Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Што е убав пејсажов со барокните шишиња во позадина.
    Што се однесува до градбите, Бранко е крив.
     
    На galapce, JollyGirl, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Прокиснале крововите а? Ццц, и сега чаре?
    Јас мислам се ова да земе да се изруши, и театри, и музеи и филхармонии, се по ред! И онака не ни се потребни, за кого бре култура, за кого? Све чистка да се направи покрај Вардар, бришан простор да биде, и после може да речеме, да се насади еден убав, накинџурен „МЕГА Циган Пазар“. Нешто како мол на отворено. Ама без кровови, за кога ќе врне, да нема што да прокисне, па цела вода сосе непродадени фрижидери, коли, акумулатори да си се излие во Вардар. Чиста работа. А кога ќе ви дојдат гости од надвор, тука да ги пратите да се сликаат и да си купат сувенири.

    Во меѓувреме, владата ги укина Новогодишниот и Божиќниот концерт. Причината е „нема потреба да се малтретира публиката и вработените“ со вакви настани :drunk:. На кој му се гледаат концерти, нека си пушти ТВ на 01.01. директно од Виена. Па исто е како да си таму. А певците, глумците, оркестрите да се качат на галии и да се пуштат да ги однесе Вардар. А ако многу извољеваат, и во затвор ништо нема да им фали.

    Е сега културно-забавен живот?! Па што знам, еве доволно ќе биде да се собереме на плоштад на новогодишен панаѓур. На местото на „Воинот“ (и тој ќе прокисне кај и да е) ќе запалиме еден гламурозен индијански оган, ќе вртиме околу него, па кебапи, сарми, ракии, Цеци - меци, свири Рајко - играј Трајко... Преубо! Догодина пак! (poolparty)
     
    На ADOKI, Rama, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да бе, ги укина... А да не им го врати само стариот датум случајно?
     
    На galapce, Justicija и daylight им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Ви реков ли? Остана ли уште некоја непуштена багра од затвор, или сите места ги чуваат за „терористи“?
    http://makfax.com.mk/daily-news/осуденик-во-бегство-и-разбојник-од-срб/
     
    На ADOKI, Rama, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Читав доста коментари поназад и ние дефинитивно нема да излеземе од фазата „важно изградија овие нешто“ па истите овие ликови се спремни и да замижат на некакви пропусти зошто било изградено нешто. Јас еве утре ќе зацементирам една цигла спроти судот и исто така со чекан ќе го исправам носот на Цар Душан Велики, може? Ќе ме изберете ли тогаш за градоначалник на градов? Ако да, одма давам отказ од работа и се кандидирам за градоначалник на Скопје. Прво и основно, тие пари што се потрошени се мои пари, парите припаѓаат на сите нас, на целиот народ и јас што се однесува до мене кога станува збор за мои пари дадени од мој платен данок очекувам квалитет, а не евтина имитација. И имам право да барам квалитетни градби и нема да се задоволам со тоа „важно изградија нешто“. Второ, не само пенали да плаќаат градежните фирми туку и одговорните лица кои ги ангажирале тие градежни фирми. Каде биле истите овие лица да пратат на терен инспекции за да вршат контроли? Или пак не пратиле зошто така им одговарало? Јас типувам на второво, а тоа е дека не им одговарало а зошто е тоа така, допрва ќе дознаеме, и сакам сè да се расветли од корен да се почне, да се дознае кај кого завршиле парите и зошто ние имаме евтини имитации а не квалитетни градби.
     
    На galapce, JollyGirl, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  6. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Пред да се намалат партиципациите беше помал бројот на студенти во Бугарија сега е двојно повеќе. Партиципацијата во Бугарија е поголема да, ама таа диплома е европски признаена и вреди! Студираат во Бугарија затоа што таму секој македонец зема стипендија од 75 евра месечно цела година, со единствен услов да ги има земано сите испити и имаат повеќе можности да се вработат додека учат, има европски практики што се плаќаат, не се чудат како студентите во Скопје дали утре ќе има што да јадат. Секој студент што работи и учи, посетата на лекции му е намалена со закон на 50 проценти. Има живот во Бугарија затоа учат таму, а не заради партиципацијата. Си учела во Бугарија па го коментираш образованието како лошо? Јас како бивши студент можам да кажам дека нивното образование е многу подобро од нашето!
    Инаку кога веќе сум на темата дали некој има информации или да ми прати линк за судените за Македонија. Прадедо ми е неправедно осуден дека е бугарски шпион и обесен заради тоа, па ме интересира дали ќе го пронајдам некаде неговото име и презиме или се е прикриено.
     
