Сите се уловија ко кленови дека Грујо ќе дал оставка. Не дава тој оставка лесно, читајте му меѓу редови. Прво треба да се закаже вонреден конгрес, (тешко до крај на годинава, евентуално на пролет), па на тој конгрес извршниот комитет да гласа дали ќе се прифати оставката (веројатно нема!). Ако Грујо не блефираше, ќе поднесеше неотповиклива оставка која стапува на сила веднаш.
Секако дека Груевски ви е трн у око па затоа ви смета многу. А и да остане немам ништо против јас ќе ја почитувам секоја негова одлука и одлуката на ЦК и ИК на ВМРО
Ај некој(ако сака)нека ме упати како Трајко Велјаноски е вмешан во случајот со Смилковско? (Искрено прашувам,без сарказам)бидејќи стварно не сум во тек. Фала
Ќерка му на Трајко се спречкала со некој од дечките, се скарале и Трајко ги викнал кај него дома. Од тука што се десило останува зад затворени врати, си отишле и се деси тоа што се деси. Жена му на Трајко од кога дозна дека има бомби за Смилковско, се пореметува, виде дека изгубија ВМРО и почнаа да ги притвараат еден по еден, башка и болеста ја докрајчило и си пресуди со бесење во сопствениот дом.
Од каде информацијата дека се обесила? Не можам да најдам. Инаку мене најчудно во целава приказна ми е што дури и во најбанана филмови се гледа да се приктијат евентуални докази против сторителот, а овде како да сакаат да се истакнат. Ептен апла работава некако.
Се согласувам дека треба да има строг критериум за тоа кој ќе студира а кој не треба да стане академски граѓанин. Се согласувам и дека студентите кои се капацитет а немаат приходи треба да добијат стипендија. Квотите треба да се планираат, за да го нема премногу дипломирани економисти или правници. За жал, праксата покажува дека стипендии добиваат они кои имаат врски, а и во студентските домови седат, повторно, оние кои имаат врски. Кај нас проблемот со платите е многу подлабок од самото финансирање на студиите. Дали повисока партиципација би го решила проблемот со преголем број на студенти и понатаму неквалитетен кадар? Да. Еве, во други држави и општества, родителите имаат фонд со финансии за факултет за децата. Тие пари се штедат низ годините, во образованието се вложува. Кај нас ситуацијата е многу поразлична. Јас гарантирам дека родители кои немаат високи плати, со години штедат за факултетот на децата и иако сиромашни и нивните деца стануваат студенти кои дипломираат без стипендија. Факултет не е тема која се отвара кога децата се во средно. И да, 200, па и 400 евра за еден добар дел од граѓаните не се никаков проблем, па затоа на факултетите има студенти кои со години презапишуваат предмети, студенти кои посакале да се студенти и родителите без проблем им го овозможиле тоа итн, знаете сите какви пропусти има. Животот не е фер и некои личности едноставно немаат среќа. Ама не е системот виновен, ниту пак Бранко. Та не е само Македонија до гуша во проблеми, невработеноста и нискиот стандард на живеење не се само тука проблем, таков е животот - борба. Верувам дека личностите кои се борци, победници, личности кои се родени под среќна ѕвезда, убаво живеат и тука, а убаво би живееле и во Америка и во Германија. Најлесно е да се каже - државата е виновна што јас работам за минималец. Ако државата не чини, ене ја границата, оди во бели свет, пробај ја среќата на друго место.
Зошто порано никој не изнесе никакви информации дали убиените деца се знаеле со ќерката на Трајко? Оваа глупост почна да се пишува откако излегоа бомбиците на З.З. (иако никој не ја докажа нивната веродостојност) Зошто никој не пишува дека убијците самите признаа дека ги убиле децата за да ни биде крвав празникот Велигден, нели го нарекоа крвав четврток или за вас крвав е 27 април.? Самиот родител на убиените деца изјави дека вистинските убијци се во затвор и дека З.З е поголем монструм и од убијците на децата. Не ми е јасно како можете да браните убијци и да плукате по кажаниот збор на родителите на убиените децата. Која ви е потребата да го валкате нивниот спомен? Што не се буните дека убијците се на слобода? И од каде таа информација дека се обесила, кога во сите медиуми се известуваше дека починала од тешко боледување?
