Не е лудост, реалност е. Свесно се гласаше за ова. Ова е само почеток. Тек какви корени ќе се пуштаат овде...
Се згрозив со инфорацијава. 12 год бев играорка во ансамбл. Ниту еднаш не ни помогна никој. Сами баравме спонзори, си плаќавме месечна чланарина, сами си плаќавме за да одиме на некоја турнеја и да ја преставиме Македонија, ограничени на носии кои моравме да ги чуваме како очите наши бидејќи беа стари и немаше пари за нови... Крајно лудило е ова. Деца молаат за да им се одобрат средства за лекување, а овие видете за што се залагаат. Па дали ќе остане Македонец во Македонија?!
Тешко. Тоа е и целта. Ама кој да ја види? За повеќето тоа се спинови и лажги со опашки. Ги враќам мислењата сега наназад на темава и гледам како на луѓево им се поместува црвената линија на толеранција. Нешто што за нив не било за верување пред неколку месеци, сега станува сосем нормално. Жално. Ама тоа сме НИЕ.
Уште еден вмровски куртонски портал . Да ве потсетам само овие два-три портали за време на ланските избори , пишеа дека од косово влегувале вороужени лица и ке извршат напад , и затоа сите да гласале за грујо бидејки само тој ке ја спасел мачедонија
---- Извор: http://vlada.mk/node/13773 ---- Медиуми: Дали е донесена одлука за формирање Државен албански ансамбл и дали ќе има двојазичност во сите институции на целата територија? Зоран Заев: Апсолутно не. Знаете дека законот е согласно Уставот. Онаму каде што има практична потреба, и Уставот тоа го дозволува, самиот закон и така ќе се реализира. Јас преку законот гледам, навистина отстранување на некои потреби кои што досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени - тоа е унапредување на употребата на јазиците во Република Македонија. И секако, како што постојат ансамбли, без да се зголемуваат буџетските средства, само ќе биде дефиниран правно - формално ансамбл за културата на албанските граѓани. ---- Што се однесува до мене, слободно нека играат оро, не ми смета. Оро може и заедно да се игра, ама како сакаат.
Точно е дека немаат врска , но после секоја примена вакцина , син ми се разболуваше . На 10 месеци при излегување на запче ми разви тт 38.9 , го однесов во болница со цел да му ја симнат тт бидејќи парацетамолчето му делуваше само половина час . Оттаму го вратив со тт 40.1 . Како му ја симнуваа тт ? Со чиста инфузија . Ниту чепче препишаа ниту му ставија лек за намалување на тт . Иако ги има примено сите вакцини , ги фаќа сите настинки и вируси ( мислам на кашлица , затнато носе ) , откако се слушнаа шпекулации за фалц лекови и вакцини , престанав да вакцинирам . Ќерка ми ја прими само онаа првата што ја ставаат во првите денови од раѓањето додека сеуште сме во болница . Еве ја , до денес нема фатено вирус , а има 1 ипол година . Овошјето и зеленчукот ги давам за подобар имунитет , а знам дека нема врска со вакцините Како и да е , да не излегувам од темата , се надевам дека ова што се случува ќе се смени на подобро . Има толку луѓе кои имаат потреба од квалитетни лекови , на некој живот му зависи од тие лекови . Се надевам дека барем со тоа нема да играат мајтап веќе . Туку подслушнав дека скоро ќе добиеме нов министер за здравство а и Царовска немало да биде веќе на сегашната позиција . Некој подетални информации да не има за ова ? Или се само шпекулации ?
Вашиот син веројатно има послаб имунитет. Треба детално да се испита зошто е тоа така. Сосема е нормална реакција дете да покачи температура при примање на вакцина. Вакцината има примероци од вирусот спакуван со протеини и маснотии и дополнително засилен со протеини-антигени кои треба да предизвикаат акција од имунитетниот систем. Како одговор на овие „изнемоштени вируси“ имуниот систем создава анти тела за тој вирус. Фактички ние со примањето на вирусот малку се инфицираме од него, со цел да го „прележиме“, да добиеме отпорност од него. Тоа е финтата. И не се водете по еден изолиран случај (мојот син, мојата ќерка), бидејќи науката не работи така. СЗО (светската здравствена организација) води статистики од стотици илјади, па и милиони пациенти, ги евидентира, систематизира и донесува заклучоци и дава медицински насоки. Еве ви една илустрација: Дали вие ќе поминете низ непроверен мост преку кој поминал само еден човек или ќе поминете низ мост низ кој поминале милиони луѓе?
