Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Диво Насеље?
    Режија и сценарио на пастирот и братучед му, финансии гратис од даночни обврзници на РМ виа оф-шор сметки, сети се што се дешаваше пред тоа, како им поклонија цел арсенал во една караула, гранична караулa со 5 души внатре и 100+ парчиња лично оружје, вклучувајќи и пушкомитралези, илјадници парчиња муниција, gee one wonders why all that happened to be there on that day и дека настанот го најави С.Ангелов месец пред да се деси.
    И извесен конгрес на извесна партија таму недела дена пред дешавката.
    Ете се отвори дебата и на тоа, гледаше документарецот какви идиотски наредби им давале на специјалците?

    Цела среќа што не испозагинаа цивили од арнаутска народност, тоа ќе беше сигнал за големо срање и вонредна/воена состојба, ненормална среќа има рајава во неколку наврати последниве години во тој поглед.
     
    На daylight, Gosh, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Абе шарени либералки, се` кажавте, само за главното уште не сте се пофалиле - како сега животецот, а?
    Ви покачија ли платиче, купувате ли сега повеќе векни леб, искачате ли повеќе по кафиќи (ви прави ли таму друштво полицијата), побистар ли ви се гледа воздухов за дишење, побезбедно ли се чувствувате сега, подемократски ли, ништо не кажавте бе!. Па дајте отворете усти гукнете нешто конкретно, ако ние „другите“ не можеме ништо да се пофалиме, дајте барем вие, па да се изнарадуваме на туѓата среќа и просперитет.
    Зошто вака стекнуваме впечаток дека единственото задоволство во „животов“ го имате само кога ќе исплескаат нечиј (вмровски) газ.
    И полека со фалбите, не се туркајте, еден по еден! ;)
     
    На YoungandBeautiful, Lianna Anna, Aquamarine93 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Чуствителна сум за сите прашања што го загрозуваат македонскиот идентитет и држава. Со мене можеш да дискутираш околу тоа што пишувам на форумот, а не што правам надвор од виртуелниот свет.
    За каква криминалност ми збориш? На 27 април се случи државен удар патриотите се обидоа да ја заштитат државата.
    Поврзаноста на Македонија и Турција е следна- кога се случи државен удар имаше околу 200 цивили убиено, над 1000 повредени, а 3000 војници беа затворени. Се славеше кога се затворија војниците, а што се случи во Македонија? Груевски дозволи шарените да кршат, шарат, тепаат....а никој од нив не одговараше, да не заборавиме беше уништена канцеларијата на преседателот.
    Криминал и режим ли е реновирање на студентски домови, ваучери за компјутери на студенти, бесплатен превоз на студенти/пензионери, изградба на театар и музеи, покачени плати и пензии, субвенции за трето дете, земјоделски субвенции, намалена партиципација на факултетитеза студентите и.т.н да не ги пишувам сите проеки. Сакаш да ми кажеш дека тоа е криминал и режим? :?:
    Кога збориш за криминал нека ти текне дека убиецот на Јанушев не е приведен (каде е паролата нема правда нема мир нели ја применувавте за Мартин Нешковски) нема приведени за убиството пшто се случи во Чаир, полицаесот не одговараше за пукањето во две малолетни деца, пуштен на слобода Красниќи, пуштени на слобода убијците на Смилковско Езеро....... ти сега најде да збориш за криминал
    И најважно кога пишуваш за криминал немој да заборавиш на 1евро за Вицето 1 за црквата.
    Ако велиш дека шарените протести ги оправдуваш барем напиши ја причината зашто е одржаа?
    П.С со 190 денари од РТД и со променето име, јазик, химна и знаме нема да имаш подобра иднина
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На H.VAGA, orevokrsacka, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    1. Загрозена ли беше кога се амнестираа хашките случаи?
    2. Загрозена ли беше кога слушаше во бомбите за промена на име од страна на патриотите или пак сериозно веруваш дека се сечени, лепени, монтирани?
    3. Како тоа на 27ми април твоите патриоти сакаа да ја заштитат државата, со обид за убиство, за нанесување на телесни повреди на пратеници?
    4. Пак ќе кажам, јас, ти, живееме во Македонија, во Турција ако сакаат нека се бесат, не ме интересира.
    5. Дали беше загрозен човечки живот за време на протестите на шарена револуција?
    6. Дали си била во студентските домови за да коментираш дека нешто било реновирано? Дали мувлата, стариот инвентар, нечистотијата се намерно оставени како украс?
    7. Да, се сеќавам на ваучерите со кои беше обврзан да додадеш уште 200-300 евра да си купиш компјутер, ја лично го продадов ваучерот за да земам маус и тастатура, ете толкава беше вредноста на тие твоите ваучери.
    8. Поголема глупости за бесплатен превоз на пензионери неможеа да направат. Хаос во утринските и попладневните часови, кога студентите одат на факултет, учениците во школо и останатите на работа. Да најдеш слободно седиште е исто ко да си фатил на спортска.
    9. Браво, за реновирање и изградба на театри и музеи, додека народ умира од слепо црево. Да, приоритет е таков луксуз наместо да се изгради нов клинички центар, современа апаратура, непартиски запослени доктори.
    10. Да, ако така гледаме покачени се за 1000 денари, на сметка на покачени цени за прехрамбени продукти, за сметки, за живеачка и ред други непотребни трошоци, рецимо РДТ и сл. Ако порано 1000 ден. имале вредност, сега комотно можеш со нив, опрости, газот да си го избришеш.
    11. Намалена партиципација, тотално неоправдана одлука. На кој основ, мораат сите да завршат факултет. Еј, за да завршиш високо образование треба да биде престиж, а не да стане на исто рамниште со средно. Да не коментирам што го унаказија образованието со ЕКТС и Кембриџ програмата.
    12. Не тоа не е криминал и режим, туку фрлена коска на гладни кучиња.
    13. Колку што сум упатена, пуштена е потерница по убиецот на Јанушев.
    14. Се надевам во блиска иднина, Смилковско ќе има разрешница, сметам дека исходот нема да ти иде тебе во прилог, затоа што токму твоите патриоти се вмешани. За Диво Насеље ваљда си упатена кој го договорил и зошто истото се случи кога требаше да биде пуштена бомбата за Смилковско, на кој не му идеше тоа во прилог.
    15. Ај пошо толку многу сакаш да знаеш за протестите на шарена револуција, прочитај ги повторно сите наведени точки.
    16. Најди ми еден релевантен доказ и решение дека е сменето јазикот (wait for it, колку што знам двојазичноста не е latest brand news, всушност каде живееше до сега?), името, химната, грбот, парите и сл.
     
