Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Албанки се мажат за Македонци, смислена албанизација или?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 29 септември 2013.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ок очигледно не сфаќаш тоа што е напишано, ќерка ми што е 5 години повеќе разбира од тебе, дали ако ти се нацрта ќе разбереш?

    Значи таа што е продадена од сопствениот родител без обзир дали е твојата комшика или мојата немаат право на збор, разбираш или не разбираш, дали ќе биде силувана, тепана, малтретирана, давана на другари да се ижививаат НЕМА ПРАВО НА ЗБОР.

    Сериозно кога те читам онака од се срце посакувам да си трол, сериозно МАКА ти е тебе што и оделе цела фамилија на гости кај комшијата????

    Доктор не сум да ти кажам да се лечиш ама ово се сериозни фрустрации, мака ти било за нешто што нема никаква, повторувам никаква врска со тебе, ниту дома ти доаѓаат ниту им плаќаш нешто, немам зборови колку глупо и завидливо ти звучи постот, као оваа од Албанија си најде маж па и цела фамилија ја мкне на гости а јас убава, паметна? немам маж.

    Поимот силување значи некој да ти го користи телото без твоја согласност, продадена= не согласност= силување , да нацртам или сВати?
     
    На Rose96, CameliaMiller, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ти пишав да се засрамиш затоа што рече дека жените во брак не може дс се силувани. Пресметај се малце што пишуваш
     
    На *Amethyst*, Rose96, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Јас не

    Со вас на форум не се зборува навистина. Мака ми е дека немам маж? Имам. Силувала била, немала право на збор? Од каде тоа дека нема? Верувај дека повеќето од нив живеат убаво, или си љубоморна можеби дека некоја купена е третирана убаво?
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    А силување во брак нема?
    Сигурно едвај чекала да отиде кај некој прв пат што го гледа и да има секс со него.

    Ако некој е мирен, не значи по автоматизам дека е добар. Па дури и најдобар да е, тотално го игнорираш фактот дека девојката нема никаков избор.

    И што да каже ако и е лошо со него. Уште побитно, на кој да каже? На купувачот да се пожали, на трговецот што ја продал или на сеирџиските комшии што не ја ни гледаат како човек со чувства?
     
    На CameliaMiller, Annath, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    А ти засрами се што тврдиш за некоја си таму, дека жената била силувала, оти тебе ти се вртат мрачни мисли.
     
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ти и Витали изгледа во ист свет живеете.
    Ако ја продавал татко ѝ - тој бил монструм, а овој слепецов што ја купува бил цвеќе за мирисање и ни грам вина немал за понатамошно охрабрување на ваквите гнасни дела.
    Ако биле во брак, сигурно не ја силувал.
    Па кога не смее А да рече нели одма значи дека бајка ѝ е животот.

    Освестете се и сфатете дека нема ниту еден начин на кој може да се оправда ова.
    И наместо да разглабате тука како може и на девојката ѝ одговарало, земете и прочитајте ги темине за силување во брак, трговија со луѓе, груминг, феминизам, нешто, било што.
    Па дојдете после да правиме муабет.
     
    На Rose96, marija305, spacegirl92 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас не реков ниеднаш дека е силувана.:drunk: Реков дека и да е, на тој што си ја продал ќерката тоа ништо нема да му смени.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Не велам дека нема, ама не во секој брак. Отвори темата силување, ќе видиш колку жени се жалат декаа се силувани од мажи кои сами ги избрале, а не се продадени.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Ако не смее да рече А, нема да смени цел мебел дома за месец дена со туѓи пари, во случајов пари кои мажот ги заработува.
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ај препрочитај се дека ТЕБЕ ти е мака дека цела фамилија оделе на гости кај комшиката, кај комиката не кај тебе а јас љубоморна, цепки си жими се
    Леле а со последниот пост со менувањето мебел, ти ќе си пукнеш од љубомора дека некоја купена убаво живеела, цела фамилија мкне, мебели менува, средена и се тоа со туѓи пари, патем во брак нема туѓи пари сите се заеднички.
     
    На Rose96, Snowflake97, marija305 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Тоа мене ми кажува дека тој маж е толерантен. Прво е трошок да дојдат 5 души и да ти седат пола месец, нели? Не се работи за љубомора, туку не ми е нормално цела фамилија да оди така на гости, непристојно е, секој сака да има свој приватен живот и мир.

    Мака ми е, оти не сакам тајфа гости што не знае да си оди дома. Лично не би сакала такви гости. Се знае колку се седи кога се оди на гости.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    И јас сменив мебел, хахахаха.

    Ви укажувам дека не е ок шо ги продаваат, но тие жени не живеат толку лошо, како што мислите. Еден куп Македонки знам кои не се продадени, сами си ги бирале сопрузите, па платата ја даваат дома, и потоа бараат дали да купат чизми, јакна итн. Рмбаат и бараат од своите пари да им се одобри дали нешто да купат.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Tи би продала своја ќерка така? Да ти дојде утре некој кој ете има пари да им отидеш дома и да им седиш пола месец сосе фамилијата? Дали пример би си ја дала ќерката кај човек кој сака да ја купи, ете мирен е, повлечен, сака невеста да си најде на ваков начин. Ќерка ти никогаш не го видела, или го видела еднаш кога дошол бизнис да прави. Би си ја продала ќерката?
     
    На CameliaMiller, lovestoneddd, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Ама што ти е гајле, дома не ти се, човече стварно не си нормална, да не треба тебе да те прашат дали и колку да седат гостите кај комшиите, да не знае човек дали со лева или десна рака да се крсти, свој леб јадеш, туѓо гајле береше, мало граѓанштина на дело.
     
    На *Amethyst*, deliza, Rose96 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Не. Реков погоре, треба да се апсат посредниците и да скапат во затвор.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Исто како тебе, да, свој леб јадеш по форуми гајле береш и се контраш.

    А тебе што ти е гајле што ја продале, олади, за трети лица и случаи збориме.
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш не размлакнувај и не ни кажувај како тој бил мирен, повлечен, златен и неа ништо не и фалело. Небитно е тоа. Стави се на местото на секоја таква девојка која насилно ја омажиле, сети се на муабетот и толку ти треба. Ова освен да дискутираме како може да прекине и да остане само црна историја ништо друго не треба да не интересира.
     
    На CameliaMiller, Annath, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Браво седи 5:clap:

    Не можам како тебе да бидам, ниту ме интересира кој оди кај комшиите, ниту колку седат, ниту мебели дали менуваат, ни дали се од мажот парите или од жената ама ич не ми чуе а не па мака да ми е ама ти душо си poster girl за оние бабине по мемињата за балкански ЦИА, уште двоглед ако кажеш дека имаш и се ќе е таман.:wasntme:
     
    На Rose96, Snowflake97, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Но, можеби жените и така се воспитувани, како што велите испран им е мозокот дека треба да се покорни и тоа е тоа. Нив не им менува овде или таму, треба да се покорни.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.628
    Не сум од вчера по форумот, и видов дека те интересира, а и форум е, полека, без нервози. Никого не бесиме, не стреламе, не даваме адреси и матични броеви, имиња, презимиња, полека не знам зошто е тешко да се прифати дека не е се црно и бело. На некоја од нив можеби им се бендисал мажот, тоа не знаеме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.