Акупунктура

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Annath, 14 октомври 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.906
    Допаѓања:
    75.949
    Пол:
    Женски
    Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина. Според кинеското верување, две основни енергии - yin и yang кружат низ меридијаните на нашето тело. Тие невидливи канали пресекуваат 365 точки на површината на кожата. Со акупунктурата се делува на овие точки, со што се постигнува рамнотежа на yin и yang енергијата и ублажување на здравствените проблеми. Акупунктурата е метода, која во 1979 година е признаена и од Светската Здравствена Организација (СЗО), а се изведува со поставување игли во акупунктурните точки, распоредени долж минувањето на 12 главни меридијани.
    Кога се применува овој третман, пациентот може да има лесна болка во вид на штипкање, или електрични сензации од неколку секунди по поставувањето на иглите. Кога иглите ќе се постават, болката и непријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите остануват во кожата на телото од 15 до 30 минути. Акупунктурата се покажала како корисна метода во намалувањето на мачнината, гадењето и повраќањето, кои се јавуваат како несакани ефекти од третманот кај пациените со карцином. Исто така, одредени студии покажале дека акупунктурата помага и во ублажувањето на канцерската болка. Сепак, пред да се започне со овој третман потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Многу болници и центри за карцином имаат ваков специјализиран персонал. За разлика од некои други гранки на алтернативната медицина, акупунктурата е признаена и од научниците, па дури и акупунктурната техника се учи на некои од факултетите.

    [извор:www.klubviva.org.mk]

    Дали сте слушнале за акупунктурата?
    Дали некој од вас користел акупунктура во лекувањето, наместо класичните медицински третмани? Какво е вашето искуство? Дали во Македонија има добри терапевти, или не?

    Јас лично, паметам дека кога имав некои 7-8 години (значи таму некаде 1987-1988 год.) моите ме носеа на вакви третмани. Знам дека не ми помогнаа, а мислам дека оттогаш го замразив боцкањето со игли. Не ме болеше, само знам дека после некое време поминато со иглите на мене чувствував некоја топлина во целото тело. Дали тоа беше од боцкањето или нешто друго, не знам. Ама како метод, верувам дека може да биде ефикасен.

    Што мислите вие?
     
    На thalia zapata и Street.chic им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала, но верувам дека е ефикасен метод. Верувам во мудроста и знаењето на старите Кинези, од таа цивилизација произлегле многу нешта што на запад се прифаќаат дури сега.
     
  3. bekuta

    bekuta Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    јас имам прекрасно искуство со акупунктура, мене ми помогна имав проблеми со цести дијареи - нервозни црева, матичната лекарка ми препорача, (откако се пробавме) и стварно имаше резултат. Правев третмани 1997 кај др. Лазо Димитриев најдобар и прв доктор и примариус по општа медицина, гинекологија и акушерство кој ја практикуваше акупунктурата во Југославија. За зал мислам почина човекот. И летово имав проблем со кичмата и цело време барам добар професионален акупунктурист ако некој познава и имал искуство пишете
     
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Женски
    Mislam deka im efekt,i jas veruvam vo starite Kinezi,a i bas sakan i jas da probam.. :puke:
     
  5. navoj

    navoj Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ako nekoj ima potreba i barate akupunkturist vo makedonija mozam da vi preporacam da pobarate i pisete na mail kocevjovan@gmail.com
    deckoto e od stip i rabote bezbolno ili poveke info moze da najdete na fb pod imeto Loco Typico
    pozz i bidete zivi i zdravi
     
  6. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    260
    Плацебо и сугестија.
    Никогаш не би дала пари за вакво нешто.
     
  7. navoj

    navoj Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    4.372
    Мојот организам е склон на создавање на калус каде што не му е местото, па така ми се направија шилци на секој пршлен и болеа до онесвестување. После ашкање по сите можни установи од Скопјево и еден куп "непристојни предлози" сосема случајно од рекла-казала отидов кај Др. Петрески, и ме среди многу успешно. Прво со масажи за да ги ослабне шилците, и со акупунктура за да го среди крвотокот да ги излечи и зајакне местата. Не само што ми помогна за тоа, ми помогна за сенешто, Не е тоно дека е плацебо ефект, затоа што со секоја нова игличка се чувствува жарење во сосема друг дел, и олеснување. Добро би било да се оттрнат мислите додека се лежи со иглите, затоа што ефектот е поголем. Ми се случувало од тогаш па наваму кога имам големи главоболки да одам кај нив само за да ми помине, и има многу подобрување. Посебно за регулација на болки и на крвен притисок, мајка ми откако почна да оди и се среди притисокот, наместо секој ден по 10 мг Енап, пие по потреба кога се менува време, а сега веќе ни тогаш, си оди на акупункура. Не е незнам колку скапо, а ефектите се одлични! ;)
     
    На thalia zapata и Annath им се допаѓа ова.
  9. nadja.d

    nadja.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    203
    Елена може да ни кажеш некоја информација подетално за докторот,кој е, каде работи итн?
     