    На theowndemon, Gosh, Црна Ружа и 5 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.117
    Пол:
    Женски
    Оп , чекај малку ! Името на државата уште од време на Глигоров не било планирано да остане како вакво ( нели привремено било потпишано сегашното име ) , така да ниту Заев ниту Груевски се виновни за овој спор , туку поставата која на времето била ставена на власт е виновна што не зазела решителен став околу името . И сега што ? Со векови ќе се држи лутина со Грците само затоа што тогашната влада не мислела за иднината на своите поколенија ? Околу двојазичноста .. скоро цела Западна Македонија е двојазична од 2001 наваму , па умревме ли ? Освен Охрид , не знам друг град од Западна да е еднојазичен . Немам јас розови наочари , впрочем не носам никакви бидејќи видот ми е одличен , ама вие не сакате да прифатите дека не може вечно да сте на власт ( извини ако не си Вмро , само те ставив во контекст на партијата ) .
    Во Тетово освен на полициската станица , друго Македонско знаме не сум сретнала во градов од 2001 па наваму . Се е двојазично , сите газди се албанци , па ете живи сме . Селото каде сум родена е етничко македонско па веќе 10 години имаме градоначалник Албанец и тоа врз основа на неколку мешани албанско-македонски села . Значи од време на Вмро е градоначалник Албанец .
    Не е дека не ми е гајле Бабо , ама некои луѓе едноставно не разбираат . Овие од Вмро не труеле со години , секој втор починува од рак , а толку луѓе по бел свет го излечија и станаа од смртна постела со хемотерапии и лекови . Мерцедесот со чии пари е купен ? Не дека Сдсм се сјајни , далеку се од тоа , ама овие ја претераа и премногу се занесоа . Со години вршеле геноцид врз нашите поколенија а не сме биле ни свесни за тоа . Ете затоа не ги сакам . Мајка сум и ми се повраќа кога ќе помислам дека лековите се неквалитетни копии за кои не е утврдено ни потекло ни што се содржат во нив . Зборувајте ми дека Сдсм не чинат а Вмро се милите невини ангелчиња , кои по грешка се обвинети , уапсени итн .
     
