Искрено не се разбирам многу околу полициските работи и не сум во тек со муабетот. Прочитав дека конкурс спомнавте, а знам повеќе дечки што аплицираа, и дека имаше конкурс затоа пишав. Дел се повикани на обука. Пред да потпишат договор ќе имаат 1 година обука во Идризово... така нешто мислам беше. Јас вака знам, што не мора да значи дека е точно. Она што со сигурност го знам е дека самиот министер ја убрзал работата со конкурсот као, му требале “негови” деца во полиција. Нели, кај нас.. такви срања се нормална ствар. За отпуштени не сум слушнала. Не верувам дека можат да отпуштат некој со договор.. додуша све е можно. И чудно ми е некој да работи во полиција без договор.. пак ќе кажам.. ние и се е можно.
Критериумите ги знам, јасно ми е како оди процесот на селекција. Имам и јас пријателки и пријатели кои "паднаа" на тестовите. Ме интересираше што се случи со оние кои ја поминаа обуката ама не потпишаа никаков договор. Инаку за измислување на работни позиции, истото може да го кажеме и за сегашната позиција, не би да откривам детали, ама принципот е ист, само различно е името на партијата. Со кое објаснување го примија сега а не тогаш? Се заташка работата а немам близок човек да прашам. По моја логика, ако некој поминал обука треба да биде вработен, ако нема потреба или нема доволно пари за одреден број на луѓе, тогаш зошто се трошеле финансии на обука во Идризово? Да да, баш така оди работата. Како што кажа Justicija, тие се критериумите, прво одат физички тестови, па психички тестови, добиваш бодови и се прави ранг листа. Од сеуште необјаснети причини, многу луѓе се одбиени. Не сум аплицирала, не сум детално запознаена. Договор на дело е договор кој важи за одредена работа на одреден временски период. Лаички ја би објаснила вака: ти си молер, јас те вработувам, за недела дена треба да ми ја направиш фасадата за одредена сума на пари. По завршување на работата јас плаќам, ти си одиш и тука завршува муабетот. По автоматизам, јас тебе не те отпуштам, туку едноставно ни завршил договорот.
Кога ќе ми текни дека сите тие афери им се под државна сметка, престанува да ми биде смешно. Бај д веј, не ни знаев дека им правеле видеа на заљубениве. HQ. @Justicija Таа е сигурно во необјавените бомби. Фер луѓе овие од сдсм, не сакаа брак да растурат.
@Rebecca_R знам како оди тоа со договор на дело. Јас кога пишав договор мислев на договор за работа со решение, без ограничување. Мислам, не знам дека можеш за полиција да потпишеш договор на 1-2-3-5 години, валда ме разбираш на што мислам. Зарем во полиција потпишуваат договори на една година? Глупости значи. Затоа ќе си играат вака к*рташак со луѓево. Кој како ќе иде на власт ќе си праи што сака и како сака.
@Rebecca_R , не спомнав ама ај кога веќе праша да ти одговорам. Го мавтаа дека ќе го примат ако вмро-дпмне добие на избори, т.е. ги држеа во неизвесност за да им трчаат по гласови. Таму каде што тој сега се вработи цела полициска хиерархија беше под нивна контрола, иако министер беше Спасовски.
Да да, првин сите потпишуваат договор на определено, ако не се лажам на 3 месеци, па дури отпосле (по 2 години) добиваат договор со решение. Од непроверени извори сум слушнала дека некои дури и не потпишуваат договор со решение, туку постојано, со години и години се влечкаат така. Фала ти. Инаку јавна тајна е дека одредени области се под одредена контрола, небитно на партијата која е на позицијата во моментот.
...како прво, само ќе ти подадам рака што си ,,призна,, дека си есесдемовка со тоа кажа низ која призма ги гледаш еднонасочно работите, ...како второ, како што велел тој да гласаш за вемеро,највероватно и ти како активна одамна на друг велеше да гласа за есесдемо, по инерција на работите, нели? ...како трето, тоа што не беа сите професори од вемеро, укажува дека истите беа нетраспарентни од есесдемо, па ете искористи и ти вонредно да завршиш (иако како млада треба да бидеш ,,редовна,,), оти вонредно се гледа ,,кроз прсти,, па не ти се смета дека ,,си завршила на време,, ... како четврто, токму тоа што живеете во ист град, а ги знаеш работите на непознати луѓе, укажува на тип дека сознанијата ти се од рекала казала, а не од прва рака од самиот твој колега... ... јас точно не го знам човекот за да јавно како тебе изнесувам, али ќе беше во ред ако и ТИ се појавеше со име и презиме, а богами и со слика, а не вака скриена позади ваков форумски јузер користиш да изнесуваш јавно вистинити информации на твој колега мислиш дека е фер и човечки? ...а тоа како пишуваш како да ти се другари за личности што се многу постари од тебе тоа е твој пропуст од 7 години, да напишеше со зборови ,,Господинот,, ќе знаев дека си многу помала од дотичниот, а во денешно време е модерно баш таква разлика нели?
