Џиа, ова е лажна вест. Истава е на двоглед. Они се служат со иронија и сарказам и малку посатирично ги пренесуваат работите.
Планирал да го намали бројот на предмети во училиштата. Можеби тоа ќе се однесува на предметот историја. Но, се разбира дека ќе има јавна дебата за ова и онака имаше дебати за сите случувањата во државата
А јас на Фчерашни пред некоја недела слушнав дека апсат како опасни криминалци луѓе за греење на дрва и правење ајвар, како превенција од аерозагадувањето... До каде ќе иде лудилото на хунтата на Заев? Do koga vaka?!?!?!!1 И во Република знаеле за хумор и сарказам еј... Ама верните читатели ни тој не им го разбираат Ах бе Каранџи, Каранџи... душичка...
Златна знам дека ти си ми најголема обожавателка Денот ми е исполнет само кога ќе слушнам дека ме споменуваш по форумот, до душа не сте престанале да ме оговарате и на чет гревчиња
Не се знае кои предмети и дали воопшто ќе се укинат, ама можеби е историја Логика левел она кога остануваш без кометар На нероден Петко капа му кројат...Ако падне теслата може ќе го удри нероденото бебе додека спие под неа.
Овие од ДИК се срцки. Ќе расправале дали да ги вратат парите. Као предмет на расправа е? Сега Љупка да искочи ко претставителна да се искаже, да се потресе малце, мислејќи дека е Кристина Хендрикс...
Aко им текне на пратениците да си изгласаат 4000 евроси плата и си донесат закон за тоа, тие легално ќе си земаат 4000 евра. Исто како што легално им беше на ДИКовите да си поделат 4 плати плус. Или како што директорот леташе во Аргентина во бизнис класа за 4000 евра и како што Силванева Бонева легално си ги пресметува патните трошоци. Сето тоа е легално, ама е неморално! Во земја каде третина население е невработено, живее под прагот на сиромаштија и едвај стига до еден пристоен оброк дневно, да си дозволиш без усул да грабаш државни пари е толку неморално што едноставно не може да биде легално. А не е ирационална, туку идиотска можноста некој сам да си доделува државна плата. Единствениот што има ексклузивна можност сам да си додели плата е сопственик на приватна фирма кој истовремено и е управител на истата. Легалноста на нештата се раѓа од моралот, а законите се правно врамување на моралните вредности во општествата. Не може нешто што е страшно неморално, истовремено да биде сосем легално. Патологијата на општеството произлегува од занемарувањето на моралната одговорност. Дали досега некој морално одговарал? Никој. Затоа и сето ова се повторува. И ќе се повторува. И секогаш тој што го прави ќе наоѓа изговори во легалитет, легитимитет, интегритет, анимозитет, реваншизам... Чувството на вина(совеста) произлегува од моралната конструкција на духот. Моралноста зависи од образованоста и воспитанието на духот и таа е онаа што (не) му дозволува на личноста да прави вакви дела и да (не) се кае за нив. Ако не го казните духот, тој нема да знае дека забегал. И делото ќе го повтори. Затоа и клиентелизмот, опортунизмот, полтронството, кариеризмот и сите други мизерни човечки карактеристики преовладуваат над чесноста, честитоста, емпатијата, солидарноста. Бидејќи никој морално не одговара. А кога духот е болен, само морален суд може да го рехабилитира
Незнам дали е вистина или само мене така ми се чини, симпатизерите на Сдсм почнаа да црвенеат и глава да веднат..а не се ни грлати толку...што ли е работата, а
Така е бабо Заради тоа што ние не кимаме само со главите и Да шефе Да! - Ова кај нас го нема !! Ке реагираме на секоја ситна неправдина , ке му дишеме на врат на секој !!! И ке бараме измени !
Сега на вести чув дека пријавувањето на данок во управата за приходи не се укина, наводно уште за оваа година ке треба да пријавиме до 15 март 2018 а потоа ќе ја укинеле оваа пракса... Абе што плукнаа тоа излижаа..
Тоа сончогледот Лукаревска ти е крива за тоа , буни се кај неа ,поранешна вмровка е па можеби ке те прими за разговор
Па позитивна разлика во споредба со Вмро - офците, нели... Него, што треба да му се стори на овој клет народ, за да се освести и да мрдне со прст за себе си? Ај не за себе, него за децата барем? Али ако, и Грујо, и Бранко и Заев, и Али, и Хитлер е малце за нас. И онака сме само обични го*на, и треба да не пуштат низ река. Фмп.
Ке се бунам за покачување на цената на водата, ке штрајкуваме за платите во здравството, за застојот во работата...ехее...допрва ќе урламе и коси ке кубеме... Замусли, ова нигде никаде го нема во свет...Немам министер за здравство сеуште....хахаха
Прашањето е: кога сме имале ние всушност министер за здравство? Па Тодоров не ни беше квалификуван за таа позиција. Тој го користеа само колку да пополни место ништо повеќе. На него не би му дозволил ни јавни тоалети да чисти.
Прашањето ти е грешка...завршивме со минатото, да беа арни претходниве не ќе ги симневме...Прашањето е што полошо донесовме, за какви лажови и продадени души се насанкавме дебело и без шанси за поправен.. Кобни грешки направивме....
Зошто грешка, па ти си таа која споменува дека сега во моментов немаме министер за здравство. Да не сакаш да кажеш дека Тодоров беше прав министер за здравство? Кој друг министер за здравство го имавме ние претходно? Колку што знам единаесет години беа ВМРО на власт. Прашањето е кога имавме ние всушност министер за здравство во последно време? Ние воопшто немавме министер за здравство. А и сега немаме.