Грујо треба да оди вочорка и тоа што побрзо !!! Ми се гади од него Штета што овие наседнаа , ке лежат во затвор заради него Инаку се гледа дека само му слугувале али и тој им давал луксузи , на крсто две хациенди , а на чавков бесни количиња за дечиња Човекот е сериозно болен Дај те друго дете
И за време на дпмне, во Струга беше градоначаник Албанец...Значи и тогаш исто било, што има врска дека се сменила власта кога во западнте градови отсекогаш си има Албанци градоначалници и си местат знамиња како сакаат. Или тогаш не ви сметаа дека беа тргнати македонски знамиња, туку баш сега ви бодат очи? Бидете реални малку, а не само да плукате.
Тетово 10 години немам видено да се вее македонско знаме !!! Каде беше "патриоткава" тогаш да слика и да постира на форумов
Да речеме дека си била на протест, ме интересира, чисто информативно, за што се протестира? Чинам, сакаме правна држава, полека, полека, одиме чекор напред. Не гледам тука никаква причина за протести, кој згрешил, нека одговара, па макар да било и балерина и циркузант или пак познат светски басист, ебаго. Не биди слепа и затуцана, што браниш, која македонштина, онаа криминалната ли?
Народов како да има превез на очите. Нема везе, џабе се убедуваме. Следува еден убав шамар за сите паметни што го дозволија ова. Втор шамар, првиот беше оддамна , го заборавивте. Епа овој посилен ќе биде, да го памтите за навек.
И тогаш ми сметаа и сега. Се што е противмакедонско ми смета и сум против. Наместо да се цениме повеќе ние одиме се пониско и пониско. Сами свесно се бришеме самите.
И тогаш ви сметало ама ич не се буневте, туку ајде нема врска. Во сите земји каде што има мешан народ, се превземаат мерки за сите жители да се чувствуаат како дома. И кај нас има Албанци, Турци, Роми, Власи, а не сме сите само Македонци... па мора нешто да се превземе и за нив. Мене ич не ми смета ако некои си зборуваат на албански (во некои населби или села каде има мнозинство Албанци)....Отсекогаш си зборувале и ќе зборуваат (и за време на дпмне и за сдсм)...Нема логика да зборуваат на македонски, кога нема Македонец во нивна близина. За да има соживот, мора така. А знамето, јазикот и химната НЕМА ДА СЕ СМЕНАТ, НИ ДА СЕ ПРОДАДАТ....10000 пати е кажано дека тоа се измислици од грујо, и за среќа слабо луѓе му поверуваа. Едноставно го вклучија мозкот и сфатија дека така лесно НИШТО не се менува.
Како не знаеш зошто се протестира? Како чекориме напред, министерот Данска се задолжува секој ден. Нели на Триумфална порта ќе има бројчаник колку се задолжиле а? Како одиме напред со продавање на историјата на Бугарија, со рушење на споменици или со промена на име? О да заборавив укинаа 190 денари РТД. Протестите се бидејќи насилно беше поставен преседател на собрание, поставија премиер иако не беше избран од народот, шарените ги поставија за функционери и никој од нив не одговараше за кршењето и фрлањето на боја врз спомениците, протестите се против разнебитување и уништување на Македонија и како најважно протестите се за ослободување на патриотите кои се споредуваат со терористи (убијците на Смилковско Езеро се на слобода) Во која држава се апси за патриотизам? На Ердоган кога сакаа да му направат државен удар он уапси над 3 000 војници (дури имаше прослави кога се уапсија војниците), а кога кај нас се направи државен удар патриотите добија затвор. Зошто? Бидејќи си ја сакаат државата и не се продаваат? Демек вие не знете зошто се протестира, а знаевте зошто шарените протестираа и тоа го одобрувавте. Немој мене да ми се обраќаш дека сум затуцана и слепа. Јас секогаш ќе ја бранам Македонија, а тоа што ти си заостаната и гледаш сопствен интерес е твој проблем.
