Ветено сторено!!! Се води кон тоа да немат ниеден противник или некој кој ке им се спротистави во нивните ставови така да луѓе баталете ги сите политички партии во цела македонија, мислам дека време е да престанеме да гледаме само за нас и да бидеме себични зашто сето ова не оди на арно оди кон нешто што никој не го сака двајца се тепат третиот видете само колку мирно си кути и си гледа од страна и уште гласат да се одземат имунитети на МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ луге дојде време кога други ја кројат судбината на македонците во нивна држава не може да замислам уште колку полошо може да биде. Секој ден по некој тепан или малтретиран,убиства колку само добро им дојде ова со излевањето на вардар и сите медиуми сеа тоа го зборат убаво ни го перат мозокот. ЛУГЕ ВРЕМЕ Е ЛУГЕТО ДА ЈА ЗЕМАТ ВЛАСТА ВО СВОЈА КОНТРОЛА БЕЗ ДА БИДАТ УЦЕНУВАНИ ОД НИКОГО ЗАШТО КОЈ И ДА ДОЈДЕ ВО ВЛАСТ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ ИМ ИМАТ ВЕТЕНО НЕШТО КАКО ШТО ПРЕДХОДНАТА ВЛАДА СЕГА И ОВАА ГЛЕДАТ САМО ЗА СОПСТВЕНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ЖАЛ СЕ ПРОТИВ НАРОДОТ. ОВА Е МОЕ ЛИЧНО МИСЛЕЈНЕ ОВА Е ДЕКОКРАТСКА ДРЖАВА И СЕКОЈ МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ИСКАЗЕ И ЗБОРИ И НЕ САКАМ НЕ ПОТРЕБНИ КОМЕНТАРИ ОД ДВЕТЕ ПАРТИИ ЗАШТО СЕКОЈ БРАНИ СТРАНА ЗА СВОИ ИНТЕРЕСИ ВИ БЛАГОДАРАМ
А нели Зоки знаел кој стои позади ова, му ветил на родител на еден од убиените дека случајов ќе биде решен, дека ќе излезе вистината на виделина? Зошто нема ништо од тоа?
Ова со Груевски, навистина мислам дека е наместено. Не можам да тврдам, ова е само мое мислење. Очекував да даде оставка од позицијата која ја држи, меѓутоа оставката ја очекував многу порано. Лоли горе има интересен коментар. Ако сакаше да даде оставка, навистина ќе беше тоа неотповиклива. Мислам дека се имаат договорено, за да избегне судење. Ако е така, навистина е многу неферски изграно. И од Заев и од него. Е сега, пошто следуваат некои договори и преговори во Париз ли беа не знам. Мислам дека има две опции. Груевски да потпише за името, па да даде оставка и никој да не го чепка. Или, да го сменат Груевски, со што пак не би бил суден, да го ослабнат ВМРО уште повеќе од што е, а на местото на Груевски да инсталираат друг, кој би бил потчинет човек како Заев. И пак да се потпише за името. Ако новиот Претседател на ВМРО е човек на Америка, како Заев или уценет на било кој начин, како Заев и Груевски, тогаш, ВМРО нема да биде ништо подобро од СДС, ниту за нијасна. Дефинитивно, нам не ни е потребна ниту една од овие две партии. Многу е лошо со ваков дво партиски систем и уценети политичари. Потребна е нова опција, со луѓе чисти пред закон.
