Лошо ги толкуваш членовиве. А и да не ги толкуваш лошо, пак не се косат со ни едно човеково право. Од друга страна, според тебе, со конвенцијава им е дозволено само на жени да се декларираат како мажи. Не гледаш еден куп небулози во ова твое тврдење? Конвенцијата се залага за утврдување на МИНИМАЛНИ мерки за заштита на жените. Јас познавам многу жени кои се или биле жртви на семејно насилство. Не познавам ни една транс жена. Негираш дека ваквиве жени заслужуваат заштита од државата?
Ноуп, не ги толкувам лошо. Дебатата се води во многу држави. Не сме ние први. Во тек сум. Дадов само пример како жена може да си се пише како маж и да ги тужи сите што не ја ословуваат и третираат како маж. Секако дека важи и обратното, с и сосема трети и четврти случаи, бидејќи согласно оваа конвенција родот е толку флуидна категорија што дозволува или ќе дозволува многу "родови идентитети". Не, таман си е 98% од конвенцијата. Само како што кажав не би смеело да влезе во собраниска процедура без консултација со експертската и пошироката македонска јавност. Од таа причина јавноста треба да биде запознаена со нејзината содржина и значење,како и започнување на јавна дебата преку која ќе се искристализираат придобивките и адекватноста од потпишувањето на Истанбулската Конвенцијата.
@EvAngelos сметаш дека придобивките се понезначајни од "дупките" кои ги има оваа конвенција? Јас на пример не го сметам тоа за пропуст затоа што сум пацифист и не подржувам насилство кон никого. Конвенцијата заштитува и мажи и жени и ЛГБТ, ама еве, мене ми е драго што ги заштитува сите, не сметам дека ни треба конвенција според која мажите и жените ќе ги заштитуваме, а ЛГТБИ ќе ги палиме на клада.
Не бе срцка, не сум против конвенцијата. Ама па и не мора да ја прифатиме во целост. Како што кажав, 98% си е ок. И јас сум пацифист, ама не сакам да ме тужи некој зашто жената ја нарекувам жена или мажот маж.
Не сме на срцка Друго, претпоставување на нечиј пол не е нелегално. Ако мислиш дека некој може да те тужи за тоа, пробај ти тужи некого затоа што те нарекол како машко, па да видиме колку ќе ти успее. Мислам доволно беше, нема поента да ја вртиме дискусијата во круг цело време.
Ни мене не ми треба таква конвенција. И недолично е од тебе што во трите последни коментари упорно се правиш дека не ме разбираш со цел да ме свртиш мене против ЛГБТИ, демек јас не сакам да бидат тие заштитени и демек сакам да ги горам на клада. Ниско.
Мене ни најмалку не ми се ни дискутабилни ни контроверзни. Напротив, конвенцијата е прилично јасна и нема простор за ништо друго освен пофалба како барем мал чекор напред во борбата против нешто конкретно, семејното насилство. Јас памтам уште во основно кога, се разбира, далеку бевме од тоа да знаеме нешто и да имаме став за трансџендери (па и не беше тоа нешто толку „кул“ и некаква „загрозувачка појава“ за кого било), во склоп на обична граматика по македонски јазик учевме различна дефиниција за пол и род. А ова е правен официјален документ со строго стручен речник, во кој мора да биде сè опфатено, па и политички коректно. Не знам еве, ги прочитав „најконтроверзниве“ членови неколку пати, пробувам да уклучам и имагинација и да ги читам спротивно од моето гледиште, и пак не успеав да најдам тоа што го наоѓаш ти во конкретно цитираното. Единствено ако воопшто се помисли на транс жени, може само да се заклучи дека конвенцијата е и против насилството кон нив - во што нема ништо контроверзно, се разбира. И да, не за џабе деновиве почнаа да те критикуваат и објективни членови, не само поради дискриминација оние коишто навистина ги растураш со аргументи. Тоа треба да ти укаже дека стварно треба да оладиш малку, најдобронамерно ова. Поздрав
Македонија, како и секоја друга држава, треба да има обврски и цели да ги заштити граѓаните, нивните слободи и права, без разлика на тоа каде истиве припаѓаат. Сакам да кажам, Конвенцијата е на место. Македонија има потпишано преку мал милион договори кои вклучуваат заштитнички стратегии и принципи на луѓето независно од нивната сексуална ориентација, а истите во склоп на меѓународното право. Следствено, ништо ново со Конвенцијата, освен што се надевам дека ќе се крене свеста во однос на ова прашање. Иначе, одамна имаме потпишано дека ќе се дефинира стратегија против дискриманација по секаков основ, дури и по сексуална ориентација. Нема спорни членови. Мислам дека имаме доволно способност истиве да ги протолкуваме. Па дури и да има посебна Конвенција за ЛГБТИ заедницата, нема ништо лошо во тоа. Сите тие се луѓе и треба да бидат заштитени.
