Последните случки во Хаг, можат да бидат искористени за правење нови споредби. Само давам идеи. Се разбира, мора да помине време да се смисли таков генијален одговор.
Чавков протестирал со глад. Баш ми е жал што нема посебно мени од некое бифтече, еленче, срничка.. Изгледа не очекувал дека се дотолку лоши условите како попарен беше кога се шетал низ двор. Само ова гладувањево, се си мислам дека е некоја тактика, пиел апчиња за срце значи мора да внесува храна во спротивно може да му се влоши состојбата... Ако планира нешто такво се надевам дека нема да му успее.
Груевски веќе не ја контролира платената машинерија која ја држеше под себе.Нема веќе притисоци,уцени,закани за летање од работа,директиви,списоци,послушници,луѓе на кои им е страв за работните места и кои од послушност веднеа глава и голтаа се што ќе им се каже. Кој остана со него?Кој уште верува дека може нешто да направи? Ништо нека не прави,доволно направи,осакати цели генерации. За упадот на насилниците во собрание,нека не ги штедат со казните.Тие не го тепаа Заев,Шеќеринска и другите.Го тепаа својот народ кој ги избрал токму овие народни избраници да ги застапува и да се бори за интересите на народот кој ги избрал.Се ова под директива на диктаторот кој веќе никој не го слуша,а како изговор вечното удирање во гради со идентитет и име. Оние патетични говори,обвинетите биле нечии татковци.Смешни му се.До кого мисли дека ќе допре? Колку само фамилии зацрнеа изминативе години,на работ на сиромаштијата не доведоа. Правдата е спора,но доаѓа. Нека го осудат за се што направи,и него и тие околу него и нека тргне државата напред.
Да, пасивност велам @Someonespecial. Затоа што гледам на социјални мрежи колкумина се запалени, а ги нема да излезат. Пример сега ќе го земам законот за јазиците. Читам коментари на социјални мрежи од луѓе кои се изјаснија против, илјадници, а на протести имаше... колкумина? Зошто не излегоа сите тие кои се против? Не е тоа пасивност? Ако си против нешто, ако сакаш да заштитиш нешто, треба тоа да го направиш, така? Но не така што ќе пишуваш реферати на социјални мрежи... туку ќе излезеш на протест. Тоа ми беше поентата, а не што бранат луѓето. Нема врска тука ни заплашување, ни ВМРО, ни испрани мозоци. Луѓето знаат да бистрат политика, експерти се така уз муабет по дома, на кафе, на нет, ама кога треба да излезат јавно - ги нема. Многу млак народ станавме. Не знаеме за борбеност. Е тоа сакав да кажам.
Патриотите се наречени терористи. Патриотите сега се во затвор. На протести излегуваат луѓе кои немаат страв и на кои државата им е на прво место, а не сопствени интереси. Протестите се секој ден, а има многу луѓе кои не живееат во Скопје па поради работни обврски или поради далечината не можат да присуствуваат на протестот. Целта на затварање на патриотите е да се заплаши македонскиот народ. Сдс сака македонскиот народ да се покори и да потклекне на се она што го прават (промена на име, јазик, химна, територија). Луѓето што протестираа 70 дена се наречени терористи. Полицаецот што пукаше во луѓе на 27 април е поставен за началник. Која е логиката. Ама Груевски згреши што беше толерантен со сдсовците. Луѓето што си ја сакаат земјата и се патриоти се наречени терористи убијците од Смилковско езеро се на слобода.
Откако му ја соопштија судската пресуда, хрватскиот генерал Праљак испи отров. Колку и да изгледаше овој гест ужасен, генералот со него достоинствено замина од овој свет, самоказнувајќи се за она што го сторил. Во Јапонија ваквиот начин на сочувување на честа (со самоубиство) се вика Сепуку е дел и од традицијата на тој народ. На другиот крај од светот, во Македонија, Чавков по апсењето започнал штрајк со глад. Значи колку е цмиздраво и недостоинствено Македончето. Додека е на позиција се изживува со тие под него, бескрупулозно малтретира, уценува, осудува, казнува, тепа, се заканува, спремно е на се што вождот ќе побара од него, глуво е на лелеците на жртвите..., а кога ќе биде фатено на дело се лигави, цмиздри: ама не мислев така, ме изиграа, наивен бев, политичка жртва сум... За разлика од Јапонецот, за Македонецот "Чест" е збор што нема никакво значење. Господине Чавков, ако си одбрал да бидеш џелат, биди подготвен и да умреш од секира достоинствено, а не како жртва. Така барем ќе спасиш нешто од својата чест.
