Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Албанки се мажат за Македонци, смислена албанизација или?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 29 септември 2013.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ова е мое мислење од пред две години, во темата разлика во години. Ако во целава тематика најмногу е проблем кога млада се мажи за постар. Оваа невеста за која зборам не е продадена ;)

     
    На tessie и kva им се допаѓа ова.
  2. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Тоа е илузија дека Албанците повеќе ја почитуваат националната припадност отколку религиската припадност. Ако беше така тие Албанки христијанки ќе се мажеа за Албанци муслимани во села населени претежно со албанско население и обратно, а не за Македонци, Срби и Грци. Албанците во Косово, Јужна Србија и Македонија се скоро сите муслимани коишто практикуваат претежно турска верзија на Исламот, но во последно време има се повеќе Албанци што практикуваат радикална верзија, на Ислам. Доволно е да прошеташ низ една населба со доминантно албанско, турско и босанско население ќе видиш прилично голем број на млади девојки покриени со шамија, а некои скоро целосно покриени како во арапските земји. Факт е дека голем дел од Албанците, Турците, Босанците, Македонците муслимани не се толку приврзани за Исламот како во арапските држави пред се затоа што се под притисок на европски вредности, но тоа нив не ги прави помалку религиозни. Тоа е многу голема заблуда. Има многу Албанки, Турчинки, Босанки, Македонки муслиманки коишто се облекуваат европски и носат скапа гардероба, студираат, се образуваат, но тоа нив не ги прави помалку муслиманки или патриоти. Во многу сегменти од животот тие функционираат според правила на исламот.

    Во Албанија христијаните се во голем број( доминантно муслиманска држава) , но тие христијани не се само Албанци, туку и Македонци, Грци, Власи, Срби, Црногорци особено на југот во Албанија . Муслиманите во Албанија се поразлични од муслиманите во Македонија пред се поради тоа што 60 години беа под комунизам и религијата беше забранета, но во последните 10 години Исламот се повеќе и повеќе зема замав во Албанија пред се кај сиромашното население со исламско потекло, но тоа е интересно дека во Албанија не можеш да видиш скоро ниту една покриена жена. Без разлика таму дали е христијанка или муслиманка скоро најголем дел од жените изгледаат нормално, но сепак кога е во прашање брак, врска најголем дел си го преферираат своето. Во Турција на пример 40% од девојките носат хиџаб, а и бурка наспроти таа слика што секојдневно што ни ја сервираат турските серии. Исламска партија кај нив е на власт 8 години.


    Тие невести што доаѓаат од Албанија во Македонија се претежно жени од рурални неразвиени средини во коишто крвна одмазда и средновековни традиции се светост. Во Тирана и 2-3 други поразвиени градови во Албанија има многу модерни и средени Албанки, но претежно тоа се христијанки. Млади Албанци христијани отидоа на печалба, селата се испразнија, најголем дел од нив воопшто не се вратија, па сакале или не (најверојатно не) Македонци, Срби и Грци им се единствен излез да се омажат, затоа што кај нив немажена девојка се сфаќа многу лошо. Ова не е никаква смислена албанизација, затоа што најголем дел од тие Албанки се мирни, кротки, патријахално воспитани, вредни, лесно се адаптираат на нова средина. Голем дел од тие Албанки живееле во средини каде што е доста конзервативно, крвно сродни бракови биле многу чести, инцестни бракови исто така, а добро знаеме дека крвно мешање носи и генетски аномалии во развивање. Плус, децата утре можат да имаат многу конфузност за својата националност, затоа што цел живот ќе знаат дека се мешани. Дел од нив сигурно ќе станат и “големи Албанци“ не поради тоа што така се воспитувани, туку поради својата национална конфузност. Такви примери има милион. Но, националност не е само парче хартија, туку и генетски карактеристики. Дете помеѓу Турчин и Германка никогаш нема да биде вистински Германец без разлика колку тој и да се труди да е тоа. Никогаш нема веќе да ги има тие генетски и физиолошки карактеристики како што би ги имал кога неговиот татко и мајка би биле Германци. Нема веќе белечки изглед, туку црномуресто-ориентален изглед. Така ќе биде и со децата на тие Македонци со Албанци без разлика дали станува збор за христијани или муслимани. Ќе почне да се менува физичката конституција на Македонците, а со тоа се губи и автентичноста на нацијата. Тоа е точно дека Македонецот е мешан, но претежно со народи сродни на нас како на пример Србите, Хрватите, Бугарите, а скоро никогаш со Албанци, Турци и Роми, затоа што тие народи не се европски, а јас себеси Македонија ја гледам како европска држава со изразено белечки карактеристики кај Македонците и хапло групи што во најголем дел не врзуваат со словенските и европските народи.
     
    На Dust, Gocaa и imelda им се допаѓа ова.
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Знаете, треба модератори со челични живци на некои теми на форумот, како оваа на пример. Колку невистини се изнакажани и колку тенденциозно националистички е почната темава, просто да помисли човек баш да земе албанка за жена, а не Македонка.

