1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергична на хидроген

Дискусија во 'Коса' започната од donna.17, 29 август 2011.

  1. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Видов нема ваква тема па реков да ја отворам. Впрочем јас и го имам овој проблем.
    Имам пробано секаква фарба од најевтина до најскапа,без амонијак, имам пробано к`на (бојата не ми фати), а сега последно се фарбав во камче(незнам дали имате слушнато за вакво бојадисување на коса).
    Откако ќе се исфарбам косата ми е прекрасна,но тоа е додека да ја преспијам ноќта. Кога на сабајле станувам косата ми е "испотена", перницата е црна од фарбата, имам ранички на главата, црвенило, чешање, ако спијам со фатена коса кога ќе го извадам ластичето косата ми останува иста не ми се пушта.
    Во краен случај дури и ми отекува лицето(носот, челото, очните капаци, и жлездите зад ушите).


    Дали некоја има ваков проблем или знае нешто повеќе за ова. Се имам консултирано и со фризери кои не знаат што да ми препорачаат освен фарба без амонијак. Се чувствувам како феномен.
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    А зошто се фарбаш чим не ти одговара ниедна фарба? Инаку најубаво да отидеш на кожен лекар да откриеш точно на што си алергична. Ако не може да се открие што точно ти предизвикува алергија, тогаш не се фарбај уште поубаво за твојата коса. Мислам дека не е можно да си алергична на хидроген затоа што хидрогенот е всушност водород и кислород, нема на што да си алергична :?: Најверојатно нешто друго ти ја предизвикува алергијата
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сигурно не сакаш да ти се влоши ситуацијата, прекини да се фарбаш. Доколку имаш навистина потреба, тогаш користи кна, не ти фатила првиот пат зашто косата ти била доста третирана, кај повеќето е нормално. А и со камче е добра, јас познавам црнокоси со беспрекорна коса, сјајна, жива, здрава, а се фарбаат со графит односно камче :)
     
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Па последно се исфарбав со камче (во Саботата). И еве пак имам проблем. Не е толку лошо но имам ранички и чешање. :^)
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Мора да се фарбаш? Остави си ја твојата коса, а појди си и на лекар.
    Да не испадне работава од ништо нешто, па да се чудиш кој крај да фатиш. Крај краева и на фарбите секаде пишува „мерки на претпазливост“ ако си алергична не смееш да користиш фарба.
    Консултирај кожен лекар ;) :|
     
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Значи дефинитивно не е од хидрогенот. Не се фарбај тогаш, наједноставно решение или па пробај со колор шампони ако ти фаќа така бојата. Иако може па и од нив да се исипеш :?:
     
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Jojoba Ова камчето се дроби и се раствора со хидроген. Имам појдено и на лекар ми викаат дека прв пат се среќаваат со ваков случај како мојов. Уште преостанува да се исфарбам со к`на што ќе ја растворам добро како што прочитав и во темава на форумов. Ако и од тоа се јави реакција дефинитивно ќе престанам :)