Како бе кои хашки случаи, не ти се чита нешто добро а, одма контра-аргумент, чиниш и крвта во вените ви тече контра на вас вмровците. И немој молим те да се брукаш за бомбите, каква веродостојност ти треба, зарем вашите сопартијци не признаа вина за шамарите во Центар, зошто признаа, сигурно затоа што снимките се монтирани, Грујоски и Бошковски (големите патриоти со бугарски пасоши) зашто бегаат, пошо 100% снимките се сечени, лепени. Да коментирам за Села, што го влечеа целиот облеан во крв, ваљда од шамарите му било, а? И кој пукал во народот, молим те, изгледа некои работи само ти ги знаеш, зарем требаше да седи од страна и да грицка сончоглед додека ,,патриотите'' маваа, кршеа, тепаа, мислам самата се изјасни дека веруваш во нешто што ќе го видиш, имаше снимки од целиот настан. Јас не видов никаква бруталност од страна на полицијата која ги бранеше пратениците, напротив, тие твоите како животни влегоа и се понашаа ко ова да е див запад. Не не постојат снимки за шарена револуција дека нападнале случаен минувач, да не мислеше случајно за полицијата која се однесуваше брутално со протестантите. Да го вратам ваучерот, кој ми следел, зошто? Цела држава ја опљачкаа, јас да вратам нешто што ми следело?!?! Пак ќе кажам, оди во студентски дом да видиш колку се реновирани, едно крило реновирано, наспроти целокупната слика, го велиш реновирање? Што купил бе Тодоров, од негов џеб да не донирал, да закажеш за магнетна, побрзо ќе умреш, него на ред да дојдеш. Знаеш што направија, го уништија државното здравство, на сметка на приватно, за да се богати Орце, ете тоа го направија. И немој да се дрзнуваш за смрта на родилки и бебиња да коментираш, не е тоа од вчера. Не очекувај дека за нецела година на власт, дека тој настанат хаос од претходната власт, дека ќе се среди. И пак со твоите контрашки одговори кога немаш аргумент да се спротиставиш. Ако идеме според твојата логика, покачена е минималната плата така? Не сум благодарна што е намалена партиципацијата, колку правници завршуваат на годишно ниво, колку доктори завршуваат? Каде ќе најдат работа кажи ми, кога цела провинција во Скопје е доселена, што добиваш што имаш диплома, кога таксисти и келнери со дипломи си седат дома. Ќе видиш за Смилковско имај трпение, и кога конечно ќе се дознае вистината, очекувам да бидеш прва која ќе ги осуди твоите патриоти. А за Диво Насеље, Заев беше прв кој ги посети семејствата за да искаже сочуство, што не дојде Грујо меѓу народот да го смири? И не ме прашувај повторно за шарена револуција кога и онака не ти се чита, ок? Него за кој Поповски извини вака, ми збориш? PS: Што ќе кажеш за фасификуваните лекови за деца?
Глумците што од солидарност кон Владо ја откажале претставата синоќа барале неговиот притвор судот да го преиначи во домашен оти имал олеснителни околности. Ваква глупост од интелектуалци одамна не сум прочиталa. Кои сте бре вие да барате од судот било што? Суд е, не е пазар. Да ви станеше некој судија вас сред претстава за да ви каже како треба да одглумите како ќе реагиравте вие? Ова е најголемиот проблем во оваа држава. Никој не се меша во сопствената работа. Наместо да пишувате глупави памфлети со список на барања до судот (смешки), како гест на солидарност кон Владо, требаше да ја одржите претставата и парите што ќе ги соберевте од картите да му ги дадете за да си ангажира добар адвокат. Солидаризирањето со Владо само потсетува колку не се солидаризираа со Кили...сем ако некој не проценил дека факинг марихуаната е опасно кривично дело а напад на Собрание само израз на револт....ама ако е така уште полошо со 'солидаризацијава'
До кога бе @Jason123 ќе правиме споредби и ќе ставаме на кантар дела со различна тежина? Секој кој работи спротивно од законот треба да одговара и ништо повеќе. Дали бил актер, лекар, професор? И за одгледување марихуана важи истото. За таквите кои се занимаваат со производство и продажба на дрога, според мене доживотен затвор во најмала рака.
