Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Остај тоа, туку ова како филмска сцена, мене не ми се веруваше дека некој навистина се самоубил пиејќи отров во судница во Хаг, мислев нешто привлекувал внимание... уствари кога прочитав по мкд порталите прво помислив дека е лажна вест. Испитав по интернетот, ликов пред да навлезе во крвави политики, бил режисер. И ете, во тој стил го напушта овој живот.
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На Црна Ружа, Espadrila, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Мене ми сте чудни со тоа како не знаете кој и како вработува во државен сектор? Јавна тајна е дека во секоја општина има локални донови кои одредуваат кој смее да се вработи во администрација. Рангирањето е стириктно според партиска определба. Така правеше вмро, така прави сега и сдсм. Овие од сдсм, сеа нешто демек да се оправдаат пред свое членство, направиле списоци кој, каде да се вработи. Каде ќе ги вработат тие 5000 луѓе на списоците, во само една општина? Вмро беа далеку поинвентивни, прво почнаа со земање по 2000 евра за работно место, потоа сумата вртоглаво порасно на 6000. Барем за полицијаци, од сигурен извор знам дека таа сума ја барале.

    Во приватен сектор, за подобри работни места, повторно погрешно се рангираат кандидатите. Таму најчесто си ставаат свои роднини и пријатели. Економијата во рецесија? Па наромално, секоја будала глуми дека знае што работи. Со сигурност тврдам дека ЕВН и T-home вработуваат стриктно преку врски, најчесто тие се партиски. Му е*аа матер и на приватен сектор. Иста приказна и по банките.

    @Nigredo Odor Кажи му на роднината, да започне курс по германски. Нека почни интензивно да истражува огласи, таму се бараат електро-инжињери. Ни таму не е лесно да се најде работа по струка, ама барем се транспарентни во тоа кого вработуваат. За разлика од овде, затоа се пропаѓа.

    И да се вработи во државен сектор, ќе зажали по некое време. Во 90% од фирмите, односите меѓу вработени се на најниско можно ниво. За илустрација, пред некое време дознав за тепачка помеѓу вработени во Македонски пошти. Причина, биле од различна партија.
     
    На Gosh, YoungandBeautiful, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.155
    Допаѓања:
    83.032
    Пол:
    Женски
    20 души биле на протест викате... на Фб колку ги има силни, илјадници се, вчера читав некој што бил на протест имаше пишано коментар А што не излезете? На тв во некоја емисија, не ми текнува која беше, некој исто така кажа Не излегуваат луѓето. Е дека вака пасивни станавме, дека ни е лесно само да куцаме на тастатура наместо да излеземе како народ, пред очи гледаме распарчување и неправди и не реагираме... затоа е вака. Стварно, што е со народов? Дали веќе толку песимистички почна да гледа па мисли дека нема фајде од излегување на протести, што знам...

    Едит: вториот дел од коментаров ми е општо за протестите, не за актуелниов пред суд.
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На Rama, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Крлежите се разболеа од амнезија
    Жална е поддршката која ја добива раководството на ВМРО-ДПМНЕ (во состав: Грујо, Антонио, Влатче и… никој друг) на протестите по одлуката на истражните и судските органи да се уапсат 11% од нивната пратеничка група во Собранието.
    Каква е пораката дека никој друг од нивната пратеничка група го нема на партиските протести? Што е со бројните членови на Извршниот комитет на партијата и со поранешните пратеници? Каде се стотината министри од разните влади на Груевски во изминатите 11 години? А неколкуте стотици, илјадници бивши директори, управители, раководители и претседатели на јавни претпријатија, комисии, агенции, дирекции, установи, управни и надзорни одбори?
    Само во бившиот Кабинет на Груевски имало 86 советници – сите ли се со акутен бронхитис и грип деновиве? Каде е армијата пропагандисти кои со години се товеа, залегнати како прасиња во топла кал, на сметка на државниот буџет? Што стана со стотината бивши градоначалници од изминатите 2-3 мандати на власта на ВМРО-ДПМНЕ? А стотиците актуелни и некогашни партиски функционери од советничките листи по општинските управи?
    На пример, да излезеше една осмина од оние кои пролеаја солзи на фејсбук заради притворот за Дурловски, бројноста на протестантите ќе се зголемеше барем за една третина. Да излезеше секој трет што добил пари од тендерите за спомениците од „Скопје 2014“ и милионските конкурси за снимање патриотски песни и бесмислени филмови, на асфалтот пред Министерството за правда ќе требаше набрзина да се гради втор кат за да ги собере демонстрантите. Колку годишни награди, национални пензии, признанија, плакети, специјализации и усовршувања се поделија на разни ојлевци-дојлевци – никој од нив не чувствува баш никаква обврска кон Груевски?
    Груевски вели: Потфрли јавната поддршка оти сите се уплашени од „режимот“ на Заев!
    Теоретски, можен е и друг заклучок: дека сите мислат оти овие што сега се апсат си го добиваат заслуженото – и чекаат таа правда, конечно, да го стигне и самиот Грујо.
    (Сашо Ордановски, колумна за Цивил)
     
