Какво време дојде, Црна Ружа да има најиздржано мислење и полека да го напушта радикализмот. Браво за напишаново, ама нели се сеќаваш дека за вакви ставови парче правеше други членови? Памтам дека и ти беше од оние, “почекајте да ги видеме што ќе направат.“ Осеќам, не си нешто особено thrilled. И што сеа, да се чукам во гради дека истово го коментирав пред повеќе од шест месеци. Или дека се испадна онака како што пишував и тогаш. Патем, ако сакаш да ги следиш новите криминалци во повидок, читај го Божиновски. Не знам кои конекции има, ама се што е напишано е точно. Пред години он пишуваше за криминалот со лекови, луѓето мислеа дека прави теории на заговор и од тоа живее. Испаѓа, во право бил цело време. Ама дали ја заслужуваме вистината? Веројатно, не. И друго, лажна вест беше и изјавата на америчкиот пратеник, дека оваа земја не треба да постои. Дефокус на јавноста, мрачни сценарија. Ма не, имаше момент на луцидност и кажа нешто за кое не бевме подготвени. Ако можела да се распадне Југославија со 20 милиони, што е побогу Македонија со едвам милион, piece of cake.
Такви времиња дојдоа, црни уствари отсекогаш биле тука. Него, работата е што сум фанатичен оптимист и секогаш оставам простор за изненадување, сензација, преокрет, така и Грција освои ЕП2004, Исланд ете отиде на светско, РМ беа 4 место на ЕП кошарка, Порто освои ЛШ, од друга страна полошо не може да биде, подобро во одредени сегменти можеби нешто за нијанса и тоа е прашање. Сите држави на светот ќе пропаднат, некои порано некои подоцна, само РМ ќе биде неславен рекордер, Југославија каква таква поминала скоро еден век во ваква или онаква форма и тоа во многу потешки времиња. Проблемот со такви најави како тоа на професорот е што тоа се пецепира од јавноста како дел од планови на мрачни сили кои коваат завери во темна соба, се церекаат и тријат раце и спремаат зулуми и поделби. Реалната причина за исчезнувањето на РМ ќе биде многу попрозаична и банална а тоа е крадењето, манијакалниот трансфер на државни средства во приватни џебови, тоа е реалноста со која никој не сака да се соочи и така по медиуми све нешто масони, ламинати, ватикан, дип стејт, братот трамп... Наместо добро гледање во огледало тука рајата одбра да копа по замислено славно минато додека во реалноста се градеше општество кое ги субвенционираше најлошите можни особини кај секој поединец, го наградуваше злото а го казнуваше доброто.
Ако детално се чита темава, и секој член се третира како пациент, и преку мислењата му се прави психолошка анализа, ќе се увиди зашто државава ни е умноболница, и дека не ни заслужуваме боље. Фмп.
Поентата е во тоа што на новата власт најверојатно и беше помогнато да дојде на власт од страна на западот со цел да се направат услови за меко приземјување, без пролевање крв. без можност за репризи на 1912 и отварање нова гнојна раја на сред Европа. Пошто толку треба на Балкан, не треба премногу. Континџенси план, веројатно сеуште е во развој и не е конечен, претпоставувам започнат околу 2014-15 кога кулминираше пастирската социопатија. Да бевме во Африка ич немаше да се замараат, ќе си постоеше таква држава уште 200 години. Затоа што тука останаа и ќе останат најглупавите, најголемите бескичмењаци, тотално неписмените, оние со сладоледот во Дојран, од чоколадниот, оние кои се продаваат за сендвич, паразитите, бирократите. За да функционира едно општество, колку и да е корумпирано - мора да има и раја која што нешто ќе ствара. Овде за 10 години ви гарантирам дека нема да може да се најде водоинсталатер, мајстор за електрика или плочкар, ќе бидат повредни од суво злато, nevermind интелектуалците, лекари, инженери, машинисти. ИТ сектор. Не се само white collar кои бегаат туку и blue collar, оние кои имаат занаети, кои работат стручно и чесно. РМ не е како Романија, тие имале 25 милиони на старт, сега и со 19-20 нема да имаат мака, или Бугарија. Да загубиш 1/4 од население за 1/4 век е своевиден рекорд, тоа не го може ни црна чума ни војна.
Јесте дека државата е умоболница и на секои избори се докажува тоа, со избирање на психолошки лабилни луѓе. А умоболните, си бираат лидери по свој терк и така во круг. Фак ит, постојат и на форумот. И едните и другите со психички проблеми, чудно, никој сам не се препознава во дијагнозата препишана на другите.
А зошто да не лекар со менаџерски способности? Што ке ми прврнствено менаџер ако не знае што координира? Сериозна сум. Нашето здравство,година,две,три треба да има три министера за здравство,поделени по сектори. Сами така ке се успее да се среди од корен. Баш од корен. Врарете наши доктори од стеансрво,платете ги.. Уф не ми се пишува поопширно. Премиерот несебично одговара на секој повик. Тврдам. Засега е така. Господине премиер, неможеш сам. Се сам неможеш. Отвори оѓите кој каде сраваш. Не плаши се ако не чини да го смениш. Народот ке те разбере,свесен е дека кадрите се намалија.
