Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Албанки се мажат за Македонци, смислена албанизација или?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 29 септември 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ех сега им завидувале на мажите со донесени жени . Ако толку им завидуваат секогаш можат да си купат :lol:
    Не знам колку е точна информацијата ама разбрав дека е 3000 евра :^) Па една свадба чини повеќе ..
    Не е битна националноста , битно е што продаваат жени како да се крави :puke:
    Инаку за верската припадност најчесто се муслиманки и по некоја од католичка вероисповест , и секогаш прво ги крштеваат па следи венчавката ..
    И да точно е дека се послушни , тие жени се со друг ментален склоп воспитувани се од мали дека жената треба да е покорна и глас да не пушта и за нив ваквиот начин на склопување брак е нешто нормално , па и од маж не бараат љубов или убавина туку маж кој ќе се грижи за нив ..
    Пишував баш скоро дека имам таква комшивка , далеку од убава е , збор не знае да зуцне на македонски , ама за неа свадбата не беше трагична , весела си дојде жената .

    Пред да ја донесе невестата доаѓаа браќата и таткото да видат каде ќе живеат , што работи зетот итн..
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ова е ситуација претежно во селата што се пред „распаѓање“ заради потпросечен наталитет и извори за егзистенција. Луѓето кои што се во состојба мигрираат село-град постојано, а некој едвај успева да преживее со добиеното од добитокот и бавчите. Таму нема леб да се јаде, вода во очите, а не да си одбереш жена да си поминеш живот.
    Во селата во Албанија каде што има исти вакви услови како горенаведените наши, буквално се нудат девојки за брак. Претежно се млади, едвај полнолетни. Куповната цена во некои истражени случаи достигнала сума од 500е, не како да имаш крава за продавање зашто кравата сепак дава млеко и месо, туку како лебождер што само арчи на имањето. |(
    Мислам, немам ништо против што доаѓаат тука. Сепак е начин на зголемување на нацијата.
    Дека се примерни, се покажало дека главно се, учат и јазик, практикуваат обичаи, ако ја немаат верата ја земаат, итн.
    За понатамошната албанизација не можам да кажам ништо, зашто се случувало жена македонка да се земе со албанец и да не постигне македонизација, па не знам зошто обратното би било пракса.
    Дека ќе се мажи некоја повисоко ситуирана со македонец, nesër pak, значи немаштијата го налага процесот.
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Имам запзнаено може 6-7 такви брачни парови и можам да кажам само едно - Среќни се!!!

    Многу среќни и убави бракови, се радуваат на ситни работи, се сложуваат добро, за разлика од разгаштениве модерни мажи и полуобразовани мрзливи жени што глумиме еманципирани и се караме за ситници овде царува слога. Мажите во таков брак се најчесто некои припрости работливи селани што цел живот барал жена и сега оваа од Албанија ја гледа како да е најсвето нешто, и се радува , ја цени ја почитува. Е сега да, работат, ама тие и таму живеат во такви услови па не им смета да работат и тука. Плус поголем дел од нив не се баш у толку запустени села омажени. Овие неколку јас што ги познавам велат дека овде мнооогу подобро живеат. А не се сите од нив така необразовани, познавам две што си имаат завршено факултет.

    За албанизација, мислам дека не постои. Не што не постои туку доаѓањето на тие жени е и поволно за живнување на некои македонски села. Тие женички кога доаѓаат одат во црква примаат наша вера, учат македонски јазик, не се замараат со политика.

    Ми смета само тоа што го прават платените *стројници* на ваквите бракови. Им се мешаат и после свадбата им бараат уште пари ги уценуваат на секакви начини, се закануваат дека ке им растурат брак.
     
    На Orthophill, tessie и kva им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не само по селата , и по градовите да не беа овие жени , многу мажи ќе останеа ергени .
    Примерот што го наведов не е сиромашен човек , сега не е фер да го опишувам ама тешко дека ќе најдеше жена тука .. И да навистина ја чува како капка вода ..
    Не можам да ги сватам ваквите појави , но секој со својата среќа , ако на нив им е арно кои сме ние да судиме . Различни луѓе различни животни приказни .
     