Извршители мислам дека постоеле од порано па така да... А Грујо сега не е и они не му ги даваа парите на него кога вршеа блокирање и присилна наплата... Значи Зајако има шанса да се докаже што чисто сумјам. Он кога беше во опозиција викаше да се укинела акцизата на горивата за да народот плаќа поефтино гориво, ама пак испадна обратно, така да не се лажи дека ќе направи нешто.Секој изустен збор му е лага!!!
Постоеа извршителите и пред 2007 година , ама во судот , не си земаа награди и не наплакаа тродупло од долгот .Се додека злото на денешницата Маневски ги измисли приватните извршители! На Заев му тече времето и ако продолжи вака на следните избори ке му се случи катаклизма и нема да има место во политиката за него .
Е да си ми жива... Јас не го оправдувам Грујо во се. Има навистина работи каде без да се праша базата се наметнаа само така, и затоа се случи тоа што се случи.Ама пак незначи дека сите лоши работи во овие 27 год се на негово конто.Иако морам да признаам,а и ти ќе се согласиш дека има многу позитивни работи кои не ги ветил а ги остварил... Е сега народот секогаш гледа на она што е негативно па затоа секогаш е во право.Затоа сите лидери треба да се трудат да прават што помалку негативни работи, ако сакаат да не ги снема од пол.сцена...
Види сега не се согласувам дека не си го подржувал во све грујо , бидејки те читам долго време и знам. Но иако како симпатизер на политиките на сдсм јас знам да критикувам! Заев како почна и до денес вооошто не ми се допага , овие потези што ги направи заев , Б.Црвенковски никогаш не би ни помислил да ги направи ! Сакав да му дам шанса на заев како нов лидер една шанса да се покаже но тешко .... Се надевам дека бранко црвенковски ке се освести и ке отиде во партија да му ги истрга ушите на зајко , бидејки нема везе политиките на кои што се стрееми партијата сдсм и заев.
@Rebecca_R @Yowannty од прва рака, новопримените полицајци немаат право да си дадат отказ 5 години. Во спротива плаќаат казна од поприлично голема сума. А условите им се прилично ужасни, стари скинати униформи, со свирче и тефтер како одбранбени сретства, со закани од командири и луди фаци...
Овој Љупчо е легенда Ставајте и други постови ама може директно во Политичка релаксација да ги префрлите Интересна приказна имаше за него...Само не знам кај сум ја слушнала/прочитала...Дали тука на форумов или рандом. Наводно имал девојка што била член во СДСМ, па му раскинала и овој као лут на неа се заколнал дека ќе се посвети на дпмне (Или девојката не била политички определена, ама го оставила за некој сдсмовец) Не знам кој верзија е точна...Мада се чудам која е таа девојка (ако воопшто постои), што била со ваква стока од човек Zdr kukle kakosi?
Да да да. И тоа го слушнав. Ако потпишеш договор не смееш да се премислиш и повлечеш. Мислам.. смееш, ама следи парична казна, да се надомести трошокот за цела година што било вложено во тебе додека траела обуката. На другарка од братучетка ми, дечко и, добил шанса да замине на запад и напуштил полиција. Наводно сега треба да исплати 5000 еура. Така ми е кажано, ако ме лажеле, па ве лажам и јас...
Добро, тоа е логично, државата вложува во тебе: те обучува, ти плаќа сместување и храна, знаеш дека ќе се вработиш по завршување на курсот (иако видовме дека не важи за сите), па и јас да сум државата би направила така. Истото важи е и за ЕБР и за војниците. @Yowannty и јас ја имам слушанто таа сума, т.е. по 1000 евра од година за питомците на Воена Академија.
Не дека нема логика... Јас не знаев дека ова е ново. Мислев дека така си било од секогаш. А јбг. И буџет празен мора да се полни.. Кај и да е и овие ќе почнат да наплаќаат ако шмкрнеш со нос на јавно место.