Акцизата го покачи превозот. Во кои градови има поскапување и за колку?Ве погодува ли тоа?Наведете град и цена, колку било, а колку е сега. Јас мислам дека ова не е в ред. И 200 денари месечно нека се пак, на годишно ниво се собира одредена сума која му значи на едно просечно македонско семејство.
Па нели се укина радиодифузна такса сега мора некој да ги плаќа тие лебари во мртв. Од глава по шија се удира на народот.А за поскапувањето допарва следува шок за граѓаните бидејќи не знаеме сеуште колку ќе се крева данокот на добивка и некои други даноци кои се во најава за да покачат. А за акцизата на нафтата на литар околу 4 денари тоа му иде минимум секое семејство што секојдневно користи автомовил околу 100 литри просек по 4 ден 400 ден плус значи две радиодифузни такси една што ни ја укинаа и една резерва ќе ни остане за оние кои воопшто досега не плаќале,навистина жално за сите кои користат автомобил дали е нафта или бензин сеедно
Акцизата ќе се покачува од Нова година,така да,темава е прерано отворена Прво речете ОП па скокајте Но кога веќе сме на оваа тема,јасно е дека е една од непопуларните мерки,но според пресметката би донела повеќе од 30 мил евра во ПРАЗНИОТ буџет. Досега се празнел ,се одлевал во нечиј џеб, е сега граѓаните ќе мора на свој грб да го полнат. Зарем треба да дискутираме зошто е празен? Влада смета дека така ќе се обезбедат пари за здравство,образование и социјална заштита.Како ќе биде вграден во цените на продуктите каде нафтата е инпут-после Нова година
Првпат слушам. Ако не е покачен дизелот не гледам причина за покачување на билети. Ќе ставиш слика од билет или официјална информација или..??? Приватните автопревозници само не ги мешај зашто некои од нив т.е. поголем број се диви па немаат ни лиценца за работа.. Можат да си покачуваат кога сакаат
Секаде пишуваше за Берово покачена е повратната од 300 на 500, а од 500 на 620 денари. Тој што патува знае. Нека пишат, ги има од различни градови.
Колку гледам на официјалните страни нема покачени карти. А ако Слаѓана Митевска од ВМРО ви е релевантен извор,тогаш навистина немам зборови.
Прашав на автобуска. Слаѓана не ни знам која е. Сакав да одам на викенд. Претходно беа 430 и 530 повратни, а сега се 620.
Најдобра опција (utopian mode on) би била намалување на даноците кои најмногу го оптеретуваат мнозинството население кое работи во реален сектор. На тој начин би останале повеќе пари за трошење, би имало поголем обрт на пара и постепено би се намалувале средствата потребни за гоење на армијата паразити во бирократија. П.С. Ако има тука некој член на СДСМ нека му каже на некој да му пренесе на Заев или таму кој и да е надлежен дека има инстант начин да се создадат едно добри 100.000 работни места во реален сектор. Ние во Црна Ружа уз пиво и цигари за саат време дојдовме до едно такво драматично решение, јас не знам што работат таму министри советници ... Имено, поради непочитувањето на работно време, прекувремени саати и видот на работни задолженија во РМ се замрзнати едно добри 100.000 работни места. Како? Па така, ако во една фирма има пример работа за икс работни часови месечно - се вработуваат три пати помалку луѓе него што треба и еден вработен трча и изиграва дечко или девојка за све, па имаме комбо од продавач/чистач/касиер/утоварач и секакви бизарни спојки кои треба да ги работат неколку души а не еден. Така да ако неделно тој лик работи 60-70 часа - автоматски тоа се две работни места по 30-35 часа. Има милион такви примери. Итно воведување на саатница како во секоја цивилизирана земја а не месечни суми. Што вреди што постои месечна минимална плата кога нема јасни правила на игра и не се спроведува ништо? Тоа се влече веќе 20 години и мора да се поправи. Драматично намалување на давачки по вработен. Воведување на кривично дело во случај на барање на пари на рака од страна на работодавец (еве ти 12К извади 2К и дај ми ги назад) Нормално дека газдите мислат само на профит и тоа е ок, али без правила на игра начинот на стекнување профит е голо гомно и општествено зло. Ако не можат тоа да го спроведат, нека пропадне РМ под итно, да престане раја да се игра општество и економија.