Од што ја браниш Македонија бре девојко? Како ја браниш Македонија, со тастатура и маус? Според тебе, љубовта према државата се покажува со богатење на сметка на народот, притварање на невини личности, убиства, линчувања, соголување на народот до гола кожа? Шо љубов ќе беше таа отровна, боље ич да не си ја саката државата. Ја стварно незнам за што се протестира и нема ни да разберам. Едно време и ветерушка беше голема патриотка, ама изглеа ресурсите секнаа, сигурно живее ко мечка у пештера. Умре таа идеологија, коа се бореа нашите револуционери за слобода, се што е во новиов век е аздис, ќар и придобивка. Чисто сумњам дека и самата веруваш во тоа што го пишуваш и тие што ги браниш, ајде бар убаво сигурно те плаќаат за тресење зелени на големо.
Продадени сме, само ти не осеќаш...а не дека па и ти е гајле нешто...битно е да се пише на форумов....
Држaвaтa се брaни oд предaвници и плaтеници. Тебе не требa дa те интересирa нaчинoт нa кoј јa брaнaм држaвaтa и не требa дa тебе интересирa дaли oдaм или не нa прoтести. Ветерушкa јa немa нa фoрумoт бидејќи е бaнирaнa oд личнoсти кoи нaмернo прoвoцирaaт пa бaрaaт бaн. Идејaтa зa слoбoднa Мaкедoнијa никoгaш немa дa умре. Тoa гo знaaт вистинските Мaкедoнци aмa не и oбичните прoфитери. Љубoвтa и бoрбaтa зa Мaкедoнијa е бесценетa. Не се дaвaaт пaри зa пaтриoтизaм пaри се дaвaaт сaмo зa рaзнебитувaње нa држaвa, тoa ти веќе гo знaеш Не знaм oд кaде ти е тaa прoстa идејa декa зa пaтриoтизaм се дaвaле пaри нa aнoнимен фoрум , aмa пoинaквo рaзмислувaње не се oчекувa oд луѓе штo зa пaри се премни нa се. Инaку не ми кaжa зoштo беa шaрените прoтести и зoштo ти ги oдoбрувaше? Не ми кaжa твoе мислење зa држaвниoт удaр врз Ердoгaн? П.С смени си гo уличниoт речник
Аааа не ми ја дирајте ветерушка Се надевам дека истечен и е банот и конечно ке го бодриме царо наши от госпот пратен да ја спасе мачедони
Како може на некого да му е гајле за име,идентитет,патриоти,предавници,соросоиди,химни,албански знамиња и што уште не....кога децата ни ги труеле и лечеле со фалсификувани лекови. Нов скандал на повидок. Читајте и гледате кого поддржувате и браните!
Ами како да не. Не сум разбирала. Јас одамна кажувам зошто се СДСМ на власт, кој ги постави и со која цел. Кажував и што ќе следува. Твојот одговор Ружо, беше, готово е со тие приказни. И сега јас не разбирам и не знам чиј план е тоа? Тебе ти требаше време за МПЦ да читнеш и да се освестиш. Ама види, бар си призна конечно, што е добро. Бре, СДСМ не биле предавници. Не ич, ами се праведници, баш затоа и ги поставија на власт.
Зошто си толку чувствителна на прашањето за твоето одење/неодење на протести, чинам форум е ова за споделување мислења, не разбирам. И зошто упорно ги негираш фактите за криминалноста на оние кои ти ги таргетираш како патриоти. Каква врска има Македонија со Ердоган и обратно, ја тука живеам и сакам правна држава, каде на криминалците местото им е во затвор. А зошто беа протестите на шарените...тоа беа протести кои имаа вистинска смисла и причина за реализација. Зарем треба да се повторувам или пак да ги цитирам сите членови, зошто биле тие протести. Верувам дека премногу ти е јасно, зошто се протестираше тогаш и уште повеќе верувам дека благодарение на тие протести, ти ќе имаш подобро утре, настрана цела вмровштина метастазирана во сите полиња на нашите животи. ПС: Демократија е ова, каков сакам речник ќе имам.