    На galapce, Gosh, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Фала на информација Аква, но човекот е во години со ниски примања и приватна работа од која му зависи опстанокот. Он би ги прифатил тие услови, и останувам зад тоа кој има врски/ познавање од таа област да ме контактира. Нема приходи за курс моментално.
     
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Рангирањето кој воопшто ќе се вработи е според тоа колку трчал за партијата изминативе години. Тоа е болната вистина.
     
    На Gosh, Rama, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те разочарам, ама на жалост, Аква е во право. И јас би го прифатила нејзиниот совет.

    Огласите кои излегуваат, се исклучиво поради законска процедура која мора да помине, а се знае уште пред да излезат кој ќе биде вработен. Така беше со ВМРО, така е и сега со СДСМ. Така е почесто и кај приватниот сектор.

    За ВМРО знам, оти сестра ми кога бараше работа, како доктор-логопед, со просек 10, џабе конкурираше. Се додека не стигнавме до висок функционер. Конкурсот што излезе беше рушен дури три пати од ВМРО, за банални причини. Всушност, поради сестра ми која во тој период не беше во државава, ами на семинар. И беше побарано да извади членска книшка и го направи тоа.

    Сите што конкурираа тој период им беше џабе, оти се знаеше кој ќе го земе местото, Уствари ние знаевме, а јавноста потајно се надеваше на друго.

    Да бевме нормална држава, ќе се ценеше знаењето, образованието, едукацијата и стручноста, ќе се ценеше трудот и сите ќе беа вработувани согласно истото, а политиката немаше да има улога во ова. Да бевме нормална држава, ќе беа направени програми и стратегии, согласно работните потреби, а условени од образование, па така ќе имавме помалку невработени. Така, нема да има трчанки по штабови, по протести, по книшки.

    И брат ми бара работа. Со висок просек е. Во меѓу време запиша и магистерски. Ќе излажам ако кажам дека и сега не бркаме врски, да се вработи дете, оти многу ни е јасно како функционира се. Освен ако некој навистина има среќа и влезе чисто. Ние на жалост ја немаме. Претходно некаде, ми се чини и дека споменав преку кого. Брат ми е исто условен, да извади книшка, а и покрај тоа, врскиве треба да се молат и колат за помош. Ништо чудно и пари да побараат. А трагедијата е што нема ниту гаранција. Тој уште размислува на темава. А ако успее ова со врските, џабе ќе бидат сите конкурси, за сите останати што ќе конкурираат, оти ќе се знае чие ќе биде тоа место.

    Тоа е таа департизација која ни ја вети СДСМ пред избори.

    Јас работам приватно и немам врска со ниту една партија. Освен што малку повеќе ги поддржувам едните, за разлика од другите. Текот на моето вработување беше чиста среќа и недетрминирано од партија. Претходно, џабе ми беа сите обиди, сите конкурирања, полагања државни испити, тестови за администрации и не знам што уште.

