Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Едмонд Темелко е уапсен за изборни манипулации.
    Не гледам зошто да се амнестира.
    И каква е поврзаноста со инфото од Сител?!

    Денес се апсеа ПОЕДИНЦИ од снимки од нападот на Собранието и одговорни лица за безбедноста на истото.
    Уште не ми е јасно зошто реагирате..или ви се браќа/татковци/синови или навистина не го разбирате КРИВИЧНИОТ Законик.
    Зошто НГ застана позади нив воопшто?
    Тој го оправдува насилството?
    Вие го оправдувате насилството?

    Иванов и самиот кажа-МОРА да се одговара за чинот.
     
    На theowndemon, Gosh, butterfly6223 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    745
    Пол:
    Женски
    Претставата продолжува, променети се само актерите и режијата. Се додека главна вест е апсењето на едните криминалци од страна на другите, а смртта на 180 и кусур новороденчиња поминува незабележано кај народот нема да не биде.
     
    На Rama, dunika, Јаневски и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Си ја виде препишаната дијагноза од експертскиот тип на форумот, и ваљда ти се допадна. :D
    Песимист сум, нормално. Да бидеш оптимист во мк и да веруваш во мир и љубов, мора да си на тешки дроги.

    Е сеа, за апсењава. Како ги изигра Грујо значи, ама она што тој им го направи, никој друг од опозиција не можеше да им го смисли. Бетмен, младоста ќе ја остави по затворите. :D
    Ама ако бидеме објективни и искрени, речиси цела гарнитура од сегашна власт и сегашна опозиција, заедно со претходните гарнитури, треба да изгние во самици. Да и коалиционите партнери се тука. :D

    Ама тогаш, не ќе остани никој да си игра к***ашак со Македончето, а тоа пак не може да преживее без робовладатели.
     
    На Rama, Lianna Anna и zvecarka им се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Епа дека се што е направено од ВМРО е патриотско, за Македонија, итн итн. Безгрешни се, они ја бранат татковината од зли луѓе. Како на деца приказни да раскажуваш.
    Јас не знам како може некои луѓе при очи слепи да се прават. Уставот и законите, не важат само за едни или други луѓе. Важат за СИТЕ, и за ВМРО и за СДСМ.
    Тоа е всушност вистинска правна држава, а не селекција на МОИ, ТВОИ и одговорност само на одредена група луѓе.
    Реално сите луѓе што биле тој ден во Собрание, имаат некаков ќар од партија, не верувам дека од љубов кон државата прават нешто. Ама ај, да се лажеме.

    И ова ми е многу интересен феномен.
    Излегоа денес цел ден (во 18.00 часот поминував од таму после факултет уште дремеа со запалени огини на улица) да протестираат за апсење на луѓе кои несомнено се виновни, значи има докази за тоа што го направиле. А, меѓувреме имаме толку многу смрт на бебиња, лошо здравство, нема термини за операции, нема пари за болни деца, имаме ПРЕзагаден воздух и за ова на никој не му текна да искочи да протестира.

    Значи на нив им е битно повеќе дали ќе искочи како што кажал Грујо или Заев, а не им е битно дали утре не дај Боже ќе заболат од некоја болест како последица на немање на чист воздух (АЛО, ако не сте знаеле без воздух не се живее, чукнете се малку во глава) и како шлаг на тортата на тоа ќе имаат т.е. во случајов НЕМА да имаат здравство кое ќе ги излекува од таа болест.

    Ахх, Македонче, секогаш мислиш на круцијалните општествени проблеми :) :clap::clap::clap::clap::clap:
     
    Последна измена: 28 ноември 2017
    На Nausicaa, Elen4e_sonce, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Не беше. Чао 8)
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Немам намера да се расправам.Ако имаше аргументи ќе ги изложеше,не потпаѓам на провокации 8)
     
    На Rama, Јаневски, kikikikirika и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Беше што беше,помина. Кај што има сила нема правдина. Старо правило нови лица ќе паднат во замка. Историјата се повторува пак и пак одново.
     
    На Rama, Јаневски и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Беше. Не ти соодветствува никот со ваков одговор.
     
    На H.VAGA, Rama, Јаневски и 5 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Се спрема вториот дел на "Судени за Македонија". Да ти е страв да речеш дека си Македонец во сопствената земја Македонија. Демократијо македонска уникатна!
     
    На Rama, Lianna Anna, Јаневски и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Едино добро во цело ова лудило на глумење Курто и Мурто, изминати 26 години е што ако е нормален народов, ќе се приклучи кон трета политичка опција, а тоа е Левица.
    Освен тоа, овој Апасиев со пророчки способности бил. :D
     
    На Rama, P.S.love, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Сдсм беше принудено да го изгласа преседателот на собранието бидејки пратениците на вмро упорно еден месец ги блокираа и не ја предаваа власта . Упадот во собрание , отворање на вратите за толпата да влезе и да тепа пратеници и крв да падне во законодавен дом знаете што тоа значи ??
    ДРЖАВЕН УДАР !
    Имавте и директен пренос како ги тепаат пратениците , којзнае само како им било на нивните семејства кога ги гледале на тв :x
    Овие денес што ги приведеа во суд , ке треба да одговараат , кога ке бидат изречени казните тогаш може да биде задоволена правдата ! Очекувам само за чавков домашен притвор заради неговата лоша здраствена состојба , а за сите останати очекувам притвор и директ во шутка !

