Кога се пееше албанската химна во собрание , преседател на собранието беше вмровскиот лажен патриот Трајко Вељаноски , тој требаше да му го исклучи микрофонот на албанскиот пратеник и да повика обезбедување да го тргнат од говорница ! Но тој не превзеде ништо! Не знам дали толкави ви се капацитетите па не можете некои работи да ги сватите , дали до таму само гледате , еве не знам
Според законот ДА! Да не мислиш Трамп со калашников ке го пука? Ке му го исклучат микрофонот , и ке повикат обезбедување! Трајко Вељановски не си ја заврши работата !
Жалам за притворот за Игор Дурловски и за останатите затекнати во Собранието тој крвав ден...Игор е добар дечко.Не верувам дека удрил било кого...Но... Наивни бевте дечки. Многу наивни и искрено човечки жалам за овој исход. Тој ден остави длабоки лузни во колективната перцепција кај Македонецот. Вие решивте да не седите дома по папучи како што повика богот Гру. Истиот оној кој подоцна ве нарече насилници. Правдата е некогаш наопаку поставена. Копирано од Булеварко Го постирав бидејки го делам истото мислење со него! Не му посакувам на никого лошо , но сакам конечно да завладее правдата во оваа држава , и повеке да не се случуваат вакви црни сценарија и да не гледаат од странство како дувло за глувци !
Во Америка да беше, сигурно дотичната особа ќе скапеше по затвори.А ништо чудно и да го ликвидираат.Кај нас уште и ќе го поддржат.
Сите сакаме правна држава а за тоа како некој од странство не гледа, прашај го некој странец како ке изреагира неговиот народ ако туга химна се пее во собрание/парламент/сенат? Не сум некој националист ама Само кај нас ви всадија во умот да мразите се македонско и да се срамите од се (не лично кон тебе ова туку кон тие што се срамат)
Никој не се срами од македонското во себе , јас го осудувам пеењето туга химна во собрание , но таму си беа луге пратеници платени од наш џеб да си ја вршат работата во собранието . Таму беа сите 51 пратеник од вмро плус преседателот тогашен Вељановски и пред нив беше испеана химната , зошто од нив во тој момент не се побуна ? Зошто сите молчеа? Зошто не реагираа во моментот? Бидејки на никој од нив не му беше галје ! Мухамед Зекири на емисија во канал 5 лично го осуди пеењето на туга химна во собранието на Р.М.
Коментар на веста дека Игор добил 30 дена притвор: - Sto le kaze Igor na svajata majka.Majko ja peev makedonskata himna a tie me zatvorija.
Justicia а зошто според тебе само пратениците од ВМРО требаше да станат да се побунат за пеењето на химната? На овие другите македонската нели им е химна?
Затоа што целата вина ја префрлате на сдсм дека биле предавници и незнам ти што , Океј нека е така , но што со овие од вмро и они беа тука? Иако тука законски требаше да реагира само Вељановски бидејки тој преседаваше во собранието , како што кажав Да му го исклучи микрофонот и да повика обезбедување и толку .
За химната се виновни сите што беа во собрание тој ден. А особено Трајко, кој апсолутно не направи ништо, а имаше многу можности, од кои една беше исклучување микрофон. Оној крвникот Џафери, претседаваше на албански, без да има право по закон за истото. Сега, законски ќе си овозможат се што им лежи на душата. Сакам Џафери да плати за гревовите. И да преплати за нив, малку ќе му биде.
Тотално се согласувам со твоево мислење. Затоа ја исклучувам варијантата дека биле испровоцирани заради албанската химна , бидејки ке требаа да ги тепаат и овие од вмро и Вељановски(што тој треба да ја преземе одговорноста што не стори ништо) . Игор Југ го напиша истово после неколку дена на фб , и свати дека беа насамарени.
ај ај остај тие муабети вие велите ние велиме... Ете сама си кажуваш горе дека ВМРО требало да реагира а на СДСМ и останатите ко да им простуваш. Па уште и го величиш Зекири дека осудувал пеење на албанска химна. Е па ете кај беше тој ден и Зекири да осуди даков чин? И пак ке кажам. Во било која држава на светот ако во Парламентот се пее туѓа химна народот ке реагира, ако веке сакате да се споредуваме со странство.
Да, испровоцирани беа од албанската химна. ВМРО знаеше дека ќе паднат на тоа. И СДСМ знаеше. Веројатно затоа немаше реакција од Вељановски. Наместено беше Јустиција. Не сме толку слепи. Ама знаеш што? Наместено беше од двете партии, а народот немилосно го ставија во средина. Едната партија на крајот изигруваше жртва, додека странците го чекаа резултатот во вип хотелски соби. Селективна некоја правда. И тука одма радости за Богдан, за Дурловски, оној или овој. Ама радости и за Џафери и за Ахмети, коски што најде стари цел еден век и геноцид врз албанското население што бара. Фер ли е тоа? Дали е тоа правда? Колку коски од наши ради нив под земја гнијат? Та нели шарените за правда протестираа, нели Заев за правда го гласаа? Праведно ли е да лежи Богдан, а да претседава Џафери? Да, праведно е. Оти се работи за селективна правда. Се работи за корист. Се работи за тоа што нашето собрание е во рацете на терористи симнати од планина. И никој ништо не може да стори во врска со тоа. Интересна некоја држава сме ние.
Се согласувам делумно. И знам дека овие беа само насаскани . Хашките случаеви ги амнестира вмро не го заборавајте тоа . Џафери беше министер за одбрана(тогаш се прашував што ако не нападнат косовари и албанци , кој ли ке не бранешше ) во време на вмро . Жал ми е за Дурловски што му требаше да се заплетка во тие работи , имам високо мислење за него како уметник ..... 27 април е ден кога македонецот удри по македонецот ... Јас не видов да тепаат албанец во собранието (освен Села ,кој беше на директна мета) На Талат Џафери му се крвави рацете од 2001 година ... Но јас не видов кога го стави никола груевски за министер за одбрана некој да му влезе во камбинет и да го тепа За мене пропага цела варијанта дека биле испровоцирани па затоа влегле насилно во законодавен дом....
https://twitter.com/twitter/statuses/935485804746551296 Oва некако вака... старата добра... кој последен се смее најслатко се смее... Ич не ми се свиѓа вмромвскиов стил, ама го слушаш ова и ти доаѓа ко терапија да се уредиш малку. Мене нема да ми дојде добро дур овој не лежи и братучед му. А за ќерка му на Чавков неам ни симпатија, камо ли емпатија. Зошто и како... и други деца имаа татковци...кои многу си ги сакаа и уште си ги сакаме...
Лилит, а како да ги уапсат? Сепак немаше камери, новинари. Плус тежината на делото ја оправдува постапката. Обвинети се за тероризам во законодавниот дом (дискутабилно е ова) , па така и ги третираат. Мислам дека треба да има друга квалификација делото и да не е за сите иста, ама терористичко не ми иде никако. Ама од друга страна, напад на Собрание е сериозна работа, исто како да си ја нападнал државата. Во светски рамки, да, е облик на тероризам и најстрого се казнува. Искрено ми е жал за Дурловски, па и Бетмен. Ама пак, и не треба да ми е. Слатки беа парите и позицијата. Сега нека си ги трпат последиците. Ова е само почеток. Монструм мислам оти ќе ги реши.