    Зборите за оние жени „Албанки“, кои Македонците ги купуваат од Голо Брдо, Мала Преспа и слични погранични места, кои всушност не се Албанки туку се Македонки. Пошто очигледно не знаете сите историја и географија, да појаснам, дека тоа се македонски села од каде што се купуваат тие жени, а се продаваат во Македонија, токму да се зачува Македонското во нив, да не се албанизираат комплетно.

    Е сега, тоа што децата зборат и македонски и албански, каде е зијанот во тоа? А мажите кои ги земаат, ако не си ги научат децата да зборуваат и размислуваат македонски, тогаш тие мажи и не заслужуваат да остават македонско потомство, шо ќе ни е? :fubar:
     
    На Haley, Dust, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    За жал најголем дел од тие невести се Албанки, а не Македонки од Албанија. Има и Македонки секако од Мала Преспа, некои поголеми градови, но претежно тие невести се Албанки за жал. Договорени бракови и продавање невести сеуште е прилично присутна кај Албанците без разлика дали станува збор за муслимани или христијани. Таква познавам и јас лично. Тврди дека е чистокрвна Албанка, а со мажот и се запознале додека тој бил на одмор во Саранда. Не ја купил, ниту нудел пари, туку сама сакала да се омажи. Кажала дома дека се мажи во Македонија и си оди, а родители само прашале дали е христијанин или муслиман. Барем таа така кажува. Ако ме лаже и јас те лажам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Јас имам прв братучед кој зема жена албанка и не е точно дека на невидено ги продаваат тој беше во албанија се запознаа потоа отиде си ја доведе и не се сите со пари снаата ни е од добро ситуирано албанско семејство а братуцед ми не е толку богат па ете таа дојде во македонија бракот им е навистина супер се сакаат почитуваат за 8 месеци почна да зборува убаво македонски раѕликата во годините е 10 си живеат убаво .Уште нешто би додала имаме семејни пријатели од едно велешко село малку поодалечено од велес на некои 20 км со нивниот син цесто зборувамена темата околу женидби бидејки е на 30 години дечкото и тој вели ниедна мома несака да живее на село кога ке и кажам од каде сум неможам да ја сретнам а камоли да продолжи контаткот и за на крај немојте да судите дека на село се живее сиромасно во градовите е победно од селата ама ете држи вода тоа што е епитет грат а ова село ергенчињата од село секогаш имаат подлабог џеп од градските не е убаво така да ги навредуваме лугето од село како викаат старите кај нас живеј во грат фали село од таму ти иде јадењето на бетонот ништо не се рага.
     
    На tessie, imelda и kva им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Камо среќа да се Македонки. Човеков прво си сакаше Македонка од Албанија ама кога виде дека тие се потрошиле, се нафати и за Албанка. Во Драч, блузу Тирана живееле и Македонки биле. Врска нема. Тоа се Албанки. Јас мисалм дека кога тогаш албанските партии ќе го искористат фактот што нивните невести се тука омажени за да се прикажат дека се повеќе во проценти.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ајде сега да се јават сите што во други теми коси кубат дека љубов не се купува со пари.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Колку што знам се Албанки земаат за пари најчесто мажи кои не се способни сами да си најдат жена.
    И земаат Албанки од сиромашни места, кои живот не виделе, па кога ќе дојдат кај нас, им се чини во Париз дошле.

    Глупаво ми е и од едната и од другата страна. Не се работи за љубов, туку за купен брак.
     
    На Tanjamm и Nymeria им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.712
    И сите кои викаат дека е битна љубовта, а не нацоналноста, верата и потеклото:)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Значи колку се генерализира по сите можни основи тоа не е нормално. И после омраза имало. Како да нема?

    Има што се продаваат, ги продаваат, или едноставно, СЛУЧАЈНО, судбината им била таква мажот да им биде Македонец. Ако се од тој регион дојдени не мора одма да значи дека се купени. |(

    Oва ми е дискусија со ограниченост левел како во другите теми во кои девојките кои одат со муслимани ги прават о*оспии.

    Дури и на почеток на темата мислев дека тема на муабет се само оние договорени бракови и купени жени кои ги има од тие региони како што ги има секаде, дури и во најурбанизираните места, повеќе или помалку суптилно.
     
    На theowndemon и kva им се допаѓа ова.
  11. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Цело време се воздржувам да споменам дека и наши има кои одеа и уште одат во белиот свет, се мажат/женат со тамошни, од љубов или не тие сами си знаат.

