a каде е точно ова со 80 ден ? Јас кај и да прашав се беа над 1000 и курур ден , и тоа поделени на табели
Како бе луѓе 4000 ден.? Тоа приватно или? Во Медицина на трудот за алерго тест земаат мислам дека 100 ден / 200 ден. А како да проверам на кои антибиотици сум алергична? Преку каков тест се испитува тоа? Ми правеа кожен тест, таму ми кажаа само габи, а се констатираше сеа дека сум и на антибиотици, бидејќи имам реакција од кога пијам. Едит: Грешка сум се изразила. Ми најдоа само дека сум алергична на габи кои се собирале во прашина, а за друго не ми кажаа. А, со матичната кога се консултирав ми запиша само во картонот дека сум алергична на амоксиклав, а сега од кој и да се напијам, имам реакција. Цитерал или исто капсули имаше, не можам да пијам.
^ Ани, кога јас правев на детска клиника алерго тест, платив по 300 ден. од алерген. Консултирај се со матичен кои алергени да ги тестираш.
Дали има некој со ваков проблем,какви алерго тестови имате правено , каква терапија примате и дали може да препорачате некој добар пулмоалерголог?
Дали некој може да ми ги кажи симптомите на алергии сега што се актуелни- на полен итн...? Прво очите ми се надвор од контрола. Ме чешаат, печат и болат внатре, и ми се многу осетливи на светло. Од носот ми течи вода буквално. Не е секрет туку водлесто. Грлото ме греби, а не сум болна. И последно ми се суши душникот некако се обидувам да кашлам ама не ми се кашла. Не знам дали ова се симптоми на алергии оти на тоа ми текна мене.
Кување не спомна. Тоа се тие симптоми.Иди на матичен и побарајте упат за алерго тест. Не е комплицирано.
Неможе матичен директно на алерго да ја прати освен ако не оди приватно.Мора прво кај пулмолог или пнеумофтизиолог па истиот да ја прати во лаб на алерго
Здрави девојки сакам да прашам нешто, веќе 1 година имам проблем со потекување на капаците на очите значи ми потекува и ми се покрива цело око како да немам капак, испитав синуси неми беше ништо, испитав бубрези излезе имам камен песок ама пиев се ми помина а со очите ништо останаа исти, после испитав алергија и алергична сум на многу работи но сеуште немам најдено добар лек пиев лекот даселта ама некако не мипомогна е сега ако некој знае да ми помогне и дали слушнал од што друго може да ми потекуваат? фала однапред
Луѓе да не знаете во Јане Сандански колку чини алерго тест со упат? Итно ми треба да знам кплку пари да си земам
Може ли некој да ми каже како прават алерго тестови? Не сум правела до сега, па малку ми е страв. Боцкаат ли? И колку чини отприлика?
На раката од внатрешната страна боцкаат мали иглички и по една капка од некоја течност ставаат. Обично пецка само малку, ништо страшно.
Преку крв се прават по ново, ако не се лажам, зависи каков алерготест. Мене ми земаа крв само, од 500 до 800 денари беше на државно, ич не памтам.
Здраво сакам да ве прашам дали сте имале алергиски реакции од детергент за перење алишта или омекнувач? Пред една недела купив омекнувач коколино, и ми се појави кожна реакција предпоставам дека е од него.
Да си прашам и јас, мајка ми веќе една година околу очи исфрла црвени брумки што ја чешаат. Да напоменам од шминка не е. Матичниот и вели ништо страшно ке помине, ама не поминува ставаше една маст, беше и кај двајца кожни Др едниот маст и даде а другиот сосема несоодветна крема за проблемот, крема за брчки Еуцерин. Се повлечат некое време и пак се појават. Можеби на сонце е алергична ама ниеден доктор не го утврди тоа, предложете ми некој добар кожен доктор, може и приватен.
Здраво да прашам дали некој правел алерго тест во авицена лабораторија јас сеуште имам алергија но не пијам веќе лекови дали ке можам да направам алерго тест иако сеуште имам алергија?
Прашувам затоа што секаде ми кажаа дека мора прво да ми помине алергијата само во авицена викаат не ..дали вие сте правеле ако можете споделете искуство?
влијае само на имуноглобулините. Ќе ги покаже повисоки. А нема врска со типот на храна од која си алергична како и да е ќе покаже..не сум правела. Знам од книга.