Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Што е работава дечки, нешто не сте ми весели во последно време? Кај ви отиде тоа силно жизнорадостие од пред неколку месеци?
    Ај да ве расположам со една песна од тетка Васка Илиева:

    :music::music::dance:
     
    На kikikikirika, Aquamarine93, MikiTass и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ќе се најдат во не толку различно општество, бугарското, со исклучок на Куманово веројатно, а оние другите како риби во вода, Косове.:party:
    И онака ова општество одамна ги загуби и сеуште ги губи најчесните, највредните, најкреативните, најмногу преку емиграција а понешто и преку трагедии. И онака тие немаа шанси во своевидната војна која РМ ја води против нив, тотална војна, до истребување, во сите овие години.
    Некои други средини и општества ќе ја искористат нивната вредност, за жал далеку од овде...
    Грижливо, концентрирано, дарежливо - РМ изгради систем кој ги наградува сите можни деструктивни особини кај човекот, она најлошото, дното, трулежот, истури милијарди евра буквално во негување и засилување на тие особини кои станаа главен предуслов за статус во тоа општество.
    И сега некој треба да се замара со именувањето на еден таков ентитет. Not really.

    До таму е дојдено што човек веќе избегнува да излезе на пијачка пошто секој втор муабет се сведува на тоа како да се избега, како да се сите во некаков логор или Гулаг.
    А таму веројатно и се.
     
    На SV1911, Gosh, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Колку интелектуалци заминаа од Македонија, а на реклами само собарки и возачи покажуваат. На крајот на денот, од работа нема срамота.

    И кај нас има собарки и возачи. Тие не се ли луѓе?! Или треба да ги деградираме оти немаат висока општествена функција. Зарем само директори имаме во државава?! Не сум знаела.

    А Трифун соби да не чистел?! :rofl:

    И тие што останавме, ќе заминеме, освен ако Трифун не ни ги подели милионите. Не мора ете нам, ами на најзагрозените.

    П.С. Браво за нив ако се убедиле себе си дека иселувањето од државата ќе го сопрат со реклама. И тоа каква реклама.
     
    На Aquamarine93, Nausicaa, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.218
    Допаѓања:
    167.363
    Апасиев им одржа лекција на Павле и Богдан...
    Алал!
     
    На zhap4e, MikiTass, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Од вечерва,левица не ја пратам,која арогантност!:devil:
     
    На ADOKI и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Ке преминам во левица :emo:
     
    На zhap4e и LollySky им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.450
    Не би рекла Лилит. Апасиев ме разочара. Бетмен ми е дно, ама Павле ми е најголемо разочарување. Бљак.
    Очекував повеќе од дебатата. Апасиев се промовираше цело време,арогантен, имаше и жолти минути, ама ги среди овие двајцава.
    Пајо еј кое разочарување. А симпа ми беше.
     
    На ADOKI и LollySky им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Апасиев ги испердаши и двајцава, алал да му е. Криво ми е што го избришав од пријатели кога ме нервираше со ароганцијата.
    Всушност па и не ми е, кај и да е сигурно пак ќе ме нервира :)
     
    На zhap4e, JuLleE, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.218
    Допаѓања:
    167.363
    Апасиев бар има позадина за ароганцијата.
    Ароганција не ми пречи, ми пречи кога е од глупи, прости и нереализирани луѓе, но од луѓе кои се арогантни бидејќи имаат основа за неа и се соочуваат со простотилук и незнаење - немам проблем
    Ама овие двајца?
    За Павле не можам да си дозволам да бидам субјекивна.
    Он може да е прекрасен другар и да кажам прекрасни работи за него. Но политичар? Не. На почетокот не можев да го гледам објективно, но кога тој не е критичен, не можам да не ја видам неговата права слика и намера.
    Он може само да биде другарчина и толку.
    Богдан уште не знае во која екипа упадна. Уцени го завлечкаа, потоа вниманието за кое вечно е гладен му поприја. Ама ќе си одлежи и сам е свесен затоа така жустро се бранеше.
    И кај Павле и кај Богдан се виде незрелост во дискусијата и тоа го покажуваат повеќе пати наназад.
     
    На Gosh, zhap4e, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.450
    Мене најјак дел ми беше кога Апасиев му кажа на Боби зошто го ставија во Извршен:D.
    И се чуствуваше дека приватно порано се дружеле.
    Реков Павле ми беше симпа, ама да, не е за политичар.
    Апасиев реков ги среди, ама премногу ми е арогантен и ме вади од такт.
    Али, си знаеа дека ќе ги сомеле. Пиша Пајо статус дека има трема.
    Јас не би со Апасиев на дебата.
     
  11. MikiTass

    MikiTass Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    22
    Павле не знае кај тера, празен, празен и многу многу прост :x
     
    На Rama, zhap4e, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки


    Мислење од: Јаневски, 22 август 2017 во категорија: Политика и настани
     
    На Aquamarine93, Jas!, carangigia и 5 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Ароганцијата на Апасиев е во ред, и може комотно да ја има оти е умен човек, ама, во ред е се дур е на таа страна на масата - ко опозиција, ко критичар. Инаку, ко и Павле и останатите, и него искрено не би сакала да го видам во позиција - влада или парламент. Се надевам ќе си остане во онаа фела во која си е, и ќе си остане критичар.
    Павле... ко дериштенце беше. Ко од татко му да ја наследил функцијата. За другарство бе збори, бе. Ејгиди бе луѓево бе.
    Бетмен... тивкичок. Го немаше.
     
    На Espadrila, Rama, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Јас си реков да паузирам и да се мавнам од темиве, и тоа и го правам :D ама нешто ме инспирира да искоментирам...