Аман бре луѓе дали озбилно прочитав од некој дека заменува вакцини со овошје и зеленчук? Дај бе образовајте се бе луѓе, научете прво што е вакцина, дека е уствари самата вакцина вирус, дека е нормално дете да ти се разболи после примање на вакцина бидејќи го примило вирусот, со цел подоцна да стане отпорно. 100 пати нека ми настине детето ако го спаси од смрт за 20 години. Една и пол година немала вирус фатено. Па и моето нема па сите вакцини трчам да и ги ставам. Пусто помодарство.
Царовска е тотално промашување. Мислам и Ременски беше подобра. А верував дека е добар избор. @zhap4e скроз во право излезе. Ако ја сменат заради неработење па добро е барем не ги држат неспособните. А Царовска само се слика и е доста арогантна.
Јас како што читам,министер за здраство,сепак ќе биде некој од алијансата (што не ми прави ќеиф) На 24 тв.во саботата беше гостин во вестите Др.Венко Филипче,кој го претставиа како советник на Заев. Мислам (а и сакам), он да биде Министер за Здраство ( како што се шпекулираше пред извесно време)
Сега читав дека најверојатно познат неурохирург ќе бил министер, а на Алијанса или Труд и соција, Образование или Транспорт ќе го дадат. Најверојатно Царовска ќе ја сменат. Очигледно сфатија дека мора да стават саглам човек на Здравството. И мора компромис, барем за Здравството и Образованието.
Што те радува, фактот дека ќе останеш уште без еден добар лекар? Политиката не смее да биде во здравството, разберете еднаш.
А кој е покомпетентен за каже што фали и не е добро во здравството ако не лекар? Политичар или правник? Ко да ставиш судија да биде лекар и ајде нека суди сега, а врска нема од закони. Секој што е министер треба да биде врвен професионалец во струката на која се однесува министерството.
Апсолутно погрешно. Човек на ваква функција првенствено треба да биде добар менаџер, управител, координатор,организатор, а после може да биде добар доктор, универзитетски професор, спортист, во зависност од тоа што раководи. Ова се однесува за секоја функција во едно општество.
Не можат сите да бидат експерти за се како Никола Тодоров, и адвокат, и министер за образование, па на крај министер за здравство, за се го биваше човекот @orevokrsacka , не се согласувам со тебе, само човек кој е од таа дејност реално ги знае потребите и проблемите.
Јас никаде не напишав дека не треба да биде тие работи. Плус тој човек има луѓе, т.е. цели тимови кои ќе му помагаат во тие работи, не ги врши сам. А еден човек не може да го бива за сè. Ама човекот кој ќе биде одговорен за цела сфера на здравството треба да биде некој што има познавања од медицината. Исто така и со останатите министерства. Не може мене некој што нема никакво знаење за медицина (здравство) да ми ги решава суштинските проблеми на истото.
Апсолутно се слагам со тебе. На крај краева,ги видовме менџерите и директорите на Грујо,никаков резултата
Не сум необразована . Секој ден читам на интернет како куп деца добиваат менингит , аутизам , церебрална после примена вакцина . Ако ти сакаш да ризикуваш детето од право здраво родено да ти добие тешки последици од некоја вакцина , јас не ризикувам . Има куп членки на самиов форум што се медицински лица , прашај и прочитај колку од нив вакцинираат дете . И подобро ќе ја заменам вакцината со овошје отколку со церебрална парализа а знам дека детето ми е родено здраво ! @EvAngelos не се водам само по конкретен случај , но речиси секој ден читам статии дека деца после примена вакцина се здобиле со тешки здравствени и долготрајни последици , така да , не сакам да ризикувам . Да ми е детето родено со церебрална парализа или некоја друга вродена болест , ќе знам дека Бог сакал да минувам низ такво искушение и тоа е тоа . Но свесно да го носам на вакцина после која можеби ќе добие церебрална , ќе треба да се самоубијам . Ок е за минливи вируси тоа да , но не сите имаат среќа да помине тоа само со затнато носе . Ок , забегав од темава . Свесна сум дека и тоа што не ги вакцинирам не е во ред , ама се додека не се среди работава со фалц лековите , јас нема да ги вакцинирам децата . Владеачкава партија треба да се позанимава со овој проблем што побрзо , ама тие си знаат , впрочем има мноогу работи што се за итно решавање бидејќи на многу луѓе зависат животите од тоа .
Во моментов ми падна на памет Индира Кастратовиќ. Врвна спортистка имаше и некоја титула најдобар стрелец на првенство. Ама што направи кога стана тренер на Вардар? Баш ништо, никаков резултат не покажа клубот, а ако таа не ги знаела потребите и решенијата за успех на ракометарките тогаш кој друг? Не знам еве кажете пример за добар професионалец во струката кој е воедно и добар менаџер?