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Човек кога ве чита тука ќе дојде до многу погрешни информации. Не пласирајте нешто за коешто имате релативно многу слабо познавање или воопшто никакво :)

    Албанија е доминантно муслиманска држава, а христијаните се во голем процент таму особено на југот од Албанија, но муслиманите се апсолутно мнозинство. Ако некој доаѓа од Албанија незначи и дека е Албанец. Дел од тие “Албанки христијанки“ се всушност албанизирани Македонки, Србинки, Црногорки, Влаинки коишто за време на Енвер Хоџа им беа менувани имиња, презимиња, им беше забранувано изјаснување на националност освен албанска. Точно е тоа дека поголем дел од тие девојки се Албанки, но има меѓу нив и добар процент асимилирани Македонки. Сите девојки од Албанија што се мажат во Македонија се христијанки и тоа повеќето Православни, а не Католици, затоа што во Албанија живеат многу повеќе Православни верници отколку митот за “Албанците Католици“. Повеќето девојки се Православни, но има мал дел Католици што се мажат во Македонија. Од нив скоро ниту една не е муслиманка. Такви не постојат, не сакаат да се мажат за Македонци христијани, но и нашите ергени преку стројници потенцираат дека девојките треба да се христијанки така да тие муабети дека тие девојки менуваат вера во Македонија се глупост. Зошто да менува вера кога и таа е христијанка и се мажи за христијанин? Националност можеби да, но религија не.

    Македонците во Албанија живеат низ цела територија, но највеќе се сконцентрирани во општина Мала Преспа каде што се 100 % од популација со православна вероисповед и во општина Голо Брдо каде што исто така се 100% од популација, но со исламска вероисповед. Живеат во сите поголеми градови. Интересно е тоа што во Албанија Македонците муслимани се со многу поголем национален дух од овдешните Македонци муслимани коишто во голем дел се албанизираа и турцизираа.


    Во Албанија цели 50 години строго беше забранета религијата во комунистичкиот режим на Енвер Хоџа и сите цркви, џамии беа затворани или урнати со цел да се воспостави атеистичка држава, меѓу религиска хармонија и форсирање на “албанизмот“ како религија на сите Албанци со притаена цел и сите останати Православни коишто не се Албанци да се асимилираат во Албанци. Тој план не успеа за среќа, затоа што во најголем дел во Албанија христијаните си се женеа/мажеа меѓу себе, а муслиманите меѓу себе. Брачно мешање меѓу Албанци муслимани и Албанци христијани е многу ретко иако сите тие се Албанци и ќе ти го тврдат тоа дека нивната вера е “албанизмот“. Во реалниот живот е сосема друга приказната. Таква приказна имаме иста и со Македонци христијани и Македонци муслимани коишто се еден ист народ, зборуваат еден ист јазик, имаат исто потекло, но во суштина многу ретко да постојат бракови. Така е исто и кај Албанците со доза на тоа што во Албанија религијата беше забранета многу децении и таму не се толку радикални како што се во Македонија, но пак се муслимани по начинот на живеење со некои ситни европски примеси на живеење.


    По распадот на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа многу млади машки Албанци христијани( поголем дел Албанци, но и дел албанизирани Словени христијани) отидоа на печалба во Западна Европа и Америка, па многу девојки останаа без машка популација за мажење, а со Албанци муслимани не сакаат да се мешаат. Плус, живеат во конзервативни средини и нивното стапување во врска, брак е многу различно од нашето така да ова преку стројници само им го олесна патот да се омажат, а притоа нивниот маж да е христијанин. Нормално секаде не е исто и ова е претежно во рурални неразвиени средини, но кога бираат маж гледаат тоа да е или Албанец христијанин или по можност христијанин од друга националност. Затоа Албанците од Косово, Јужна Србија, Македонија( коишто се доминантно муслимани) имаат многу ретко роднински врски со Албанците од Албанија заради различната религиска припадност на дел од Албанците во Албанија. За жал религиската припадност секогаш е посилна од националната. Ист е примерот и со Македонците христијани и Македонците муслимани, но Албанците не се во толкава мера поделени национално и религиски како ние.