  10. niar

    niar Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas licno sum mnogu zadovolna od tretmanot kaj dr. Natali. Imav mnogu bolni menstruacii, od krevet nemozev da stanam, i cirkulacijata mi se podobri, a isto i se spasiv od pienje analgetici za glavobolki. Slobodno koj ima slicni problemi mozete da ja najdete doktorkata vo nas . micurin, kaj nova zeleznicka stanica, doktorkata e super i tretmanite se navistina efektivni, slobodno pisete i na mail : mediak.skopje@yahoo.com
     
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    260
    Уште да поверувавме дека ти не си Натали.
    Ако веќе сакаш да си се изрекламираш барем искрено напиши дека си тоа ти. Ќе беше поефективно.
     
  12. dedo

    dedo Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Ekspertov pocna da me nervira. Ziv baksuz. Zosto voopsto se priklucuva na forumive za alternativa koga ne veruva vo nea. Znaci ima cel, unistuvanje na alternativata. Zosto? Verojatno ima interes vo toa. A kakov ekspert e ova???? Ima nekakva titula pa se narekuva ekspert??? Obicna nula od covek! Pa ostavi gi lugeto bre zeno da ziveat! Ako ti ne veruvas vo alternativni metodi na lekuvanje namoj da odis tamu. Odi si na Klinika, neka ti pikaat creva odnapred, odzadi, pa ke imas dijagnozi na kamera snimani. Dokazi poarni zdravje! Ovie alternatvcive moze se paralelen svet za tebe, ama mnogu od niv znaat za pregledot na pacientite izgleda poarno od mnogu nasi profesori na klinika koi ostanale na nivoto na znenja od pred 20-30 godini, pa i ponatamu si rabotat so site 5-6 dijagnozi sto gi znaat i isto tolku lekovi za niv. Neka mi prosti nekoj profesor ako se prepoznae ovde ama neka se popravi oti toa e ogromna maana na naseto zadravstvo. Za sekoja dijagnoza, te pustaat kaj baska specijalist. Smesno, a vamu profesori se, ama da prostite eden samo za nosot, drug samo za srceto, tretg samo za zeludnikot i taka natamu, od doktorite so otvoren um ni traga. Jas sum od druga struka ama kapiram deka e covekot kompleksen organizam koj raboti kako cekina. Ne mozete da go popravite srceto a da zaboravite deka covekot ima i creva, crn djiger i tn. Ta i toa srce trpi zaradi losite creva i djiger, neli??? Aj da ne dolzam. Sekoj si ima pravo da se lekuva kako saka i sufleri od kalibarot na ovoaa ekspertkava koja ocevidno samo negira se za sto ke cue a nema poim od nisto ne se nikakva usluga za zdravjeto na lugeto.
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    260
    Секој има право да се лекува со што сака, ама има и право да ја има вистинската информација дали тоа нешто че му помогне и дали вреди за потрошените време и средства.

    Ја кажав мојата приказна со болеста на татко ми, и јас сакав пред да започнеме еден третман со хомеопатија, да имаше некој како мене на интернет за да ми каже дека тоа е чиста глупост која нема да може да ни помогне.

    Од читањето потоа открив дека повеќето алтернативни методи се само една сугестија и ништо повеќе.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    46.345
    Пол:
    Женски
    ^Не можеш да оспоруваш начин на лекување кој опстојува колку што опстојува и човештвото, мислам стварно ај што си против рекла-казала нови вуду лекување ама акаупунктурата.....seriously :?:

    Источњачката медицина во која има предимство акупунктурата е докажано подобра од западњачката современа медицина, само погледни статистички кој народ е поздрав и подолговечен.

    Мајка ми која имаше рак на плуќата за намалување на пропратните симптоми од chemotherapy ја користеше акупунктурата и имаше далеку помалку нус појави а тоа не е пласебо ефект туку факт.

    Јас одам за главоболки кои не ми се мигрени ама од време на време знае да ме стегне и да не пушта, никакви лекарства не ми помагаат, еден третман со акупунктура и ми поминува.
     
    На thalia zapata и Gea им се допаѓа ова.
  15. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    67
    Мајка ми има искуство со ова, имаше пред неколку години проблеми со здравјето и одеше на акупунктура кај еден доктор но навистина никако не и помогна, после нормално проблемот си го реши класичната медицина. Но, не можам да кажам дали делува или не делува оваа метода само од искуството на мајка ми зошто можеби и тој докторот не знаеше да ја прави како што треба, а можеби и ја правеше па сепак немаше никакви ефекти. Кој знае. Сепак кога човек има мака, гледа спасот да си го најде и на други страни.
     
