1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергични на скроб ?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lovely-girl, 11 март 2013.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Девојки, ја отворив темава бидејки јас мислам ека сум алергична на скроб ... еве некое извесно време забележав дека откако ке јадам компири ми излегуваат големи црвенила по цела кожа во вид на некои отоци, и се многу тврди. Бев на лекар, правев два тестови за алергија ( а имало 6 вида тестови ) пиев лекови и ништо. Сега почуствував овие денови дека откако ке јадам леб, по неколку часа почнува да ме чеса цело тело и пак да имам црвенила и отоци.

    Би ве замолила доколку некоја од вас најде некоја тема или статија во која се опишани алергенските својства на скробот да ми ја прати во лп , или да пишува овде.
    Би ви била благодарна доколку споделите ваши искуства ....
     
  2. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Срцко скробот е сложен јаглехидрат, така да не сум слушнала за алергија на скроб и не верувам дека ја имаш, туку можеби имаш алергија на глутен, што во последно време се повеќе луѓе ја имаат, лекот му е да јадеш производи што не содржат глутен (лебот од пченица содржи глутен, мислам дека пченката не содржи глутен ама не сум сигурна).