    Тоа е точно дека машкото е доминантен пол и дека на дел од тие Албанки и нивните деца утре ќе им ја наметне својата националност, но верувајте дека добар дел од нив секогаш ќе останат Албанки, а и дел од нивните деца ќе примат некое албанско национално чувство што е и многу нормално и исправно. Јас верувам дека сите тие Албанки се попишуваат како Албанки на попис, а за нивните деца неможам да тврдам. Јас лично познавам таква Албанка католик мажена тука, но таа се декларира како Албанка и цело време на Фејсбук пишува и постира статуси на албански јазик. Она не е ниту сиромашна, ниту примитивна, ниту од рурална средина, туку баш е многу образована и работи на еден од факултетите во Македонија. Тоа дека утре нивните деца ќе земат Албанки од Македонија е приказна за мали деца, затоа што пред се Албанците во Македониа се сите муслимани, а овие се христијани. Таков брак нема да го одобри никој од двете страни со оглед на тоа што Албанците во Македонија се многу конзервативни муслимани.

    Меѓунационално, меѓурелигиско, меѓурасно потомство е преголем залак што од генетска, биолошка страна, но што и од социјална страна, затоа што тоа дете секогаш ќе има чувство дека не припаѓа никаде што е и реалност.

    Во тоа едно им симнувам капа. Без разлика дали станува збор за Албанки муслиманки или Албанки христијанки се далеку понормални, повоспитани, повредни и подобри мајки од Македонките. Имаат многу поголемо почитување спрема мажот и бракот, па затоа и многу Македонци својата тажна судбина си ја усреќија со нив, затоа што денес голем дел од Македонките не сакаат да се мажат, не сакаат да раѓаат, не сакаат да живеат на село и притоа да ги имаат најдобрите услови за живот што доведе многу села да се испразнат со женска популација и мажите да си ја бараат среќата на овој начин преку стројници. Тоа е меч со две острици, затоа што овие бракови тотално ќе ја изменат физиономијата и генетиката на идните генерации условно кажано “Македонци“ , затоа што меѓунационални и меѓурасни бракови носат големи генетски и биолошки промени во самиот организам на потомството така да тие “Македонци“ голем дел ќе имаат типична “албанска њушка“ и кавказоиден изглед нетипичен за мнозинството Македонции Европјани ( многу научници и историчари тврдат дека потеклото на Албанците е од Кавказ, Азија). Генетиката е многу битен фактор за здравјето и развојот на некое потомство иако кај нас луѓето многу малку обрнуваат внимание на тие работи поради слабата едукација и системот на вредности коешто ни го промовира образованието под капа на ЕУ со цел некој да не се почувствува дискриминиран и различен.
     
    На pikolino, okcenzi, Snowbell и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Конкретно за менувањето религија , скоро имаше и нешто слично на групна венчавка , и прво имаше крштевање па потоа венчавка , ако не менуваат вера зошто ги крштеваат?
    Интересен пост си напишала , и секако не заборави ги навредиш македонките и да ги обвиниш за намалувањето на наталитетот |( :D
    Ќе се сложам со тебе дека дека ваквото мешање ќе ја измени генетиката на идните поколенија , скоро секоја од тие жени што сум ја видела имала нетипична физономија , но народите од секогаш се мешале и не можеме да го спречиме тоа .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Пффф, којзнае колку од нас влечат турски корени, после толку века ропство :D А на Александар жена му од кај беше м? Цела војска може општела со пола Азија :D Македонци...
     
    На imelda, tessie и mimiiiii им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Убаво си кажа Валерија. Ретко која е муслиманка, и плус муслиманките ги продаваат на овдешните Албанци муслимани. Има и такви случаи. Како и да е многу се уназадени. Баба ми не се мажела така пред 60 год како што тие се мажат во 21 век.
     
