Аκупунκтура се применува κај пациенти κај κои што не делуваат леκови, најчесто против болκа те. аналгетици. Се применува κај мигрена.
Нема ништо подобро на светов за ослободување од болка по брза постапка и за релаксација Топло ти го препорачувам Проф.ДР. Јихе Зху ( Д.р Мартин), кој е Проф. на Штипски универзитет за Традиционална Кинеска Медицина а воедно е и Др. Специјалист за Хирургија, општа медицина и Пластичен Хирург!
Да, за тој доктор се работи и за Др. Благица. Е сега за брачен статус незнам, ама и она е прекрасна како доктор, и мислам дека освен што е доктор по медицина дека е и доктор по кинеска традиционална медицина. Воопшто целиот тим што работи во ординацијата се прекрасни како личности. Зборам од лично искуство
Јас конкретно одам за спондилоза на вратни пршлени, а претходно сум одел поради покачен крвен притисок и повреда на лакт. Но знам дека повеќето пациенти им се од мака од дискус хернија. Во чекалната на маса, инаку, стојат сите нивни трудови кои се јавно објавени а се резултат на успех со здравствени проблеми со пациенти. Но од она што јас го имам видено таму повеќето се со дискус хернија или дископатија, е сега може има и пациенти со друга мака, ама најубаво би било да се јавиш да си прашаш за твојата мака. позз
И јас сакам за спондилоза. Познаничка моја има некој кожен проблем, се јавила и ѝ рекле дека успешно лекуваат и тоа, не ми текнува која беше дијагнозата. Вака детали ќе сакаш да споделиш? Колку време траеше терапијата, како изгледа тоа игли бодење, искрено малку ми е шубе од игли и затоа се предомислувам веќе некое време, а ете доста луѓе се фалат.
Да они ќе ви кажат дека и од смрт лекуваат ако ги прашате само да ви ги земат парите. 3 години уште не ми поминаја лузните што ме бодеа со врели игли, никогаш никакво подобрување немав. Тоа е мое лично искуство а изнафрлав пари, воопшто не е евтино. Едит: Ова е за Тонг да Танг, ординацијата на Јихе Зху
Па еве јас одам веќе 2-3 години еднаш месечно за спондилозата, нормално дека ми помага, ама работата ми е таква што постојано сум свиткан со вратот и болките ми се јавуваат доста често. На почетокот имав голема мака со движење на вратот и со страшни главоболки, ама сега одам повеќе за превентива или кога ќе ми се појават мали болки. Инаку иглите се потенки од осило на пчела, убодот е толку мала болка што дури и не би ја нарекол болка. Но знам дека за проблеми со кичма боцкаат и со жешки игли кои се болни но краткотрајни и го решаваат проблемот за неколку дена. Но во врат никогаш не ме боцкале со жешки игли, веројатно тоа е само за воспаленија или незнам они подобро би ти објасниле. И менњ ми беше шубе и страв на почетокот, признавам, но еве со тек на време се навикнав и воопшто не осеќам болка, напротив одам со мислата дека после терапијата главата ми е полесна за 5 кила и нема да имам болки во наредни 2-3 недели.
Затоа е темава де, да се сподели искуство. Јас искрено од многу луѓе слушнав добри работи, веројатно има и такви кои не се. Ама ако не ви е тешко, може ли конкретни работи да споделите? Што те мачело, дали воопшто некоја друга терапија ти делувала, колку време си била кај нив, што ти советувале они? Вака само "ми помогна-не ми помогна" не е многу од помош
Леле иста сум јас. Многу ми е страв, а сакам да пробам. Мора некако да се решам, пошто вежби само не ми помагаат веќе.
Te m Te molam ako sakas da mi kažes neso poveke u vrska so toj doktor mene mi e strav da odam tamu so tie igli dali pmagat dali ne
Јас за друго бев. Имам хроничен тендинитис и тоа лечев. Може тебе ќе ти помогне, оди на еден-два третмани и види сам. Секакви искуства има..