Не е актуелен политички настан... ама како што ми се чини, Скопје и Скопјани ќе си го кркаат ако продолжат врнеживе... се замара некој од власта со ова, се презема нешто да се избегне катастрофа? Дали гледате до каде е надојден Вардар? А врнежи се најавуваат до понеделник... добредојдовте во '62!
Еве сега една шарена либералка да ти одговори.Не мора во наводници да ги ставаш шарените либерали,има такви кои размислуваат со своја глава,а не се под никаков притискок,ниту па мозокот им е испран со партиски директиви. Ако немаме работа,бараме.Не чекаме државата,уште помалку паријата да не вработи. Платиче не ни покачија,платичките ни зависат од нашиот труд,не сме дел од државната пренатрупана администрација и не седиме дома да држиме работно место и притоа примаме плата. Векни леб,колку ни се јаде,толку купуваме,а гладни не сме. По кафиќи искачаме.Ама гласно си правиме муабет,секој си кажува што си мисли,без притоа да му е страв дека и ѕидовите имаат уши. Воздухот не ни е бистар,за жал. Може ќе се расчисти плштадот од оние накази од споменици,па да го осетиме Вардарецот да дувне.И на Водно во недела нема да дишеме гасови од ауспуци.Ама тоа е, И на крај. ДА,се чуствувам побезбедно и подемократски. А задоволството е неоспорно,се враќа вербата во институциите,секој кој згрешил,нека си одговара.
Сосема е политички, затоа што за евентуалната поплава директен виновник е Скопје 2014, односно оној што коритото на Вардар го претвори во градежна парцела. Но тоа е што е, сегашнава власт не треба да ни образложува кој е крив туку да превземе мерки последиците да бидат што помали. Она што не го направи изминативе месеци на пример е неотстранувањето на градежниот шут од коритото на реката. Требаше и под итно да ги отстрани сите тракатанци во коритото, од типот на галиите, жалните врби, фонтани, постаментот за милениумско тркало итн., бидејќи за објекти кои потенцијално го загрозуваат животот на најмалку 200.000 луѓе воопшто и не треба да се дискутира дали се легални.
А извини, кој треба да ти овозможи работа ако не државата, а следствено на тоа и да качи плата? Не знам зошто е толку понизно и тешко да се признае дека луѓето овде немаат работа поради државата, односно власта. Исто, не гледам ништо лошо ни во тоа да си припадник во административниот сектор ако си заслужил. (Што знам дека во нашата држава е речиси невозможно, но сепак легитимно за споменување). Векни леб, да се не се лажеме, ако зборуваме за оние топли бели багетчиња од рептил и веро по 30 денари, три такви за доручек се рамни на еден хамбургер од 90 денари, а тоа за многумина е луксуз само за еден оброк.
Конечно реши оставка да даде Кога ќе излезе официјално со оставката ве молам запишете го датумот и дирекно во учебниците по историја ставете го Да се памти и да се знае. Браво Грујо! Иако ќе ни фалиш Ова е за добро на сите
Да се надеваме дека по секоја цена ќе оди во затвор...Треба да оди, па ваљда ќе се задоволи правдата. Се очекува да направи некоја дубара, нема да биде прв пат Ама кога тогаш ќе лежи за криминалот.
Еве дел од изјавата на Груевски. Колку што разбрав уште не дал оставка, ами ќе следува. А што толку мачење да остане кога сепак на крајот до ова дојде. Е сега, останува отворено едно прашање. Дали е можно човеков да се пазарел со нешто, во случајов оставка, за да не лежи? Останува на времето да видиме. ГРУЕВСКИ: Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го мислев и тогаш на 15 октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и можам да го кажам и најдиректно и понепосредно. Овој чекор е дел од моите основни принципи и вредности. Покрај ова се надевам дека тоа ќе помогне и во разрешувањето на целокупната полтичка атмосфера.
Да се направеше панорамското тркало, немаше да се излие сега Вардар. Ќе вртеше тоа тркалото и ќе ја фрлаше водата накај Ѓорче негде.
Четворица од Монструм си одат дома. Пуштени на куќен притвор. Убијци на 5 души на слобода ! А, нашиве Македонци ТЕРОРИСТИ нека гнијат в затвор. Ајде сега шарени, сдсшовци, ајде зборувајте ми за правда !!!!!! Изроди Македонски !!!
