Квалитетна политичка дебата е тоа, да има ароганција, но и човечност. Апасиев си ја има професорската ароганција, но и обичната човечност што му се гледа во разочараноста и доблесноста. Павле како мало дете се правдаше, не му било лесно, лесно било од опозиција да се критикува. Абе можда така и дпмне се осеќале, па затоа закакаа...уште да им се извинеше за се, мајку му тешко било. Му се јавил на другар му да го кара зошто летал со бизнис класа. За загадувањето вели - на ниво на општини ќе си воделе ред... Па има ли пострашна изјава од оваа? Ние немаме национална стратегија за справување со загадувањето...како секоја нормална проевропска држава. Богдан ко бившата да го карала, така делува. Хехенце. А радиоактивниот отпад се чини сите знаеме одамна, само Шилегов не. Па и Коцето претходно... Тие што живеат во околината на Дрисла во радиус од 10 км чувствуваат како смрди кога се пали... Фалеше у етеров вака симпатична и комична дебата...
Еве стигна животот во Скопје во секоја населба... Прво убиство во Аеродром сега Чаир а утре очекувајте во која наредна населба т.е. Општина дс се случи исто... Се пуштија еден куп криминалци од затвор сега они нека се пресметуваат..ама да не настрада некој невин
Многу ми е криво за овие проклетниците што ги ослободуваат на големо,и успат испаѓаат жртвени јагниња,народни херои кои бранеле национални интереси,па се бара и парично обештетување. Абе гонете се упм Ајде,нека ги објави бомбите Заев 5 години труби дека знае кои се вистински убијци,па нека објави бе,не за друго да се спасат побрзо од затвор "невиниве душички" Ако стварно е вмешана фамилијата од претходната влада,нека одговараат и тоа најстрого да се казнети,ама тоа не го менува фактот дека денешниве осуденици не се чисти ко солза Аман нека излезе вистината на виделина веќе еднаш,ми се смачи косовари да ми роварат и убиваат тука слободно и притоа да испаѓаат невини
Добро, врз основа на што ја укинаа пресудата за случајот Монструм? Врз основа на бомбите? Заев вети расветлување на случајот, а не укинување на пресудата. Ако се дотолку невини, зошто двајца од нив и тоа првоосомничените, побегнаа во Косово? Се согласувам дека е важно кој е нарачателот, ако воопшто постои таков. И дека истиот треба да одговара. Но тоа не значи неминовно укинување на пресудата на сторителите. Здравство. Изјавија дека ќе преговараат и натаму околу изборот за министер на истото. Оти било од голема одговорност истото. Wow. Шта речи, а не заплакати? Ами многу е одговорно да немаме министер неколку месеци. Нека преговараат уште. Здравството има време за чекање. Всушност, нам исто ни е. Министер или не, стагнираме секако. Бруто-нето министер, не задолжи во вредност колку мерцедесот, или нешто повеќе? Можеа да го продадат, ама ете, на месијата му се заканувале по живот. Се прашувам зошто. Та нели е спасителот наш? Да прославиме и за рдт. Каков луксуз. Ниту еден нормален Закон во наша корист.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=126538 Нај реформски? Нај задолжувачки! Нај расипнички И најнедомаќински буџет до сега во историјата на РМ. Е драги мои нека ни е со среќа и поскапувањето на нафтата, зголмување на сите цени од транспорт, сите цени во прехрана и сите цени воопшто. Дојде НЕ ( ЖИВОТ ) за Сите!
Абе крш лекови тука носеле, децата и внуците ни ги осакатуваат, генерации ќе трпат последици и пак и пак ги браните. Вредеа ли париве барем. Пу бе, што народ ќе бевме.
А нивните ќе ги носат во странство да ги лекуваат и вакцинираат. Од таа причина јас престанав да го вакцинирам моето дете. Уште пред пет години се шушкаше дека вакцините ги набавувале од Кина. Тогаш шпекулација - денес вистина, за жал.
Се согласувам . Исто и јас прекинав со вакцинирање на децата , и еве фала му на Бога се е во ред со нив . Може не се сите вакцини неквалитетни , ама сепак наместо вакцини одбирам витамини преку овошје и зеленчук .
Џабе ти се витамини душо, од воздухов канцероген сите ќе се разболиме...ова е уништување на народот, јавно труење, јавно не убиваат секојдневно без трунка срам. Џабе ни се лекови, џабе се витамини, хуманитарни акции, донации идр...секоја година умираат по 1000 луѓе од карцином на бели дробови...
Знам , и за жал тоа е реалност во блиска фамилија од страна на свекрва ми . Во последниве 4 години починаа мајка и , тетка и , татко и .. сите од рак . Сестра и е болна од рак , двајцата тетини .. а колку познаници , комшии , дедовци ми починале од рак страв ме фаќа веќе ама ете сепак мора да се проба на сите начини ..
Витамините со вакцините немаат допирни точки и на витамините не може да се гледа како на замена за вакцините. Вакцините служат за создавање анти тела во крвта на детето со цел да се борат против одреден тип на вируси кое детето веројатно ќе ги закачи утре или по 4-5 години. Витамините не помагаат тука. Тие генерално помагаат за метаболичките процеси во телото, а со тоа и за имунитетот, но не и директно за убивање на вирусите.
Сакав да се надоврзам на муабетов... Павле му вика на Апасиев се вработи во 2011 во време на Груевизмот... Апасиев никогаш не бил за вмро и не се вработи партиски. Се вработи заради неговиот успех и капацитет, неспорно. Ова потврдува дека за време на владеење на вмро имало непартиски вработувања.
Освен Апасиев знаеш некој друг? Барем за ова се знаеше како се вработува. Мора општински амин да дадеше и тогаш работа.
^ Секако дека знам. Ама не можам да ви докажам. Еве пример, прва другарка имам што студираше дури 7 години со не многу висок успех (нормално), па и се посреќи се вработи одма после дипломирање на струка (прво стажирање неколку месеци на истото работно место). И Апасиев ја познава.
Република е од Никола Србов член на извршниот комитет на вмро , а видете и самите по колку лајкови има (од што никој не му лајкова ми иде јас да му стегнам лајк)
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vladata-vo-tetovo-kje-osnova-drzhaven-albanski-ansambl http://vecer.mk/makedonija/zaev-vladata-kje-odobri-albanski-drzhaven-ansambl http://digitalnews.mk/државен-албански-ансамбл-во-тетово-ос/ http://b2.mk/news/vladata-vo-tetovo-kje-osnova-drzhaven-albanski-ansambl?newsid=B22M Еве уште од неколку места