Да не молчевте тогаш вмровчиња кога вмро ги амнестираше терористите (хашките случаеви) и ви го постави џафери за министер за одбрана , вие мирно и сталожено си го примавте тоа , си ви беше релаксирано , си нишавте врата и си земавте плата во администрација си идевте летото во грчка , никој не се бунеше ! Но сега е друга прича , ви смета што терорист е претседател во собрание , и овие што извршија државен удар се прогласени за терористи Шта речи вмровчиња
Уште нешто да надополнам само, зграда четири години стара, потрошени на неа 40 милиони евра (првично планирани 6 милиони евра) и пак се трча по секое ќоше со кофи во истиот објект зошто тече на сите страни. Овдека говорам за новиот МНТ. И не станува збор само за оваа градба туку и за други градби од проектот „Перење пари 2014“. Срамота и бруки, се наполнија пари во овие единаесет години додека беа на власт, барем тоа што го изградија да беше квалитетно.
@carangigia Види, јас си зборувам лично за мене. За другите ич не ме тангира. Колку и да мислиш дека знаеш некој многу добро, има нешто што не го знаеш со сигурност. Може биле фини дечките (не ги знам да не грешам душа), може имале нешто што никој не го знаел. Еден да знае нешто, а да е со повеќе луѓе, ни криви ни должни сите ќе го добијат заради едниот. Ме разбираш? И Јанушев не бил нешто поарен, од дома излегол со пиштол. Јас дома немам пиштол пошто нели... Во прашање е грам што живот значи.
Ситуацијава ме натера да прокоментирам. Неоспорен факт во државава е тоа што за сопствен инерес и бенефит секој си ја брани партијата.Но не може и не треба државата да се става над судството и законите да прави што сака.И Заев ако не направи ништо за овој народ многу брзо ние народот треба да бараме да се смени. За све треба да СЕ ИМА граници. И како знаат да го најдат убиецот за Јанушев и за убиството во Чаир. Нека не си играат играчки со народов и нека не не потценуваат,КОГА ТОГАШ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНАТ НЕ СЕ ВЕЧНИ.
Најголемиот резил е со тој што не бил мермер ама личел на мермер и бил многу поефтин .Значи платен како за мермер али не е мермер (нели во бомбите така велеше грујчо ). Од 40 милиона ни половина не се потрошени за објектот
Убивството на Јанушев нема никаква поврзаност со политика ! Вмровчињата сакаат да го искористат случајов за свои цели , нели во споредба со Нешковски , само што Нешковски го усмрти дел од баграта од дпмне , бидејки се качил на бина вмровска да вее знаме , да ја слави со грујо победата , и го убија заради тоа . Правете разлика !
За Јанушев никаде не спомнав дека е политика. Нешто друго е во прашање со него. Убаво си пишав. Ако ме сфати што сакам да кажам меѓу редови.
Justicija како поранешен симпатизер на ВМРО секаде сум пишувала против тоа што го направи Грујо со хашките, а знам и еден куп луге што ја напуштија партијата. После тие хашки, ниеднаш не гласав за ВМРО. Јас финансиски сум обезбедена, не барам работа и функција од ниедна партија па не се плашам и јавно ставот да си го кажам . Од хашките наваму цела политика на ГРујо почна да паѓа. Да не заборавиме плус дека хашките случаеви ни беа наредени од странство да мора да се амнестираат , како што се амнестираше и Јохан и брат Љубе . Јас сакам искрено СДСМ 10 години да владее, да се потсети народов што значи СДСМ . Не оти Грујо сјаен беше ама пак колку толку направи. Заборавате дека до 2006 немаше ниеден театар реновиран, ниеден студентски дом реновиран, субвенции за земјоделци беа странски поим, еден куп неосигурани работници, и само партиска машинерија на СДСМ што демек нешто работи а на дело ништо. Ве читам некои го коментирате образованието. Пред да се намалат партиципациите цела источна македонија во бугарија студираше. А таму па едно квалитетно образование шо да ти кажувам. Така да кога правите споредби гледајте ги работите од двете страни. Ете ги пак СДСМ, 2 години техничка влада и пола година нивна влада, еден проект не слушнав, само покачувања покачувања казни... А да, радиодифузната да не ја заборавиме
Знаеш и ти како и некој си други ми зборите за некое Сдсм од пред 15 години , јас не го знам тоа Сдсм , бидејки тогаш сум била мала . Но на новото раководство сакав да му се даде шанса . Што се однесува до грујо Спојлер Нека се гони у три лепе пичке материни , колку само луге зацрна , да скапа во затвор копилето А реновирањето на театри еве види си и самата како реновирале ! Објект пред 4 години реновиран, 40 милиона евра потрошени и прокисна , гледаме гледаме како се "реновирало".