А колку си загрижена, што би направила во врска со тоа разнебитување на држаата, дали на пример знаеш како се прави Молотов коктел, имаш нешто залихи од дедоина, манлихерката, види на Јутјуб има видеа како да се реставрира стара пушка... Ај ај ај види ја сеа ќе навредува демек, буџетар е навреда, ама ок може и јас претерав со инсистирањето на твоето дијаспорство, сепак и покрај тоа некако си симпатична членка, не баш особено информирана, ама барем нешто те копка, сакаш да знаеш шо се дешава, љубопитноста едно друго, надеж за подобро утре на Фиром... Левица ќе видиме, не е ова таа раја која гласа ради идеологија, тука треба зејтинче, брашно да падне, ветување за вработување во општина, медиуми кои ќе трубат за нив, повеќе од 3-4 пратеници тешко дека би можеле да имаат во најоптимистичен случај. Ние немаме етникум, сами си ги плаќаме сметките, сами си ја пишуваме историјата, такви сме, затоа не оговараат секташи ова она...да бев македонец, албанец, турчин, бугар, србин...тоа ќе беше лоша игра на судбината Ваја кон диабло
Оставка ќе даде,ама за жал во затвор нема да оди Мојте информатори викаат,ќе му го дадат пасошот,ќе оди во Париз и ќе потпише промена на името Дај Боже да не се точни информациите,ама здравје ќе видиме
Уште од кога се зачлени на форумов, па се рчкаше со членови, знаев зошто си овде и зошто инсистираш да омаловажиш некој. Посебно со крајниов коментар, си призна дека не ти е сеедно оти си отворена книга и секој може да те прочита. ПС не е страшно некогаш да си признаеш дека не си бил во право. Со љубов, од Парагвај.
@ph.orhideja Бидејќи си слободоумна шарена либералка би можела да го изнесеш твоето мислење за ослободувањето на монструмите кои убија 4 млади момчиња и еден возрасен. Сите Македонци. Ајде повели http://novatv.mk/obvinenite-vo-monstrum-pushteni-da-se-branat-od-sloboda/
И зошто сум тука? Како тоа јас да не знам такво нешто, а некој друг да знае? Што ли ќе дознаам сега? Тоа се вика комуникација, дебата, размена на мислења и ставови, ништо страшно, некои пишуваат помонотоно, некои поколоритно се изразуваат, некои страсно, некои се нешто измеѓу...сите глеам напнати, све его лета на сите страни, не е крај на светот да се погреши или да се признае грешка, нормално дека сум пишувал и погрешни ствари, тоа ти е секојдневие Сеа ти реков, веројатно претерав со тоа со дијаспората ама шо ќе праиш, емотивен лик сум, ме понесува моментот А од друга страна пак рачунај дека и перцепцијата е поинаква на лицата кои живеат надвор, тоа е неминовно, не се во тек со многу ствари, не е све во гугл, така да није исто. И тоа не само јас, со кој и да правиш муабет ќе ти го потенцира тоа после некое време (ок, нема да го споменува Парагвај) Ел диабло значи ѓаоло, а тој носел светлина, така му гласи и името, не бил лош чоек само што му извадиле муабети
Знам дека од сектата се обидувате да регрутирате атеисти, попусто не сме заинтересирани. Сменете малку тоа активностите. Одење по гробишта и пиење крв од зајаци, не е веќе кул. Ви бега членство, знам. За општатата хистерија: http://a1on.mk/archives/826099 Дијалогот: Баба од сдсм (на митинг од вемеро): Кокошко една! Баба од вмро: Е сеа ќе видиш! Ќе ургирам во раководството, двете да добијат азил во Парагвај!
Грујо ќе даде отставка ќе оди ќорка со компанија терористи,помеѓу тие терористи има бранител на Р.М во црната 2001 не е битно. Но дали некој ќе оди ќорка од правите терористи,дали некој ќе одговара за убиствата од 2001. Како на пример:Талат,Али и компанија ТЕРОРИСТИ од УЧК кој не нападнаа и убиваа полиција и војска. Ќе ми се шетаат како манекени по собрание како ништо да не било.
Сметам дека најавата за оставка на Груевски е после двовечерното преговарање меѓу Иванов Зајо и Груевски и мислам дека на Груевски му имаат дадено јаки гаранции дека нема да го чепкаат па затоа и оттаму произлегува оваа најава за оставка...