Not bad, ама ова е хард кор, се упуца на бина на сред говор во уста, крв како гејзер од носот му тече https://forum.femina.mk/threads/Сакам-да-кажам.20502/page-2511#post-3688689 Мене ми е чудно што луѓе цело време прават муабет дека треба да лежат робија политичариве, а кога тоа се дешава во реалност веднаш бараат влакна во јајце, се релативизира, никако рајава не е... А инаку Лестер Сити е страшан и реална прича, за оние кои не се запознати накратко, се извинувам за краткиот оф-топик, од трета лига влегоа во втора, од таму влегоа во плеј/оф за прва и изгубија во нестварни околности и си останаа втора лига. Наредна сезона изгазија све и влегоа прва а таму...до некои 10-тина кола до крај беа камен последни, ги прежалија веќе ...and then, it started Почнаа да победуваат се по ред, опстанаа во прва лига и продолжија со исто темпо и во новата сезона. Сите беа као абе ќе паднат кога тогаш, тоа е само Лестер, мех, and then...they didn`t. И станаа шампиони на крај. Наредна сезона беа меѓу топ 8 во ЛШ а сега се мотаат околу средина нешто. Во 4 сезони од трета лига до завршница на ЛШ Оптимист бил само еден навивач кој уплатил, полу на заебанција полу на стварно 50 фунти со коефициент 5000 за да биде Лестер првак и после си земал 250.000 фунти, единствен во цел свет кој се кладел на тоа. Ех, не треба да се лутиш што си прикриен оптимиста, иначе немаше да се интересираш за овие ствари, немаше да пишуваш секој ден, ќе напишеше нешто као сите се исти и тоа е тоа. Ама нешто те копка, некоја надеж, есперандо ун милагро ин Фиром Не разбираш. Тие теории беа фурани од официјални канали, за севселенската завера да се уништи мајчица Маќедонија, ти си верувала во такви теории затоа и викаш дека Вмро одработувал за таа цел. Вмро зошто би работел на таа цел кога РМ им беше крава молзница, ефтина проститутка која ќе ја полнат кога им текне, извор на богатење, дилер кој им дели бесплатни шутови, што е до нив тие никоаш не би дозволиле такво нешто, не ради патријотизам него ради тендери, фејк лекови и најскапите врби на светот. Јас ти кажувам дека РМ ќе пропадне поради многу побанални причини а дека Заев и компанија се припомогнати да дојдат на власт за да тоа биде меко приземјување. Сдс не го прават тоа ради тоа што се предавници него што така е континџенси планот, кој веројатно е сеуште во тек, уште не е додефиниран. Што е до нив и ним би им одговарало РМ да опстане и да имаат иавор на приходи за себе. Е сеа дали ќе биде барем 20% подобро, искрено се надевам, не за друго, све е бре смркнато, сите муабети мувлосани, све депресии фрчат, не е убава таа слика, не е естетски Каква и да е крајната судбина на РМ, i`m here to watch it die and just observe, like one visiting a zoo and watching stuff happen. Tears won`t be shed Мене ич не ми е смешно, пошто тој ден со настаните во собрание на службена должност беа двајца роџаци, знам дека поинаква е перцепцијата од Парагвај, посебно кога не се знаат некои работи и што можеше да бидне тој ден.
хахахаххахаха многу исцрпен одговор даде Ти можеш само да знаеш како се продава име, јазик, знаме, химна, територија
Грабале пари од сите страни, ги полнеле џебовите со милиони евра и сега застанале 20тина души на овие дождови и ветрови да ги протестираат за нив Мозок не поголем од кикиритка. Сите се силат по форуми и фб, а во живо ги нема...ЗОшто? Зошто им е преку глава од протести организирани на сила од партија. Не знам дали им текало со шатори да спијат пред суд...Предложете им Може така ќе ги ослободат побрзо Бетмен и јунакот Владо @LollySky овие што пишуваат на форумов паметни се за на дожд да стојат Нема да ги убедиш така лесно.
Ајде, ајде, кога не знаеш што да кажеш одма преминуваш на личен напад. Навистина ме интересираше. Испаѓа дека сте јаки само на тастатура а нигде ве нема на дело. Да излезеа сите фејсбуковци што се силат деновиве, и само по еден да понесеа со себе, друго ќе беше
Поминаа 6 месеци откако е Сдсм на власт , зошто до сега не ги продадоа името , јазикот , знамето , територијата ? Ако сакаа да ги продадат , одамна ќе ги продадеа ( мое мислење бтв ) .
Немој мене да ми лепиш етикети дали идам или не идам на протести. Ич да не ти е гајле што правам надвор од форумот. Тие твои провокации кај мене не поминуваат. Штом ме цитираш очекувај дека ќе добиеш личен напад. На дела ги виде патриоти кои не се криеја туку излегоа без маски за разлика од шарените, кои само со маски можеа да шарат. @CrazyGirl15 за 6 месеци ја продадоа македонската историја на Бугарија, почна ревизија на книгите по историја, прошетај низ градовите да видиш дека насекаде има албански знамиња наместо македонски (значи двојазичноста почна да се спроведува), сакаат преименување на АЈРОдромот и рушење на спомениците, Поповски ветува дека до нг ќе го решел спорот со Грција (значи промена на името на државата) Овие работи се премногу сериозни и сето ова се случува во текот на овие 6 месеци. И сега сакаш да кажеш дека ова никаде не си го прочитала ниту видела? Почни да гледаш вести или информирај се преку нет. Симни си ги розевите наочари, за да почнеш да гледаш појасно.
Јазикот го продадоа, знамето исто Сликава е од Струга, сите македонски знамиња се симнати. Следни се името, територијата и се што е македонско. Макотрпно работат на тоа.
Албански знамиња по улици има уште кога беа дпмне на власт...Има и знаци по улица на албански јазик уште од дпмне...И сметки за струја двојазични (посебно на запад...Гостивар, Тетово, Стуга, Дебар, КИчево) така да не ти држи баш вода сликава најдена пред 100 години....Не е ништо ново. Тоа со јазикот и знамето дека се продадени, уште ве лажат по штаб така? Аман.
Ќе те паса, Ружитас, тјенес проблемситос? Во Парагвај супер е времето, ни цвета и економијата. Не можиме да смислиме вака добри теории на заговор. Како воздухот во Скопјесито? Шилегитос ќе си ги оствари ветувањата? Ај карамба, ни ти не веруваш во тоа. @Lianna Anna Немој да речеш дека не те предупредив.
Парите доаѓаат и си одат, душевниот мир од друга страна тешко дека некогаш ќе го добијат, т.е и да го добијат, ќе остави трајни последици. Не дека краделе, или дека се грижат за народот, туку чисто од егоистички причини дека некогаш правдата ќе ги стигне, дали субјективна, дали објективна. Црни пари носат и црни денови.