  9. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63



    Мнозинството Македонци христијани влечат многу заеднички хапло групи со Срби и Бугари, а скоро никакви со Турци или Албанци. Имаме и некои хапло групи што не поврзуваат и со некои народи од Северна Европа. Македонците за време турско ропство живееле претежно во планинските села што покажуваат и сите турски пописи што најголем дел биле тотално изолирани од Турците. Плус, религијата била многу силна тогаш кај Македонците што било и главна причина зошто ние сме опстанале толку векови. Меѓунационално и меѓурелигиско мешање помеѓу Македонци и Турци, Македонци и Албанци скоро и непостоело освен ако не било во прашање силување, грабнување на Македонка или Јаничарење што е опеано во многу народни песни. Единствено Македонци муслимани што има по некој мешан брак со Турци и Албанци претежно последните 30-40 години, но тоа не е масивно. Тоа е точно дека населението на Балканот се мешало, но секогаш се мешале народите коишто се сродни меѓу себе. Познавам многу луѓе околу мене и никој не сум сретнала да има роднина Турчин, Албанец, Арап или што ти знам што доволно кажува дека порано луѓето многу внимавале со кого влегувале во брак. Тие многу помалку се мешале отколку сега.

    Оригиналните Турци не се Белци и се Монголоиди и не спаѓаат во групата на индо европски народи како што спаѓаат Македонците и Европјаните( Белците). Тоа што денес има Турци со посветла боја на кожа и минимален европски изглед е резултат на тоа што кога се повлекувале од Балканот го повлекле со себе и словенското исламизирано население како и Јаничарите коишто биле од словенско потекло. Затоа денес има некои Турци коишто имаат некаква европска физиономија на изглед. Но, реално во Македонија многу лесно се распознава кој е Турчинка и кој е Албанка. Додуша Албанците и Турците во Македонија ги има доста мешани преку бракови поради истата религија, но се приметуваат и разликуваат доста. Интересно е тоа да се каже дека Албанците во Косово и Македонија содржат голем процент на хапло групи коишто се присутни кај Ромите и Турците. Затоа и полно Албанци со ориентален изглед на лице исто како Турците.
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Многу малку :).

    Од Бактрија но каква врска има тоа со нас?

    Дел од војската општела но тоа било со декрет и е познато, нема никаква споредба со нашата состојба.

    Генетиката денес ги објаснува тие појави на научна база, не би било лошо да прочиташ повеќе за темата, има доста изненадувања :).
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Поентата ми беше ако големиот Македонец Александар земал за жена немакедонка, тогаш па што има да им судиме на некои селани што земале Албанки. Од тој брак можело да испадне цела армија деца што немало да бидат чистокрвни Македонци, и тие деца ќе имале деца кои немало да бидат чистокрвни Македонци и денес можеби овде ќе сме биле мешавина од се и сешто :D Ама ете, Ацета не се грижел за тоа изгледа :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кај мене во поширокото семејство имаме две Албанки мажени за Македонци-тие ми се вујковци,и жениве ја сменија верата станаа православни ок се двете
     
    На kva и tessie им се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не навлегувам во поентата туку сакав да ја појаснам реченицата со која многу често се шпекулира :):

    Турски корени имаме многу малку, докажала науката :).

    Јасно дека нема што да се суди било кој, ќе си земеш жена од каде сакаш, приватна одлука е тоа.

    Мешаните бракови на македонската војска се случиле во Азија (Персија) и воопшто не било во план тие деца да се враќаат во Македонија туку да создадат мешана македонско-азиска нација со центар во Вавилон, за нас погубна идеја која не дала никакви позитивни резултати.
     
    На kravce и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.864
    Да не заборавиме дека никој не ги носи Албанките тука да се мажат за Македонци, туку Македонците сами си бараат жени во Албанија.

