Не навлегувам во тоа дали си или што си која е твоја професија и не би сакал во секој твој коментар да алудираш на мојата професија, бидејќи не е тоа темата.А за тоа дали темата е за сегашно,идно или минато времето ќе покаже и докаже. Јас во многу мои коментари имам кажано што ќе биде со доаѓањето на животот во Македонија. А сметам дека превозниците однапред ги подготвуваат на граѓаните за шоковите кои допрва следат.
Ако сакаш да не неавлегувам во твојата професија, тогаш воздржи се од коментари каде сум портпарол. Значи, не го рпави тоа што несакаш да ти го прават, или не плачи Превозниците можат што сакаат да си прават....нели? Ама дека е покачена- не е.
Пошто пред 3-4 години кога дизелот беше 15 денари поефтин тоа ептен многу влијаеше да се намалат малопродажните цени Како и секогаш, малопродажните цени се наголемуваат со оправдување дека поскапел транспортот но никогаш не се враќаат назад ако транспортот поефтини. Но сепак, буџет треба да се полни, РМ треба да изигрува општество, ами како, коа можат Хаити или Источен Тимор...само некои шифтови се прават од шупливо во празно.
А ти кажи ја твојата професија што работиш па да не те задеваме за како што ти тоа го правиш за професиите на другите.А портпарол сигурно нема таква професија па тоа беше кажано со претпоставка... И не плачам за твоја несреќа,ама цените ќе рипаат сакала ти или не ќе се увериш за тоа после 31-12-2017
Нека рипаат Адоки, како за сите, така и за мене А што работам јас на анонимен форум, нема да кажам, а и воопшто не е битно тоа. Незнам зошто мислиш дека народот е несреќен ?! Ќе рипа акцизата за да се пополни буџетот кој е празен..за жал..
Да ќе рипаат за сите ами како нели неможе селективно како викаше Зајко не (живот за сите ) По што пред да го донесат зауши на власт викаше едно брда и долини ветуваше плара по 100 000 ден за д-рите 500€ просечна тикви и крастајци за сите и искинати опинци од тоа...
Normalno deka ke poskapat, koga poskapuva gorivoto so koe se transportiraat, no ne samo fabrickite produkti, da ne gi zaboravime zemjodelskite proizvodi, za cie proizvodstvo se upotrebuvaat masini koi ke trosat poskapo gorivo. Toa sto pri padot na cenata na naftata ne se namalija maloprodaznite ceni, nema da go komentiram, ke recam samo neka im sluzi na cest na trgovcite, vo bilo koja alka na biznisot so trgovija na maloprodazna roba. Budzetot ke se polni? So 30.000.000 evra na godisno nivo? Tesko na toj budzet koj ke se polni samo so akcizata na gorivo. Zalno e sto narodot seuste lesno zagrizuva na politicki mamci od tipot - "Doagja zivotot, ke ja ukineme RDT", voopsto ne poglednuvajki od drug agol, od kade e jasno deka tie pari koi ke se zastedat od RDT, ke se preplatat od druga strana. Da ne ja spomnuvame i evtinata tarifa, za koja isto ke dojde aracot od druga strana, potocno povtorno od kompaniite za energetika, no ke bide naplaten na druga osnova, no da ne odime nadvor od temava.
Епа ај ако не уште кредити да дигаме? Шо мислите бе вие, кој ќе ги враќа кредитите шо ги покрадоа? Они од уста ќе двојат? Тек сеа ќе пропаѓа државата, за што наравно, нели логички Сдсм ќе бидат криви... Лол.
Не ви го разбирам тој гард - акцизата ќе влијае по НГ, како тоа да е по 100 год. Ок е, што има лошо да се дискутира и сега. Ќе влијае на се оваа мерка.