    На ADOKI, Mishela, CrazyGirl15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Ај постирај ги мерките што ќе се превземат против загадувањето на воздухот. Одамна помина 15ти, а ти имаше пишано дека тогаш ќе ги кажат мерките против загадувањето, или единствената мерка ќе биде покачување на цените на паркингот? :?:
     
    На Rama, Lianna Anna и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    38.203
    Пол:
    Женски
    Од блиски извори имам информации дека и овие (исто како нивните претходници) уценуваат вработени во приватни фирми блиски до власта во врска со нивната партиска определеност и го ограничуваат нивното право на изразување. Дно! Не верувам дека во блиска иднина пак ќе ги гласам.
    Жално е што опозицијава ни е уште поголемо дно. Ако го изберат Илета за претседател, како што се шушка, или остане Гвујчо, и нив нема никогаш да ги гласам.
    И? Што ни останува како опција? Левица :?: И тие ми се :^)
     
    На joy1, YoungandBeautiful, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.449
    Јас повеќе сум разочарана од луѓето во партијата, од нивната алчност и желби за позиции и гребање. Гледам искрени и правдени луѓе кои навистина сакаат промени и почнаа да работат на тој начин, ама за жал постојат такви ликови кои ова не им одговара па место тоа гледаме вмровски работи. И така, и она малку образована, интелектуална и кадарна група на луѓе ќе се разочара и ќе си оде.
    Или бг пасош или и така ќе има промена на име и влез во ЕУ.
    Од таквите за жал си патиме. Ненаситни.
     
    На Lejla8, LollySky, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Нема веќе опции. Кај нас партииите финансиски стојат подобро од државата. Жал ми е да признаам ама ВМРО ДПМНЕ е една од најбогатите партии. Интересен феномен на деструктивност минува државава. Какви промени и да се случат, сите ќе водат до подем на индивидуално ниво и во корист на партиите. Државата пак ќе тоне. Единствено може да добијат соседите.

    Не сакам да звучам негативно, ама чинам изгубена е секаква шанса за демократски напредок. Политичката немоќ на Груевски е се повеќе на виделина. Заев ја одработува терминалната фаза. Пак не е до нив, ами до нас е.
     
    На Rama, Lejla8, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Токму така, Богданович најави зголемување на паркингот во Центар.

    А главната мерка против загадувањето: Заев ќе давал субвенции за купување рикши. Првите сто ќе добијат гратис впрегнат Кинез. ;)
     
    На Rama, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Не е дека нема трета политичка опција, туку никој не ја гласа. Левица да добиеа барем три пратеници, сигурна сум дека ќе се бореа за правда. Ако ништо друго, барем ќе ги кажуваа работите онакви какви што се.

    Туку, што е со секси скандалот во влада од пред две недели? Пред малку го читав Божиновски.
    Некое инфо, нешто?! :D
     
    На Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Надреалистични очекувања Аква. Кога партијата доаѓа на власт, престанува да го претставува народот, него себе и сопствените интереси како и претензии да управува со народот и државата по своја волја и во корист на сопствено богатење. Таква е човечката природа. Себична. Забораваат кој ги изгласал и зошто се таму каде што се. Очигледно дека држава и демократија не оди заедно. Второво може да го замениме со потчинетост. Наместо власта нам, ние ним.
     
