Алергична сум на полен,трева,домашна прашина,мед,јагоди и така со ред освен што ме чешаат раце,очи најголем проблем ми е шлајм дење ноќе постојано. Одев на пулмологија па козле и каде не. Од лекови и спрејови имам пробано буквално се ништо не ми помпгна за шлајмот. Дојагнозатс ми е алериска астма т.е немам проблем со дишење туку единствено постојан шлајм. Ме советуваа систина имунотерапија не што е скапа туку не даваат сигурност дали организмот ке реагира. Има ли некој искуство со имунотерапија или било што за ваков проблем?
Здраво Сакам да ве замолам за препорака на добар Др. алерголог. Мајка ми ја следеа на клиника ама поради ситуацијава сега е невозможно да се добие термин кај добар Др. Препорака за некој во приватните болници или што има своја ординација? Благодарам
Со внатрешна алергија се борам веќе 6 години имам на домашна прашина, хистамин,глутен, хемикалии,полен и волна пијам цетиризин и по потреба амнофилин, флексоназе, флексотиде, и Вентолин инхалации со инхалатор.Овие ми се препишани од дрГоце Бузалково во Јасеново (Велес). Поздрав и убав ден.
Моја препорака, дека се мачам со ова, пробај со посебна исхрана која помага да го исфрлиш слузот од твојот организам преку измет за да не мораш да се давиш во шлајмови. Истата мака ја мачев, уште каков лек не пробав, ништо не ми помогна освен здрав начин на исхрана, отидов кај нутриционист и ми направи начин на исхрана за да можам по лесно да го исфрлам слузот, еве веќе 2 месеци ја терам и навистина помага.
Дали Ви помогна терапијата и јас бев во Ремедика пред 1 месец, но докторот Оровчанец не работел со ситуацијава па бев кај доктор Весна ја примам истата терапија аериус ама нема подобрување, јас имам оток на јазичниот крајник, не знам веќе што да правам и со оглед на ситуацијава, сето ова психички ме уништи. Поздрав.
За во која болница. Јас имам правено и сеуште правам во болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Јасеново околу 2000 ден се. Ако сум од Скопје, одам во Јасеново.
Здраво јас одам кај Доктор Драган МИјакоски во Институт за медицина на трудот Чаир и сум презадоволна само барај да ти испитаат Алергени преку крв а не со кожен тест кај мене кожниот тњст не покажа ништо а преку крв на многу алергени.
Zdravo mi treba sovet za alergija na detergenti bebeto e 10 ipol m.mu se pojavi osip sitni mozolcinja na teloto is0adna algicen na prasok i dr. detergenti za perenje ni dade maticnata Aerius surup ni dade 3 nedeli da pieme ispivme dozata pak ni rece uste 1 surup da ispieme nekoja majka iskustvo dali imala vakvo?dali ke iscezni alergijata ...
Искуство со летизен? Периодов кашлам МНОГУ, ко од нова година до сега. Матичната вели сум имала некоја алергија и ми кажа летизен да пијам. Колку помагаат? И' зборев да направам тест за алергии пак (последниот беше пред 3 год мислам) ама ми рече дека најверојатно се истите работи но и дека никогаш нема да знаеме на што се' имаме алергии.
Каде на приватно испитувате алергија? Јас имам оток на носните ноздри, најверојатно ми се алергија, затоа и се воспалуваат синусите, со терапија се намалува отокот ама пак ми пречи и ми предизвикува затнат нос, главоболки, слуз во грло, чешање на грло. Што треба да испитам поточно, каде да се обратам? Гледам во Авицена ама секој панел има различно испитување баш она јас на што се сомневам млечни производи, глутен или зајакот дома што го чувам, друго не знам од што би можело, ах и јатки што јадам секој ден Каде на друго место ова ке ми биде опфатено, државно како е, може и приватно некаде, само да не мора 150 евра пак да лупнам за тестови.
Бев веќе, не ми спомна ништо за алерго тест, намален ми е отокот, ама уште имам. Уште некој ден имам од капките за ставање, да исчезне отокот скрос, ама еве денес пак бев со главоболка, нос затнат, носната коска ме боли, слуз ми се слева низ грло, вака ми е веќе месец дена, само што не е како првите две недели, ама денес како пак да ми се воспали носната ноздра, си ја чувствувам кога дишам како да отекува. Така прв пат и почувствував дека не ми се во ред синусите. Ќе почекам уште некој ден, ако не пак ќе му се нацртам во ординација, веќе срам ме фаќа