    На JuLleE, Elen4e_sonce и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Браво жетварке. Секоја чест што сметаш дека енормно високи суми, нема да го порамнат факултетот со средното. Види, верувај дека луѓе кредит земаат за ова, зајмат, само за да студираат. Престиж? Зарем според високите суми ќе се одлучува кој ќе студира? Јас пак мислев дека нам ни се потребни други, дополнителни стратегии и програми, според кои ќе се оценува кој ќе студира, а кој не. Освен тоа, замисли како ќе ти биде да бидеш топ ученичка, со најдобри оценки, меѓународни натпревари итн. ама нема да студираш, оти немаш пари, а некој што има пари ќе се запише, а според резултати и знаење тоа не го заслужува. Нам ни треба отварање факултетски места, онолку колку што општеството има потреба од работници во соодветна струка и исто, соодветни тестови за студии. Не кој дошол добродошол и секако дека ова не се решава со партиципација.

    За ектс и кембриџ сум согласна.
     
    На theowndemon, Rama, YoungandBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.117
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека факултетите треба да бидат строго со стипендии заслужено добиени по завршувањето на средно образование . Мислам дека само така ќе се добијат квалитетни факултетски кадри што понатаму во животот ќе бидат соодветно вработени и ќе придонесат за развој на државата на секое поле . Ете можеби некоја одредена сума на парични средства што ќе ја плаќаат оние кои продолжиле на факултет . Никако не ми оди некој што 4 години ги минувал на муфте со доволен и добар просек , утре да добие диплома и да се вработи со приоритет пред некој што 4 години се убил од учење а поради немање парични средства за понатамошно образование и седи дома а е квалитетен работен кадар во некоја област .
    Сега не знам колку и дали плаќаат студенти со стипендија , ама сепак најдобро ќе е да факултетот сепак биде на некое повисоко ниво од средното образование .
     
    На Rama, JuLleE, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Не мора да си либералец или некаков на кој си се повикла за д а видиш и знаеш оти тој га*от што го спомнуваш ( вмровски) изгнасил и се**л долги години НЕ може да се исчисти и среди за 7 месеци.
    Така да, диши длабоко и уживај во демокртија.
     
    На theowndemon, CrazyGirl15 и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    План и стратегија се вика тоа. Програми, соодветни на општествените потреби. И секако е потребен мотив, за стварно добар ученик, еве во случајов стипендија, а жално е истиот да биде дома, поради финансии. Нема влада кај нас која на ова работела. Тешко и во скора иднина.

    Не дека сега нема стипендии. Меѓутоа е организацијата на образовниот систем, екстремно лоша.
     
    На Rama, CrazyGirl15, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Стојам зад она што сум го напишала. За некој да студира на престижните факултети ширум светот, сметам дека знаеш колку чини тоа задоволство. Секако дека и постојат стипендии за истите за талентирани ученици. А од друга страна, јас за да си го платам факултетот истовремено и работев, што значи, ако се сака, има решение. Еве ти прост пример, ФОН, МИТ, БАС, НЕОКОМ, Европски, Американ Колеџ, за туризам и менаџмент и кој све више не отвори факултет, колку чини партиципација и колку студенти има на истите. Значи не е дека немаат пари за партиципација, така? Неможе утре некој со горенаведените да е ставен на повисок ранг при вработување, од некоја личност која студирала на УКИМ. Инаку и поради тоа што е намалена партиципацијата, а секако поради незаконско поставување на деканот и прераспределба на средствата за некои чудни намени, јас на мојот факултет на вежби спиев, бидејќи немавме материјали за работа, притоа ако најдеа некој компјутер од '92 ни покажуваа слајдови како уствари треба да се работи. Така да, пак ќе кажам, да завршиш факултет треба да биде престиж, а не секојдневие.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    И јас студирав и работев. И замисли пак немав пари да си го платам факултетот. И што требаше да правам, да не студирам? Немав стипендија, оти моето место го земаа други. Гледај ја реалноста. На брат ми исто му промакна стипендијата. Пишував погоре. Исто е и како со вработувањето.