    Накратко ви напишав ;)
     
    На theowndemon, galapce и LollySky им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш се чувствувате лошо, сетете се дека Бетмен цело време беше против дпмне и грујо, за на крј да ја смени политиката баш пред катастрофалиот пораз на дпмне, и сега ќе си лежи со уметниците во затвор :?:(не е за смеење, туку за плачење)....Го наседнаа до коска.

    п.с. Дурловски 30 дена притвор :dance::handshake:

    п.с.2. Нека им каже некој на тие надвор што седат на студот...Џабе е.
     
    На Nausicaa, DAngel, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    За ова го гласавме Заев ние партиски неопределени, да воведе ред и судството и обвинителството да ги носи у затвор крвниците шо се фалат со крвави директорски пари. Ова е добар почеток и пратениците се надевам ќе заглават по затвори, да не ги заборавиме и вмороните шо спамираат по форуми и заплашуваат со војни и сите останати криминали на гвујопаторот.
    Ако не ја доврши работата до крај ние и ќе го рушиме.
     
    Последна измена: 28 ноември 2017
    На Sesil, Nausicaa, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Точно. И јас гласав за заев само заради правда ! И чекам да се почне со процесот.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Истите тие пратеници кои толку многу провоцираа и газеа и сеуште газат по македноците...А „шарените револуции“??? Кога ќе има судење за тој ДРЖАВЕН УДАР?Попусто е да ми ги браниш „жртвите“на тој акт.Пеење на албанска химна во законодавен дом...тоа? Сдсм нелегално го изгласа претседателот на собрание,тие тогаш немаа составено влада.Принудно или не,противзаконски.И патем претседателот на собранието е терорист од 2001.За него,за терористите од монструм и диво насеље и сите криминалци кои се на слобода-е за нив Шутка,и тоа доживотно.Брзо се заборави колку македонци изгинаа заради нив.Илјада пати да ме убедуваш колку е ова праведно,џабе е.Јасно е дека под палка на странски сценарија и исполитизираното судство,ќе страдаат овие луѓе-херои.Многу добро знам какви се намерите.Како шот пиша некој погоре-судени за Македонија-историјата се повторува по кој знае кој пат.
     
    На Rama, zuto, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    СДСМ не го изгласа претседателот на Собрание, ами насилно го постави. Тоа беше театар комедија, а не избор на претседател по Устав и Деловник. И ние не дојдовме тука на форум и не рековме дека Заев е терорист, ами зборувавме согласно делото. За истото, кривично се одговара. И ти тоа го знаеш. Заев е единствено принуден да редефинира и ништо друго. Не знам дали има избор да не го направи тоа. Во друга држава ќе беше зад решетки одамна и ќе одговараше за Пуч. Во друга држава ќе беше прогласена вонредна состојба и ништо од ова немаше да има. Ама ние не сме друга држава и кај нас нема владеење на правото. Ами одобрување и храбрење на пучистите и деградирање на сопствениот македонски народ.

    Предлагам да расчистите со терминот тероризам и државен удар, за да ја разберете разликата меѓу терорист кој крвнички убиваше наши (а потоа види иронија, насилно станува пртседател на собрание, а со тоа и заменик врховен командант на АРМ) и луѓе кои влегоа во собрание. Освен тоа, ако сакаа некого да убијат, тоа и ќе го направеа.

    Апсолутно не ги бранам, нека одговараат. Чавков го немаше дента и не бил достапен. Што сметам дека не е во ред.

    Дали ти знаеш што значи државен удар, закани и уцени по претседателот на државата, тогашниот премиер, објавени противправни разговори од високи функционери? Не, не знаеш. Да знаеш, немаше да прочитам од тебе таков коментар. Ова второво е неспоредливо со првото, односно со упадот во собрание. Нека одговара секој, а не за Заев и неговите апостоли, пу, пу, не важи.

    И јас на кратко ти објаснив, а ако сакаш, можеме и по Устав и по Закон, па дури и по Деловник да се објаснуваме. Ич немам проблем со истото.

    Почесто си транспарентна. Ама овој пат, не. Убав ник имаш. Треба да ти прилега.

    П.С.И дај ве молам да престанете со тоа оти Куманово 2015 било наместено од Груевски, дефокусирање ради. Наместено беше, ама не од Груевски, ниту од Заев. Не беше за дефокусирање, туку за нешто друго.
     
    На H.VAGA, Aquamarine93, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Не планирам никого да го убедувам , верувајте си во што сакате , ве оставам да си мештаете во вашата фантазија ;)

    Како што реков очекувам максимална одговорност за тепањето во собранието и државниот удар !
     
    На referentka, anaja1 и galapce им се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Грујо денес рече "тркалото се в'ти"
    Кај него некако многу набрзина се сврти. Тој е следен се надевам.
     
    На DAngel, referentka, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.656
    Допаѓања:
    13.352
    Пол:
    Женски
    На Дурловски и Чавков ќе му прави друштво 30 дена, а Жаклина на домашен притвор. :clap:

    Нека не се секираат луѓево што протестираат дали на притворените ќе им плачат децата по дома, нека се запрашаат колку деца до сега секој проклет ден ронеле солзи чекајќи си ги родителите да си дојдат дома? Нека се запрашаат само, или другите деца не се битни само на овие господава. Секој да си ја плати казната за делото што го сторил. Нека ги жежне малце.
     
    На donna.17, Nausicaa, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    Вие многу јаките демократи во животот од Скопје што немате излезено да ве прашам.

    Што ке се случеше со мексиканец ако реши во американскиот сенат да пее мексиканска химна? (или во било која европска земја да се пее туга химна)
     
    На H.VAGA, joy1, Rama и 4 други им се допаѓа ова.