отколку да седам во нечив скут во комбе наменето за максимум 8 луѓе . Во мојата тогашна општина , превозниците беа и сеуште се ужас невиден . Ќе те натрупаат ко риби во конзерва и плус ќе платиш за некомфорност и траскање во дупки небаре возат вреќа со компири |( во главниот град сигурно сте далеку од вакви неубави искуства , но во секој случај јавниот превоз има доста предности , а една од нив и намалување на гужвите во време кога сите одат на работа и/или се враќаат од работа .
     
    На Asistentkа, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2103874333160172&id=1700949593452650
    Директорот на агенцијата за туризам
    Шарен директор Александар Донев
    За еден правец платил карта од 4000€
    А можел да патува на иста дестинација за 1000€ еве каква расипничка власт
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.