    Погоре во постовите, еден од моите омилени форумски ликови, пишува за огласи во воена болница, потреба од медицински сестри. Сигурна сум дека се знае пред време кој ќе биде вработен.

    Сакам да кажам, тотално е сеедно кој е на власт, кога се работи за вработување. Ако немаш дебели, и тоа стварно дебели врски, се е џабе.

    Ми се чини дека на темава, поискрен коментар од овој, немам напишано.
     
    На Gosh, YoungandBeautiful, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Џабе е и партиска. Роднината мој е веќе речиси 8 осум години со партиска уште од времето на ВМРО, нивен активист, им трча, врши работа па никој не го рецна. :)
    Значи, ги исполнува сите услови, но никој не му помага. Затоа и пишав да ме контактираат оние кои имаат врски. Јас не се срамам да го пишам ова, затоа што сум средна сиромашна класа, и од тој молк сите овие години стигнав до таму каде што сум сега, па така и он заедно со мене. Така да повторувам, сите оние кои имате дебели врски и волја за учинок на било што поврзано во врска со ова, слободно нека ме контактираат. Курсевите се излишни во ситуацијава, од нив ништо не бива.
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На Rama и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Народот почна реално да се плаши да излезе. Апсат за тероризам, луѓе кои си ја сакаат земјата и сакаат да си ја зачуваат. Никој не застанува зад нив реално, а сегашниве си ја постигнуваат целта, си ги вртат работите на своја страна како нив им одговара.
    Затоа реков сега е време Груевски да го обели образот, да застане цврсто зад народот и да ја врати доврбата. Колку и да не им е верно на многумина, Груевски уште го сакаат, само се разочарани затоа што не застана цврсто зад својот народ.

    Мислам дека фали само еден поодлучен потег од страна на ВМРО за да го окуражи народот. Да го разгори жарот што тлее во народот уште. Ако не го разгори сега толку од нас. Пепел ќе се стори. Колку ќе ја искористи шансата ќе видиме.
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Попрво да излеземе за загадениот воздух, повисоките цени, струја, вода, сиромаштија, никакво здравство... па некаде на крајот на листата е за да бранам политичарски гз. Пардон мај френч.

    Уствари, го немам тоа на листата.
     
    На Gosh, YoungandBeautiful, Rama и 14 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Народот не се плаши, туку му здосади да брани туѓи и лични интереси.
     
    На Gosh, referentka, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Како може да ми се здосади да бранам лични интереси?
     
    На ADOKI и carangigia им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Туѓи лични интереси. (facepalm)
    Да се надополнам на погоре пишаното. Им здосади да бранат некои кои си ги наполнија џебовите, а они да немаат и адвокат да платат за да се бранат.:nod:
     
    На Gosh, referentka, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Погоре имаше напишано туѓи И лични интереси, затоа така искоментирав. Инаку тоа е твое мислење. Мое е дека се бранат лични интереси пред се, а за туѓи ги сметам интересите на својот народ.
     
    На Rama, ADOKI, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.905
    Допаѓања:
    188.893
    Пол:
    Женски
    Кај партиските вработувања, покрај самото партиско вработување, многу голем проблем исто така е вработување несоодветен кадар, без соодветно образование и познавања од конкретното работно место. Кога партиското вработување би вработувало соодветни кадри на соодветни работни места, полесно би ја “проголтале” ситуацијата и сите ќе вадиме книшки од која и да е партија на власт.
    Овде за да се дојде до работа, најмалце е битно образованието, а најмногу и кинтата и врските. Пошто само едното не ти врши работа.

    Е сеа, без разлика која партија е на власт, за неа трчаат плакатари и остала мнозинска багра и тие што работат на повик нормално дека придонеле за конкретната партија и нормално дека сакаат награда за истото. Она што не е нормално е што тој што лепел плакати со несоодветно образование ќе фати работно место на некој што учел за истото. Па затоа системот ни се распаѓа, зошто имаме инжињери, доктори, сестри, информатичари и во сите други остали професии луѓе со несоодветно образование. Па луѓето изгубија доверба во институциите.

