Албанки се мажат за Македонци, смислена албанизација или?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 29 септември 2013.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Каде, посочи ми?

    Доказот за твојата мало граѓанштина е погоре во постовите каде знаеш кој менува мебел, колку гости одат и колку време седат па и мака ти е за нешто што нема никаква врска со тебе

    Посочи ми ваков пост и ќе те честам виза за кај мене, со гаранција и се по ред.:wasntme:
     
    Последна измена: 27 септември 2020
    На black-angel, Snowflake97, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    ОК ај да се откажеме тогаш од идејата дека не е во ред и да се тешиме дека е така и најзлатни мажи ќе им се погодат ко твојот комшија со идење на гости и плус мебел менување. Која убавина од живот.

    Не ми се верува дека може некој да помисли дека ете супер живот живее, мебел менувала бе. Имаш 0 можности за избор во животот, 0 можност за едукација, ко стока буквално си продавана и некој хајлајт на животот треба да ти е твоите на гости што ќе ти дојдат и плус мебелот што патем не е твој, оти немаш сопствени пари за тој мебел.
     
    Последна измена: 27 септември 2020
    На *Amethyst*, deliza, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.596
    Допаѓања:
    13.994
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm за тебе се уверивме дека не само што се знаеш за комшиите туку и мака ти е што им одаат гости, ти напиша дека и мене ме интересирало, си знаела ти дека е така и ти напишав еве посочи ми кога тоа се случило?
    Ако успееш да ми посочиш ти напишав и стојам за тоа дека ќе те честам виза.
     
    На CameliaMiller, Annath и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.596
    Допаѓања:
    13.994
    Твојата виза не ми треба.
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мислам дека девојките што ги продаваат се за жалење а не да им се завидува дека менувале мебел, биле средени, носеле гости|(треба да се покрене иницијатива да се спречи оваа трговија со луѓе, да се види колку се тие легални во Мк, дали имаат некакви права во Мк итн а не да им се завидува и да има се сеират.

    Патем во Пустец се Македонци кои 60 и кусур години им се врши терор да не бидат Македонци, немаат никакви права, не можат ниту да си говорат на мајчиниот јазик а не да учат, немаат право на вероисповед итн, не се тие жени Албанки, повеќето се Македонки, не даваат муслимани жени на христијани, самото тоа што го напиша Тања дека се крстат а го величаат Алах е оксиморон.
    На жените им треба помош, едукација а не сеир и замислени conspiracy theories дека ја албанизираат Македонија.:x

    @Tanjamm ако толку се секираш дека ќе ја албанизираат(facepalm)Мк многу е едноставно решението за тебе и тие сличните на тебе, земете раѓате деца а не само да се лупате во гради лелееее ни ја земаа државата, ај таму роди 5-6 деца и решен проблем.:wasntme:
     
    На *Amethyst*, spacegirl92, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.596
    Допаѓања:
    13.994

    Пустец има 3.500 жители. Дел од нив веќе си имаат имоти во Ресен, оти таму никој не инвестира и се оставени како во 19 век. Даваат муслимани жени на христијани, тоест продаваат. Самиот чин на крштевање е доказ дека дека менуваат вера. ТВ гледаш ли некогаш? Еве јас гледав на ТВ 21 како новинар на албански ја прашува невестата Албанка зошто смениле вера, а се друго се зборуваше на македонски пред сопругот Македонец. Таа си кажа дека не и е проблем верата.

    Во Пустец се учи на македонски јазик. За тоа треба да се информираш пред да пишеш. Со години им се донираат од овде книги на македонски јазик. Деновиве донираше Интегра. Провери, па пиши. Јас лично имам донирано книги за тие деца, секако на македонски јазик. И тоа повеќе години имам донирано и ќе донирам. Тоа што ти зборуваш е паушално и неточно. Ги признаваат дека се Македонци. Илир Мета редовно ги посетува оти коалициира до партијата на Едмонд Темелко.

    Не им се завидува за менување мебел. Правите замена на тези. Туку, тој маж сепак е внимателен со неа, постапува како што таа сака, оти конечно се оженил.

    Ние да имаме држава, тоа ќе го третираа како трговија со луѓе и посредниците ќе завршеа во затвор. Истото се прави и во Србија и Црна Гора. Имаат разработен „пазар“. И не се од Пустец, од Драч, Елбасан, Круја се.

    Секогаш зборувам со факти, а не како некои од вас, штом не е по ваше, готово, сите се малограѓани, завидливи итн.
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Гледам телевизија, Chanel 7, Chanel 10 итн Нетфликс, кај мене во Австралија не фаќа ТВ 21.:wasntme:

    Тоа што последниве 10 години им се донираат книги не го негира фактот дека 60 години им се вршеше терор во вид на асимилација, јас родена во Австралија ли да те учам македонска историја?

    Тоа што ти напишав дека си завидлива е твоја вина ти сама напиша во повеќе наврати дека ти е МАКА зошто кај комшиите им одела цела тајфа на гости, барам соодветен збор за нешто што нема никаква врска со тебе ама освен завидлива друг збор не ми е соодветен.

    Единствен вистински факт е дека тие жени се жртви на трговија на луѓе без обзир дали се насмеани, средени, менувале мебел и слични глупости.
     
