Дечки, почна ли сезоната? Затнат ми е носот.Тоест едната ноздрва само, и нишо не помага, ни капки, ни дување.Препишувам на алергија.Кај да правам алерготест во Скопје на приватно? Не памтам последен пат кај правев ептен беше одамна. Не се дише еј.
Уште од пола февруари алергија од полен ме имаше фатено. Сега како да е веќе поднамален малце поленот, некогаш само ако косат трева и проаѓам знае нос да ме зачеша само ама ништо сериозно како крај на февруари, почеток на март... Тогаш едвај од дома искачав, зашто ептен алергијата ме напаѓаше. Може и си настинала, променливо е времето, другарка баш ми се жалеше нос и се затнал, поднастинала, се е од времево шо не знае дали е пролет дали есен...
Ако си само со затнат нос супер си, алергијата на полен од средина на февруари почнува. Ни мене ништо не ми помага, само минимално, а капки докторот ми кажа дупло да ставам поради отокот ама џабе. Ќе си чекам јуни, јули...
@anggell јас Изомар ама џабе некако, а и мене ми е надразнет мислам и од дување нос често деновиве. Да направам инхалација? Не ми текна порано не се дише вака затнат
Прави си инхалации, помагаат, ама мене ми скисна, веќе два месеци сум ваква, а сега е и топло веќе, уште над пареа да стојам Кај мене е проблем што внатре отекувам, ај што едвај дишам, па и глава пулсира, во грло ми се слева Штом само затнат нос прави по 2,3 пати во ден ќе ти опушти. Јас калменте спреј користам ама нема некое подобрување којзнае колку.
Со лесно и со среќа тогаш.. @Kimberly11 зашто сите три ги пиеш И на тебе со помин Пепел ќе е сега.Добиваш топло и сонце конечно ама мора да има рупа некоја и тоа е
Не сите три наеднаш. Него зависи какви ќе купат моите или какви ќе најдам дома. Иста функција имаат сите
Ја чат пат пиев во средно лоратадин зошто некогаш не можев да издржам на часови од што ми беше лошо кога ќе отвореа прозори во училница. Сега последниве 2г и со коронава шо се седеше појше дома како малку полесно да се справувам со алергијава на полен. Баш и дм ме примети дури, вика на почеток на врска ептен лошо ти беше во пролет кога шетавме надвор, сега гледам подобро ти е од тогаш. 2г ништо не сум пиела за алергија, можам да издржам и без било што да земам, не е толку страшно стварно. Уште ви е лошо надвор кога ќе излезете? Јас па викам годинава поленот се намалил. Ме замисливте да не отрпнав на поленов полека.
Цели три дена не можам да се стабилизирам, ме боли главата, ме болат синусите, ми се врти, ми се повраќа, цел ден ми се спие, Лоратадин ме успива уште толку, не можам толку да спијам за време на колоквиумска недела.. Некој друг лек?
Зиртек да пробаш или Аериус.... Проклети алергии,зар може крварење од нос кај пубертетлија да биде од алергија?!Ете и тоа дознав
Луѓе до кога траеа алергиите сега на полен? Нема на што не сум алергична, оваа година ме дотепа, жива ненаспана сум. Ни капки ни апчиња помага Не ми се ни на др оди, на човекот глава му пукнав, нема што да ми прави веќе Наутро и навечер ми е најтешко. Два месеци не сум преку нос дишала како што треба, како бонбона да имам пикнато, се шардисав
Како себеси да се прочитав....Пред неколку години имав сличен проблем,многу кашлав,низ нос дишев,никакви капки и таблети не ми помагаа.Многу време траеше тоа, матичниот лекар ми даде упат за уво,нос и грло.На одделение ме прегледаа ,немаше ништо и ме пратија на пулмолог(пулмоалерголог може). Наодот покажа дека сум цела затната , дури и белите дробови...Ми даде лекарот терапија, сега сум добра,иако грлото ми реагира на прашина. Значи барај упат за уво,нос и грло и да те прегледаат со апарати таму, а и пуломолог да те прегледа задолжително.Биди упорна, ќе се среди @anggell
Одам редовно за уво, нос и грло,на 10 дена му одам , се намали ми прекине терапија, пак се затнам.Ајде пак од почеток. Ме гледа на апарати, и според тоа што гледа ми дава терапија. Имам за до крај на месец капки ми рече. Јас не кашлам ама затнат нос, пулсирање на глава, чешање грло, очи, нос, и слевање во грло. Прв пат оваа година до толку да ми е. Ептен е досадна Претходно само очи ме чешаа, грло и уши, со нос мака немав. Ама сега од што не дишам како што треба, глава ми пулсира и ми тежи. А капак на се па и дрвата ми се само што отварам врата и прозор на еден метар. Се надевам до крај на април ќе ја снема оти ме шекна, не сум се наспала убаво.
Дали те има прегледано пулмоалерголог? Пожелно и мој совет да те прегледа, имаш тешкотии и со дишење, сама кажа. Оди и кај друг доктор ако треба. Поз, , @anggell
Не сум досега, фала на совет, ќе одам, вака мачно е, кој е добар доктор, само немој државна таму со месеци се чека термин, каде имаш одено?
Не сум од Скопје, така да не би знаела да ти кажам... оди во темата уво,нос и грло на стр 6 или во препорака за доктори - темата на форумов. Во Штип бев на преглед, во болницата,регуларно преку Мој термин. @anggell
i jas imam alergii me chesa nosot,mi tece i kivam no denes se vakcinirav protiv tetanus i dali smeam da piam apce letizen?
Обично и вакцини се препорачуваат кога со терапија само не може да се делува. За да створиш имунитет.