Лелее јас долго време под разни антихистамини сега ме фати страв Иначе да ми ги даваа од лекар, @fina erika бев во 8ми септрмври, па од матична тука, кај да појдев ми даваа антихистамини да пијам затоа што имам уртикарија на кожата без антихистамин не ми се смируваат пликовите и многу чешаат како од коприва Сега пробувам од кога пишав тука преку еден ден да ги пијам.. И тоа јас и реков на докторката многу да не е ова долго време лентрикава е пијам, епа ај пробај ми рече преку еден ден. Незнам стварно што да правам..
Од што ти се појави? Знам дека ти е тешко, ама антихистамините не се решение на долг рок. Мора да ја откриеш причината за појавата на уртикаријата. Мора да знаеш што ти прави алергија. И причинителот да го исфрлиш. И да направиш детоксификација на организмот, да се исчисти од алергенот. Смени доктор ако треба, направи алерго тестови и ако треба и други испитувања.
Уртикарија може да биде од неорганско потекло од стресни фактори и психа или да има причина. Јас знам пациенти што се лечеле на инфективна клиника со упат таму се многу стручни за оваа работа.
Како што кажа @Flier кај мене нема причина од што би се појавила пртепоставуваат на нервна база и на стрес, бидејќи се испитав сегде сум била кај повеќе доктори како што кажав ма 8ми септември, на клиника, и приватно во систина, и тука кај нас во градот кај повеќе доктори се сум добро и крвни слики секогаш добри, алерго тестови и други испитувања што ми правеа се е ок ... Пример некој со што да правам детоксификација на организмот? Пиев алое вера на форевер 3 месеци но не видов некој ефект незнам...мрсно не јадам, месо исто така мн ретко..повеќе сум на зеленчук и млечни производи... Ќе пробам да ја намалам постепено лентриката и веќе да ги прекинам и скроз и да видам како ќе ми биде, засега со преку еден ден добро сум...
Знам дека не мора да е од храна, дека може да биде и од стрес. Затоа ќе си го исфрлиш стресот колку можеш. И ако е од стрес обрати се кај психолог/психијатар. Ај пробај и млечните производи да ги исфрлиш од исхраната и да видиш дали ќе ти биде подобро.
здраво,дали со момоџ и алергодил спреј може да се прават кожни тестови? Во козле вика орл може не смета, во ремедика вика никако 1 недела без ништо?
Јас на сето ова би вовела и витамини посебно вит Ц и вит Д, и обавезно ладни цедени сокови бар литар дневно. Цедените сокови верувајте многу помагаат на организмот.
Здраво едно инфо извадив упат за алерго тест за утре во јасеново арно ама вчера и денес испив nixar апче против алергија дали би излегол негативен некој ако има искуство?
Здраво, треба да правам алерго тестови и тестови за интолеранција на храна. Ми препорачаа да одам на ова место. Дали некој има искуство овде?
Nekoj so znaenje za histaminska intolerancija , DAO enzim i nesto sto se vika MSCA(mass cell activision,ili kako li i da e) ili da preporaca nekoj dobar alergolog.
I jas za sin mi Istrazuvav mnogu za ovie sostojbi MCAS, DAO... i ne znam so koj doktor da razgovaram, inaku ke poracam Dao enzim od I herb , na Seeking health se vika Histamine Digest, pa da probame i toa, kaj nego e crvenilo na lice isfrlan, pa nesonici i ocd do vasiona, i nervozen nekad i panicni napadi, dokolku doznaes za dr. Pisi
Ako nemate provereno Dao enzim,moze da se proveri vo Synlab ( bar jas samo tamu najdov opcija) Od Bugarija najdov DAOSIN,isto apcinja sto sodrzat dao enzim,a go najdov i ProBiota Histamin X (probiotik isto od seeking health),seuste nemam pocnato so pienje... No sto i da doznaam ke vi prenesam.
Ти благодарам, морам под хитно да порачам, а и јас се мислев за ProBiota Histamin X. Quercetin исто бил добар природен антихистамин, со Ц витамин, тоа му давам сега за сега и Лоратадин, а за синлаб да прашав 3500 со транспорт е па ќе видиме.
Здраво. Вие што имате алергија на полен дали го имате следново чувство: Како пецкање во нос со силен нагон за кивање, ама сега пецкање во уста, на јазикот па дури и на усните малку, јазикот како да ми е топол, чувство на жештина така малку, а немам ништо на него? Дали го имате овој симптом? Ништо не земам за алергија.
Сакав да направам алергиски тест преку крв и гледам има неколку панели со по 20 алергени. Како да одберам кој панел треба да го направам, спрема алергенот на кој се сомневам?
Имаш три панели и си бираш кој панел ќе го испитуваш во зависност од тоа во кој панел спаѓа тоа што сакаш да испитуваш.