    На CameliaMiller и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.441
    Пол:
    Женски
    Јас запознав дел од жените албанки и нивните деца преку еден проект.
    Според нивната приказна сами сакале да се омажат,бидејќи во Албанија имало многу повеќе девојки од мажи и сакале подобар живот.:|
    Сите кажуваа дека се задоволни од сопружниците,нивните семејства и животот тука.
    Некои од нив нашле работа,децата ги носеа во градинка.
    Некои за прв пат облекле убава облека или си дозволиле фризер.
    Поаинаквото воспитание, но и живот довело до тоа тоа да се мажат за 20 год.постари мажи кои ги виделе на неколку средби.:(
    Не знам дали ако е своеволна одлука се работи за трговија.:| Тие велат дека парите се подарок за нивното семејството.
     
    На Tanjamm и Justicija им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.848
    Тие кажуваат тоа што ги учат да кажат.
    Речиси ни една жртва на семејно насилство, нема да каже што се случува, посебно ако па од раѓање е така воспитувана.
     
    На Rose96, tambelina, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.441
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така,но не можам ни да не верувам ниту да им судам кога кажаа дека животот им се сменил 100% на поубаво.Ако некој вели дека им е убаво ,може им е.
    Не верувам дека сите овие мажи кои се ожениле со Албанки се насилници.
    Можеби се воспитувани така ама жениве глупави не се.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Не е за тоа. Ама еве пример да земам.
    Може таму дома биле тепани, третирани ептен лошо. После ги продале кај рандом човек, кој ете не ги тепа. И сега за нив тоа е веќе поприфатлива ситуација.

    Ама останува фактот дека се работи буквално за трговија со луѓе. Да ме преместат од затвор кај што има лоши услови во затвор кај што има добри, ќе ми биде поудобно. Ама факт е дека пак сум во затвор. Не можам да правам што сакам.
    Не треба да бидеме ок со тоа, само затоа што им е подобро. Треба да се реши вистинскиот проблем во корен, што трпат насилство од мали години и се тргува со нив.

    Немаат избор. Или ќе трпи малтретирање дома со нејзините или ќе се продаде за да избега. Прашањето е дали би се венчале со тие постари мажи по селата кога би имале вистински избор?
     
    На tambelina, Angie1432, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.848
    Ама дали е тоа "поубаво" човечно?
    Испаѓа кој робовладетел е пофин, кај него ќе одам :|
     
    На tambelina, Feminka22, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.768
    Пол:
    Женски
    Јас познавам мн одАлбанија што се омужиле за Македонци , најчесто за стари ергени , и да ви кажам за нив овде е Германија .
    Сите кажуваат колку бедно живееле таму и сите се скоро од западна албанија , некои стравовале за јадење , а и не ни им се оди во албанија .
    Е сега има и една поинаква страна , има една група препродавачи на жени албанки , но тоа е толку организирана мафија на пр: Бара некој жена и овие му носат ,младоженецот им плаќа 500 евра , и нели прават свршувачка и ја даруваат невестата со злато и пари ,нели такви се адетите , и другите денови Аш невестата ја нема со си злато и пари ?!Познавам 5 вакви случаеви
    И не се баш за жалење , веќе и тие се научија ,не се живи прости ко порано
    Албанизација ај донт тинк сооо
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.441
    Пол:
    Женски
    Ама женски,ние воопшто не знаеме дали воопшто постои "робовладетел".
    Таму биле сиромашни,не мора воопшто да значи дека дома биле малтретирани,ниту тука дека се малтретирани.
    Можеби се дел од нив:| но кога ке разговараш со нив поинаква слика се добива.
    Сосема е друго кога ке прочитаме на нет.
     
    На BloodElf и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.848
    Косми, сакам да мислам дека не е робовладетел во прашање.
    За жал, ич ништо не ми мириса дека се слободни.
    Замисли да ти е нормално татко ти како стока да те продаде.
    На нив тоа им е нормално.

    Затоа мислам дека не знаат за подобро. Едноставно не знаат што значи слобода, да си со тој што сакаш да бидеш, каде што сакаш да бидеш.
     
    На tambelina, Angie1432, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Точно, и да им е поубаво неголи дома, не им е најубаво бидејќи не се венчале со оној кој они го избрале него со тој што го одбрал тате.
    Зашто да бидаѕ продадени и да им биде ,,поубаво” кога може да им биде најубаво.
    Да ти се пљукнам на бракот без љубов и среќа.Ќе се самоубијам на прва брачна ноќ
     
    На spacegirl92, marija305 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.596
    Допаѓања:
    13.994
    Човек завидува на нешто што го сака, а не на масовно одење по гости до 5-то колено, кое реков веќе дека не го САКАМ ниту ПОДДРЖУВАМ. За Македонците во Албанија, знам каква им е состојбата, нема потреба да ме учиш историја, пријатели ми се челниците на Македонците во Албанија, реков сум донирала книги и ќе донирам, оти во Пустец се учи, а во Тирана не на македонски. Тие се свесни кои се и што се, но немаат никаква поддршка од тамошната власт. Не се гради ништо кај нив, но веќе се полека полека со една нога во Македонија.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.596
    Допаѓања:
    13.994
    Јас знам два вакви случаи каде жените земаа пари и избегаа.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ок пошто си напишала со големи букви за да те разберам ај објасни ми жити се како да сум 2 години што има ти да не сакаш и не поддржуваш гости во туѓа куќа, сакам ама не можам да ти го разберам мотивот за тоа.
    Ниту е твоја куќа, ниту се твои парите, ниту е твојата приватност нарушена, не можам да те разберам.

    Ти да си им комшика на родителите на мм ќе ги изжалеше луѓево како сме се домкнале цела фамилија, три деца и трудна снаа, цццц до сега ќе дојдеше да не на бркаш, како така во куќата на комшијата ќе им седиме со месеци на гости цела тајфа.:makeup::wasntme:
     
    На *Amethyst*, deliza, Annath и 3 други им се допаѓа ова.