Девојки, ја отворив темава бидејки јас мислам ека сум алергична на скроб ... еве некое извесно време забележав дека откако ке јадам компири ми излегуваат големи црвенила по цела кожа во вид на некои отоци, и се многу тврди. Бев на лекар, правев два тестови за алергија ( а имало 6 вида тестови ) пиев лекови и ништо. Сега почуствував овие денови дека откако ке јадам леб, по неколку часа почнува да ме чеса цело тело и пак да имам црвенила и отоци. Би ве замолила доколку некоја од вас најде некоја тема или статија во која се опишани алергенските својства на скробот да ми ја прати во лп , или да пишува овде. Би ви била благодарна доколку споделите ваши искуства ....
Срцко скробот е сложен јаглехидрат, така да не сум слушнала за алергија на скроб и не верувам дека ја имаш, туку можеби имаш алергија на глутен, што во последно време се повеќе луѓе ја имаат, лекот му е да јадеш производи што не содржат глутен (лебот од пченица содржи глутен, мислам дека пченката не содржи глутен ама не сум сигурна).