Дурловски та Дурловски.. Никој не го спори неговиот талент. Што е битно повеќе дали е музичар, сточар, космонаут или актер. Се огрешил пред лицето на правдата. Ќе си плати соодветно за тоа. Ич жал немам за таквите. Никој не го брани Џафери ниту Ахмети ниту остала терористичка багра во парламент. Терористи се. Селективна правда. Тоа е тоа. Тоа го потпишавме со рамковен. Дека албанска партија мора да има во коалиција со актуелната власт. Сигурна сум дека има многу чисти Албанци, ама од терористите што им ги држат партиите не можат да се истакнат. Апсолутна правда не постои никаде. Има нешто блиску до тоа, ама ние секако пак сме далеку од истото. Џабе ви се споредбиве. Некој секогаш ќе се извлекува на овој или оној начин. За жал кај нас - терористите. И тоа ради наш потпис. Нас ни останува да се молиме да ни се сожали некој што не прати од страна и да ги спржи со една кашикара сите до еден во парламент што ни седат. Еве исил на пример. Ама ние сме небитни за нив. Го поздравувам апсењево. Додека едните апсеа наместени луѓе од лично ним самите, како Љубе, како трудни жени, како остали насамарени зошто не играле по нивни правила, со најлејм причини дадени од судот, овие апсат нешто што сите го гледавме и сите знаеме дека е криминал. Селективна е, ама бар ја има. Тогаш ни тоа немаше. Не е изговор, може ќе се продолжи во правец и на терористите. (Ха,ха, ни јас не верувам во тоа) јбг надеж.. Хојт Ли е новиот амбасадор, на местото на Џес Бејли.
Не ги заборавивме хашките случаи. Ама ниту Глобал, ниту Пуч, ниту ја заборавивме разликата меѓу министер за одбрана и претседател на собрание. Првиов му одговара на претседателот на државата, а вториов го заменува истиот и командува со АРМ. Ја разбираш ли тежината на двете? Не заборавивме ниту дека се оправдувате со грешките на ВМРО и сметате дека имате право да ги повторувате нивните стапки. Не заборавивме ниту дека само шарените имаа право на протест и причина за истото, а ВМРО најстрого ги осудувате кога протестираат. Не заборавивме ниту дека за правда се залагавте, а истава нигде ја нема. Не ви ги заборавивме ниту приоритетите, почнувајќи од мерцедесот, завршувајќи до Богдан и нему сличните. Зошто апсат сега, после толку многу време? Зошто не го направија тоа веднаш? Толку многу време им требаше да откријат кои се, а сите ги гледавме на директен пренос? Едноставно е, поради локалните избори. Зошто и од каде терминов тероризам е поврзан со нив? Ако се тие терористи, тогаш навистина не знам соодветен збор за Џафери. На чија страна е тука иронијата? Тиранската платформа не е теорија на заговор. Дело тероризам никогаш не застарува. Приведуваат врз основа на истиот, а амнестираат убијци и вистински терористи. Еве, имаат прилика. Нека бидат праведни и нека ги уапсат и амнестираните. Нека бидат праведни и нека одговараат и самите за сопствените дела. Барем така Заев се фалеше. Та нели затоа се сега на власт, а не ради Тиранската? Убаво некој погоре напиша. Криминалци апсат криминаци. А народ на ситно и неправедно се радува. П.С. А јас се прашувам кој ли ќе ни ја води државата во отсуство на Иванов? Погодуваш нели?
Селективна правда, не е правда. Сите што грешеле нека одговараат. Да, ама овде тоа скоро никој не го мисли, само слепо си ги браните сопартијците, а заборавате на општочовечкото.
Па да основна лекција на правен е дека притворот е нужно зло и последна мерка за обезбедување присуство, ако сите други се исцрпени и зависи од квалификацијта на делото. Сметам делот со тероризам е претеран, ама како за споредба, каде и да се случеше ваков упад и насилство во светот, учесниците ќе беа и полошо третирани. Јас имам поинаков став за одмерување за казните, така да за мене е престрог притворот. Ама ние ја немаме совеста за таков тип на казни. И друго, како на копче за рипит сте со ова за Вицето и Глобал. Дечки ај вака, ај да направиме мала компарација за криминалот направен 11 години и оној на Заев. Да почнам со Монструм кој скоро ќе се дознае. Фалсификувани лекови, ова бре треба да ве згрози. Провизии, богатење на сметка на државата, Мијалков ја купи цела Мк, нарачани убиства итн. Се тоа си има и во бомби, а и документирано. Никој од вас не бара да ја подржате политиката на Сдсм или да бидете нивни членови, ама бидете барем совесни и критични. Да оваа гарнитура на Вмро го заслужува најлошото. Ма милост не смее да има оти буквално не труеле и убивале.