    На Rama, ADOKI, +++ и 5 други им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    А чувте ли за магијата во ДИК? Успеале да си ги клонираат платите. За една година место 12, земале по 21 плата. А месечна плата им е по 1.100 евра, што значи дека за една година заработиле колку за едно гарсоњерче. Годишно, овие магионичари не чинат околу 216.000 евра буџетски пари. Секако, одлуката за вакви клонирања ја донеле зад затворени врати, што има јавноста да знае за тоа, зошто беспотребно да ни го качуваат притисокот?
    А што е најсмешно, дочекаа за ова да ги прекори Бејли. Надреализам бе.
     
    На YoungandBeautiful, galapce, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Никој не вика да се урнат градбите, не мора да пишувате глупости... И онака сами си се урнаа и се растопија на дождот без човечки допир.

    Кога веќе решил да прави, тогаш требало да користи материјал соодветен на парите што кажа дека ги потрошил... А не на изглед да се убави, а внатре со влага и мувла.

    Може вработените да се повредат или на некој ќе му падне парче ѕид по глава и ќе го убие на место.
    На што личи тоа?
    Битно за пофалба е дека правел нешто, не е битно што од тафетпапир се направени (facepalm)

    Ако се будали гости од други држави нека дојдат во дупката Македонија и нека шетаат.... Во рушевини, ѓубре и споменици (facepalm) последен избор за туристи е земјава.

    И да сака новава влада не може да се справи со сите глупости, ѓубриња и криминали што ги направи пастирот.

    Ама и јас да бев на место на Николче, со ваков народ дупло повеќе ќе градев споменици и згради, и дупло повеќе ќе перев пари, а платите ќе беа по 100 евра... Зашто само така заслужувате.
     
    На galapce, Gosh, boomsleng и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, повеќе очекував juicy details за вториот дел од коментарот. :D
    Се изнасмеав кога го прочитав постот.
    Ама најверојатно, нема да го знаеме ни рангот на bdsm функционерот. ;(
     
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Поголема е веројатноста да те утепа на сред бел ден криминалец пуштен на викенд отсуство.
    Е гледаш па за чудо доаѓаат будалите!? Посебно после „Скопје 2014“. Да ги враќаме назад ако не?!
    Еве ти го Заев: тродупло повеќе не задолжи, потрошија околу 340 милиони девизни резерви, со платите ќе може да си го избришеме носот, инфлацијата ни чука на врата,ништо не створи само укинува, никаква инвестиција досега, давачките ни ги зголемува, со скалестиот данок те тера или да намалуваш плати или да ги плаќаш на „црно“ вработените, политички реваншизам плус купишта партиски вработувања. ..За националните интереси да не правам муабет.
    Ама битно народ дочека промени, и тоа треба да се почитува.
     
    На Rama, ADOKI, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Да, ете редови чекаат од туристи да ги гледаат градбите и спомениците...Да живее проектот Скопје 2014...Да живее царот грујо како му текна да пере пари :rofl:

    И ние издаваме соби за туристи, ако имаш некој прати го кај мене 8)

    Ќе ги шетам низ град да го видат барокот...Да се потсетиме на сликата поназад.
    Ќе им дадеме опрема да не загинат по пат и нека шетаат.

    [​IMG]

    Може ќе го фати жал некој турист, па ќе донира некој денар :rofl:

    Јас не го спомнав Заев, туку реков ЈАС да бев...Сега ќе земавте плата 100 евра, оро ќе игравте, на уши ќе ве вадев да протестирате и пак ќе ме браневте 8)
    Ќе го следев примерот на пастирот, зашто очигледно уживате во ова...Тоа е умешност...Да ги тииит во здрав мозок и пак да те сакаат :clap::clap::clap::clap:
     
    На galapce и Gosh им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.277
    Ти зборува за правда, а бега од Поткуп ко ѓавол од лук.
     
    На Rama, ADOKI, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  20. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    З.З сакал да се укине предметот историја во основните и средни училишта :| Не требало децата да учат за минатото, само за иднината :| Па каква е таа иднина ако не се знае минатото и нашето потекло. Наместо предметот историја нека се воведе предмет дебилизам или предмет вегетирање :?:

    http://republika.mk/854923
     
    На zuto и ADOKI им се допаѓа ова.