Посилниот победува, новото го гази старото, животот е борба, природна работа. Согледувањето на формата, не значи дереференцирање од системот. (ова последново со два извичници од лево и десно)
Имаше на 24 Вести - Бонева Силванева примила 24.000 евричи за плата, 12.000 евричи за п.трошкови и 12.000 евричи бонус. Бравос бре Сики, најуспешна си. Плус два стана у Ск и така пуста сиромштија ко ќе фати, фатено е.... Ми се гади од оваа последна мизерија на ДИК Крадење без осет и чуство за срам.
Да имам некоја моќ, на сите овие би им дала минимална плата барем 2-3 месеци. Да видат како се живее со толку пари. Гнаси некои.
Добро дали мислиш дека дамо бонева земала тоа ми беше прашањето иако јас не се согласувам со давање на патни трошкови на пратеници и било кој друг функционер.Ако веќе се плаќа нешто нека им даваат еден стан во Скопје и нека им плаќа државата ќирија еве да речеме дека таа ќе биде околу 200 - 300 -400 -500€ месечно зависни до локација и квадратура,значи пак ќе биде многу помалку во однос на оние примања кои ги имаат пратеници и диковци и директори на ЈП. А што се однесува до Бонева очигледно некому многу му смета и кога беше пратеник во собрание само за нејзините патни трошоци се збореше као само она да земала а другите не.А сега како што слушам и пратениците од власта и они земаат големи надоместоци за патни трошкови ама си ќутат убаво им е....
Сите тие веќе си имаат купено најмалку по еден стан во Скопје. И ќе купуваат уште, се дури има глуп народ кој ги брани наместо да им покаже каде им е местото.
А што е сега работа со ова оти Филип ќе се кандидира за претседател на ВМРО? Има ли некој повеќе инфо? За Филип колку што имам читано, не е чист пред закон. Не знам дали се дезинформации. И не знам колку би имал капацитет да ја оправи партијата.
Тој само е кандидат и ништо повеќе, а за тоа дали има проблеми со законот хаха? И да нема ќе ми измислат уживај ти за тоа... А дали има капацитет мислам дека не е од тој калибар нема доволно харизма. Поповски и Ѓорчев мислам дека се мои фаворити па ќе видиме...
Ова со "ДИКовциве" е само доказ дека не можеме и не смееме да функционираме без САД. На овие би им стасил некој уред на облека се шо ќе кажат да се снима да не можат да украдат. И уште еден доказ дека кога ќе дојде ред за пари да дрпаат сите се согласни и дека муабетот името/предавниците на прагот на третата деценија од 21 век може да поминува само кај чипиррани идиоти кај нас. Баш оние шо треба да се елитата, правници, искусни, доктори на науки гледаат само да дрпаат. И како ти очекуваш некој рандом човек да се понаша различно кога 95% лекари, професори на факултет се под влијание на партии?
Централниот комитет гласаше против Конгрес и нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ http://a1on.mk/archives/829840 Баш (не) ме изненадија.
Штета што ја пропуштија шансата. Мислам дека оваа одлука и останувањето на Груевски на чело (или негов пион, сеедно) ќе предизвика незадоволство кај голем дел од членството и евентуално тоа ќе доведе до распад. Фали демократија во партијата.
Да. Ќе има незадоволство. Ако Груевски воопшто се повлече, тоа ќе биде само за да не потпишува капитулација, ами тоа да го остави на друг. И за да се пазари со слободата, секако. Наследникот, најверојатно ќе му биде под контрола. Па после може и ќе го воскреснат. Партијата така, тешко дека ќе биде она што некогаш беше. Или подобра.
Еве сега на вести гледам дека е прифатена оставката на Груевски и е закажан вондреден конгрес на 22 или 23 Декември во Валандово... Значи пласирате неточни информации како и по обичај... А особено @LollySky