Се почувствував повикана. Оти јас зборувам за Глобал. Друг пат, можеш да ме означиш. Освен за класификација по дела, лековите и некои мали делови од твојот коментар, за другото грешиш. Ете, Глобал, оти и вие постојано за бомбите. Ако толку ве боли Глобал, можам да зборувам и за локалната самоуправа, децентрализација, химна, знаме, Устав, референца, бонбона бизнис и последниот случај Пуч. Уф, немам толку време, а ги има многу. Не, не се споредува. Криминалот од 11 години не им дава за право да не одговараат за Пуч. Да, во друга држава Заев ќе одговараше за Пуч. Ако сметаш дека тоа е ништо во споредба со она што се правеше, се прашувам што ќе мислиш за она кое допрва следува. И ми зборуваш за критичност?
Секое чудо за три дена, така и веста со апсењава. Ќе помини време, ќе заборави раја на проблемите, барем на кратко. А потоа, потоа повторно ќе бидеме најмизерната земја во Европа.
За што грешам кажи ми, за Монструм? За химната која Трајко ја дозволи со намера? Која локална самоуправа и децентрализација која ете 11 години беше во рацете на Грујо. Си била во Струмица за да видеш како изгледа и како живее народот? Иди и види, и да види каков воздух дишат. Во одбрана на крималците за кој упорно тажите и оправдувате, не знате што веќе да напишете. Утопија не постои, а и што ја барате кога 11 години оправдувавте и гласавте монструми. Извинете вака, ама вашето мислење и верглање овде воопшто не го сметам за веродостојно. Вие дозволивте да дојдеме до овде. Сега многу правдени и моралм3и глумете. А ако Заев направи 10 посто од криминалот на Грујо, јас не што нема да ги гласам, ами и прва ќе плукам по нив. За жал, ќе слушаме и гледаме уште многу дела на монструмите. Вие само оправдувајте ги.
JUlieE како живееме во Струмица де потсети ме? Пола град и цели села се иселија , само цигани ни насели Премиерот во градот... Милјон истражувања се правени за водата, освен во градот во ниедно село нема чиста вода за пиење . Во 80% денови од годината лугето имаат известување дека вода ке нема, или ке ја има но не е за пиење а им се наплака како вода за пиење а не како техничка? Кажи еден тендер во Струмица што не е поврзан со фирмите на Заев? Колку земаат плата вработените таму и дали се сите осигурани? Како така нема да прави кримимал кога 2 пати е аболициран, имаме снимка евро за Вицето имаме снимка живи луѓе ке јадеме кога ке дојдеме на власт , мислам доволно кажува за еден полтичар што ке биде бетер од Груевски.
Прочитај се уште еднаш те молам. Каде виде ти дека јас некого оправдувам? Полека, прочитај пак и види кого бранам? Вие ја отековте со споредбите. Криминалот и Груевски ви ги заслепија очите. Со нив легнувате, со нив станувате. Па не го гледате вистинскиот криминал. Утопија постои, ама само онаква каква ја замислил Заев. Со селективна правда. Вам, знам дека ви одговара. Дојди во Скопје. Ако си од тука, уште подобро. Ќе ми биде мило да те запознаам и да те однесам таму каде што работи сестра ми. За да видиш со свои очи што прави СДСМ. Не знаеш за кого сум гласала. Немам книшка, ти текнува? Не сум ниту државно фала богу. За себе работам. Него, брат ми бара работа. Можам и со него да те запознаам, а и со Оливер Спасовски лично. Па ќе ти каже кој е условот за да го вработи. Уште се мисли дете, а јас не му се мешам. Монструм, драга моја, со кое право го зборуваш? Дали ти текнува кој ги стави убијците пред ослободителен чин? Не знам зошто воопшто дебатираш со некој кој мислиш дека вергла и не цениш негово мислење. Јас таквите ги промашувам. Не глумам, ама не сум ниту праведна. Не можам да бидам. Нели, совршенство не постои. И го признавам тоа. Не стојам позади ВМРО до гроб, ама ич позади СДСМ.
И мене не ми оди дефиницијата - терорирзам и тоа е токму онаа ЕКСТРЕМИСТИЧКА и драматична нита која ми пречи во се ова. За кого како да ги уапсат? Имаат докази и за роднините, ама тоа е политичка точка, а со апсење на овие со плашливец бркаат врапци работава. Ама ако.
Уште еден доказ за олигарска компетиција и одмерување моќ. Сеуште не гледам како "задоволувањето" на правдата ќе ни ги наполни сметките во банка. Уште една дистракција, трета по ред. Не мислам на актот на апсење, туку на дефокусирањето, и потценувањето на нашата народна свест. Павле, екс припадникот на ШР, поборникот на човековите права и слободи во емисија изјавува дека загадувањето на воздухот ќе се санира на општинско ниво, овие покрај ветени плати кои досега требаа бар за минимум 900 ебани денари да се зголемат се фатиле за тврдокорците (пошто нели дејствијата во Собранието, искубаната Шеќерина коса и главата на Заев се суштински важни за нашите проблеми). Овде часови наназад се водат полемики за тоа како не чинат ВМРО, кои отидоа во историјата на денот на локалните, а ниту збор за очекувањата кои требаа да направат разлика во нашата егзистенција. Шарада..