Tanjmm имаш други компании, не мораш со Берово Транс да одиш. Дека е покачена цената на картата заради акцизата, малку тешко, акцизата од нова година ќе стартува. Покачена е затоа што се лакоми за пари и не знаат да ја водат фирмата. Видов пред месец дена нов автобус беа донеле, претходно им се расипуваа автобусите на секој чекор. Возачите безобразни, почнаа прво промоции да нудат, во стилот ако се возиш со одреден автобус 3 пати месечно, четвртата во истиот месец ти е гратис. Ама очигледно ништо не им успеа. Друго, картите за источна Македонија се поевтини отколку за другите делови. Струмица е поблизу па повртна карта е 730 денари, до Битола исто, повратна карта е 630, за истата оддалеченост отколку до Берово. Ама односот на вработените и условите во кои се возат луѓето се далеку подобри од оние кои ги нуди Берово транс. Друго, има уште три компании кои возат до Берово, зошто мора баш со таа да се возите?
Не ме сфати секаде е 620 денари, прашав на автобуска. Значи покачено е.Не зборам за една компанија. Има и во друг град. Акцизата е изговор. Имаме на форумот луѓе од секаде, нека пишат.
Баш ќе прашам, ќе одам петокот во Берово. Кој тоа друг град? И да, убаво рече, акцизата е изговор. Не знам кои други превозници дозволуваат луѓето да им стојат во автобус по 200км, без да се плашат од казни, испекции и контроли. Се надевам исто толку брзо ќе им лупнат и казни, како што набрзина ги покачија и цените. Очигледното сегашното раководство не им одговара, па се бунтуваат.
Нели земале, нели рече и за друго градови се покачил превозот? Или излезе на крај дека само таа една компанија го покачила превозор до Берово, од четирите компании кои возат до таму.
Билетите за ЈСП не се поскапени засега, а и не би имало логика да поскапуваат бидејќи возат на плин повеќето автобуси. Meѓународниот сообраќај цените засега се исти. http://www.sas.com.mk/VozenRed.aspx Берово повратна е 520 според она што го пишува на сајтот на скопска автобуска станица. Доколку е така, тогаш би го цитирал еден новинар кој постави многу добро прашање:
Ne se raboti samo za javen prevoz gradski ili megjugradski, zeleznicata vo golem procent ili privatnite avtomobili. Distribucijata na site artikli koi gi kupuvame, se vrsi so vozila na dizel gorivo. Toa znaci deka pokraj prevozot, ke ima poskapuvanje i na potrosuvackata kosnica. Vo prevod - ke se zastedat nekoi 2500 denari za RDT, a od dzebot ke se odleat mnogu poveke.
А тебе те заболе зашто е прерано отворена темава да не си портпаролка на мин.за економија. Нели има најава за покачување на акциза и тоа од владата и мин.за финансии.И што има тука невистина нека си коментираат луѓето да видиме на што сме по што за живот се работи нели и тоа за сите?Е сега каков таков ЖИОТ Е
Па види АДОКИ..ако темата се вика АКЦИЗАТА ГО ПОКАЧИ ПРЕВОЗОТ , тоа значи дека акцизата е покачена а со тоа и превозот, а бидејќи си наставник, би требало овие времињата да ти се познати (минато, сегашно и идно) А од каде знаеш, можеби и сум портпаролка во економија Пред се сум модератор и водам сметка за темите, тоа ми е работа овде Незнам што постојано напаѓаш Еве гледаш се коментира, ама повеќе коментирањето личи дека на ,,нероден Петко капа му се крои,, Или можеби ти пред време се си знаеш, оти видено ти е