    Главно тоа се мажи од селата, каде не можат да најдат жени, затоа што Македонките не сакаат да живеат во село. Многу е поголем одливот на жени македонки од селата, отколку мажи. Животот во село им е тежок, не сакаат да работат таква работа и сите си го бараат чарето во градовите. Ова е особено типично за посиромашните краеви од Македонија. На мажите им требаат жени и си нашле начин да си наоѓаат во Албанија, а има и дел од Украина.

    Од Албанија жените се главно од посиромашните краеви, многу посиромашни од нашите сиромашни краеви, па од нивна гледна точка, тука им е супер. Воспитани се потрадиционално, вредни се, релативно лесно се вклопуваат во новото семејство, па и на мажот му се супер.

    Во некои делови од Македонија и општините им помагаат на ергените да си најдат жени, дали од Албанија, дали од Украина.
     
    На pikolino, lolyta777, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Албанките кои доаѓаат од посиромашни краеви за Македонци , најчесто се католици , кога бев во Албанија пред некои 3-4 години во Драч , газдата на хотелот и цела фамилија беа католици и многу ретко видов покриена жена , тие баш ни зборуваа за жени албанки кои се мажеле во Македонија , дека дури самите сакале да избегаат од сиромаштијата кај нив и дека најчесто се католици а не муслиманки , скоро гледав и некоја емисија на тоа , од селата мажи што се одлучиле на овој чекор , жените веке им беа научиле македонски и зборуваа како овде многу подобри услови имале , сега вака по години не беа сите многу разлика некои и тука некаде , а имаше и големи разлики , зборуваа за тоа како селото пред да се случат овие бракови им било мртво , а сега бидејки со години се практикувале вакви бракови , училиштето повторно се отворило бидејки ги добило и првите првооделенци по толку години :) Мене искрено ми е нечовечки што од дома ги продаваат , но всушност некои и од самите жени во тоа го гледаат спасот , бап се секавам самите дека зборуваа дека сега живеат во многу подобри услови и дека кај нив владеела огромна сиромаштија . Колку се среќни и задоволни не знам , ама ова воопшто не ми личи на смислена албанизација :)
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ама некој можел да шмугне деца преку граница :!: :D (не знам како ќе ме сфатите ама од пред извесно време почнав и да се сомневам во вистинитоста на историските записи)
    Со турските корени, истото сакав да го кажам всушност. Колку и да се малку или многу, кој всушност ќе знае дали е чист Македонец :^) може баш некои од најгласните овде на форумов што се лупаат во гради, имаат прапрапрапрадедо Турчин :wasntme:
     
    На mimiiiii, XMaN, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Да бидеме реални и искрени, Македонците не земаат Албанки бидејќи Македонките не сакаат да живеат во село, туку најверојатно повеќе личат на коњи отколку на луѓе, па единствено можат да дојдат до жена само ако ја купат...или се мрзливи, не знам. Горе долу тој е случајот, колку и да е сурово и нечовечки од моја страна, колку и да рипате со контра-аргументи, познавам многу случаи на девојка од град дечко од село, и нема никаков проблем ни во поглед на идното или моментално место на живеење, ниту во фактот дека дечкото е селанец. Тој што не може да си најде, си купува и тоа е тоа.

    А во однос на темата за генетика што ја водите, најмалку е важно дали на некој дедото е Турчин или антички Македонец, најважно е како ти се чувствуваш и колку имаш развиено чувство за припадност на една земја. Има многу деца кои се од мешани бракови а се поголеми патриоти од мене, да си признаам.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Донекаде си во право. Тоа се обично грди, неизживеани мажи, не знаат муабет да направат и затоа жените ебгаат од нив. Инаку има еден куп мажи кои живеат на село, не се богати, а земале жена од град.
     
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Е сега не претерувај. Тука сме за да дискутираме. Што ќе смениме ли ние нешто ако збориме на темата. Сигурно не им завидуваме на тие луѓе, само ја коментираме појава. Така ни баба ми не се мажела, ја мажеле ама за дечко кој го знае горе - долу и кој бил 2-3 години постар или помал. А ова со 20 год разлика, не е смешно, трагично е.