Уште полошо ако превозот не се покачил поради акцизата, баш ме интересира какви ќе бидат цените кога ќе се покачи акцизата. Патетично е сдс да идат на картата мора да се покачи акцизата празен е буџетот хаххахахаха па како не бил празен буџетот кога ВМРО беше на власт? СДС потрошиле 610 милиони евра за 6 месеци, а планираат во 2018 година да се задолжат за милијарда евра. Епа грѓаните ќе ги враќаат парите на непромисленото задолжување на сдс. Каде е бројчаникот на Тримфална порта? Па добро познати се сдс дека се луѓе од збор Посебно за покачување на платата на 500 еврича
Знаеш колку треба да врати ентитетот РМ во периодот 2019-2021 на странски и домашни кредитори (јако е ова со "домашниве" банки во власништво на грци и французи) ? Замисли една цифра од бинарниот код (пази да не ја погрешиш само и таа) и после стави 9 цифри од таа другата од бинарен код што е Којзнае колкаво е реалното задолжување, не верувам дека и овие новиве ќе ја објават таа строго чувана тајна, НГ нема да ги враќа парите на западните кредитори, има да ви се земе од уста сега за да се вратат парите позајмувани за паркет од 7.000 евра квадрат, врби од 250.000 евра и тркала од 22 милиони, влечкање, гоштевање и товење на Субрата Рој, носење на цело племе на Хунзи од Пакистан со платен пат, престој, храна (се сеќавате на кралот на Хунзите, потомци на ацета?) да се храни и одржува во живот таа армија од вработени (на кои ќе да се приклучат и заслужните од новата власт). Сега ќе видиме колку ќе ви бидат убави стиропорните фасади и споменици од лим премачкан со бронза, сега ќе видиме колку раја ќе страда од Стендалов синдром. 11 години раја со 250 евра плата од општина и водовод се грижеше за нова естетика и се правеше стручна во архитектура, сега све изненаџено и увреџено (Kleopatra balkanska prorocica mode on) наредно ќе биде ДДВ 20% .
Како дипломиран економист ќе ви образложам некои работи, за да ги покачат платите за 5 посто на професори, воени лица бла бла бла.. мора од некаде да покријат и ја воведуваат оваа акциза што е на штета на сите граѓани така да сакаат некое добро да напраат а се бутаат во поголеми глупости. И никој да не ве лаже дека сега со акцизата ќе се зголемел буџетот, буџетот најмногу се полни од даноци кој го исплаќаат приватниците а и самите граѓани, па и од казни од истите со чиј казни од граѓаните се полни нашиот да не речам скромен буџет значи во најпрости црти да ви објаснам, гледано економски без симпатии кон никоја партија. А и заборавив претходнава власт што вработи премногу жители во администрација тоес крлеж на економија што не ги очистат овие другиве али се е тоа политика џабе бистриме мозок овде.
Сдсм многу добро знаеја во какба состојба е буџетот на РМ. И сепак лаеја и кажуваа и ветуваа брда и планини. Народ наивен, мислеше готово, се опаривме сега. За потаетување, ветуваа и дека ДДВ ќе го враќале на народот. Каде е таа мерка во новиот буџет?! Ама за акцизата ајде 3 мкд плус ддв не е ништо. Па и "аргументите" на оној советникон боривое од финансии Во кратки црти - катастрофа. Не ја поддржувам меркава се дур паразити се закачени и ја цицаат државната каса, а јас треба да ги финансирам.
Изговорите за покачената акциза се виц. Допир немаат со реалноста, а доволно е малку логика и малку математика да сфатиш дека е само една небитна капка. Фрапирана сум од буџетот, само толку ќе кажам. Не знам дали се свесни дека не чекаат пак избори...
Еднa нoвa ситуaцијa. Oд стрaнa нa здржениетo нa трaнспoртери е пoднесенo бaрaње дo ресoрните министерствa - финaнсии и трaнспoрт, дa нa трaнспoртерите им се рефундирa целиoт изнoс нa плaтенa aкцизa зa гoривoтo, кoе е плaтенo/кoристенo зa вршење нa oснoвнaтa дејнoст - превoз нa стoки и пaтници, КАКO ШТO Е СЕКАДЕ ВO СВЕТОТ. Е сегa aкo биде пoврaтен целиoт изнoс нa aкцизaтa, a не сaмo пoкaчувaњетo, влaдaтa oд oвaa меркa ќе биде зијaн. Зoштo? Нaјгoлемите пoтрoшувaчи немa вooпштo дa плaќaaт aкцизa, a тoј дефицит немa дa мoже дa гo нaдoкнaдaт оние кoмпaнии кoи трaнспoртoт не им е oснoвнa дејнoст и грaѓaните. Мoждa и немa дa се прифaти бaрaњетo нa трaнспoртерите, нo вo тoј случaј влaдaтa ќе си нaвлече гoлем прoблем. Еден вaкoв чекoр знaчи сопирање нa крвoтoкoт....и мoжен штрајк кoј би блoкирaл се. Имaјте нa ум декa МК имa гoлем вoзен пaрк. Акo биде прифaтенo бaрaњетo, немa дa пoскaпaт стoките, бaрем не вo oнaa мерa кoјa се oчекувa сo aкцизa oд 3+ ден.