    Моментално во државна институција во Гостивар, на многу добро место се спрема вмровец. Зошто има најсоодветно образование и моментално е на дополнителни обуки пред да ја заземе позицијата. Не можам да кажам за која институција се работи, за да го заштитам неговиот идентитет. Можеби платил, можеби ветил ќе смени партиска книшка, ама засега нема сменето. И го пратам случајов некое време да видам дали ќе се изгура до крај.

    Далеку сме ние од целосна департизација на институциите без разлика кој е на власт. Тука можеме сите да се сложиме.
     
    На Rama, LollySky, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Ај вработувањето преку партија, ама кога ќе се присетам кој се стана советник, добивам нагонска потреба да си ја запалам дипломава. (wtf)
    Со средно до висока функција!
    Само во Македонија.
     
    На Rama, LollySky, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Јас еве на пример, во моментов ти го читам мислењево и се надевам – дека бар за нијанса не си сериозна со поентава... Мислам дека тоа ме прави пооптимистична дури и од @Црна Ружа и неговите Лестер Сити ( :D ) :?:

    Велиш дека впечатокот ти е општо за протестите (се подразбира дека тука мислиш на оние на тврдокорните), ама и оној пред суд го вбројуваш и велиш дека не биле малку луѓе и го оправдуваш.
    Јас навистина не можам да ве разберам како може да остане после сето ова некој толку наивен (најблаго и најкултурно речено) да верува дека има некоја кауза и патриотизам зад тие протести. Оној пред суд е само надополнување на сликата и немаше дури и никакво покритие. Едноставно, таа потпросечно голема маса луѓе беше застанала пред суд да протестира за ослободување на криминалци – големци со толку многу во џеб да можат џипови од 100 илјади евра да им приуштат на своите деца, и обични насилници со вжештени глави кои првиве ги завеле да влезат во собрание за да тепаат, кршат, рушат, па по можност и да утепаат некого.
    И урлаа В М Р О ДПМНЕ, да ти повторам, со свои уши ги слушнав кога поминував во близина.
    И ги водеше Грујо, кој не ми е јасно како не му е срам веќе во јавност да се појави.
    Може ли да биде поочигледно?

    И сега, неизлегувањето на такви протести е... пасивност?!
    Страв? Хахаха, па баш затоа што сега не може да заплашуваат луѓе и да ги влечат да мрзнат за интереси на криминалци е тоа што имаше толку потпросечно голема маса луѓе, само оние кои сѐ уште до толку заслепени.

    Јас сфаќам и потполно се согласувам дека правдата не се извршува потполно, дека е селективна и дека има и други луѓе што треба да одговараат, ама тоа воопшто не го намалува фактот за конкретниве кои битанги се, најмалку па имплицира чувство за бранење на истите.
    А протести на кои учеството е вистинска граѓанска одговорност и активност би биле такви за чист воздух, за состојбата во здравството и сл. нормални причини. Излегувањето на овие сега и сите на тврдокорните е само знак за испран мозок.
     
    На Gosh, anaja1, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    ВМРО се закопаа политички уште на локални. Колку и да е тешко да се признае, вистината е таа. Треба, всушност мора, да си ја редефинираат партијата од корен.

    Народот не излегува на протести, оти сите веќе ја разбраа искривената слика која ни се сервира. Не е навистина чудно да има заднина од туѓи интереси зад овие протести.

    Груевски не може да си го обели образот. Груевски не застана на време позади народот.

    После последните случувања, сметам дека се големи шансите да биде и осуден. Не мислев така кога почна се ова. Меѓутоа работиве се натака идат. Живи били па видели.
     
    На YoungandBeautiful, referentka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Brace yourself people, сеа очекувам Црна Ружа да зборува за дип стејт, Ватикан, масонска ложа и пред се за пастирот. Сето тоа поврзано со војните во 90-ти и Милошевиќ.
    И нормално, на крај некој неочекуван twist.
    Stay tuned for more information!
     
    На Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    :rofl: Босна, ламинати, илуминати, вонземјани, божества и тако даље во недоглед. Секако дека ќе бидеме удостоени со некој сличен одговор.
     
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.