А, е не душо, грешка си голема..министер треба да биде добар менаџер, тој ќе оди на седници, ќе шета по приеми и состаноци, нема да има време ни за пациенти а професионалноста во струката ќе му опадне...стручен и добар докажан лекар треба да биде директор на установата, тој ќе знае каде треба да "стави и од каде да извади"...мислам дека се разбираме нели
Уапсен Митко Чавков http://fokus.mk/uapsen-mitko-chavkov/ По налог на ОЈО уапсени се Митко Чавков, Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.
Го бараат Бетмен, ама го нема. Галаба горе спомна, Премиерот ни е ок, има гнилеш околу себе, ама јас сеуште верувам дека ќе има промени. И ете полека ќе си ги апсаат, дела ќе се процесиураат и ќе си лежат. Сите. А новите нека учат, оти може и нив еден ден да ги снајде .
Е вака Заев ги замачкува гомнениците кои ги остава зад себе: Се сретна со Гркон, договори промена на име, Гркон излезе и рече дека зецот им бил многу по ќеиф за разлика од Груевски и дека „време е државава и народот да си изберат нов идентитет“?! Изненадени? Затоа денес поапсија еден куп пратеници и учесници во априлските случки во собрание, ем народ ќе има сатисфакција дека овие нешто конструктивно работат, ем ја отепуваат опозицијата, а за меѓусоседските патрдии ќе се заборави до утре! Зошто колективното памтење ни е колку и на една златна рипка! Ништо не ни е важно и свето, битно е дека некој „ќе лежи“ во затвор. Зошто не се согласува со предавството на скапаниве мизерници. А секако, не треба да очекуваме ослободителни пресуди за денешниве уапсени ако ги судат. Ќе бидат ослободени се знае кои - монструмите од Смилковско и „борците за човекови права“ од Диво Насеље! Зошто? Зошто ние го заслужуваме тоа! И малку ни е!
Да, ќе си лежат!!! И за Смилковско и за Диво Насеље ќе си лежат правите виновници, како Трајко на пример. Сфаќаш дека расчистувањето со криминалот е побитно отколку квази патриотизмот на Вмро.
А тебе правите виновници ти ги откри Заев? Овие душичкиве што ги фатија со пушки во раце и еден куп отепани полицајци околу нив бркале сколовранци од нивите? Расчистување со криминалот? За неколку месеци еден куп убиства, криминални дејаниа, пљачки, тоа ли е расчистување со криминал? Биди убедена дека влегуваме во ера на криминално владеење со амин на владава што си ја изгласавте. А веројатно и ја заслуживте!
Бомбите златна, бомбите. Јавна тајна е што има во нив за Смилковско. Расчистување на кримиалот на Вмро. Што уште нема. Ми зборувате за истите луѓе кои фалсификувале лекови? Овие ли овде ќе ги бранете? Има ли поголема мафија од Мијалков? Плачете слободно, што чекате, ајде на протест и бранете ги криминалците.
Освестете се зарем не гледате кога Зајакот има нешто под маса ставено веднаш измислува апсења зА дефокусирања на масата па затоа во иднина нежа да не чуди ако се дешаваат апсења. Нема плата 500 еу Нема плата 100 000 ден за докторите. Нема покачување на пензии и соц.помош. А има апсења намалување на економијата рецесија и задолжување. Тоа е животот. Ова е дефокусирање за укинувањето на доживотната казна за смилковско.
Не ја водат сите истата политика како ВМРО - штом се појавија ,,бомбите,, одма Диво Насеље го смислија на брзина.. Сите така не функционираат. Или можеби некој е навикнат 11 години на таква политика па сега се му се причинува. Туку...ве викнал пастиУот на пУотести...ај палете патиките
Никој не измислува апсања, туку дело постои. Мислете си вие дека ова е замајување на јавноста. Инаку за ова ги гласавме, ова го ветија. Расчистување со криминалот на Вмро, правен 11 години. За економија и задолжување немате право збор да кажете сите вие подржувачи на политиките на Грујо цели 11 години.
Парите да се вратат па да може да мрдне нешто во државава од мртва точка. Не е ова реваншизам,ова е тоа што го дробеа,сега нека го сркаат,мора да одговараат ако сакаме да одиме напред. Дали има некој кој би одел по ладново на протести да брани насилници под превезот на патриотизмот?
Имаше секако, протестираа против казните за терористите од Диво Насеље. Не биле задоволни од ситуацијата (затворот) во кои се нашле нивните браќа. Протестите беа во Скопје, а денеска УЧК најави протест и во Приштина. Ама што знаат па тие што е студено време.