    Фон и ним сличните. Тие не се споредуваат со УКИМ. До парите е. Да имав, можеби и јас ќе бев на ФОН, од кај да знам. Јас едвај мојот го платив, што да зборувам за магистерски. Јас знам каков период имав. Да ми беше овозможено од државата соодветно тестирање или стипендија, друго ќе беше.

    Едит: Знаеш ли колку способна младина има што не студира и седи дома ради финансии?
     
    На kikikikirika, Rama, CrazyGirl15 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Можеби ќе звучам сурово, ама тоа е реалноста. Посилните и поснаодливите успеваат, како сакаш сврти го, боли, и мене ме боли, ама сепак парите играат огромна улога. Да знаеш дека треба да исплатиш толкава сума, а немаш, има и те како да учиш, и само на тој начин се вади квалитетен кадар. Ако веќе навлеземе во проблематиката, тука има и други фактори, почнувајќи од целокупниот систем, па се до коруптивни професори и врскаџии.
    Искрено незнам за таа способна младина што седи дома и не студира ради финансии, како што кажав и шуто и сакато може да се стекне со диплома, јас барем во мојот круг, немам таква личност, ама па затоа има една личност која студира 10 години и утре истата ќе го работи тоа.... ме разбираш која ми е логиката сега?
     
    Последна измена: 1 декември 2017
    На Gosh, JuLleE, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Така е. Со таа разлика што не можеш да учиш, ако воопшто не се запишеш ради финансии, а те бива. Иначе убаво напишано и согласна сум со се друго.

    Едит: Абе се едитираше?! Дај со време кажувај вакви работи, цитатот ми губи контекст. ]:)

    Едит 2. Авто корект погрешно коректира. Јас знам многу што не студираат ради пари. На жалост. Со невработени родетили, децата работат за сметки и храна, наместо за факс.
     
    На Rama и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    100.532
    Како се студираше порано? Ете, од моја генерација секој што беше ученик заврши факултет, а некои и повеќе. И не беа енормно високи суми како што викаш ти. Се знаеше, 200 евра државна квота, 400-700 евра приватна квота (со исклучок на медицински каде приватна беше 1000 евра). Приемни испити, ако ти држи газ положи, влези во државна, ако не, плати си ако сакаш сепак да студираш. Што е сега ова?! Кочина се сторени факултетите! Демек сега не земаат пари?! Ами они за пари така направија. Колку проширија квоти за број на примени студенти, за што е тоа? Не е за пари?!

    Стипендии... се знаеше, еден тип на стипендија. Просек над 8.00 за технички факултет, над 8.50 за општествени науки. Ако си во таквите, имаш 3.300 ден девет месеци. Грујо воведе те ваков тип на стипендија, те онаков тип на стипендија... Зошто? Да не биде просто, да биде сложено, модерно, какво?!

    Факултет треба да биде престиж, да! Да се знае кој влегува таму и кој излегува со диплома. За да нема после неписмени наставници по училиштата, магистри кои не знаат да одат, инженери кои не знаат процент како се пресметува!
     
    На Rebecca_R, Gosh, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Смири си ги страсите. Имам серија за гледање и не планирам да ти објаснувам.

    Некој ги нема ни тие 200 евра за инфо. Кој не поминал не знае. Такви квалитетни дома да седат, а тие со пари, незаслужено да студираат. Бре, каква логика. Мислев дека знаењето треба да е двигател. Нигде не реков дека не треба да е престиж. Ами не по основа на финансиски средства. Впрочем, како луѓе да делиш и етикетираш по гардероба. Срамота.

    Едит: заборавив да напишам дека малку ја утна темата. Зборуваме за тоа како да се рангираат студентите на факс, според финансии или според стратешки програми и цели за знаење, следствено стипендии. А воопшто не зборувам кој што направил и зашто така направил. Ниту ме интересира.
     
    Последна измена: 1 декември 2017
    На Rama, orevokrsacka, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    100.532
    И јас сум ги немала некогаш!
    Не можеш ти мене да ми велиш срамота ако не знаеш која сум и што имам, а што немам!
    Мене ми било знаењето двигател, да! И сум успеала!

    По стара програма, и тие со пари што влегуваа, не завршуваа на крај, за твое инфо! Квадрат запишува и си седи дома следната година! Сега завршува и ќоро и сакато!

