Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.218
    Допаѓања:
    167.363
    Ми се свиѓа ова од денес.
    Не ми се свиѓа дпмневскиот начин.
    Не ми се свиѓа што не беше приоритет, реално. Има други крвави раце на кои требаше да се фокусираат, а не на ситнава риба.
    Законодавен дом... и тие глави таму не може никогаш да бидат посвети и поголеми од народот на чие благодарение тоа постои. Непопуларно само човечко размидлување е тоа. Требаше да се фокусираат на тие случаи во кои гинеа обични луѓе.

    Абе Боби бе Боби... баба ми вика од пишано не се бега. Он пред 10 години се спаси но со уцени да не го јаде за истите причини, ама сега...касно е чедо божјо.

    Апасиев убаво му кажа.
     
    На theowndemon, Lejla8, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Оп, почело је,почело....
    Очекувам Чавката конечно да пропее и да видиме сите под чија директива беше сценариото од 27- ми.
    Не дека не знаеме, но бараме правда на виделина што народски би се рекло.
    Певај, пиле...
    П.С Нешто Коле многу неднаш обелел во косата( вчера го гледав на Тв) .
     
    На galapce, LollySky, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Дали може некој да објасни што е поконкретно проблемот со функционерот што летал авионски до Јужна Америка со бизнис класа? Па со каква требало да лета, со чкљ класа?! Парите биле од даночните обврзници?! Па колку што ми е познато владата од тие пари отсекогаш функционирала.
    Не гледам проблем во тоа доколку патувањето било службено. На службен состанок, конференција и сл. треба да се оди добро одморен за да се биде функционален - особено кога летот трае повеќе од 3-4 часа. Бизнис класата во авионите е своевиден ублажувач на стресот и заморот при долгите патувања. (во економска класа сè и сешто лета).

    Е сега ако таа конференција не била неопходна, немало јасна цел и потенцијална корист за државата тогаш можеби е друго, не знам - затоа вака прашувам и коментирам.
     
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.656
    Допаѓања:
    13.352
    Пол:
    Женски
    Богами фино им почнал денов, уште да си кажат од кого добиле наредби и да си признаат вина ќе биде совршено. Ем ќе си олеснат самите себе си, ем нема да ги малтретираат судииве по 500 рочишта да имаат.

    Чекам уште Трајко да си го добие, со се ќерка му и син му. Жена му сама си пресуди, овие да се помачат малце. Ќе дојде и тој ден за брзо!
     
    На makedonkamak и oblace1 им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Убаво му кажа Апасиев на "бетмен сере" дека го ставиле во извршен за да зборат дека е политичка хајка. Оваа акција требаше да се случи многу порано.
    Не ми се допаѓа начинот на кој се прави. Мора ли специјалци дома да ги приведуваат?! Нели би се јавиле на покана на суд да се јават на распит? Или може да дојде патрола и да ги спроведе?

    Го слушав Кежаровски скоро како раскажуваше како го апселе и сцениве од денес на тоа ме потсетија. Не е во ред за него, ниту за другите.
    Кој ќе ги слуша сега вмро како плачат дека е политичка хајка
     
    На theowndemon, Lejla8, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Заборавете на живот и плата забораавете на економија дојдоа 2002 се бавеа со апсења на функционери од вмро затоа 2006 паднаа од власт само што тогаш беа 4 год сега тешко дека ќе дочекаат 1 год на власт...
    Сега се случува истото само монтажа и ништо друго на крај пак народот кој се надеваше дека ќе дојде подобар живот од тоа ништо не виде.
    Само убиства секојдневно местенки и пасења на функционери на вмро замајување од реалните проблеми... ;(
     
    На Rama, Asistentkа и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Па не беа и они понежни кога апсеа своевремено. Плус кај нив имаше исполнување на специјални желби. Пр. со лицете до веце и сл.
    Секогаш се ловат ситните риби, големите никој не ги чепка зошто ќе играат кубури.
     
    На Lilit, LollySky, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Груевски повикал сите да излезат на протест против судењето на БРАНИТЕЛИТЕ на Македонија (оној старецот што ја кубеше Шеќеринска) :D

    :rofl: :rofl:

    И вистина има луѓе пред кривичен суд што поддржуват насилство 8)

    Господ нека им е на помош.
    Амин браќа.
    :angel:
     
    На galapce, Lejla8, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Уште еден „бисер“ на нашето МВР во борбата со криминалот:
    Вчера двајца разбојници биле „решени“ од страна на сопственикот на менувачница, која овие се обиделе да ја ограбат. Идентитетот на едниот разбојник се објави денеска, а идентитетот на другиот се утврдувал подолго време, зошто како што изјавиле од МВР „лицето многу си личело со неговиот брат, па им било страв да не направат грешка во идентитетот“?! :x Бидејќи, кај нас не чуле за отпечатоци од прсти како сигурен начин за идентификација!
    Е сега цајканиве иако го дознале со сигурност (бравос деца!) идентитетот и на вториов, уште не го објавуваат неговото име и презиме? Не давале дополнителни информации, зошто им се може!
    Па и не мора да го објават бе? Ај ќе си погодуваме: 1.лице кое е пуштено од затвор на викенд - отсуство;
    2.лице кое е во блиска роднинско-партнерска врска со некој од кланот Заеви; 3. лице од соседна земја кое е дојдено во Скопје на свадба во улога на сват....
    Друго не ми текнува. Може на Оливер ќе му текне.
     