А до тогаш што да правиме? Идат повторно празници. Не треба да се оправдува убијците да бидат на слобода, а патриотите да се затвараат за тероризам. Не треба да се валка споменот на убиените деца. Дали некој помисли како се чувствуваат нивните родители денес? Пет години се во црнила, а денес гледат како од затвор ги пуштаа затворениците.
Имаш право. Трчањето да се ослободи некој, без пред тоа да се докаже вина на некој друг не само што е апсурдно, туку и не и оди во прилог на приказнава некако. Во меѓувреме нема виновник за стореното дело?
Јас посекако не планирам да се затворам дома, мене ми е чиста душава и чиста сум пред законот. Кој што сака нека си прави негов проблем ако згрешил нека му ја мисли. Да знаеш само колку убијци се шетаат околу тебе ехее... И уште нешто прочитав на фб дека вечерашната претстава "Ничија земја" е откажана во знак на протест заради притворот на нивниот колега Владо. Сосема непрофесионално и безобразно за сите 600-тина посетители. Уредно платиле карти, за да станат на сам почеток. Ако планираат да протестираат слободно нека одат каде сакаат, ама театарскиот подиум не е тоа место! Дац кажа дека ќе превземе мерки, а какви ќе видиме деновиве.
---- Автор: Христина Беловска Извор: http://24vesti.com.mk/obvinetite-za-„monstrum“-izleguvaat-od-pritvor ---- Обвинетите за „Mонструм“ излегуваат од притвор 01.12.2017 | 22:07 Македонија Прочитано: 1869 Врховниот суд ги одлучи да се бранат од слобода четворица од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро. По пет ипол години укинат е притворот за Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Хазири и Сами Љута. Врховен им одреди поблаги мерки. Не смеат да го напуштаат Скопје и два пати неделно да се јавуваат во судот за да докажат дека не побегнале. По одлуката за укинатиот притвор, роднините со аплауз го поздравија излегувањето на Сами Љута од Шутка, кому кривичен му изрече доживотна казна затвор за тероризам, под обвинение дека чувал стража додека биле убиени момчињата на Велики четврток 2012-та година. „Имаме голема радост дека ќе биде на слобода. Од почеток знаевме дека е монтиран случај. Овие деца не се виновни, не се сторители на никакво дело. Судот ништо не докажа затоа се пуштаат на слобода“, вели Рамадан Љута „Очигледно е дека се работеше за класичен монтиран судски процес. Тоа веќе ќе го докажеме во постапката која ќе се повтори. Мислам дека овој предолг рок се должи на тоа што се девалвираа безбедносните структури“, вели Насер Рауфи - адвокат Од Идризово и штипскиот затвор вечерва излегуваат и останатите тројца обвинети Ослободуваето од притвор било голем шок за семејствата на убиените момчиња. Во телефонски разговор за тв 24 накратко изразија големо разочарување поради одлуката на Врховен. Откако минатата недела истиот суд ја укина пресудата со доживотните затворски казни и го враќа Монструм на ново судење, тие велат денешното решение со кое е укинат притворот е нов шок за нив. Но и двете страни за едно имаат исти очекувања- со „бомбите“ да се расветли кој го нарачал убиството на петмина недолжни луѓе. Во кусото соопштение од Врховен пак не споменува ништо за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство од пред почетокот на судскиот процес Монструм. Последната информација која престигна од Косово пред неколку години е дека тие излегле од затворот во Приштина откако ја одлежале тамошната казна затвор од три години за трговија со оружје. ----
Ова во моментов некако толку болно изгледа. Знам, сум ги слушнала и јас приказните и муабетите и наводните сторители..ама додека не се видат доказите како правдата низ раце да се лизга. Сакам да видам, за да верувам. Заслужуваат родителите на момчињата, семејството на рибарот, ние останатите, сите заслужуваме да знаеме дали има вистина во овие муабети или ова е политички договор. Во моментов сум искрено многу револтирана. За ова би излегла да протестирам. Долго време се манипулира јавноста со Смилковско, нивните докази требаше одамна да бидат објавени.
kravce он за смилковско сигурно и нема некои докази . Исто беше и за Младенов смртта. Што слушнавме на снимките? дека човекот си бил со некоја швалерка вањда па не го објавиле тоа? Само ги користат мртвите да си направи кампања и да го хушка народот. За смртта на Мартин Нешкоски ете стварно имаше од Гоца гадни муабети, убиство не можете да скриете и слично, ама што фајде кога Гоца еве ја на слобода а убиецот е во затвор уште пред да излезат бомбите.