Низ историјата разните окупатори правеле принуди, ги терале луѓето насила да прават тоа што не сакаат. Владо Јовановски си одбра сам. Неговиот избор се покажа за погрешен. Гледам упорно професиите се вмешуваат во приказната. Дурловски оти бил пејач, ете Владо актер... Кривичните дела немаат врска со професиите. Имаат врска со делата. Ако го апсеа на сцена, имаа секакво право да реагираат. Театарот апсолутно никако не е инволвиран во сето ова. Професијата актер апсолутно нема никакво место во сето ова. Се мешаат баби и жаби. Ако имаше некакво апсење или прогон поради тоа што кажал на сцена (театарска, а не таа пред собрание) тогаш да...Вака не Актерот е бог на сцената, вон сцената тие моќи не дејствуваат. Пред да постапат онака како што чувствуваат или мислат, требаше да размислат - што ќе добијат со тоа. Вака ем како да ја казнија публиката, ем никако не му помогнаа на Владо. Многу избрзана и непромислена постапка. Со овој се солидаризираа:
Тaрчулoвски ли дoби aмнестијa? Oдгoвaрше ли некoј вo Хaг штo со нoж им гребеa нa грбoвите на Мaкедoнците? Oдгoвaрaше ли некoј зa мaсaкрoт вo Вејце, Кaрпaлaк и.т.н? Имa рaзликa пoмеѓу збoрoви и делa. Дoби некoј шaмaр во Центар? Не. З.З oтиде вo кaнцелaријaтa нa Груевски дa му се зaкaнувa зa снимките, нo бидејќи Груевски е чист не се уплaши oд снимките. Ајде oбјaсни ми кoј јa дoкaжa верoдoстoјнoстa нa снимките? СЈO штo срaбoти 2 гoдини? Како тоа на 27 април не се пукало во народот? Ја виде ли изјавата на З.З? З.З во едно интервју изјави како го прашале шефе да пукам ли? Пукај. И сега ти ми велиш дека не се пукало. На шарените протести беше нападнат еден човек кај Триумфалната порта- имаш снимки на нет фати погуглај ќе ги најдеш (за ова имаше и прилог на тв) Зошто не си го вратила ваучерот? Нели тоа било период на диктатура и режим или тебе ти одговараше да ги користиш бенефитите? Што не го врати ваучерот заошто си го продавала? Убаво ли ти беше кога ги трошеше тие пари? Тодоров купуваше апарати, си видела некаде сдс да купи нешто? Од нив видовме само задолжувања, а на Триумфална порта сеуште нема бројчаник. Ќе ја коментирам смртта на бебињата затоа што додека Таравари беше министер за 10 дена починаа 7 бебиња, а оваа бројка потоа порасна. Зошто за тоа молчиш? Кажи ми каде е покачена минималната плата? Почнаа ли 500 еврича плата да даваат, ја зголемија ли платата на лекарите нели 100 000 плата ќе зимеле? Па што ако провинцијалците завршиле факултет, тие не се ли луѓе? Груевски спроведи дисперзирани студии за да можат студентите да учат во нивнот град, ама знаеш што З.З и тоа го укина. Ако ти си можела да плаќаш 1000 евра партиципација не можел секој. Не треба да бидеш себична, туку треба разумно да ги сфатиш работите. Зошто да осудувам париоти кои си ја бранат државата? З.З искажал сочувство ахахахаххааха како искажал сочувство целиот насмеан од 8ца до 8ца и се слика со нив? Ќе те прашувам за шарените, а ти нема да можеш да дадеш одговор. Инаку вчера заторениците за Смилковско езеро беа пречекани со аплауз и огномет. Зошто да бидаме трпеливи. Кога го убија Нешковски, убиецот беше фатен за помалку од 24 часа, а шарените пак протестираа. Зошто не протестирате за Смилковско езеро? Нели се боревте за еднаквост? Ја знаеш изјавата на родителот на едно од убиените деца, кадешто самиот рече дека вистинските убијци се во затвор и видовме кого родителот нарече монструм. Точно знаеш на кој Поповски мислам. Моите мислења не се контрашки. Јас кажувам мој став кој никој не може да го промени, навикни се. @zuto нема други виновници за ова дело. Сигурна сум дека нема ни да има. Јака им душа на родителите на децата, како ли издржуваат? Едно од убиените деца ми беше школски и по толку години немам запознаено човек со толку чиста душа. ..........Не се сеќавам колку време плачев......ама и по толку години јас се чувствувам исто како и денот кога кажаа дека ги убија. Колку работи нас ни случија во текот на овие 5 години, а они никогаш нема да ги доживеат...... @Baby-bubu што сакаш да кажеш со ова дека имаш чиста душа и дека си чиста пред законот? Убиените деца не беа ли чисти души? Инаку точно е дека има убијците кои слободно се шетаат не е приведен убиецот на Јанушев, никој не е приведен за убиството во Чаир, а сега и затвореници се ослободуваат
@carangigia Ме прашуваш за протестите за шарените, ти одговорив. Следно, велиш, не ме интересира за нив, ти викам ок, не ме прашувај повеќе. На што следи, цитирам ,,Ќе те прашувам за шарените, а ти нема да можеш да дадеш одговор''. Можеби треба да се консултираш со вашиот лекар или фармацевт.