Финансиски не може, не за друго, туку не е толку полна државната каса. Ама ќе надокнади со продавање на државата, и добивање ништо за возврат.
Ајде препрочитај си ги постовите и лајковите чии мислења ги подржуваш па после ми зборувај за неопределеност и непристрасност може? Очекување на идеално општество и утопија не постои во политиката и треба да ви биде јасно. Никаде во светот. Ама да ставате на иста линија криминал кој опфаќа тешки милиони, монструозни убиства и еден вид геноцид на споствениот народ со некое си видео и недокажан криминал на Заев кој ете на позиција е 6 месеци, е апсурдно. Да не не води заслепеноста може? Убаво е да ми ги читаш мислењто, а и останатите оти има доста критки и негодувања и за разлика јас никогаш нема да оправдам и подржам криминални ликови. А и баш ме интересира што бара Оливер, пари? Нова тарифа има за во МВР или? Кај мене во општина Вмровците не се чепнати. Монструм златна ти е дело на спикерот бивши. Ете затоа е одлуката на Врховен. @kikikikirika ај прошетај низ Источна Македонија, па после ќе коментираме Ама што се и јас со вас расправам, одете пред Основен и бранете го психото кој ви ги труеше децата.
Не зборувамз а неопределеност. Ти велам, прочитај пак. Убаво што водиш евиденција на кого ставам лајк. Дали тоа значи дека јас оправдувам криминал? Хм. Супер аргумент. Достоен. Да те потсетам, не сум неопределена, а најмалку непристрасна. Тоа што сакам да зборувам за актуелните случувања, а вие постојано влечете товар од минатите криминални години, не осврнувајќи се на сегашноста, не ти дава право на било кој начин да ме етикетираш. Јас не очекувам идеално општество. Очекував искривена слика за реалноста, и видиш, еве ја се случува. Недокажан криминал на Зеав? Мислев дека за непристрасност зборуваш. Види, да ти објаснам што е амнестија и зошто истата се употребува, или ќе заклучиш сама? Точно. Никогаш. Затоа си секогаш тука прва да ја одбраниш криминалната постава која дојде против уставно на власт, почнувајќи од Заев, завршувајќи со Шеќеринска. Извини, заборавив. Тие се светци. Ич не се употребуваа со закани и уцени, најмалку пак правеа Пуч. Пак си мислев дека за неопределеност и непристрасност зборуваш. Моја грешка. Искрена ќе бидам. Те читам исто колку што ги читам и другите, освен одредени ликови кои ги читам почесто. Ти не си во нив. Оти освен за криминал од старата власт, не можам друго кај тебе да видам. Ти кажувам, еве, имаш прилика да го запознаеш. Верувам дека ќе ти биде одговорено. Твојата општина не е никаков пример за генерализација. Признавам, ниту мојата. Не сум златна. Камо да бев. Спиерот нека одговара. Радо би да го видам тоа. Не смееш и не треба и не е во ред, да оправдуваш ослободување на убијци, без разлика кој нарачал. Непристраснот. Хм. Јасно ми е. Еве. Црно носам за Груевски. Солзиве од жал не можат да ми сопрат.
...не прочитав наназад сите коментари околу последните случувања...ама некако, ај да генерализирам, не се согласувате со правната квалификација на делото...тероризам. Дискутабилни се повеќе апсекти. По аналoгија аkо одиме...многу има за дискутирање. Но, квалификацијата е намерно тероризам. Зошто? За да не може да ги штити пратеничкиот имунитет. Пошто ако не сум грешка, сега малку ќе парафразирам, ама смислата е вака некако Пратениците можат да се повикаат на пратенички имунитет за кривични дела за кои се предвидува затвор помалку од 5 години освен, освен ако се фатени на лице место (така некако), и плус за истото треба да се бара согласност од Собранието на РМ...а Таљат ќе ја даде....убедена сум.... А за дела за тероризам...терористичко загрозување на уставниот поредок...се превидени казни затвор од најмалку 10 години. Сега е јасна причината за ваквата квалификација на делото. И сеа немојте да ми земате кусур дали вака бил членот..од КЗ и Уставот или поинаку... не сум во можност баш да ги консутирам законите во моментотв....ама суштината е таа....а и години затвор, за тоа сум 100% сигурна
Собраниската комисија, во која членуваат двајца уапсени на кои треба да им се одземе имунитетот, денес ќе одлучува за одземање на имунитетот на пратениците. Абе да сакаш да ја измислиш, не можеш ваква земја да измислиш.
Julie ти за Струмица збориш дека сјајно е многу и воздух чист ете јас живеам во Струмица ти кажувам како е. Загадена вода пие народот со години уште и не смеат да зуцнат. Патем, Министер немаме за здравство, гледам на премиирот колку му е дојдено до народот