Здраво на сите , би сакала да ве прашам како се справувате со алергиите.Јас сум алергична на прашина и влакна од мачка , барем така ми испитаа, ама се сомневам дека и на некое од растенијава што цутаат сега. Пред некое време бев скроз затната со носот и синусите ми беа воспалени ,главоболки и сл. Со спреј успеав да го регулирам носот и синусите,но сеуште се чувствувам омалаксано и на моменти дури мислам дека ќе изгубан свест , исто така од време на време ме чешаат различни делови на телото и немам забележано брунки или нешто слично. Некој со слична ситуација ако може да сподели искуство. Благодарам
Пак јас Сега треба да правам алерготест на два антибиотика, за едниот ми рекоа дека ќе ми го стават поткожно, а другиот ќе мора да го пијам постепено за да видиме дали ке има реакција. Искрено, ме фаќа малку паника со тоа пиењето, не знам дали е можно да имам покасно реакција, кога ќе си одам дома? Дали правел некој ваков тест, да сподели искуство?
Zdravo na site.Imam problemi so disenjeto veke tri meseci,tesko disam svirenje vo gradite i suva kaslica.Mozebi e nekoja alergija.Zatoa ve molam ako nekoj ima iskustvo so dr.Dejan Dokic neka pise i kako se zakazuva pregled i ispituvanja kaj nego?i cenite?
Здраво, во последниве 6дена се борам со алергија за прв пат во мојот живот, никогаш не сум бил алергичен ниту пак знаев како тоа изгледа имам 28г. и ми рекоа дека ептен голем проблем е нс таа возраст да закачиш алергија, сакаа одма со инекции да ми го смират отокот али не дозволив... Алергијата го погоди моето грло, поприлично отече внатрешно и неможев да дишам убаво дури и ме фати паника,мислев ова е крај... Ми препишаа на доктор лоратидин, али жена ми, ми кажа дека подобро е лентрика.... Втор ден пијам и осетив ефект уште на првото апче.... Дали алергијата може скроз да се повлече и да немам никаква потреба од апчиња или ќе заглавам сеа со нив... Споделете слично искуство на моето
I jas fativ alergija kako tebe na 28 god za prv pat, no fala Bogu bez otok. Grloto ne mi otekuva ama mnogu me cesa vnatresno, isto taka i ocite. Pijam letizen i ublazuva ama skroz ne pominuva cesanjeto. Sega ovoj period najmnogu alergijata se pojavuva taka da moras so apcinja da prodolzis za da ne ti se vlosi sostojbata. Moe mislenje slusaj doktor i primaj gi inekciite da ti se namali otokot. Ova e moeto iskustvo.
Многу језива работа, не очекував дека волку силна може да биде алергијата.. Толку ми беше отечено што неможев да поднесам... Али еве лентрикава као помага малце
Дали навецер будење од сон и борба за воздух која трае мозе 5 сек,може да се смета како симптом на алергија?
Не. Нешто друго е. Алергијата не дава таков симптом, барем не трае пет секунди и не се повлекува само од себе.
Девојки дали некоја од вас има користено FANGO CREMA од GUAM и дали имала многу црвенило и чешање односно алергиска реакција?
Девојки,сакам да прашам,ако знае некоја, дали е можно да се јави алергија во интимниот дел?имено, користев влошки Тианде и од тогаш почна да ме пече.. ставав уште какви не вагиналети,но не поминува. Сега ми препорачаа да пијам даселта.. Има ли некој слично искуство?
Здраво на сите. Би сакала да ве прашам дали некој имал алергија (уртикарија) и дали откривте од што ви се предизвикува? Јас веќе 6 месеци се давам и никако не можам да откријам од што е. Постојано се нафрлувам со црвени линии...кругови...страшно чеша на моменти дури и на интимните делови. Правев алерго тестови преку крв на два панели и на ништо не излезе дека е позитивно, уште неколку други испитувања , држев диета и пак ништо...и постојано сум на апчиња за алергија или за смирување....пошто да... на крај сите ти викаат на нервна база е а сметам дека нема врска со тоа....само ми остана интолеранција на глутен да испитам....ако имал некој слично искуство ве молам за мислење...
Здраво на сите, Како што барам на нет мн малку има информации за алергија на никел на македонски. Неодамна правев тестови и испадна дека сум алергична на никел. Испитувањата ги правев на државна и таму докторката ми препиша таблети и крема и толку. Барав на нет и дознав дека всушност никелот го има и во храна и има мн истражувања околу тоа, но за жал ништо на македонски. Па би сакала да знам доколку некој друг го има истиот проблем,како се справувате, што избегнувате, од што имате најдобри резултати. да препорачате добра клиника, бидејќи од нашето здравство ич не сум задоволна. Сега размислувам да отидам кај нутриционалист да ми изработи програма, па исто така би би можеле да ми препорачате некој.
Каква може да е оваа алергија, имам и некој што се поизразени т.е поголеми малку и црвени? Сега скоро и ми поминуваат, не ме чешаат како пред 1 недела.
Дали некој до сега бил алергичен на хлор (хлорирана вода)? На мене и на мајка ми од време на време ни се појавуваат ситни бубулички што чешаат, низ целото тело, но не знаеме од што. Сегогаш ни се појавуваат во ист период и мене и нес, траат неколку дена и се губат. Секогаш ги забележуваме веднаш после капење. Сме држеле дневник на исхрана да видиме дали е некоја храна, не е, друга алергија немаме никаква. Последно што забележавме е дека на мајка ми и се појави, а мене не кога она се бањаше во базен, а јас не. Така сфативме дека најверојатно би било од тоа. Што мислите? Дали е можно и дома кога се капеме, а водата ако е тазе хлорирана да биде од тоа? Дали некој знае на колку време (месец, два) се хлорира водата кај нас во водовод за да провериме дали исипот се јавува тогаш? Благодарам.
Здраво на сите, сакам да ве прашам дали има некоја мајка што дои а е алергична на полен. Периодов постојано кивам, растечен нос и чешање на очите имав, примав алергофорте но не ми помагаат. Дали некоја мајка била во иста ситуација и што пиеле во тој период додека доела за алергија. Благодарам
Zdravo na site, Nova sum vo ovaj forum a i novi mi se i alergiskite reakcii koi prv pat gi dobiv na 27 goini t.e pred nekolku meseci. Alergo testovi pravev vo otesevo samo za respiratorni patista. Alergichna sum na histamin (ushte neznam kako i dali treba da pazam na odredeni hrani, doktorkite mi rekoja ne)kasno leten poles, livadska treva, domasna prasina i mufla. Mi prepisaa nekolku raboti vit. C, ribinovo maslo, isomar i rinoko. Imam nekolku prashanja do vas: Sakam da napravam podetalen test na privatno, pa dali bi mozele da mi predlozite kade bi go napravila istoto vo Bitola? dali nekoj ima iskustvo so rinoko posto pisuva deka mozn oe krvarenje na nosot i sepak e steroid? dali nekoja ima iskustvo so histamin i dali treba da se sfati seriozno premnogu ili ne? Fala vi i pozdrav