Е па баш заради тоа што има еден куп ко тебе што не паметат или некои што заборавиле какво е СДСМ јас сакам сега тие 10 години да владеат . Како е реновирано нека си одговара фирмата што реновирала нека си плати поени, и тој од државата што бил што го дал тендерот. А секако е подобро од стариот театар што беше.. Има слики кај Тони Михајловски ама не отварајте ке ви се згади.
Се е наместено. Ќе бараат ослободување на терористите кои има учевство во Куманово 2015, а за возврат ќе бидат ослободени овие од 27 ми. Страшно е тоа како ни функционира државата. Очекувајте повторна амнестија и на едните и на другите. Владеење на правото. Мислев дека дојде животот. Да имаше Груевски доблест, да даде оставка порано, со што не би бил воопшто замешан во преговорите и договорите за името. Партијата, или ќе ја биде или ич нема да ја биде, со наредниот претседател. Ако Груевски потпише, за мене ќе биде исто што е и Заев. Груевски требаше цврсто да застане позади народот. Немаше храброст, ниту беше решителен, кога од него тоа се бараше. Или да беше само малку порадикален, немаше на крајот да заврши и самиот како слуга на западот или пак да се доведе до ситуација да прави пазар за неговта слобода. Ова второво, речиси сум сигурна дека ќе се случи. Така, само го испровоцираа народот, а секој од нив си ги гледа само своите интереси. Народот по улици, како не им здосади од протести не знам. Како симпатизер на ВМРО, тотално сум разочарана од партијата. П.С. Интересен е фактот да се гледа Груевски од другата страна на оградата, очи во очи со полицијата, која до скоро му беше потчинета. Ме потсетува на Б.Ц и времето на неговите протести.
Само фали уште Заев да проба да ги ослободи терористите од Насеље е тек тогаш ке се дознае дека стварно го наместиле само за на власт да дојде и да рачунаме дека ке биде за нас КРАХ за судтвото и од нас ДРЖАВА никад нема да биде, или народов одма да го смениме подхитно друго чаре немаме.
Сте пишувале за Смилковско. Смилковско езеро е настан кој го премолчуваат и актуелнава и поранешната власт. Имаат тие разговори и за тоа, ама не ги објавуваат од страв да не се отвори нов етнички конфликт. Случајот е мистерија, затоа што цело време кружат различни верзии и никој нема поим која е точна. Се е сведено на шпекулација. На кајгана има некои теории. Мистеријава се продлабочува, откако го забранија филмот на Теона и Лабина Митевски, да се прикажува во киносалите. Освен премиерата, се разбира, каде имало и силни притисоци. Со месеци го барам на нет, го нема ни таму. Цензурата во уметноста е најлошото нешто. Нешто е многу сумљиво во случајов.
Од последниот пат кога читав и видов нешто поразлично напишано од досегашното, па се досега, бројот на страни за истата тема се накачил на 1289. Се обидов да го најдам коментарот, ама премногу се измешани и многубројни членовите кои коментираат. https://forum.kajgana.com/threads/Масакрот-кај-Смиљковско-езеро-Осудените-пуштени-да-се-бранат-од-слобода.59808/page-1289 Еве ти линк од темата, барај ако не те мрзи. Јас се откажав.
Се распаднаа градбите од проектот Скопје 2014 Се стопија од дождов. Ете ви го на дело криминалот на пастирот. Од перењето пари од проектов, сигурно си обезбедиле богатство за до 10то колено. Овој криминал треба по учебнци да е пишан, а младите да видат какви овци живееле овој период. Одете сега протестирајте и поддржувајте го пастирот.
МПЦ требаше одамна да направи нешто корисно за рајата, не само да се товат како свињи пред клање, а тоа ќе беше враќање на црквата кон Матицата, кон мајката, кон центарот, онаму каде што воделе сите патишта, кон РИМ Имало такви случаи со романска црква мислам, православни - но под папска заштита. А таа заштита е сеуште значајна и политички влијателна Додворување на срби, бугари, руси и остала источна безначајна боранија е само копање на ново дно.
Пушти ја песнава во позадина и гледај слики од распаднатите градби од барокот на Н.Г....600 милиони евра се потрошени на ова... фридооом фридооом