1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергии

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ivana55, 16 ноември 2013.

  1. Eleonora990

    Eleonora990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали најдовте добар доктор за оваа работа? Ќерка ми (3г.) има хронична уртикарија од пред година ипол. Цело време сме со Летизен и сл, нема кај не бевме и што не проверивме сите креваат раменици. Секој ден е нова приказна, пликовите излегуваат наутро и по саат време се повлекуваат… сега се мислам да испитаме ДАО ензим.. ништо друго не остана
     
  2. Eleonora990

    Eleonora990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali DAO suplementite pomognaa? I kaj da baram doktor da mi prepise koga i kolku da se pijat? Kaj nas doktorive poima nemaat na temava
     
  3. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Дали за тестовите треба претходно 7 дена дане земаш ништо? Прснав вчера флексотиде и фликсоназе од зорт, да ми се пушти гласот, останати ми се од пред месец дена терапија што примав, ама пак имам затнување на глас и гушење, сакам да проверам алергија
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.491
    Најмалку 10 дена не смееш да користиш ништо за алергија.
     
  5. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал, ми беше тежок период додека ја имав уртикаријата, фала му на господ ми помина се надевам и на ќеркичката ќе и помине за брзо. Незнам од што, но пробав многу работи и бев на повеќе лекари.
    Бев и во Систина кај др.Андреј Петров тој ми препорача само биодерма атодерм интензив лосион за тело и Б6. Бев и во 8ми Септември кај др.Ана таму ми направија доста испитувања се беше ок, освен покачени антитела на тиродина. Ми даде терапија со лентрика(како најдобра ми се покажа од антихистамините, можам да речам дека нема кој не ги пробав, прво пиев наутро и навечер, па само наутро и потоа постепено ја намалував) ми даде и автохемо терапија (не ми се верува тоа на 3 годишно дете дека би било изводливо) ми земаа крв од вена и истата моја крв ми ја враќаа во бут по пропишана шема (траеше се на се тоа околу 2 -3 месеци со крвта) потоа почнаа да се намалуваат и пликовите се додека исчезнаа скроз. Но незнам дали помина од тоа, друго што правев покачив имунитетот земав суплементи пиев К2 комплекс, калциум прашаци, витамин ц, витамин Д, омега 3 од синерџи , витамин А, селен, алое од форевер (жолтата туба) ми ја препорачаа од неа испив 3 туби, витамин б6 пиев доста долго, друго почнав да јадам правилно и здраво (затоа што додека ја имав уртикаријата многу внимавав и на исхраната т.е јадев исхрана без или со помалку хистамин и ослабев многу, немав сила за ништо, се одкажав од тоа и почнав по мое со суплементи и здрава храна со редовни оброци.
    За пликовите додека ги имав користев декотал или синопен...
    Многу лошо, се надевам побрзо ќе му помине на девојчето, душе мало❤️

    И уште нешто и тоа ете пробав иако сум 30 годишна и сум против тие работи (христијанка сум) татко ми ме зеде и ме однесе кај оџа(затоа што за него слушнал дека помагал на луѓе за разни работи, од немај каде ме однесоа и таму) но тој само ми даде молитва да читам ми кажа колку пати да ја читам, ете и тоа го направив. Затоа што стварно ни на душман не му поскаувам уртикарија (беше страшно почнав и да отекувам - за тоа ми даваа декортини што ми го уништија имунитетот скроз- но потоа постепено сама си почнав како што кажав со здрави навики и суплементи и мислам дека помогна се што направов и верба во бога дека ќе ми помине.
    (И сеуште си ги користам на биодерма производите, маслена купка, лосиони, креми итн)
     
    Последна измена: 28 август 2024
  6. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Кога ми закажуваше докторката термин за алерготестови (државно), ми кажа 10 дена пред тестот да не ја пијам терапијата, НО бидејќи ми закажа за 27 дена бидејќи тогаш е првиот слободен термин, почнав да размислувам за приватно да направам алерготест. Еве ова е од флаер на Авицена за алерготест кај нив приватно:

    upload_2024-8-31_20-14-37.jpeg
     
    На Flower123123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Eleonora990

    Eleonora990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за исцрпниот одговор, пробуваме се што можеме. Периодов е навистина подобро и сум многу среќна само вака да остане ‍

     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.