Секој кој не се разбира во проблематикава би го кажал истото, зашто навистина изгледа како конвенцијата да е само за заштита на жената. Да не беше контраверзна немаше во некои држави како Украина и демонстрации да има по ова прашање и да биде одложувана ратификацијата. Скраја да е дека некој би протестирал против заштита на жената. Ако не беше вметната и родовата теорија во конвенцијата, немаше да се чека СДСМ да дојде на власт за да се поднесе барање за ратификација Не треба да уклучуваш имагинација, туку треба да читаш и да читаш и да ја пратиш ситуацијата во светот и какви се "чекот по чекор" суптилни механизми користи лобито на ЛГБТИ со цел да ги промени законите во државите не со цел да добијат рамноправност (бидејќи таа ја имаат речиси секаде, освен исламскиве земји), туку за да бидат казнувани сите што не се согласуваат со нивните гледишта. Еве имаш и тековен судски процес кој го прати цела Америка, судскиот процес на слаткарот кој одбил да направи специјален геј дизајн за геј пар. Тортата ја немало ни на менито. Замисли на него му се суди зошто не сакал да направи геј дизајн на торта во неговата лична и во целосна сопственост слаткарница. Ова не се случило преку ноќ, туку преку систематско менување на законите. И бидејќи не сме први, јасно можеме да видиме во која насока се движиме набљудувајќи ги државите кои поминале низ она што моментално поминуваме ние. Еве ти вест од вчера: http://dailysignal.com/2017/12/06/supreme-court-justices-grill-aclu-colorado-christian-bakers-case/
Нека има таква конвенција. И јас сум за нивна заштита. Но заштита не значи своите гледишта агресивно да ги наметнуваш на други. Заштита не значи да ги принудуваш другите да те ословуваат и третираат како марсовец само затоа што ти се чувствуваш така а твојата ДНК е 100% човечка Ќе има ли конвенција за заштита на луѓето кои веруваат во брак и семејство? Што е со нивните права? Имаат ли тие право да не се менува дефиницијата на нивната законска заедница "брак"? Зарем хомосексуалците не можат да смислат посебен, покреативен и помодерен збор за нивната заедница па мораат да го користат истиот збор и за таа цел и да го менуваат законот?
Напротив, според мене конвенцијата им изгледа како таква ко шо ти објаснуваш само на луѓе кои сакаат насекаде да видат закана од страна на ЛГБТИ заедницата за некакво дистописко и бизарно преобратување на општеството во нивна корист и со привилегии, а не еднаквост. Еве за Украина што најдов: Спојлер Ratification was postponed, in particular, because of the words “gender” and “sexual orientation” in the text of the document. According to some of the MPs they ruin “Ukrainian identity” and “basics of Christianity”. ............. At the parliamentary sitting the MPs decided to include representatives of the All-Ukrainian Church Council (inter-confession union that includes representatives of the Christian, namely Orthodox, Greek-Catholic and Catholic churches, as well as Judaic and Islamic religious communities). ............. In the opinion of the Church Council the Istanbul Convention and the notions of “gender”, “gender identity” and “sexual orientation” in particular may become a tool to promote new “gender roles” and same-sex relationships in Ukraine. Значи, long story short, самите поими род, родов идентитет и сексуална ориентација им боделе очи на религиозни организации што се чепкаат во државните работи. Well, great... Фала за инфо Ми искачале и мене на фб од buzzfeed, boredpanda и разни сајтови вакви чуднички случаи. Не гледам никаква врска да има тоа со конвенцијата, туку е офтопик. Чинам пред неколку месеци имаше тука слична дискусија за закон/промена на учебници со цел да не се почувствуваат дискриминирано децата од еднородителски семејства, па и во тоа се виде ЛГБТИ пропаганда. Шта речи... Конзервативни филмови.