    Сето тоа што го напишав е за рангирање! Ништо не сум утнала!
     
    На Gosh, Yowannty, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  17. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    1. Кoи хaшки случaи се aмнерирaни? Тaрчулoвски лежеше 8 гoдини. Зoштo сaмo нa едни се судеше, a нa други не?
    2. Не е дoкaжa верoдoстoјнoстa нa снимките. Тoa леснo мoже дa се сече и мoнтирa. Јaс верувaм вo oнa штo ќе гo видaм, a немa снимкa зa бoмбите. Снимкa имaш зa случaјoт пoткуп кaде јaснo мoжеш се дa видиш
    3. Oбид зa убиствo ли е мoдрицa или кубење нa кoсa. Пoлицaецoт Аце извaди пиштoл и пукaше вo нaрoдoт зa oвa пoстaпкa гo пoстaвијa зa нaчaлник.
    4. Примерoт сo Турцијa гo кaжaв зa дa видиш кaкo некoи се спрaвувaaт сo држaвен удaр.
    5. Беше зaгризен чoвечкиoт живoт. Случaен минувaч се пoбуни зoштo прoтестирaaт и шaрените му се сoбрaa. Имaш слики и снимки нa гугле рaзглеј ги.
    6. Груевски пoчнa дa ги ренoвирa студентските дoмoви. Пoгуглaј и зa тoa, a сдс сaкaше дa им гo укине пoјaдoкoт нa студентите
    7. Вaучерите беa вo вреднoст oд 300 еврa сaмa си oдлучулa дa гo прoдaдеш. Имaш кoмпјутери пoд 300 еврa. Акo не ти се свиѓaл прoектoт не требaлo дa гo зимaш вaучерoт требaлo дa гo врaтиш.
    8. Пензиoнерите се луѓе кaкo и среднoшкoлците и студентите. Акo среднoшкoлците и студентите се вoзaт бесплaтнo зoштo дa не се вoзaт пензиoнерите?
    9. Тoдoрoв спрoведувaше нoви aпaрaти во здравството. Погуглај ќе се увериш и сама А кoлку бебињa пoчинaa додека сдс се влaст? Не ти јa сфaќaм пoврзaнoстa нa здрaвствoтo сo теaтрите.
    10. Сo пoкaчувaње нa aкцизaтa нa нaфтaтa штo мислиш дaли ќе има покачување? Одговорот е да. Од јануари очекувај покачувања на сите продукти, на струјата, на водата, на превозот и.т.н. Покачувањата на цената на продуктите веќе почна. Ме интересира кого тогаш ќе кривите? ама битно нема да се платат 190 денари РТД.
    11. Треба да бидеш благодарна што ја намалиле партиципацијата. Не може секој да плаќа по 1 000 рата.
    12. Луѓето не се кучиња.
    13. Потерницата ја пуштија после 3-4 недели од убиството. Никој не информира за ова убиство, исто како што не информираат за тоа што се случи со полицаецот што пукаше во малолетни деца, и што се случи со убиецот што пукаше во Чаир. Па и убиецот на Мартин Нешковски беше во затвор па пак протестиравте. Плус З.З во затворот се ракуваше со убиецот на Нешковски. Зошто сега ја нема паролата нема правда нема мир. Двојни стандарди
    14.Кој бил замешан во Смилковско езеро и Диво Насеље? Ти беше таму? Родителите на самите деца рекоа дека вистинските убијци се во затвор. Што плукаш по нивниот збор. Таткото на убиеното дете знаеш ли што изјави? Заев е поголем монструм и од убиците. Знаеш ли што тоа значи? Знаеш ли какви маки имаа тие луѓе, А, некој сега ќе ослободува терористи.
    Инаку објасни ми зошто З.З се шеташе низ Диво Насеље целиот насмеа и се сликаше?
    15. Не планирам да трошам време и да читам некакви точки на шарените
    17. Релевантен доказ се изјавите на Поповски, преслушај ги. Релевантен доказ е продавањето на историјата на Бугарите и ревизијата на книгите по историја. Релевантен доказ е преименувањето на името на аеродромот и рушењето на спомениците. За другите докази стрпи се, има време за се.
     