    IMG_20171125_132055.JPG

    Сè уште го следам чат пат на фб Апасиев, и ако нешто ми паднало у очи како минус за него - тоа е ова.
    Сфаќам ароганција во критикување за политика, за вакви работи како користењето со вработувања од протестите... ама присвојување на трејдмарк навредливата етикета на вмровската простачана (која ја употребуваа не само за овие што се пикнаа во влада сега, туку и за сите слободоумни луѓе што беа против дпмне), дури и во наводници, сарказам или што и да му е поентата... најн.

    Оти, во мајндсетот на луѓенцата од кои е смислен и им личи вулгарниов термин, и самите они (од Левица) со прогресивните вредности во својата политика и предизборните програми поради кои паметни независни луѓе ги почитуваат + фактот дека, нормално, пак не се ни со дпмне и ги плукаат и нив - се, guess what - токму тоа, „сороспии“.
    Плус тоа, и јас имам пар професорки кои биле во Шарена револуција, не искористиле ништо од истата и никогаш немале и немаат врска со конкретна партија... Сега ги бербатат на големо и сегашниве, ама се знае на какво ниво. Професор е сепак посебна професија за која треба во секоја сфера на експонирање да се задржи култура.
    Така да, што знам... ова ич не ми е океј и ме разочара малце.

    А конкретно за дебатата вчера, не ја гледав цела... од тоа што фатив, се согласувам со тоа што пишала Лилит.
     
    На Anaxandra, Justicija, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Иначе да не пројде денов залудно без ниту една афера, фирми блиски до пастирот увезувале фејк лекови од Кина и остали земји.
    Којзнае колку раја се има упокоено или ќе има доживотни проблеми ради тоа.

    А во Дрисла се горел медицински и радиоактивен отпад од Италија.
    Пошто жабарите, во случајов мафијата, се своевидни патријоти, не сакале да ја загадуваат земјата на Мусолини, Гатузо и Џанкарло Џанини - него фино, за мала надокнада на градските власти во Ск - го носеле најопасниот отпад да биде согорен тука.

    Но, тоа е само дел од војната која властите во овие 26 години ја водат против продуктивниот дел од популацијата, ништо ново...иако особено језиво во случајов.
     
    На Gosh, friendy, CrazyGirl15 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Пола шала, цела вистина. Имам слушнато за увоз на фејк лекарства од Косово, ама и од кај нас натака.

    Јавна тајна. Ами како иначе градот наш, градот убав, милионче ќе зема годишно? Тоа е тоа интегрирано управување со отпад. Хемиски де.

    А Дрисла ја средија ли конечно по европски стандарди?! Ќе ги модернизираа нели затоа тендер. Ќе го претвараа отпадот во гориво и електрична енергија.

    Далеку сме ние од таквите соништа. И после, се чудиме од каде овој убав воздух.
     
    На Gosh, galapce, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Затоа мене ме зачуди зошто на Фликсоназето од страна Улкер пишува...

    Заебанција на страна, не пишуваше Улкер, ама стварно на турски беше кутијата, со ливче на македонски закачено од страна.

    Она што го имам забележано годиниве кај многу лекарства е првите серии идат оригинал и се со добар квалитет, другите ги произведува друг, локален и варираат во квалитетот.

    На пример, Конкор го произведува Merck и кошташе 220-230МКД.
    Потоа се појавува Конкор од Варус ДООЕЛ и кошта 210МКД, а оригиналниот го нема повеќе на македонскиот пазар.

    Има полно вакви примери, јас еден од најнедискутаблните избрав. Тоа е, бизнис, пазар...
     
    Последна измена: 25 ноември 2017
    На LollySky и anaja1 им се допаѓа ова.
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    А ќе ги објават ли кој се увезани од Турска!?
    За секој случај да знаеме што пиеме:D
     
    На Elen4e_sonce и LollySky им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски

    Трговска војна во 21 век. Разбирам, економија пред се. Тоа така во светот секаде функционира. Дури и една обична кока кола не е сегде иста.

    Ама јас зборувам за воопшто не проверени лекарства. Нечиј живот зависи од нив. Зборувам за лекарства без сертификуван квалитет.

    Лекарствата што јас ги пиев, докторот ми кажа да ги земам од Грција, или друга држава, под изговор дека кај нас не чинеле. Кога го прашав што подразбира под тоа, рече дека не се оригинал. Сега, јас, можам само да погодувам што значи тоа. :worried:
     
    На Gosh, LollySky, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Знаеш сето тоа дека Диме дека е арогантен тоа е факт , но што од тоа го кажува е невистина?
    Да го тргнам фактот што бил студент со 10.00 , и сам стигнал до она што е ...
    Човеков со чисти аргументи ги растури Бетмен и Пајо , што одалеку се забележува дека е многу класи над нив .
    Иако можеше и тој да оди во некоја партија (во сдсм) и сега и тој како пајо ке ни продаваше пуфки , но не , си остана доследен на она што е .

    Од тие шарените што се бореа демек за да го срушат режимот испадна дека сето тоа било лага , и тие всушност се бореле само за фотељите (во кои сега се раскомотени и цицаат ненормално од државна цицка) .

    Се прашувам овој што заминал во Аргентина со бизнис класа , да беше вмро на власт и доколку они го направеа тоа ЈАВНО (сигурно имало , но јавно не беше спомнато) , кои прозорци ке беа искршени , која фасада ке беше уништена , кој споменик ке беше ишаран ?
    Каква шарена револуција какви бакрачи!
     
    На Gosh, the.vampire.girl, Rama и 3 други им се допаѓа ова.