    Се “думам“, да нагрнат кај нас некои Италијанци, Французи или Немци овде да почнат да барат жени, дали ќе има тема Сингле, или останаа ли машки во Скопје, на овој форум? Ќораво женско нема да остане по Скопје. :( Па ќе видиме тогаш Скопјанциве откај ќе одат да барат жени? Не во Албанија, во Тангузија ќе појдат. :rofl:
     
    На Ingvild, Dust, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Албанка муслиманка од Албанија се омажи за Србин, смени вера, носи српско презиме, а секој втор пост на фб е со албанско знаме и величење на Албанија.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Би се рекло дека е албанизација ако Македонки стапуваат во брак со Албанци, а не Албанки со Македонци.
    А не ми е јасно... какви се овие девојки/жени што ги продаваат... да заминеш со некој без љубов... што е со твојата вредност бе жено...
     
    На Dust, realGirl и Victorian им се допаѓа ова.
  14. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Не би рекол дека е албанизација, децата произлезени од брак помеѓу Македонец и Албанка ќе бидат Македонци, затоа што ќе бидат родени и израснати во Македонија и ќе зборуваат Македонски јазик.
    Имам другар чиј прв братучед има татко Македонец и мајка Албанка од Албанија (ама не купена :D) и тој ми има кажувано дека иако мајка му на братучед му е Албанка тој воопшто не ги сакал Албанците, дури и ги нарекувал со погрдни зборови.
    Инаку точно дека е албанизација кога Македонки се мажат за Албанци, бидејќи децата родени од овие бракови најверојатно ќе ја изберат верата на нивниот татко, и исто така ќе се идентификуваат според татко им како Албанци, ама за среќа ваквите бракови се многу ретки.
    Еве статистика од пред неколку години која покажува дека во 2011 година помеѓу Македонците и Албанците се склучени 127 брака, од кои 112 помеѓу Македонец и Албанка, и 14 помеѓу Албанец и Македонка.
    http://www.mkd.mk/48294/makedonija/mesani-brakovi-makedonki-albanki
     
    Последна измена: 9 август 2016
    На fallenangel и HUNK им се допаѓа ова.
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Прво,во Албанија има огромен број на Македонско население.Најчесто се во југоисточна и источна Албанија(оние делови кои Албанија ги зела со Букурешкиот договор).
    Второ,тие Македонци кои земаат жени од Албанија се најчесто луѓе кои се околу 40 или над 40 години и веќе не им е примерно да шетаат меѓу помладата популација и да си фатат девојка/жена Македонка.Плус многу од нив земаат Македонки од таму.
    Трето,децата на тие семејства се Македонци,но децата на Македонките кои се во брак со Албанци,Турци,Бошњаци и други националисти не се Македонски деца,и тоа е многу пострашно а таквиот број е во континуиран пораст.
    Четврто,треба ние Македонците да престанеме со либерализмот и да глумиме Американци и да ги прифаќаме мешаните бракови како нешто многу кул и нормално.Автохтоен и автентичен народ,односно прави Американци се Индијанците кои живееле и живеат сега во енклави во САД.Се друго се мелези,Европејци кои се испомешале со кој стигнале таму и се декларираат како ''Американци''.Ова го зборам и за машките и за женските.Македонско семејство е меѓу Македонeц и Македонка.А не мелези....


    Децата-мелези(ова е Социолошки израз) на Македонките кои се во брак со луѓе од други националости и вероисповести не се и неможе да бидат Македонци.
     
    Последна измена: 9 август 2016
    На Dust и Rama им се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    За Америка си во право, тоа е имигрантска земја без идентитет и без свој јазик, прави Американци се Индијанците кои сега се само 1% од населението а останатите се доселеници, затоа Американец не претставува етничка припадност туку само национална припадност и секој може да биде Американец без разлика од каде доаѓа, доволно е само да добие Американско државјанство.
    Ова е случај и со Канада и Јужна Америка, и затоа во овие земји се прави попис врз база на расна а не на етничка припадност.
     
    Последна измена: 9 август 2016
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Jas imav dve koleski albanki no so makedonski iminja i zboruvaa ubavo makedonski jazik znaeja i bea nekade od golo brdo od mala prespa od tamu bea tie se tamu poveke makedonci
     
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не се доволно паметни за да смислат такво нешто.
    Едноставно имаат по 10 деца тие од по селата, па кога ќе стане некоја полнолетна зошто да трошат леб и за неа? Ќе му ја шитнат на некој затуцан 40 год ЕРГЕН, па тој уште и ќе им плати.
    Е сеа ако е некоја поитра ќе си ги учи децата албански да зборуваат, тој мажот по цел ден копа канали по улици, па кога ќе дојде дома многу му е гајле како зборуваат децата... Абе деца, што знаат... Како слушнале, така зборуваат.
     
    На tessie, mareane, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Па не треба да е поитра, по мене секоја би требало да ги научи децата и албански да зборуваат. Штета секако нема да имаат од знаење на јазикот.
     
  20. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Битно е тие деца кога ќе пораснат да имаат македонско национално чувство и кога ќе има попис да се попишат како Македонци, а јазици можат да научат и 10 ако сакаат, тоа не е проблем.