Извинете што ви се мешам во разговорот... Ама од каде па родителот би знаел кои се вистинските убијци и каде се наоѓаат тие? Демек бил лично присутен за време на злосторството па знае??? Размислувајте бе луѓе малце! Чисто се сомневаме во тоа. Но ајде да речеме дека ти бил... Замисли тој трагичен ден да не се нашол таму на местото на злосторот, ете да успеал да го избегне тој свиреп крај... и години подоцна по објавувањето на (како што велиш - ) „монтираните„ снимки, да станел симпатизер на шарените или дури член лево ориентирана партија, како сегашната власт. Дали и тогаш ќе го нарекуваше со такви умилни зборови? Што би му кажала денес кога би бил жив и да имаше тотално различни мислења од твоите? Еве сето она што ти го напиша како листа @GrimTheReaper да ти го напишел тој?
@daylight според приложените докази на родителите, тие што сега веќе се на слобода се убијците на децата. Тоа го кажа таткото на едно од убиените. И Заев лажел дека има бомби за Смилковско, ова го поткрепил со изјава во полициска станица дека нема такви бомби. Одтука и тврдењето на родителите дека Заев е поголем монструм од убијците бидејќи ги лажел и тргувал со судбината на семејствата за политички профит, што впрочем се гледа и денес.
А од каде имаш инфо од таква изјава на Заев? Инаку, има смисла. Да имаше докази, ќе ги објавеа на јавноста. Политиката е многу прљава работа...
@GrimTheReaper Јас те прашав зошто се организираа шарени протести? На тоа ти одговори барај низ темата да ги прочиташ точките. Мене не ми се губи време да барам или да читам програма. Очекував ти како нивен поддржувач со свои зборови во неколку реда да објасниш. Ок увидов дека немаш капацитет па затоа ти реков ќе те прашувам, а ти нема да дадеш одговор. Ајде поздрав, мило ми е што знаеш каде се наоѓа аптеката и се надевам дека во најскоро време ќе се консултираш со нив. Јас никогаш не би плукала по кажаниот збор на родителите на децата. Родителите и полицијата сигурно знаат информации кои можеби не се откриени во јавноста. Kажав дека ми беше школски, за такви осетливи теми не се лаже. Не знам која е поентата да лаже. Јас премногу добро ги проценувам луѓето и со сигурност можам да кажам дека имаше најчиста душа што некогаш сум ја запознала во животот и дека никогаш не би тргнал по тој шарен пат. Но, ете хипотетички да речеме дека станал симпатизер на шарените доколку би комуницирала со него би седнале на маса и би направиле муабет. Но, знам дека не би тргнал по тој пат, а јас за тие деца имам само умилни зборови (што би рекол ти)
@Bitter-Sweet Повели: Сега гледаш дека се пуштени само за да остане Заев на власт?! Или уште не ви е јасно??
Какви разочарувачки зборови. Срце ми се искина. На слобода се крвниците. Слават, а децана под земја. Заев бруко една, ова Дунав не ти го мие.