    На kikikikirika, Rama, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Не ти велам срамота за тоа која си. Не ме интересира. Ами за тоа што го напиша. Ќоро и сакато кредити зема за да студира. А правите со знаење што се, замисли имаат една плата, а минамалната кај нас колку беше? ! Ним ни кредит не им е дозволен.

    Пишувам од искуство. Еден родител, невработен. Три деца. Две на факс. А кај кажи шо попрво. Храна и сметки или факс?! Знаеш колку има такви што воопшто немале прилика ни ф од факс да видат?! Да срамота е. Катастрофа од образование.

    Не ме глави, серија имам.
     
    На Rama, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Немојте образование, слаба точка ми е. Во средно не бев ученик број 1, ама на факултет се разучив многу повеќе. Имав просек за кредит-не добив. Сега имам просек за стипендија, ама не ми следува. Ок, не се бунам. Стипендиите се за редовните студенти. Важно ми е што можам некако да студирам. Плаќам 400 евра што за мене е скапо оти дома една сигурна плата немаме.

    Прашањето ми е зошто да не му се даде шанса на човек доколку сака да напредува? Зошто од старт да се делиме на сиромашни-богати, способни-неспособни? Ќе се враќаме во комунизам каде сите мора да сме еднакви, каде никој не смее да оди напред?

    Се согласувам дека треба повеќе да се работи на тема образование и да се селектираат на некој начин оние кои сакаат и вистински се трудат. Мерки за стимулирање, помагање, а не казнување и тоа уште незапишани оти финансиски не биле способни?

    П.С: според мене добар беше законот што не се изреализира никогаш: На студентите со кофинансирање со просек над 8.5 во првите две години од студирањето да им се намали партиципацијата за 50%. Но, јас овде не би правела дискриминација на редовни и вонредни како што е случај со стипендиите.
     
    На Rama, carangigia, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Во Парагвај ја форимиравме најелитната единица за отворање очи на ослепените, уште од време Самоилово. Јесте дека ние тврдиме дека он е Ерменец, Бугарите ни се мешаат во план, ама веруваме дека добрососедските односи со Бугарија и потпишувањето на договори чија содржина не смее да излезе во јавност, ќе помогнат во изнаоѓање компромис. Од друга страна, двојни агенти сме, па се занимаваме и со издавање на паспорти. Шврљаме на две страни, Америка-Русија, тоа ни е во сеќавање останато уште од времето на големиот Хрват.
    Веќе имаме примено член од твојот етникум, го праќавме на долготрајни обуки да не релативизира, сето помешано со климата во Парагвај, му помогнаа да срочи многу добри статии.

    Линк: http://www.dw.com/mk/црни-вторници-и-бели-лаги/a-41599927?maca=mk-Facebook-sharing

    Важен исечок од нашиот таен агент: „Следствено и во склад со некогашната максима на СДСМ дека "цело е кога има се”, нејзината Вистина за Македонија ќе биде целосна единствено кога некој ќе ги објави и вистините за дружбата на Заев и Шеќеринска, начините низ кои ја приграбија власта и нивните frenemy односи со дружбата Груевски – Мијалков. Парадоксално до болка и според логиката на нештата, доколку Вистината за Македонија ни ја сервираа лажливци и измамници, неминовно е дека Лагата за Македонија останува линкот кој недостасува во целосно разбирање, разоткривање и отрезнување за реалноста во која не имаат сместено. Капитален пример и доказ за судирот помеѓу Лажната Вистина за Македонија и Вистината за Лагите во Македонија е какатоничниот молк на сите четири за улогата на Али Ахмети и ДУИ. Кои остануваат како традиционален литмус тест со кој се докажува ВМРО-СДСМ-овската споделена ментална, политичка и духовна матрица базирана врз криминал и корупција.“

    Распространети сме секаде на Балканот. Во Маќедонија ја финансираме Левица (наскоро, чекаме да стигаат обвинувања дека Левица е крива за се), во Србија го инсталиравме младичот Прелетачевич, во Хрватска соработуваме со Пернар (многу почна да ни шврља со Русите).
    Од друга страна тајните агенти од Парагвај, знаат зошто си дојден да вреѓуцкаш по темава. Имаат изразено сериозна загриженост за пристапот кон ИП-адресите на корисниците.

    Аста ла Виста мучачо, т.е. буџетар. :D
     
    На Rama, MikiTass и Lianna Anna им се допаѓа ова.