1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергии

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ivana55, 16 ноември 2013.

  1. ivana55

    ivana55 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Треба да правам алерго тест во институт за медицина на трудот дали некој знае колку чини тестот?
     
  2. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    алергии

    Okolu 4000 den.
     
  3. ivana55

    ivana55 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    алергии

    јас имам упат дали е така поевтино и со сини картони или токлу си плаќаш?
     
  4. Joana333

    Joana333 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    алергии

    Здраво дали може некој да ми одговори на мојот проблем .. Имам алергија на анестетици а бремена сум и треба да се пораѓам па можно е да ми затреба анестезија . Имам 2 теста стари 2 години со резултат на кој анестетик сум на кој не сум алергична направени на крв . Сега на гинекологија ми барааат нови тестови кои морам да ги направам на кожа а на сите странски сајтови читам дека на кожа во бременост не се прават тестовите .. Некој со вакво искуство дали има или можеби некој од вас да е анестезиолог или да познава анестезиолог ... Фала однапред ако имате било каква информација
     
  5. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    алергии

    Види не сум анестезиолог, а ти би требало да се консултираш со ист, и со специјалист за алергологија.
    Системска реакција на кожен тест за алергија е многу ретка, но сепак постои некоја мала шанса и затоа не се препорачува истото кај бремени жени за да не дојде до анафилактичка реакција од истиот алерген.
    Значи консултација со алерголог и со анестезиолог обавезно, ако нејкат да те ислушаат во државните, оди во приватните барем за една консултација.
     
  6. Joana333

    Joana333 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2

    Па да тоа ми е проблемот , неможам анестезиолог да најдам на државна а мене ми треба таму пошто таму ќе се пораѓам . Во приватните прашав исто ми кажаа дека само на кожа прават.
    Јас веќе имам добиено еднаш анафилактичен шок и истото не си го посакувам најмалку сеа во бременоста
     
  7. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Женички која има познавања нека помага. Пред три недели ми се појавија црвени брунчиња во пределот на нозете, од коленото надоле кон глуждот, по телото немам нигде осип. Најпрво помислив дека ме има некое пајаче налазано, потоа помислив дека е комарец поради топлото време, но не било тоа. Бев на дерматолог, докторката дијагностицираше алергија но не ми појасни од што може да е, ми забрани секаква храна освен варен ориз и варен компир само со сол, двопек и чај од прегорен шеќер. Веќе три недели сум на оваа храна и искрено збеснувам, не се издржува. Единствена позитивна работа од ова е дека ослабнав, другото нема подобрувања. Од таблетите исчезнаа брунчињата но знаат од време на време да се појават. Вчера пробав сирење, на почетокот немав реакција но после 8-9 часа ми се појави по некое брунче на нозете, пробав и морков предходно и од него се исфрлав. Инаку сум доилка, а незнам ни бебушов од каде веќе црпи млекце со оглед на хранава што ја јадам.
    Закажав за алерго тест, но тој е дури кон средината на април. :(
     
  8. Mihaela.Mii

    Mihaela.Mii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Во свето на алергии сум релативно нова. Алергијата на полен поцна да ми се јаува пред 2-3 години, но секоја година ми е се појака и појака. Направив алерготест кој покажа алергија на полен со ++++, па сега имам терапија флексоназ 2/2 и се разбира апчиња и попратниот витамин Ц.

    Моето прашање дали јас можам да одам во природа, или најмалку во парк ( алергија на полен од треба исто ++++ )? Мината недела бев на планина веднаш почна носто да ми се затнува да ми чешаат очите, носот.Дали некој што ја има иствава алергија можи да ми кажи што всушност треба јас да избегнувам?

    Да не заборавам да кажам дека кивам затнат ми е носто, ми течи, ме чешаат очите. носот, ушите, кашлам на сабајле. Се разбира со терапијата сето тоа е сведено на минимум се додека не се најдам планина или незнам паркови....
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Секоја година мака мачам со поленскиве алергии, ама годинава мислам најлошо е. Ептен сум затната, очите навечер обавезно ме чешаат и тоа до степен малку ми фали со лажица да почнам да се чешам.

    Пијам Аериус, редовно, ама не чувствувам никаков ефект. Ако има уште некој со овие маки да сподели како се лечи?

    Лорадатин и компанија не ми помагаат, премногу се слаби. Лани со Аериус супер ми беше ама годинава не иде работава. Не знам дали да менувам лек или што да правам, се швркнав.
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Дали некој правел алерго-тест преку крв и во која институција во Скопје?
     
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    2.123
    4000 денари чини алерготестот??? Сериозно??? Ау, па јас бев загреан да правам, ама после оваа информација... Па многу тоа,бре! Секаде е толку?
     
  12. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Мила, јас пред 3 недели правев алерго тест преку крв во Јане Сандански, со упат ми земаа 700 денари а резултатот го добив за една недела.
    Предходно имам напишано дека имав алергија која до тогаш не знаеа од што ми е, со тестирањето открија дека алергијата била од габички кои се наоѓале на облека која подолго време стоела испрана во регалот.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.703
    Да ве прашам дали некоја го пиела препаратот Алерго Форте? Ми го пофалија дека во комбинација со антихистаминик се намалувала алергијата?
     
  14. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Да јас го имам пиено но само на почетокот ми делуваше потоа пак се по старо...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Има ли некој со алергија од домати :?: ?Мака измачив со лекови и се,јадам само варен ориз , компир и супа,па секое ваше искуство и совет ќе ми значи.
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Истиот проблем го имам. Јас на се сум алергична и јадам само овошје зеленчук и само варен ориз и компир :(
     
  17. scorpijagirl

    scorpijagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    39
    Има некој што е алергичен на сонце? :/
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас имам алергија од сонце.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.821
    Пол:
    Женски
    Какви 4000 ден бре?јас работам со пнеумофтизиолог и со упат и син картон чини 80 ден.Со боцканје на рака и за 15 мин добиваш резултат
     
    На simoncelicius и LUCERKA им се допаѓа ова.
  20. scorpijagirl

    scorpijagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    39
    Јас вчера дознав дека сум алергична на сонце... Прв пат за оваа година изглегов по кратки ракави на јако сонце и гледам по рацете црвенило малце ме печеше и чешаше а кога влегов дома вечерта го снема , а денеска пак исто . Mе интересира како ти се справуваш со овај проблем ? Каква крема да си купам со колку заштитен фактор ... а баш сакам убава боичка да си фатам летово :/ :) Поздрав