Никој не вели дека би требало да се плука, туку дека треба со ладна глава да се размисли и сфати: ако некој не бил присутен, не може да ги знае деталите. А според неприложените докази??? Не случајно ќе има повторно судење и истрага. Тоа е разбирливо од страна на родителите, реагираат емотивно. Но не би ме изненадило по некое време да дознаеме дека имало работи кои не ги знаеле. Можеби се користела трагедијата и за политички профит. Но не би ме изненадило дека тоа го правела и претходната власт. Во една од емисиите, или можеби беше во КОД, еден од родителите на момчињата гласно прашува (уште во време на владеењето на претходната полилтичка гарнитура, кога немаше ни техничка мешана влада) што им значеше на избеганите во Косово изјавата дека доколку косовските власти ги испорачаат назад во Македонија, ќе пропеат и ќе ја кажат целата вистина. Од тогаш никој од обвинетите кои се наоѓаа преку границата, не бил испорачан! Тоа доволно кажува дека судскиот процес или бил монтиран или пак не е воден соодветно за да се дојде до целосната слика за настанот. Многу докази не се објавуваат веднаш во јавноста. Погледнете го случајот со атентатот од 1963 година врз поранешниот претседател на САД - Кенеди. Неодамна Трамп, дури после 50 и кусур години потпиша одобрение да се обелоденат голем број докази и документи - но не сите!!! Се проценува дека времето не е зрело за тоа - можеби поради интереси на политички групи во САД, а можеби поради потенцијално реметење на политичката меѓународна клима, да речеме со Русија или ЕУ. Заев децидно кажа уште 2015 дека снимките не содржат директни докази, туку повеќе фрлаат делумно светлина врз целиот случај, и дека се со многу чувствителна содржина што попрво би предизвикала поголем меѓуетнички можеби и насилен конфликт отколку разрешување на случајот . Со цел да не дојде до уште поголема беља, било одлучено да се одложи објавувањето на неодредено време - некогаш кога климата ќе биде попогодна, побезопасна. Можеби е поради поени, но што ако е тоа за безбедноста на државата и народот сепак вистина?
Во нормална држава со нормален народ глумците знаат каде им е местото, а тоа е или во театар или пред екраните. И во нормалните држави секако има глумци кои поддржуваат политички партии ама никогаш не се осмелиле истите овие да бојкотираат некаква претстава или настан поради некоја партија, јас барем досега немам чуено. Но, бидејќи станува збор за FYROM не треба ова воопшто да ве чуди туку треба да ви стане јасно еднаш засекогаш дека во оваа држава и глувците пред кооперација припаѓаат на два политички табора и се спремни на борба за овие политички партии.
Скоро да сум сигурна дека случајот Монструм беше политички пазар. Не гледам ништо нормално во тоа убијци да се бранат од слобода. Ако се невини, зошто да се јавуваат на судот, два пати неделно?! Секој е невин додека не се докаже спротивното, тука не важи, оти кај овие е вина докажана. Има и признание. Да беа невини, немаше да бегаат. Нема никакви нови докази и фактите во моментов се такви. Овие луѓе, беа припадници на УЧК. Овие монструми легнаа деца на земја и немилосрдно ги убија. Нормално е родителите да имаат повеќе познавања од нас за случајов. Не биле таму, ама ние пак ич. Не сме ние тие што тераме правда за чедо, за да ја знаеме целата слика од близина. Не трчаме ние со адвокати и истражители, ами тие. Жално е и болно е, да слушаш вакви зборови од изгорен родител кој само сака да ја истера правдата до крај. Не верувам дека би имале срце да излажат, оти срцето им гори. Ова воопшто не треба да биде употребувано во политички врски и разврски, ами да се реши што поскоро. Навистина не е фер. Се работи за деца, млади деца кои имаа живот пред нив. Целото споменување на случајот Монструм во предизборието, беше за политички поени, за плус албански гласови.
Е истиот тој ваш херој Јохан во 2011, додека се уште беше во затвор испрати писмо до Груевски, молејќи го да покаже доблест и да ги амнестира Хашките случаи и да се затвори тоа поглавје од 2001 година. Исто така и самите пратеници на Дпмне гласаа за амнестија на терористите од 2001 и дозволија да се напикаат во институциите. Сега нека не изиграваат жртви и не кукаат што терористите се на функции, кога самите со амнестијата тогаш бараа да се стави крај на случувањата од 2001. А вие тука што се правите силни тогаш ве немаше никакви да протестирате туку си уживавте во удобните фотелји.