Во Скопје времето е како секогаш, гомњевито со висока концетрација на "stavi-random-zulum-cestici" ништо ново, нешто се шушкаше дека Сорос бил во Скопје и ги натерал патријотите да ги исечат сите дрва по градот, абе да ги сотрат до последно дрвце, дури и лично висел над секое сечење да не забушаваат случајно. Не знам само дали братот Трамп знае за тоа... Да ги прашаме Мирка, Миленко, Ефтоф, Јанко, Томиќ, Латас, Ацо Алуминиум Станкоски, тие ги баратаат тие ствари, геополитики, знаат све, Сабина и Клеопатра се аматери за нив. Мило ми е, сум слушал дека тоа било интересна земја, е сеа ако не сум во право и нема континџенси план туку се ќе биде стихија и хаос, планирај ме таму на гости како избеглица од ратот во РМ, ако може да ме посвоиш и документи едно друго уште подобро Ако Парагвај бил гуд инаф за Менгеле шо пак јас ќе пребарувам Не ги поставија туку им помогнаа да дојдат на власт, виа Аљи на кому му соопштија да не коалицира со дотогашниот партнер. Ако Сдсм имаа 10-тина пратеници помалку, ништо немаше да биде од тоа, така и рајата гласаше многу повеќе за нив него претходно. Ти кажуваш дека тие се дел од некаков глобален заговор против РМ, тоа е разликата, јас кажувам дека тие се форсирани за да има мирна разврска на неуспешната прича позната како РМ, дека не постоел дамнешен план туку дека е нешто ново, тазе, сеуште недооформено, непрецизирано што и како ќе биде, деталите сеуште ги нема.
Па види, по мене е ова исто, колку и да зборуваш дека не е. Да. Им помогнаа. Прво на парламентарните им помогнаа за гласови плус. Уствари им помагаа уште за време на шарената револуција. Е сега, тоа што јас уште тогаш сфатив, значи само дека имам подобри пророчки способности од твоите. Опаааа, некој призна дека на Аљита му забраниле да коалицираат со ВМРО. Ами на клада за ова ќе ме запалеше. Исто така му забранија на Иванов да прогласи вонредна, така и му наредија на истиов да даде мандат. Ружо, ново не е. Не сакаат крвопролевање, точно, а не сакаме ниту ние. Не е никаков глобален план, ами е план кој почна да се случува уште во времето на шарена рволуција. Значи, име, знаме, идентитет, територија. Се тоа ќе се случи, а толку прецизно и добро, што ќе мислиме дека ние самите така сме посакале. Некои веќе и мислат така. Не знам како мислиш дека ќе ни биде подобро, со тие нели твои проценти од 20 ка. Кога претходно изјави дека нема да има белгиски чоколади, а ниту подобар стандард. Кај се буниш?
Каде тоа на клада ќе сум те палел, да не било друг муабет со друг/а член/ка нешто?! Шарената беше во 2015, значи веројатно импровизација/ад-хок-план после Диво Насеље, пошто видоа дека пастирот не планира да си оди по цена на војна, дека е во состојба да ја направи големата тука за да се спаси, некаде 2,5 години макс. Па така, тие 20% нема да направат Белгија, за тоа треба 2000% затоа напишав "ако биде тоа", тие се некој максимум, оптимистичко очекување, кое може а и не мора да се оствари, ќе видиме.
Дали со ова мислиш дека 2015 беше план на Америка? Скоро сум сигурна дека е така. Ако не се лажам, шарената и Куманово беа во исто време. Се одвиваа напоредно. Во Куманово беше пронајдено најсофистицирано оружје, кое ние го немаме. Да погодиме од каде е. Во Куманово, имаше и американаци. Значи, не е баш тазе планов. Кога ќе размислам, почна уште со бомбите. Оти има некој позади Заев, затоа никогаш нема да одговара за Пуч.