Алергија од кармин и лабело

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 24 март 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    Веќе неколку години на моите усни немам ставено ниту кармин ниту лабело поради тоа што секогаш кога ќе ставам ми се појавува црвенило околу усните, ми се сушат, чувствувам болки, печење и ми отекуваат. Ова не е резултат на користење неквалитетни производи, користев лабела од Росал и Нивеа, арно ама изгледа сум претерала со користењето, па сега не можам да користам воопшто. Сигурно се прашувате како ги негувам моите усни... едниствено можам со сјаеви (Нивеа и Авон) и крема Јакадерм за изгоретини - ништо друго! Имам пробано буквално се! Истражував на интернет, но не најдов соодветен одговор. Имам пробано секакви кармини од Орифлејм, Авон, Импала, но секогаш ми се појавува алергиската реакција. Веќе ми се смачи, па и јас некогаш сакам да ставам само кармин а не секогаш да ми светат усните, некогаш едноставно сакам да се мат. Имам сјаеви за усни во повеќе бои, тие никогаш не ми прават алергии. Чудно е што ако ставам кармин, а врз него сјај - алергијата не се појавува. Но тоа не е решение, ако сакам да ставам лабело или само кармин - не можам. Дали на некоја од вас и се има случено ова или знае како да го решам овој проблем? :?
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    И јас имам користено кармини од Орифлејм,додека од Авон не сум користела.За Орифлејм можам да кажам дека сум задоволна од нивните производи,додека од Авон не баш.Моментално користам сјај за усни од Golden Rose и сум задоволна од нив,исто имам користено и лабела од Росал,кај мене не ми се појавувала алергија,јас повеќе преферирам лабела од Росал.Кармин ретко користам,овој сјај што го користам е во боја и немам потреба од кармин,но секако дека користам кармини ама во понежни нијанси,бои.Зошто ти се појавува алергија незнам,претпоставувам дека или производите се со одминат рок,незнам дали виде мислам дека имаше на фемина за тоа,додуша секаде има на интернетов каде што има статии за шминката со одминат рок и за реакциите на таквата шминка или пак е до твоите усни,ако не пак распрашај се на козметичар,мора да постои одговор на твоето прашање.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Може да одиш на лекар да те тестираат на што си алергична, најверојатно си алергична на некоја супстанца што ја има во козметиката, а ако знаеш која е тогаш ќе бараш кармини и сјаеви што не ја содржат.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    56.451
    I jas go imam istiot problem.No jas ne mozam da koristam nitu sjaj,nitu karmin,nitu labelo.Koga i da stavam posle toa me pece ustata i mi se pojavuva crvenilo.Prviot pat koga stavav labelo od Rosal duri i mi otece ustata i od togas izbegnuvam :( Ne znam,mislam deka se raboti za nekoja alergija,verojatno sum alergicna na nekoja supstanca sto ja sodrzat i sjajot i labeloto i karminot.I ja bi sakala da koristam sekoj den nesto ama nemozam,stavam samo vo posebni situacii.Inaku jas si stavam samo krem na ustata. :(
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    Леле JuLleE, ти па ни сјај не можеш...
    Сакав да отидам на кожно за да ми направат алерго тест или нешто слично, ама за тоа е потребен упат така што ништо од тоа. Додека ги користев Росал се беше во ред, никогаш не користам производи со поминат рок, особено не козметика. Ама изгледа многу ставав и одеднаш ми се појави алергијата па сега не можам ни кармин да ставам.
    Читав на интернет дека девојки кои го имаат истиов проблем ги користеле МАС кармините и не им се појавувало алергија, ама кај нас ги нема... :?
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.343
    и јас го имам истиот проблем кармин аксо ставам одма ми се прави никаква устата а за моливче пак да не зборам.

    лабелата исто така на росал ме отекуваа. некни си купив од еуцерин прочитав мн било добро ама само што го ставив утредента ми испука цела уста и си велев не е од него настината сум си велев од тоа е и 3-4 дена го ставав ама никакви резултати и сега си продолжив со гроздова маст единствено од неа немам никаква алергија.

    баш сакам да користам моливчиња и ги користам 1-2 месечно ама после јас си знам , најмрзам кога усните ми се распукани или црвени уф :@
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    311
    Детска витаминска крема навистина помага, ги омекнува усните и дава сјај!
     
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    И јас имав многу проблеми со алергии посебно од оние лабела од росал. Ми отекуваше цела уста и лицето околу неа и ми се правеше устата како цела да ми е изгорена, исто и од авон имам пробано и од нив ме пече. Ама за среќа си најдов нешто што ми одговара и сега не ги менувам. Моментално користам лабело овошни усни од галафарм, единствено од нив немам алергија :)