    На dedo и expert им се допаѓа ова.
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    260
    Јас не кажав скоро ништо за акупунктурата, искуството ми беше само со хомеопатијата, ама со читањето за едното, сум читала и за другото и можам да се вклучам во дискусијата.

    И она што го кажуваш дека источната медицина била пре западната воопшто не е точно. А не е ни точно дека источниот народ бил подолговечен и поздрав.

    Само види колкава е смртноста на децата во источните земји. Далеку поголема од земјите каде е воспоставен систем и здравствена заштита базирана на докази, а не на традиција.
    Точно е дека денес медицата е ориетирана кон профит, ама тоа е токму затоа што делува. И затоа што повеќето луѓе ако имаат некој проблем ќе се обратат таму каде што навистина ќе им помогнат.

    Ако веќе зборуваме за акупунктурата и вашето искуство, тоа целосно може да се објасни со сугестија и плацебо ефектот. Примањето на хемотерапија е страшно е стресно искуство, ама некои ритуални десјтва, како ставањето игли и сугестијата од лекарите дека тоа го даваат за да се подобри ситуацијата, можеби нема навистина да се подобри, ама барем индивидуата ќе има повисок психолошки праг на толеранција што може да издржи и помалку ќе се жали на блиските.
    Тоа е целата причина и зошто се дозволени овие алтернативни методи се уште да постојат иако од нив нема никаков доказ дека навистина имаат некој ефект. Можеби не им нудат подобрување, ама им нудат некоја утеха.

    Ако некој ја проучува историјата, на пример, ете сега зборуваме за акупунктурата, ќе види дека е заснована на размислувања кои се поставени пред да се откријат анатомијата и физиологијата на телото. Значи уште веднаш тргнува од погрешни претпоставки.
    Испитувањата кои се правени испоставиле дека нема никаква улога каде се боцка со иглите, значи сите тие точки се за џабе, нема врска дали навистина се боцка или само се допира местото со чепкалки. Што значи дека и тоа е за џабе и уште еднаш го потврдува тврдењето дека целата ефективноста на самата терапија е заради сугестија и плацебо ефект.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    5.011
    Е, сега и акупунктурата не чини. Значи се што е алтернативно не чини. Само лекови, инекции, вакцини и ништо друго. :x

    Тетка ми имаше ужасна реума, и секогаш одеше на море, се мачкаше со разни кремови, пиеше секакви лекови, одеше по бањи, ама ништо не и помагаше.
    И потоа проба акупунктура и многу и се подобри здравствената ситуација.

    Најдобриот другар работел во повеќе земји како лекар и кажувал дека во побогатите земји многу често ја практикуваат исто како одење на масажа и има многу бенефиции за целокупното психо-физичко здравје. :)
     
    На thalia zapata, joy1, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.404
    Некој да сподели бројче за акупунктура?
    М?
     
  19. Heidylloretta

    Heidylloretta Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ako nemate iskustvo so nesto konkretno i ako ne ste upateni, ne go rugajte i omalovazuvajte! Akupunkturata i homeopatijata se razlicni raboti iako spagjaat vo alternativna medicina. Jas lichno imav problemi so glavobolki, bolki vo zheludnik i nemav dobieno cela godina, a imam dobieno pred 8 godini, sto znaci bi trebalo da se stabilizira situacijata. Probav vestacki hormoni i uste poloso mi beshe, ne se izregulira. I homeopatija probav, ne veruvav i ne mi pomogna, se otkazhav. Potoa pocnav so akupunktura. Ne bev lishena od nikakva hrana, samo trebase povekje voda da pijam i chaevi. Terapijata traese 1 mesec i posle povremeno bockanje. Dobiv posle 10 dena. Od togash mi doagja redovno sekoj mesec, eve vekje godina ipol. Hormonite mi se stabilizirani i raspolozenieto mi e mnogu podobreno. NE E PLACEBO EFEKT, jas ne mozham da pomislam ej sea ke dobijam i stvarno da dobijam. Ne e psihicki!
     
  20. Fillia

    Fillia Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно помага мој близок имасе ринопатио пигментоза или кокоскино слепило беда надвор од земјава и од диоптер -7ца дојдоа до степен без наочари а тука по лекариве му викаа нема лек и до 40 г ке ослепел целосно. Сега веќе не стравува од тоа редовно прави прегледи и е во најдобар можен ред.Има тука кај нас некој кинез кај симпо мислам по 1000 му е третман ама за детали незнам.
     
    На thalia zapata му/ѝ се допаѓа ова.