Од мобилен сум затоа кратко ќе ти одговорам само на ова. Ваква изјава можеше да напишеш во 1960 и тоа ќе ти поминеше со "хммм можеби". Ама денес кога имаме еден куп држави и цели континенти за примери како ЛГБТИ делувале во наметнувањето на нивната родова теорија, смешно е да се негира тоа што го пишувам. А тоа што верските заедници реагирале, па нормално, кој сакаш да реагираат за вакви прашања? Асоцијацијата на атеистите? Казината? Шаховскиот клуб? Веро маркетите?
Едно време пишував за ова. Ќе се самоцитирам, пошо сеа не мислам ништо поразлично од тогаш. Сега барем има институционална рамка. Не сметам дека е агресивно наметнато. Точно е дека СДС се чекаше на власт да дојде, не само за ова, ами и за многу други работи. Зоната на самракот е друга и допрва доаѓа, ама тоа не е ЛГБТИ заедницата. Иначе, семејно право регулирано со закон, секако дека има. Не знам каква конвенција бараш за тоа.
Ќе си речеш ништо нема врска, но се е тоа дел од креирањето на новиот светски поредок. ---- Извор: https://off.net.mk/bookbox/zoshto-kazahstan-preminuva-na-latinica ---- ЗОШТО КАЗАХСТАН ПРЕМИНУВА НА ЛАТИНИЦА? Во октомври оваа година казахстанскиот претседател Нурсултан Нарзабајев со указот број 569 донесе одлука до 2018 во училиштата да се воведе проширена верзија на латиницата, а целосна транзиција на целата земја кон абецедата да се изврши до 2025. Кириличното писмо кое во моментов се користи од страна на Казаците има 42 симболи (33 произлезени од руската азбука и девет дополнителни казачки гласови). Со оглед на тоа што латиницата содржи само 26 букви, при преминот кон латиница ќе мора да се додадат дополнителни симболи, на пример апострофи кои ќе го прошират бројот на букви на 32. Така, официјалното име на земјата Қазақстан Республикасы ќе се пишува Qazaqstan Respy’blikasy. Ваквиот потег се толкува како обид за политичко и културолошко дистанцирање од Русија. Поранешната советска република, богата со нафта, со 18 милиони жители, има блиски врски со Москва, главниот трговски партнер, но стравува од руските амбиции за наметнување на влијание во регионот. Казачкиот, кој спаѓа во турската група јазици, до 1920 се пишувал со арапско писмо, пред СССР на кратко да ја воведе латиницата. Третата промена се случила во 1940, со премин на кирилица, базирана на онаа руската. Но горното политички обоено толкување сепак е само едно од поголем број причини за сегашното вртење кон абецедата. Втора е модерната технологија - казачката кирилична азбука со своите 42 знака е прекомплицирана за употреба на дигитални уреди. За илустрација, стандардната казачка тастатура за пишување букви ги користи и речиси сите типки со бројки. Иако казачкиот е државен јазик од моментот кога Казахстан стана независен во 1991, според пописот од 2009 само 62% од населението се изјаснило дека течно зборува и пишува казачки. Рускиот е пораширен - 85% од луѓето велат дека одлично го познаваат, а рускиот е и втор официјален јазик во Казахстан. Неколку други јазици од поранешниот СССР кои спаѓаат во турската група, како азербејџански и узбечки, исто така имаат преминато на латиница. ----
Лажни ветувања,менување на историја, намалување на буџет за образование, не градење на нов студентски дом и многу други работи кои Сдс ги ускрати за образование на младите студенти,средношколци и т.н. Каде се сега пленумите на студенти , средношколци, насравници да кажат нешто по тој основ...! https://www.facebook.com/tvnovamk/posts/373969429712402