    На Rama, galapce, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Кога вака спектакурално се ловат „ситни риби“, не се остава многу простор за договарање и милост кон крупните. Кујзнае. Живи били па видели.
     
    Последна измена: 28 ноември 2017
    На Rama, YoungandBeautiful, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Ако вмро го правеле тоа, не значи дека е исправно и сега да се прави. За мене не било праведно ни тогаш, ни сега. Треба да сме подобри од тоа како било.
     
    На Rama, YoungandBeautiful, ADOKI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    И патриотот грујо се појави со свирче и капче пред судот да даде поддршка за насилството од пролетта.... Станува се поинтересно :devil: :smoke: :tmi: :tmi: :tmi:

    Дали може уште повеќе да се понижат?
    Ќе дознаете во наредните 30тина минути.
     
    На galapce, theowndemon, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Рано утринава околу пет часот полицијата упадна во нашиот дом, направи претрес со безброј нерегуларности и го зедоа татко ми. Татко ми целиот свој живот го има посветено и целата својата кариера ја има поминато во МВР каде што посветено и пожртвувано се грижеше за заклетвата што ја имаше дадено дека ќе ги брани и чува законите и Уставот на земјава.

    Сите знаат дека пред три месеци има проблеми со срцето и се оперираше, не ни дозволија да им ја дадеме потребната терапија и покрај тоа што знаат дека со тоа се загрозува неговиот живот. Ниту оние кои власта ги ослободува од затворите не го добиваат овој третман.

    Големо лицемерие е човек кој цел живот се борел за сузбивање на безброј терористички акции,сега го третираат како терорист. И не верувам дека во оваа држава постои правда, не верувам во правна држава. Само едно знам не учел дека сакаме да ја браниме државата“, вели Зорица Чавкова.

    Митко Чавков за време на насилните протести беше директор на БЈБ и е осомничен за тероризам и загрозување на уставниот поредок.

    Јасно ни е на сите дека да дојдат дома во 5 сабајле и да го соберат татко ти е голем стрес, ама едно е ако ти е родител а друго е кога е некој друг.

    Се прашува ли девојкава како ТАТКО И ги третираше некои приведени ?:?:
    Зошто тогаш не се повикуваше на правда?:!:
    Бил на терапија...се оперирал...ОК, ама тие што тој ги притвараше не помисли дека се на терапија и дека треба да се оперираат..(lalala)

    А колку бил посветен и пожртвуван-знаеме:nod:
     
    На Nausicaa, Rama, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Можеби е полициски протокол за приведување во присуство на специјалци според обвинението за стореното кривично дело.
    И бремени жени:nod:
     
    Последна измена: 28 ноември 2017
    На oblace1, galapce, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    На протести двајца без тројца, а тие што се осмелиле да дојдат сите со капи на главата , кога ќе ги сликаат да не се препознатливи:drunk:

    Еееее....Јуди Искариотски:fubar:...од што се плашите...кога веќе сте дошле покажете каде припаѓате|(

    Им се ослободи душичката на оние кои ги вработија па сега не ги притискаат да излезат на ова ладно на протест.

    Ете...се виде денес колку брои опозицијата...без притисок (зашто немаат моќ), без автобуси (зашто немаат пари) и без сендвичи (зашто нема спонзори и рекет веќе)
     
    На Rama, oblace1, JollyGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Можно е. Мене не ми е вкусно. Се претера со медиумско апсење и од претходните и сега.

    @referentka секако своето боли. Љубе, Кежаровски.. немаа фамилии и проблеми. Така е кога се се гледа политички.

    За мене е неспорно дека се огрешија - се гледа на снимките кој отвора врата, јасно беше дека не дојде полиција (специјалци) на време.. Може да глумиме лудило колку сакаме, ама некои работи се очигледни.
     
    На Rama и referentka им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Потпомагање на толпа за упад во Собрание !

    Нема прошка.
    Што мислеше Крсто Мууукоски?...дека ќе му доделат министерско место за таа глупост?
     
    На Rama, Lilit, Lejla8 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Баш така. Затоа и ова што се протестира пред суд ми е глумење лудило. Притисок било, не било правда..
     
    На referentka, Lejla8, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.450
    Некаде читав дека и за тероризам.
    Не сум сигурна.
    Инаку волку доцна е апсењето оти претходно сеуште институциите не функционираа за жал. И сеуште оди тешко работава. Корени имаат пуштено вмровците.
    Останатите случаи се кај СЈО и се преслушуваат бомбите.
    Монструм не за џабе е вратен пак и Врховен ја поништи пресудата.
     
    На JollyGirl, referentka и Lejla8 им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    48.580
    Мислам дека се спрема нешто за вечерва, некој спонтан инцидент од Вмровциве... Ај да видиме дали ќе им успее...